Милчин премиера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milchin-premiera/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 17:09:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милчин премиера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milchin-premiera/ 32 32 „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин вечерва премиерно во Прилепскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/auditsija-spored-tekst-na-aleksandar-galin-vo-rezhija-na-vladimir-milchin-vecherva-premierno-vo-prilepskiot-teatar/ Sat, 20 May 2023 17:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=643057

Вечерва со почеток од 20 часот во Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин.

На прес-конференцијата, режисерот и анасамблот посочија дека ова е горчлива комедија за најголемата моментална општествена болка – иселувањето. Претставата која е играна во целиот свет, а за првпат во земјава пред 10-тина години, конкретно го лоцира местото – се случува во државава во овие моменти и отвора дилеми: да се остане и да се соочиме со состојбите или да се замине по подобар живот. Да се подели живеењето на два дела – едно е овде, а другото е неизвесно таму некаде.

-Авторот на текстот, Александар Галин и јас сме врсници, но сме живееле во различни светови. Сепак заедничка и денес многу актуелна е темата за заминувањето од земјата во некое друго општество. Тоа е најстрашната сличност. Би рекол, дека во овој момент ова е најактуелната пиеса во која можеме да се препознаеме и што сѐ правиме работите да ги влошуваме и младите, а не само тие, да заминат одовде. Кога го направивме преводот, го ставивме поднасловот – горчлива комедија. Галин создава текстови кои „болат“. Ние истовремено се смееме и плачеме. Нашава претстава става јасни маркери каде се случува – во Македонија. Многу ми е драго што работев со ансамблот на прилепскиот театар, рече режисерот Милчин на денешната прес – конференција и најава за утрешната премиера на претставата.

Актерите Илија Вочлески и Наташа Ачански велат дека имале лесна работа и совршена комуникација за темата толку блиска на сите генерации.

-Мојот лик во претставата Алберт се наоѓа на крстосница. Една цел му е да замине во Јапонија, да стане дел од една друга држава и да избега од сето што овде нѐ притиска. Неговиот карактер се бори со тоа дали е доволно подготвен да ги помине пречките. Се отвораат многу прашања. Претпоставувам дека и секој, млад или постар се наоѓа на таква раскрсница или да преземе некој чекор и каков за да имаме подобра иднина. Дали е човечноста на прво место или желбата за заработувачка, изјави актерот Илија Волчески.

Актерката Наташа Ачански посочи дека во претставата ги има ликовите од сите слоеви. – И работници и „новопечени богаташи“ кои се соочуваат со ист проблем: Колку сме подготвени да избегаме, да го поделиме животот на две – еден овде, другиот дел некаде таму. Колку сме подготвени да одиме некаде, а не знаеме каде, само да не сме овде и сега. Да избеганме, а дали воопшто ќе го направиме тоа, додаде Ачански.

Оваа е прва премиера на претстава од годинашниот репертоар на прилепскиот театар. Во претставата играат: марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицевска – Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Превод на текстот направила Сузана Киранџиска, изборот на музиката е на Ема Маркоска Милчин и на Владимир Милчин, сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимите на Марија Папуческа.

The post „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин вечерва премиерно во Прилепскиот театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток од 20 часот во Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин. На прес-конференцијата, режисерот и анасамблот посочија дека ова е горчлива комедија за најголемата моментална општествена болка – иселувањето. Претставата која е играна во целиот свет, а за првпат во земјава пред 10-тина години, конкретно го лоцира местото – се случува во државава во овие моменти и отвора дилеми: да се остане и да се соочиме со состојбите или да се замине по подобар живот. Да се подели живеењето на два дела – едно е овде, а другото е неизвесно таму некаде. -Авторот на текстот, Александар Галин и јас сме врсници, но сме живееле во различни светови. Сепак заедничка и денес многу актуелна е темата за заминувањето од земјата во некое друго општество. Тоа е најстрашната сличност. Би рекол, дека во овој момент ова е најактуелната пиеса во која можеме да се препознаеме и што сѐ правиме работите да ги влошуваме и младите, а не само тие, да заминат одовде. Кога го направивме преводот, го ставивме поднасловот – горчлива комедија. Галин создава текстови кои „болат“. Ние истовремено се смееме и плачеме. Нашава претстава става јасни маркери каде се случува – во Македонија. Многу ми е драго што работев со ансамблот на прилепскиот театар, рече режисерот Милчин на денешната прес – конференција и најава за утрешната премиера на претставата. Актерите Илија Вочлески и Наташа Ачански велат дека имале лесна работа и совршена комуникација за темата толку блиска на сите генерации. -Мојот лик во претставата Алберт се наоѓа на крстосница. Една цел му е да замине во Јапонија, да стане дел од една друга држава и да избега од сето што овде нѐ притиска. Неговиот карактер се бори со тоа дали е доволно подготвен да ги помине пречките. Се отвораат многу прашања. Претпоставувам дека и секој, млад или постар се наоѓа на таква раскрсница или да преземе некој чекор и каков за да имаме подобра иднина. Дали е човечноста на прво место или желбата за заработувачка, изјави актерот Илија Волчески. Актерката Наташа Ачански посочи дека во претставата ги има ликовите од сите слоеви. – И работници и „новопечени богаташи“ кои се соочуваат со ист проблем: Колку сме подготвени да избегаме, да го поделиме животот на две – еден овде, другиот дел некаде таму. Колку сме подготвени да одиме некаде, а не знаеме каде, само да не сме овде и сега. Да избеганме, а дали воопшто ќе го направиме тоа, додаде Ачански. Оваа е прва премиера на претстава од годинашниот репертоар на прилепскиот театар. Во претставата играат: марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицевска – Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Превод на текстот направила Сузана Киранџиска, изборот на музиката е на Ема Маркоска Милчин и на Владимир Милчин, сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимите на Марија Папуческа.

The post „Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин вечерва премиерно во Прилепскиот театар appeared first on Република.

]]>