Милан Младеновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milan-mladenovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 09:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милан Младеновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milan-mladenovikj/ 32 32 Песната „Арома(н)тична“ на македонскиот проект Мојра во финале за наградата „Милан Младеновиќ“ https://arhiva3.republika.mk/scena/pesnata-aroma-n-tichna-na-makedonskiot-proekt-mojra-vo-finale-za-nagradata-milan-mladenovik/ Fri, 23 Aug 2024 09:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=809360

Композицијата „Арома(н)тична“ на македонскиот музички проект Мојра влезе во најтесниот круг за наградата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот.

Наградата ќе биде доделена од Фондацијата „Милан Младеновиќ“ на 21 септември. Таа секоја година симоболично се доделува на роденденот на Младеновиќ, легендарниот српски рок музичар, најпознат како пејачот на Екатерина Велика.

Мојра во март ја објавија нивната композиција „Арома(н)тична“, чиј звук во себе содржи елементи на филмска музика измешана со староградски примеси, сето потковано со џез хармонија. Таа беше придружена со еднакво впечатлив спот – рачно изработена анимација во „stop motion“ или „кадар по кадар“ стил. Станува збор за макотрпна анимациска техника која вклучува сликање вистински предмети кои малку по малку се поместуваат од слика во слика, за да кога ќе се спојат сликите во видео се направи илузија на движење.

Во полуфиналето оваа година беа номинирани и македонските артисти Луфтанза, за нивната песна „Кула“, Fiction, за нивната песна „Допир“, и Дупер, за нивната песна „Тие места“. Во 2022 година, пак, македонската пејачка Дина Јашари ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ со нејзината песна „Дома“.

Впрочем, од петчленото жири, двајца членови ја истакнаа македонската сцена како највозбудлива и најквалитетна.

„Особено ме заинтригира македонската сцена. Со секое ново слушање на песните од Македонија, тие ми стануваа поинтересни и повозбудливи“, вели Дубравко Јагатиќ од Хрватска.

Никола Врањковиќ го истакна квалитетот на музиката на екс-југословенската сцена, но истакна дека нема доволно поддршка од медиумите за да таа се шири низ регионот.

„Никогаш немало проблем со талентирани изведувачи и автори во регионот. Проблемот е во медиумската поддршка за овие луѓе, од земја до земја – во медиумското претставување на уметници од една земја во друга. Она што навистина ме изненади е тоа што моментално најмногу добри бендови доаѓаат од Македонија. Она што го слушнав меѓу пријавените на конкурсот буквално ме натера да преслушам цели албуми. Не сум само пријатно изненаден – од некои од артистите сум и воодушевен“, вели Врањковиќ.

Во конкуренција со Мојра во „суперфиналето“ се песните „Десна страна књиге“ од хрватската пејачка Лени, „Мирила“ од хрватскиот бенд Немечек, „Никад нико“ од српските Шкофја Лока ВИС и „После једног пролеќа“ од српската пејачка Тамара Мило.

The post Песната „Арома(н)тична“ на македонскиот проект Мојра во финале за наградата „Милан Младеновиќ“ appeared first on Република.

]]>

Композицијата „Арома(н)тична“ на македонскиот музички проект Мојра влезе во најтесниот круг за наградата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот.
Наградата ќе биде доделена од Фондацијата „Милан Младеновиќ“ на 21 септември. Таа секоја година симоболично се доделува на роденденот на Младеновиќ, легендарниот српски рок музичар, најпознат како пејачот на Екатерина Велика. Мојра во март ја објавија нивната композиција „Арома(н)тична“, чиј звук во себе содржи елементи на филмска музика измешана со староградски примеси, сето потковано со џез хармонија. Таа беше придружена со еднакво впечатлив спот – рачно изработена анимација во „stop motion“ или „кадар по кадар“ стил. Станува збор за макотрпна анимациска техника која вклучува сликање вистински предмети кои малку по малку се поместуваат од слика во слика, за да кога ќе се спојат сликите во видео се направи илузија на движење.
Во полуфиналето оваа година беа номинирани и македонските артисти Луфтанза, за нивната песна „Кула“, Fiction, за нивната песна „Допир“, и Дупер, за нивната песна „Тие места“. Во 2022 година, пак, македонската пејачка Дина Јашари ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ со нејзината песна „Дома“.
Впрочем, од петчленото жири, двајца членови ја истакнаа македонската сцена како највозбудлива и најквалитетна. „Особено ме заинтригира македонската сцена. Со секое ново слушање на песните од Македонија, тие ми стануваа поинтересни и повозбудливи“, вели Дубравко Јагатиќ од Хрватска. Никола Врањковиќ го истакна квалитетот на музиката на екс-југословенската сцена, но истакна дека нема доволно поддршка од медиумите за да таа се шири низ регионот. „Никогаш немало проблем со талентирани изведувачи и автори во регионот. Проблемот е во медиумската поддршка за овие луѓе, од земја до земја – во медиумското претставување на уметници од една земја во друга. Она што навистина ме изненади е тоа што моментално најмногу добри бендови доаѓаат од Македонија. Она што го слушнав меѓу пријавените на конкурсот буквално ме натера да преслушам цели албуми. Не сум само пријатно изненаден – од некои од артистите сум и воодушевен“, вели Врањковиќ. Во конкуренција со Мојра во „суперфиналето“ се песните „Десна страна књиге“ од хрватската пејачка Лени, „Мирила“ од хрватскиот бенд Немечек, „Никад нико“ од српските Шкофја Лока ВИС и „После једног пролеќа“ од српската пејачка Тамара Мило.

The post Песната „Арома(н)тична“ на македонскиот проект Мојра во финале за наградата „Милан Младеновиќ“ appeared first on Република.

]]>
На годишнината од смртта на Милан Младеновиќ, објавено е обновено музичко видео од хитот на ЕКВ „Очи боје меда“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-godishninata-od-smrtta-na-milan-mladenovik-objaveno-e-obnoveno-muzichko-video-od-hitot-na-ekv-ochi-boje-meda/ Sun, 05 Nov 2023 21:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=698574

Фондацијата Милан Младеновиќ ја одбележа годишнината од смртта на фронтменот на ЕКВ со објавување на реставриран спот за песната на ЕКВ „Очи боје меда“.

Во режија на Миљенко Дерета, спотот беше прогласен за најдобар на годината во култното ТВ шоу Хит на месецот во 1985 година, кога беше објавен.

Сега на Јутјуб каналот на Екантерина Велика е достапен во полн квалитет.

Ремастерот на сликата е потпишан од Дејан Шпагнут. Звукот беше ремастериран од Владимир Мориц, со Иван Феце Фирчи, поранешен тапанар на ЕКВ, како стручен консултант.

Милан Младеновиќ, музичар и поет, гитарист и композитор, фронтмен на ЕКВ, е ​​роден во Загреб на 21 септември 1958 година. Починал на 5 ноември1994 година во Белград.

https://youtu.be/cO25e-f-Vf4?si=Kh-uTBm34fKxY2vR

The post На годишнината од смртта на Милан Младеновиќ, објавено е обновено музичко видео од хитот на ЕКВ „Очи боје меда“ appeared first on Република.

]]>

Фондацијата Милан Младеновиќ ја одбележа годишнината од смртта на фронтменот на ЕКВ со објавување на реставриран спот за песната на ЕКВ „Очи боје меда“. Во режија на Миљенко Дерета, спотот беше прогласен за најдобар на годината во култното ТВ шоу Хит на месецот во 1985 година, кога беше објавен. Сега на Јутјуб каналот на Екантерина Велика е достапен во полн квалитет. Ремастерот на сликата е потпишан од Дејан Шпагнут. Звукот беше ремастериран од Владимир Мориц, со Иван Феце Фирчи, поранешен тапанар на ЕКВ, како стручен консултант. Милан Младеновиќ, музичар и поет, гитарист и композитор, фронтмен на ЕКВ, е ​​роден во Загреб на 21 септември 1958 година. Починал на 5 ноември1994 година во Белград. https://youtu.be/cO25e-f-Vf4?si=Kh-uTBm34fKxY2vR

The post На годишнината од смртта на Милан Младеновиќ, објавено е обновено музичко видео од хитот на ЕКВ „Очи боје меда“ appeared first on Република.

]]>
Три македонски песни во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ“ во чест на фронтменот на култните „ЕКВ“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tri-makedonski-pesni-vo-potesniot-izbor-za-nagradata-milan-mladenovikj-vo-chest-na-frontmenot-na-kultnite-ekv/ Mon, 11 Jul 2022 17:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=527117

Три песни од нашата држава се најдоа во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ 2022“, откако беа преслушани 219 пријавени песни од целиот регион кои ги исполнија условите на натпреварот. Нашите песни се помеѓу 45 песни од регионот кои се најдоа во полуфиналето.

Како што информираат од „Кроација рекордс“, меѓу избраните песни се „Афродизија“ од Јовче Пандев, „Бегаме“ од Дани Димитровска и Пијан Славеј, како и „Дома“ на Дина Јашари, која и лани влезе во потесниот избор за наградата.

Жирито го сочинуваше Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија). Тие сега имаат задача да изберат 12 финалисти, кои ќе бидат познати на почетокот на август и ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на „Задужбина Милан Младеновиќ“.

Наградата Милан Младеновиќ е востановена во 2019 година со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Младеновиќ. Се доделува за најдобра песна од територијата на поранешна Југославија на церемонија на 21 септември, денот кога е роден некогашниот лидер на култниот состав „Екатарина Велика“.

Добитник на првата награда во 2019 година беше бендот Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А“, втор лауреат е групата Драм во 2020 година со песната „Дај ми све“, а третонаградени со наградата „Милан Младеновиќ“ беа групата Ана & The Changes за песната „Ту“.

Добитниците на наградата ќе бидат наградени со статуетка на Фондацијата и парична награда од 3.000 евра. Посебен подарок ќе добие и најиновативниот тапанар – тапан „Fircie Drums“.

The post Три македонски песни во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ“ во чест на фронтменот на култните „ЕКВ“ appeared first on Република.

]]>

Три песни од нашата држава се најдоа во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ 2022“, откако беа преслушани 219 пријавени песни од целиот регион кои ги исполнија условите на натпреварот. Нашите песни се помеѓу 45 песни од регионот кои се најдоа во полуфиналето. Како што информираат од „Кроација рекордс“, меѓу избраните песни се „Афродизија“ од Јовче Пандев, „Бегаме“ од Дани Димитровска и Пијан Славеј, како и „Дома“ на Дина Јашари, која и лани влезе во потесниот избор за наградата. Жирито го сочинуваше Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија). Тие сега имаат задача да изберат 12 финалисти, кои ќе бидат познати на почетокот на август и ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на „Задужбина Милан Младеновиќ“. Наградата Милан Младеновиќ е востановена во 2019 година со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Младеновиќ. Се доделува за најдобра песна од територијата на поранешна Југославија на церемонија на 21 септември, денот кога е роден некогашниот лидер на култниот состав „Екатарина Велика“. Добитник на првата награда во 2019 година беше бендот Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А“, втор лауреат е групата Драм во 2020 година со песната „Дај ми све“, а третонаградени со наградата „Милан Младеновиќ“ беа групата Ана & The Changes за песната „Ту“. Добитниците на наградата ќе бидат наградени со статуетка на Фондацијата и парична награда од 3.000 евра. Посебен подарок ќе добие и најиновативниот тапанар – тапан „Fircie Drums“.

The post Три македонски песни во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ“ во чест на фронтменот на култните „ЕКВ“ appeared first on Република.

]]>