Милан Мариќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milan-marikj/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 12:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милан Мариќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milan-marikj/ 32 32 Милан Мариќ: Среќен сум што толку многу уметници поминале оваа година во Охрид, токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/milan-marik-sreken-sum-shto-tolku-mnogu-umetnitsi-pominale-ovaa-godina-vo-ohrid-tokmu-vo-vreme-koga-umetnosta-veke-ne-ja-igra-glavnata-uloga/ Tue, 20 Aug 2024 12:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=808292

Јас сум прв пат во Охрид, поаѓам  од сосема поинаков агол. Се надевам денеска ќе имам можност повеќе да го разгледам градот, бидејќи вчера имавме проба и нема можност за прошетка, рече актерот Милан Мариќ, кој игра во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ и вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе го затвори 64. издание на „Охридско лето“.

Многу сум среќен што слушнав дека толку голем број уметници поминале оваа година во Охрид, колку многу претстави и концерти токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога, бидејќи ова време не сака такви луѓе. Уметноста просто слепо верува во идеали и неверојатна слобода, а нашето време не сака такви луѓе. Сака луѓе без кичма, лицемери итн...но театарот преживеал и полоши времиња, ќе го преживее и ова, рече Мариќ.

Во поглед на претставата која ќе ја одиграат денеска рече дека има посебен однос кон претставата бидејќи ангажманот да работи на претставата се поклопил со некоја негови лична одисеја, негова трансформација, преживување на некои лични нешта во животот, отворање на некои негови стравови за кои дотогаш не бил свесен дека се тука.

Кога размислувам за оваа претстава никогаш немам јасен однос затоа што ме враќа на тој период. Таа е претстава за стравовите, за чекањето, за времето кое страшно брзо поминува и не меле сите нас, но сите сме се согласиле на тоа, за препознавањето и за борбата да го преживееме. Всушност приказната е универзална, тоа е приказна за секој од нас и се надевам дека ќе успееме да ја пренесеме вечерва приказната, рече Мариќ. Античкиот театар е спектакл сам по себе, немам податок колку е стар, но таму има се, има магија. Синоќа на пробата одеднаш се појави Полна Месечина кога ја пробувавме љубовната сцена и веднаш добивате некое повисоко ниво, а тоа во театар не може да го доживеете, заврши актерот.

The post Милан Мариќ: Среќен сум што толку многу уметници поминале оваа година во Охрид, токму во време кога уметноста веќе не ја игра главната улога appeared first on Република.

]]>

Како актерот Жарко Лаушевиќ за неколу минути го уништи својот и животот на три семејства https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kako-akterot-zharko-laushevik-za-nekolu-minuti-go-unishti-svojot-i-zhivotot-na-tri-semejstva/ Mon, 06 Feb 2023 18:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=605481

Познатиот актер Жарко Лаушевиќ плашејќи се за својот и за животот на својот брат, со девет истрели пред 30 години ги уби Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ во кафуле во Подгорица.

Ноќта меѓу 30 и 31 јули 1993 година, три семејства беа завиени во црно. Веќе во тоа време познатиот актер Жарко Лаушевиќ со истрели од пиштол ги уби Драгор Пејовиќ (20) и Радован Вучиниќ (21), а во кафулето „Епл“ во Подгорица го рани Андрија Кажиќ (24). Плашејќи се за својот живот, испукал цел шаржер од девет куршуми.

Овој трагичен настан потсети на серијата „Пад“, која моментално се прикажува, а е работена според книгата на Лаушевиќ „Година минува денот никогаш“. Жарко во серијата го игра актерот Милан Мариќ.

Двојното убиство сè уште е проследено со бројни контроверзии, а судењето привлече огромно внимание во јавноста.

Жарко Лаушевиќ, кој и денеска не може да си го прости двојното убиство, на почетокот на судењето зборуваше:

Застанавме во едно кафуле, каде што, кога нарачавме оброк, ја прашав келнерката: „Каква гужва е ова“ затоа што слушав некоја врева. Еден млад човек кој седеше на ѕидот од кафулето праша: „Што е работата, момче? Реков: „Ништо, се е во ред“, и овој дијалог се повтори, втор, па трет пат. Не направив ништо што би можело да предизвика тепачка. Пријде друг тип, а јас бев удрен. Ме туркаа, влечеа, ме удираа... За момент изгубив свест. Се, проценувам, се случи најмногу за половина минута, се сеќавам само на делови од настанот затоа што се ми беше збркано во главата. Чувствував дека чантата, која во последно време секогаш ја носев преку моето рамо, а во која имаше пиштол, ми се лизга. Успеав да го извадам оружјето, но нападот не престана. Пукав, не знам колку пати. Имав ужасно чувство на страв, мислев дека ми испаднаа контактните леќи. Потоа го видов брат ми како лежи на два метри од мене и другиот човек над него, кој постојано го удира со нешто во главата - раскажа актерот.

Лаушевиќ во Црна Гора во 1994 година беше осуден на 15 години за пречекорување на потребната одбрана. Казната му беше намалена на 13 години во 1996 година, а на четири години следната година. Одлежа четири и пол години во затворите во Пожаревац и Спуж, а кога бил ослободен во 1998 година, во страв од крвна одмазда се преселил во Америка.
- Врховниот суд на Црна Гора ја укина последната пресуда и во 2001 година повторно го осуди на 13 години. Се бараше до 2009 година, а две години подоцна беше помилуван од тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

The post Како актерот Жарко Лаушевиќ за неколу минути го уништи својот и животот на три семејства appeared first on Република.

]]>

Познатиот актер Жарко Лаушевиќ плашејќи се за својот и за животот на својот брат, со девет истрели пред 30 години ги уби Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ во кафуле во Подгорица. Ноќта меѓу 30 и 31 јули 1993 година, три семејства беа завиени во црно. Веќе во тоа време познатиот актер Жарко Лаушевиќ со истрели од пиштол ги уби Драгор Пејовиќ (20) и Радован Вучиниќ (21), а во кафулето „Епл“ во Подгорица го рани Андрија Кажиќ (24). Плашејќи се за својот живот, испукал цел шаржер од девет куршуми. Овој трагичен настан потсети на серијата „Пад“, која моментално се прикажува, а е работена според книгата на Лаушевиќ „Година минува денот никогаш“. Жарко во серијата го игра актерот Милан Мариќ. Двојното убиство сè уште е проследено со бројни контроверзии, а судењето привлече огромно внимание во јавноста. Жарко Лаушевиќ, кој и денеска не може да си го прости двојното убиство, на почетокот на судењето зборуваше: Застанавме во едно кафуле, каде што, кога нарачавме оброк, ја прашав келнерката: „Каква гужва е ова“ затоа што слушав некоја врева. Еден млад човек кој седеше на ѕидот од кафулето праша: „Што е работата, момче? Реков: „Ништо, се е во ред“, и овој дијалог се повтори, втор, па трет пат. Не направив ништо што би можело да предизвика тепачка. Пријде друг тип, а јас бев удрен. Ме туркаа, влечеа, ме удираа... За момент изгубив свест. Се, проценувам, се случи најмногу за половина минута, се сеќавам само на делови од настанот затоа што се ми беше збркано во главата. Чувствував дека чантата, која во последно време секогаш ја носев преку моето рамо, а во која имаше пиштол, ми се лизга. Успеав да го извадам оружјето, но нападот не престана. Пукав, не знам колку пати. Имав ужасно чувство на страв, мислев дека ми испаднаа контактните леќи. Потоа го видов брат ми како лежи на два метри од мене и другиот човек над него, кој постојано го удира со нешто во главата - раскажа актерот. Лаушевиќ во Црна Гора во 1994 година беше осуден на 15 години за пречекорување на потребната одбрана. Казната му беше намалена на 13 години во 1996 година, а на четири години следната година. Одлежа четири и пол години во затворите во Пожаревац и Спуж, а кога бил ослободен во 1998 година, во страв од крвна одмазда се преселил во Америка. - Врховниот суд на Црна Гора ја укина последната пресуда и во 2001 година повторно го осуди на 13 години. Се бараше до 2009 година, а две години подоцна беше помилуван од тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

The post Како актерот Жарко Лаушевиќ за неколу минути го уништи својот и животот на три семејства appeared first on Република.

]]>
Исконска е потребата да се работат регионални проекти во театарот, вели актерот Милан Мариќ кој вечерва игра со Раде Шербеџија во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/iskonska-e-potrebata-da-se-rabotat-regionalni-proekti-vo-teatarot-veli-akterot-milan-marikj-koj-vecherva-igra-so-rade-sherbedzija-vo-dramski-teatar/ Fri, 14 Oct 2022 12:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=561119

Исконска е потребата да се работат регионални проекти. Делиме исти проблеми, ист менталитет, мали се разликите, а ги сакаме тие разлики кај другиот и нè нервираат. Тоа е многу важно за уметноста, вели српскиот актер Милан Мариќ, кој вечерва заедно со Раде Шербеџија ќе играат на сцената на Драмски театар Скопје.

Мариќ, кој е најпознат по улогата во филмот „Тома“ е дел од екипата на претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, а во режија на Ленка Удовички.

Претставата вечерва во 20 часот во Драмски театар го отвора фестивалот РУТА Група Триглав. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица.

Мариќ вели дека е повеќекратно задоволството да се работи со актер како Раде Шербеџија.

[caption id="attachment_561198" align="alignnone" width="1461"] Мариќ: Шербеџија им дава голема можност на младите актери на сцена[/caption]

Јас растев со неговите филмови, тој ми беше пример меѓу актерите како треба да се работи. Првпат се запознавме на сцената, не се познававме од претходно. Тој им дава голема можност на младите актери на сцена, а тоа е одлика само на големите актери. Да ја разбираат младоста, да го разбираат незнаењето и неискуството, да имаат однос кон тоа, да те штити и да те пушти и да знае кога да те врати назад. Само така може да растете, рече денеска Мариќ.

„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е претстава работена во продукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште, a Шербеџија вторпат игра во оваа претстава. Бил дел од поделата кога пред 30 години ја режирал Душан Јовановиќ, а асистентка на Јовановиќ му била денешната режисерка Удовички.

И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија. Сакам да сум тука, имам многу пријатели и секогаш сакам да доаѓам во Скопје. Еден од моите први концерти ги одржав тука, на оваа сцена на Драмски и многу одамна, во седумдесетите играв една претстава, не се сеќавам која. Чувствувам посебна возбуда за вечер, бидејќи ќе играм на сцената на која играле едни од најдобрите актери во поранешна Југославија. Драмски театар од Скопје го имаше тој имиџ. Мојата генерација се Ненад Стојановски, Мето Јовановски, Горан Стефановски, Слободан Унковски и за мене ова има посебно значење, рече Шербеџија.

За Шербеџија уметноста е жива материјата.

[caption id="attachment_561200" align="alignnone" width="1508"] Шербеџија: И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија[/caption]

Но, театарската е пожива, бидејќи таа постојано живее. Кај филмот, тоа е момент, снимен си. Но, во театарот твојата улога е стално жива. И таа се менува. Затоа таа е толку драгоцена и фантастична, вели Шербеџија.

Удовички потенцираше дека смислата на уметноста е да ги спојува луѓето, да се разменуваат креативни енергии.

Многу е важно и скапоцено што се воспостави оваа соработка со Рута фестивалот. Секаде каде што се оди, интересот е многу голем. Сите и приватно и професионално ја подрржуваме оваа соработка која треба да се развива и понатаму, рече Удовички.

В сабота, на 15 октомври, во 20 часот во Драмски гостува Београдско драмско позориште со претставата „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ.

Македонскиот режисер Александар Поповски доаѓа со претставата „Хероини“ по Овидиј од Месно гледалишче Љубљана (16 октомври), а Градско позориште Подгорица на 17 октомври со претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во режија на Кокан Младеновиќ.

Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Режисер на претставата е Саша Пешевски.

Затворањето на фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври, на режисерката Зоја Бузалковска.

Картите за сите претстави се распродадени.

The post Исконска е потребата да се работат регионални проекти во театарот, вели актерот Милан Мариќ кој вечерва игра со Раде Шербеџија во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Исконска е потребата да се работат регионални проекти. Делиме исти проблеми, ист менталитет, мали се разликите, а ги сакаме тие разлики кај другиот и нè нервираат. Тоа е многу важно за уметноста, вели српскиот актер Милан Мариќ, кој вечерва заедно со Раде Шербеџија ќе играат на сцената на Драмски театар Скопје. Мариќ, кој е најпознат по улогата во филмот „Тома“ е дел од екипата на претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, а во режија на Ленка Удовички. Претставата вечерва во 20 часот во Драмски театар го отвора фестивалот РУТА Група Триглав. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Мариќ вели дека е повеќекратно задоволството да се работи со актер како Раде Шербеџија. [caption id="attachment_561198" align="alignnone" width="1461"] Мариќ: Шербеџија им дава голема можност на младите актери на сцена[/caption]
Јас растев со неговите филмови, тој ми беше пример меѓу актерите како треба да се работи. Првпат се запознавме на сцената, не се познававме од претходно. Тој им дава голема можност на младите актери на сцена, а тоа е одлика само на големите актери. Да ја разбираат младоста, да го разбираат незнаењето и неискуството, да имаат однос кон тоа, да те штити и да те пушти и да знае кога да те врати назад. Само така може да растете, рече денеска Мариќ.
„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е претстава работена во продукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште, a Шербеџија вторпат игра во оваа претстава. Бил дел од поделата кога пред 30 години ја режирал Душан Јовановиќ, а асистентка на Јовановиќ му била денешната режисерка Удовички.
И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија. Сакам да сум тука, имам многу пријатели и секогаш сакам да доаѓам во Скопје. Еден од моите први концерти ги одржав тука, на оваа сцена на Драмски и многу одамна, во седумдесетите играв една претстава, не се сеќавам која. Чувствувам посебна возбуда за вечер, бидејќи ќе играм на сцената на која играле едни од најдобрите актери во поранешна Југославија. Драмски театар од Скопје го имаше тој имиџ. Мојата генерација се Ненад Стојановски, Мето Јовановски, Горан Стефановски, Слободан Унковски и за мене ова има посебно значење, рече Шербеџија.
За Шербеџија уметноста е жива материјата. [caption id="attachment_561200" align="alignnone" width="1508"] Шербеџија: И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија[/caption]
Но, театарската е пожива, бидејќи таа постојано живее. Кај филмот, тоа е момент, снимен си. Но, во театарот твојата улога е стално жива. И таа се менува. Затоа таа е толку драгоцена и фантастична, вели Шербеџија.
Удовички потенцираше дека смислата на уметноста е да ги спојува луѓето, да се разменуваат креативни енергии.
Многу е важно и скапоцено што се воспостави оваа соработка со Рута фестивалот. Секаде каде што се оди, интересот е многу голем. Сите и приватно и професионално ја подрржуваме оваа соработка која треба да се развива и понатаму, рече Удовички.
В сабота, на 15 октомври, во 20 часот во Драмски гостува Београдско драмско позориште со претставата „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ. Македонскиот режисер Александар Поповски доаѓа со претставата „Хероини“ по Овидиј од Месно гледалишче Љубљана (16 октомври), а Градско позориште Подгорица на 17 октомври со претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во режија на Кокан Младеновиќ. Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Режисер на претставата е Саша Пешевски. Затворањето на фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври, на режисерката Зоја Бузалковска. Картите за сите претстави се распродадени.    

The post Исконска е потребата да се работат регионални проекти во театарот, вели актерот Милан Мариќ кој вечерва игра со Раде Шербеџија во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
„Тома“ му донесе слава и нова девојка: Мариќ во врска со Миа Бјелогрлиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/toma-mu-donese-slava-i-nova-devojka-marikj-vo-vrska-so-mia-bjelogrlikj/ Sat, 05 Mar 2022 17:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=468248

Актерот Милан Мариќ веќе еден месец е во среќна врска со Миа Бјелогрлиќ, ќерката на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ.

Милан ја запознал Миа за време на снимањето на филмот „Тома“ во кој ја игра главната улога, а чиј автор е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ- Бјела, пренесува „Блиц“.

Атрактивниот актер и убавата ќерка на Драган Бјелогрлиќ наводно се зближиле на новогодишна забава, а за љубовта не сакаат многу да зборуваат, па за нив знаат само најдобрите пријатели.

Нивната љубов цвета, велат блиски до овој млад пар и уживаат во секој момент од врската. И велат дека тато Бјела е среќен со новиот зет!

The post „Тома“ му донесе слава и нова девојка: Мариќ во врска со Миа Бјелогрлиќ appeared first on Република.

]]>

Актерот Милан Мариќ веќе еден месец е во среќна врска со Миа Бјелогрлиќ, ќерката на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ. Милан ја запознал Миа за време на снимањето на филмот „Тома“ во кој ја игра главната улога, а чиј автор е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ- Бјела, пренесува „Блиц“. Атрактивниот актер и убавата ќерка на Драган Бјелогрлиќ наводно се зближиле на новогодишна забава, а за љубовта не сакаат многу да зборуваат, па за нив знаат само најдобрите пријатели. Нивната љубов цвета, велат блиски до овој млад пар и уживаат во секој момент од врската. И велат дека тато Бјела е среќен со новиот зет!

The post „Тома“ му донесе слава и нова девојка: Мариќ во врска со Миа Бјелогрлиќ appeared first on Република.

]]>
Ќе се снима серија за Жарко Лаушевиќ и убиството кое му го смени животот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kje-se-snima-serija-za-zarko-laushevikj-i-ubistvoto-koe-mu-go-smeni-zivotot/ Mon, 14 Feb 2022 10:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=458238

Напролет почнува да се снима српската телевизиска серија „Пад“, по книгата „Годината минува, денот никогаш“ на Жарко Лаушевиќ, а славниот актер ќе го глуми Милан Мариќ.

Како што пишуваат српските медиуми, за главната улога во конкуренција биле неколку актери, а најсериозен конкурент на Мариќ му бил Милош Биковиќ.

Серијата ќе има осум епизоди, а сценариото е на Бојан Вулетиќ и Метал Михајловиќ. Режијата е на Вулетиќ.

Новата серија „Пад“ е работена по мотивите на книгата на Лаушевиќ, „Годината минува, денот никогаш“. Мотивите од неговата книга ќе овозможат да опишеме едно време, почетокот на војната во поранешна Југославија, сиромаштијата и изолацијата. Сето тоа низ трагичната судбина на најпознатиот југословенски актер. Сценариото не е само препишана книга, туку сценаристите слободно интерпретирале одредени делови, збогатувајќи го со ликови и настани кои не постојат во автобиографијата, изјави Вулетиќ.

Лаушевиќ пред десет години ја напиша книгата во која опиша што се случувало таа ноќ, на 31 јули 1993 година, кога уби двајца, а рани едно момче.

Мариќ моментно е еден од најдобрите актери од младата генерација во Србија. Најактуелен е со филмот „Тома“ каде што го толкуваше ликот на Тома Здравковиќ.

The post Ќе се снима серија за Жарко Лаушевиќ и убиството кое му го смени животот appeared first on Република.

]]>

Напролет почнува да се снима српската телевизиска серија „Пад“, по книгата „Годината минува, денот никогаш“ на Жарко Лаушевиќ, а славниот актер ќе го глуми Милан Мариќ. Како што пишуваат српските медиуми, за главната улога во конкуренција биле неколку актери, а најсериозен конкурент на Мариќ му бил Милош Биковиќ. Серијата ќе има осум епизоди, а сценариото е на Бојан Вулетиќ и Метал Михајловиќ. Режијата е на Вулетиќ.
Новата серија „Пад“ е работена по мотивите на книгата на Лаушевиќ, „Годината минува, денот никогаш“. Мотивите од неговата книга ќе овозможат да опишеме едно време, почетокот на војната во поранешна Југославија, сиромаштијата и изолацијата. Сето тоа низ трагичната судбина на најпознатиот југословенски актер. Сценариото не е само препишана книга, туку сценаристите слободно интерпретирале одредени делови, збогатувајќи го со ликови и настани кои не постојат во автобиографијата, изјави Вулетиќ.
Лаушевиќ пред десет години ја напиша книгата во која опиша што се случувало таа ноќ, на 31 јули 1993 година, кога уби двајца, а рани едно момче. Мариќ моментно е еден од најдобрите актери од младата генерација во Србија. Најактуелен е со филмот „Тома“ каде што го толкуваше ликот на Тома Здравковиќ.

The post Ќе се снима серија за Жарко Лаушевиќ и убиството кое му го смени животот appeared first on Република.

]]>
„Му ги украде златните заби на татко му и ги продаде“: Актерот што го играше открива нови детали за животот на Тома Здравковиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/mu-gi-ukrade-zlatnite-zabi-na-tatko-mu-i-gi-prodade-akterot-shto-go-igrashe-otkriva-novi-detali-za-zivotot-na-toma-zdravkovikj/ Tue, 04 Jan 2022 20:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=440653

Актерот Милан Мариќ, кој маестрално го толкуваше ликот на легендарниот Тома Здравковиќ во филмскиот хит „Тома“, признава дека за улогата се подготвувал темелно и внимателно и дека често разговарал со Новица Здравковиќ, братот на Тома, за да собере што повеќе информации.

Му ги украл златните заби на татко му. Требаше да оди за Лесковац и затоа му ги зеде златните заби на татко му и ги стопи за да ги продаде како злато... Тоа е една анегдота што ни ја кажа Новица. Јасно ви е каков лик беше, изјави Милан Мариќ во емисијата „Пароброд“.

Инаку, Мариќ неодамна откри дека поради улогата на легендарниот пејач морал да научи и да пее.

Не сум навикнат да пеам и никогаш не сум го правел тоа пред овој филм. Имав малку страв како ќе се справам. Жељко Јоксимовиќ многу ми помогна со совети, па навистина пеев во сите сцени, не блефирав! Подоцна во монтажата се вклучи и гласот на Ацо Пејовиќ, кој тоа го направи феноменално, откри актерот.

The post „Му ги украде златните заби на татко му и ги продаде“: Актерот што го играше открива нови детали за животот на Тома Здравковиќ appeared first on Република.