Милановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milanovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 14:40:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milanovikj/ 32 32 Милановиќ: На самитот на НАТО некои од лидерите не ни знаеја за дронот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milanovikj-na-samitot-na-nato-nekoi-od-liderite-ne-ni-znaeja-za-dronot/ Thu, 24 Mar 2022 14:40:39 +0000 https://republika.mk/?p=477763

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, учествуваше на вонредниот состанок на шефовите на држави и влади на НАТО во Брисел.

Се спомнуваше регионот, БиХ како земја која наводно е загрозена, но никој не ги спомена Србија и Косово. Србија има избори за неколку дена и имам впечаток дека долго време се во некоја идентитетска криза, па тешко сфаќаат дека за Русите се само фуснота, рече Милановиќ по средбата.

Милановиќ кажа дека засега не е планирано хрватски војници да заминат во Унгарија. Милановиќ на средбата зборувал и за падот на дронот во Загреб, а откри дека некои од лидерите не ни знаеле за настанот.

Некои не знаеја, тоа беше очигледно од нивните изрази, рече Милановиќ. Пораката беше дека тоа се случило и дека дронот летал извесно време над територијата на НАТО и паднал. Без вперување со прст кон никого. Зборував и со премиерот Орбан. Тоа се случи и се надеваме дека нема да се повтори. Но тоа и не е работа на НАТО, на тоа требало да реагира првата држава, а тоа е Унгарија. Претпоставувам дека нема да се случи следниот пат. Мислам дека сега се дополнително внимателни, додаде тој.

The post Милановиќ: На самитот на НАТО некои од лидерите не ни знаеја за дронот appeared first on Република.

]]>

Милановиќ: Во ред е да се бара членство за Украина, но мора Македонија и Албанија кои Брисел ги малтретира со години да почнат преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milanovikj-vo-red-e-da-se-bara-chlenstvo-za-ukraina-no-mora-makedonija-i-albanija-koi-brisel-gi-maltretira-so-godini-da-pochnat-pregovori/ Thu, 03 Mar 2022 12:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=467032

Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но мора да се донесе и одлука за отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, а Босна и Херцеговина и Косово да добијат кандидатски статус, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Бев повикан да потпишам заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да и се даде статус кандидат за членство во ЕУ. Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово, кое некои членки се уште го немаат признаено. Барав исто така да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина, изјави Милановиќ.

Во врска со Србија и БиХ, хрватскиот претседател смета дека нивното место е на Запад, и затоа нивните власти мора да решат дали ќе припаѓаат во ЕУ или Русија. Заканите за можна безбедносна дестабилизација на регионот, според него, не се добри и во моментов не се реални.

Белград треба да реши каде припаѓа, дали во ЕУ или со Русија од сентиментални причини кои можам да ги разберам, но тоа не е практично. Не е време да се изживуваме врз Србија, туку да им кажеме дека сега е време да се одлучат, сега гори. Не мора да ги осудувате Русите. Тешко е, но разбирам. Ајде да видиме дали припаѓате на Запад или на Исток, сега е време за некои далекусежни пораки. Во овој момент не е продуктивно да се плашат луѓето сo накакви нови судири на Косово и во БиХ. Република Српска не може да се извлече од БиХ, тоа е невозможно, нивното место е на Запад, местото на српскиот народ е на Запад, а не во Русија, вели Милановиќ.

За БиХ оцени дека „Западот со години ја малтретира, земјата стои, не и се помага туку постојано и се одмага со неорганизирана и килава европска бирократија, со европски дипломати надвор од регионот кои не разбираат што се случува таму“.

БиХ мора да добие статус на кандидат за ЕУ. Тоа е надеж, како дрво преку река по кое можеш да ползиш без да паднеш. Тоа и треба на БиХ која ја влечат за нос веќе 20 години, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Според хрватскиот претседател, војната во Украина би можела да се избегне ако Европа имала посилна улога и поактивна улога.

The post Милановиќ: Во ред е да се бара членство за Украина, но мора Македонија и Албанија кои Брисел ги малтретира со години да почнат преговори appeared first on Република.