Милано Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milano/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 07:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милано Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milano/ 32 32 Милано повторно погодено од силно невреме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milano-povtorno-pogodeno-od-silno-nevreme/ Tue, 25 Jul 2023 07:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=664935

Милано и неговата околина утринава околу четири часот беа погодени од силно невреме проследено со пороен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.

Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени вчера во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија.

Според прогнозите, можни се и денеска нови врнежи во Милано, јавија италијанските медиоуми

„Невремето предизвика сериозни штети и на нашата електрична мрежа“, соопшти миланската транспортна компанија додека голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот.

Пријавени се оштетувања на покриви, како и поплави поради количината на дожд и град што падна за краток временски период во Милано, како и многу соборени дрвја. Нема извештаи за повредени.

Невреме со грмотевици денеска се очекуваат и во Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули-Венеција Џулија.

Сосема спротивна е ситуацијата во останатиот дел од Италија, каде допрва треба да доминира африканскиот антициклон, поради што во некои централно-јужни области се уште се бележат исклучително високи температури кои во текот на денот ќе достигнат од 45 до 48 степени во Сицилија и во Апулија.

The post Милано повторно погодено од силно невреме appeared first on Република.

]]>

Милано и неговата околина утринава околу четири часот беа погодени од силно невреме проследено со пороен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа. Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени вчера во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија. Според прогнозите, можни се и денеска нови врнежи во Милано, јавија италијанските медиоуми
„Невремето предизвика сериозни штети и на нашата електрична мрежа“, соопшти миланската транспортна компанија додека голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот.
Пријавени се оштетувања на покриви, како и поплави поради количината на дожд и град што падна за краток временски период во Милано, како и многу соборени дрвја. Нема извештаи за повредени. Невреме со грмотевици денеска се очекуваат и во Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули-Венеција Џулија. Сосема спротивна е ситуацијата во останатиот дел од Италија, каде допрва треба да доминира африканскиот антициклон, поради што во некои централно-јужни области се уште се бележат исклучително високи температури кои во текот на денот ќе достигнат од 45 до 48 степени во Сицилија и во Апулија.

The post Милано повторно погодено од силно невреме appeared first on Република.

]]>
Шест лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Милано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-litsa-zaginaa-vo-pozhar-vo-dom-za-stari-litsa-vo-milano/ Fri, 07 Jul 2023 08:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=658834

Во катастрофален пожар во дом за нега во италијанскиот град Милано загинаа шест лица, а повеќе од 80 се повредени. Пет жени и еден маж се жртви во пожарот, кој започнал во 1 часот по полноќ во петокот во домот за нега на стари лица, во кој имало 167 жители, пренесува Гардијан.

Шефот на пожарникарите, Никола Мицели, за италијанската телевизија Раи њуз изјави дека се верува оти пожарот започнал во една од спалните соби пред да се прошири низ првиот кат.

Двајца од загинатите починале од пламените јазици, додека четворица починале од вдишување чад.

Четири екипи пожарникари продолжија да работат на гаснење на пожарот во петокот наутро.

Беше многу сложено бидејќи чадот ја ограничуваше видливоста, рече Мицели.

Повредените лица биле хоспитализирани. Двајца било пријавени дека се во тешка состојба.

Градоначалникот на Милано рече дека пожарот предизвикал голема трагедија.

Се надеваме дека оние кои се во болница во тешка ситуација нема да бидат додадени во бројката, изјави Џузепе Сала за новинарите.

Алармот за пожарот го вклучил сервисен работник.

Жителите мораа да бидат изведени еден по еден, рече Сала.

Се работи за брзо преместување на луѓето кои не се моќни.

Домот за згрижување на стари лица е сместен во зграда во сопственост на локалната власт, но е приватно управувана.

Обвинителите отворија истрага за расчистување на случајот.

The post Шест лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Милано appeared first on Република.

]]>

Во катастрофален пожар во дом за нега во италијанскиот град Милано загинаа шест лица, а повеќе од 80 се повредени. Пет жени и еден маж се жртви во пожарот, кој започнал во 1 часот по полноќ во петокот во домот за нега на стари лица, во кој имало 167 жители, пренесува Гардијан. Шефот на пожарникарите, Никола Мицели, за италијанската телевизија Раи њуз изјави дека се верува оти пожарот започнал во една од спалните соби пред да се прошири низ првиот кат. Двајца од загинатите починале од пламените јазици, додека четворица починале од вдишување чад. Четири екипи пожарникари продолжија да работат на гаснење на пожарот во петокот наутро. Беше многу сложено бидејќи чадот ја ограничуваше видливоста, рече Мицели. Повредените лица биле хоспитализирани. Двајца било пријавени дека се во тешка состојба. Градоначалникот на Милано рече дека пожарот предизвикал голема трагедија. Се надеваме дека оние кои се во болница во тешка ситуација нема да бидат додадени во бројката, изјави Џузепе Сала за новинарите. Алармот за пожарот го вклучил сервисен работник. Жителите мораа да бидат изведени еден по еден, рече Сала. Се работи за брзо преместување на луѓето кои не се моќни. Домот за згрижување на стари лица е сместен во зграда во сопственост на локалната власт, но е приватно управувана. Обвинителите отворија истрага за расчистување на случајот.

The post Шест лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Милано appeared first on Република.

]]>
Најмалку шест загинати во пожар во пензионерски дом во Милано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-shest-zaginati-vo-pozhar-vo-penzionerski-dom-vo-milano/ Fri, 07 Jul 2023 08:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=658806

Најмалку шест лица загинаа во пожар што рано утринава се појави во пензионерски дом во Милано, пренесе ДПА.

Вкупно 81 лице се пренсени во болница, од кои две во мнопги сериозна здравствена состојба, јаво АНСА утринава.

Акцијата на противпожарната бригада се уште е во тек, а засега не се знаат детали за причината на пожарот.

The post Најмалку шест загинати во пожар во пензионерски дом во Милано appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест лица загинаа во пожар што рано утринава се појави во пензионерски дом во Милано, пренесе ДПА. Вкупно 81 лице се пренсени во болница, од кои две во мнопги сериозна здравствена состојба, јаво АНСА утринава. Акцијата на противпожарната бригада се уште е во тек, а засега не се знаат детали за причината на пожарот.

The post Најмалку шест загинати во пожар во пензионерски дом во Милано appeared first on Република.

]]>
Во експлозијата во Милано повредени се четири лица, се евакуираат училиште и старечки дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-eksplozijata-vo-milano-povredeni-se-chetiri-litsa-se-evakuiraat-uchilishte-i-starechki-dom/ Thu, 11 May 2023 12:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=639725

Во денешната експлозијата во центарот на Милано повредени се четири лица.

Несреќата се случила откако експлодирал паркиран камион, што транспортирал 20 канистери со кислород.

Италијанскиот весник Република објави дека експлозијата на камионот предизвикала „домино ефект“ односно огнот се проширил врз други возила, како и аптека и неколку станови.

Во тек е евакуација на жителите од соседните куќи, училиште и старечки дом.

The post Во експлозијата во Милано повредени се четири лица, се евакуираат училиште и старечки дом appeared first on Република.

]]>

Во денешната експлозијата во центарот на Милано повредени се четири лица.
Несреќата се случила откако експлодирал паркиран камион, што транспортирал 20 канистери со кислород.
Италијанскиот весник Република објави дека експлозијата на камионот предизвикала „домино ефект“ односно огнот се проширил врз други возила, како и аптека и неколку станови.
Во тек е евакуација на жителите од соседните куќи, училиште и старечки дом.

The post Во експлозијата во Милано повредени се четири лица, се евакуираат училиште и старечки дом appeared first on Република.

]]>
Невидена сценографија на модниот бренд „Дизел“: Рид од кондоми на Модната недела во Милано https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/nevidena-stsenografija-na-modniot-brend-dizel-rid-od-kondomi-na-modnata-nedela-vo-milano/ Wed, 01 Mar 2023 12:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=614685

Со невидена сценографија се одржа ревијата на модниот бренд „Дизел“ на Модната недела во Милано.

Манекенките во модели од колекцијата за есен и зима 2023 година прошетаа покрај огромна планина од кондоми! Купот од повеќе од 200.000 кутии со кондоми привлече поголемо внимание отколку самата колекција.

Сакаме да се играме во „Дизел“ и сериозно сме на тоа. Забавувајте се, почитувајте се, бидете безбедни - изјави креативниот директор на оваа модна куќа, Глен Мартенс.

 

The post Невидена сценографија на модниот бренд „Дизел“: Рид од кондоми на Модната недела во Милано appeared first on Република.

]]>

Со невидена сценографија се одржа ревијата на модниот бренд „Дизел“ на Модната недела во Милано.

Манекенките во модели од колекцијата за есен и зима 2023 година прошетаа покрај огромна планина од кондоми! Купот од повеќе од 200.000 кутии со кондоми привлече поголемо внимание отколку самата колекција.
Сакаме да се играме во „Дизел“ и сериозно сме на тоа. Забавувајте се, почитувајте се, бидете безбедни - изјави креативниот директор на оваа модна куќа, Глен Мартенс.
 

The post Невидена сценографија на модниот бренд „Дизел“: Рид од кондоми на Модната недела во Милано appeared first on Република.

]]>
Познат фудбалер меѓу повредените во нападот со нож во „Карфур“ кај Милано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznat-fudbaler-megju-povredenite-vo-napadot-so-noz-vo-karfur-kaj-milano/ Fri, 28 Oct 2022 07:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=566631

Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми.

Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес.

Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија.

Едно од ранетите лица во супермаркетот починало на пат кон болница, јави Анса.

Меѓу повредените е и шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој е позајмен во клубот Монца од Арсенал, јавуваат агенциите.

Мотивот за нападот не е познат, а италијанските власти велат дека нема елементи што укажуваат на тероризам.

Би-би-си наведува дека Мари (29) му се приклучи на Арсенал од бразилскиот Фламенго во јануари 2020 година, а за клубот од Лондон одигра само 19 натпревари и моментално е на позајмица во италијанскиот клуб Монца.

The post Познат фудбалер меѓу повредените во нападот со нож во „Карфур“ кај Милано appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми. Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес. Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија. Едно од ранетите лица во супермаркетот починало на пат кон болница, јави Анса. Меѓу повредените е и шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој е позајмен во клубот Монца од Арсенал, јавуваат агенциите. Мотивот за нападот не е познат, а италијанските власти велат дека нема елементи што укажуваат на тероризам. Би-би-си наведува дека Мари (29) му се приклучи на Арсенал од бразилскиот Фламенго во јануари 2020 година, а за клубот од Лондон одигра само 19 натпревари и моментално е на позајмица во италијанскиот клуб Монца.

The post Познат фудбалер меѓу повредените во нападот со нож во „Карфур“ кај Милано appeared first on Република.

]]>
Пукање на албанска забава во Милано, едно лице загина друго е рането https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukanje-na-albanska-zabava-vo-milano-edno-lice-zagina-drugo-e-raneto/ Sat, 17 Sep 2022 08:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=551655

Италијанската полиција успсила 34-годишен Албанец под сомнение дека синоќа во убил албански државјанин (23) и ранил друг (30) во ногата.

Пукањето и убиството се случиле синоќа во Милано за време на забава.

Според италијанските медиуми, убиецот и жртвите се албански државјани и биле на забава со други сонародници кога дошло до конфликтот.

После тоа, 34-годишникот пукал и убил едно лице, а ранил уште едно лице.

Тој е уапсен, а полицијата истражува како се случила трагедијата.

За време на расправија, која избила за време на забава, Албанец пукал во 30-годишен маж – исто така Албанец – ранувајќи го во потколеницата.

Присутните го опколиле напаѓачот кој испукал други истрели, од кои едниот погодил 23-годишен Албанец. Починал неколку часа подоцна во болница.

Повредениот е хоспитализиран, а напаѓачот кој бил удрен неколку пати од учесниците на забавата бил блокиран од карабинерите по што бил приведен, пренесе Телеграф.рс.

The post Пукање на албанска забава во Милано, едно лице загина друго е рането appeared first on Република.

]]>

Италијанската полиција успсила 34-годишен Албанец под сомнение дека синоќа во убил албански државјанин (23) и ранил друг (30) во ногата. Пукањето и убиството се случиле синоќа во Милано за време на забава. Според италијанските медиуми, убиецот и жртвите се албански државјани и биле на забава со други сонародници кога дошло до конфликтот. После тоа, 34-годишникот пукал и убил едно лице, а ранил уште едно лице. Тој е уапсен, а полицијата истражува како се случила трагедијата. За време на расправија, која избила за време на забава, Албанец пукал во 30-годишен маж – исто така Албанец – ранувајќи го во потколеницата. Присутните го опколиле напаѓачот кој испукал други истрели, од кои едниот погодил 23-годишен Албанец. Починал неколку часа подоцна во болница. Повредениот е хоспитализиран, а напаѓачот кој бил удрен неколку пати од учесниците на забавата бил блокиран од карабинерите по што бил приведен, пренесе Телеграф.рс.

The post Пукање на албанска забава во Милано, едно лице загина друго е рането appeared first on Република.

]]>
Лебот како суво злато: Килограм во Милано чини 8 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lebot-kako-suvo-zlato-kilogram-vo-milano-chini-8-evra/ Thu, 24 Mar 2022 12:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=477672

Војната во Украина предизвикува општа криза и паника низ Европа, Европејците брзаат да купуваат основни намирници, во некои земји набавките се ограничени, цените растат, а највпечатлив пример е цената на лебот во Италија.

Цените на лебот, тестенините и месото растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка што се користи за добиточна храна.

Во градовите од Болоња, преку Бари, до Трент, цената на лебот за килограм надминува шест евра, додека во Милано достигна осум, покажуваат податоците на националната земјоделска трговска организација Coldiretti.

За споредба, цената на лебот во Милано во ноември беше 4,25 евра.

Најевтина провинција е Неапол, каде максималната цена за килограм леб остана две евра.

The post Лебот како суво злато: Килограм во Милано чини 8 евра appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина предизвикува општа криза и паника низ Европа, Европејците брзаат да купуваат основни намирници, во некои земји набавките се ограничени, цените растат, а највпечатлив пример е цената на лебот во Италија. Цените на лебот, тестенините и месото растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка што се користи за добиточна храна. Во градовите од Болоња, преку Бари, до Трент, цената на лебот за килограм надминува шест евра, додека во Милано достигна осум, покажуваат податоците на националната земјоделска трговска организација Coldiretti. За споредба, цената на лебот во Милано во ноември беше 4,25 евра. Најевтина провинција е Неапол, каде максималната цена за килограм леб остана две евра.

The post Лебот како суво злато: Килограм во Милано чини 8 евра appeared first on Република.

]]>
Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/milano-mu-zabrani-na-slavniot-dirigent-valeri-gergiev-da-ja-vodi-operata-la-skala-poradi-bliskosta-so-putin/ Fri, 25 Feb 2022 16:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=463936

Градоначалникот на Милано му рекол на Валери Гергиев, прославениот диригент близок до рускиот претседател Владимир Путин, дека нема да му биде дозволено да води оркестар во престижната опера Ла Скала во март, освен ако не ја осуди руската инвазија на Украина.

Градоначалникот Џузепе Сала, кој е и претседател на Ла Скала, рече:

Бараме од него да заземе јасна позиција против оваа инвазија, а во случај да не го стори тоа, ќе мораме да се откажеме од соработката.

Гергиев, музички директор на театарот Марински од Санкт Петербург, на кого Путин му ја додели наградата Херој на трудот на Руската Федерација, треба да се врати во Скала на 5 март за да ја заврши програмата на Чајковски „Пикова дама“.

The post Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Милано му рекол на Валери Гергиев, прославениот диригент близок до рускиот претседател Владимир Путин, дека нема да му биде дозволено да води оркестар во престижната опера Ла Скала во март, освен ако не ја осуди руската инвазија на Украина. Градоначалникот Џузепе Сала, кој е и претседател на Ла Скала, рече:
Бараме од него да заземе јасна позиција против оваа инвазија, а во случај да не го стори тоа, ќе мораме да се откажеме од соработката.
Гергиев, музички директор на театарот Марински од Санкт Петербург, на кого Путин му ја додели наградата Херој на трудот на Руската Федерација, треба да се врати во Скала на 5 март за да ја заврши програмата на Чајковски „Пикова дама“.

The post Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин appeared first on Република.

]]>