Мила Рељиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mila-reljikj/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 10:45:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мила Рељиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mila-reljikj/ 32 32 Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ova-se-trojtsata-makedonski-taekvondisti-koi-dosega-uspeale-da-sovladaat-olimpiski-shampioni/ Fri, 09 Aug 2024 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=804888

Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.

Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио.

Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија.

Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.

Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.

Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо.
Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.

The post Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони appeared first on Република.

]]>

Од Македонската таеквондо федерација потсетуваат кои тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.
Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио. Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија. Мила Релиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.
Сепак, додаваат од МТФ водечка круна останува олимпиското сребро од Токио како најголем спортски резултат во независна Македонија.
Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо. Македонското олимписко таеквондо како носечки државен спорт има уште многу што да каже, потенцираат тие.

The post Oва се тројцата македонски таеквондисти кои досега успеале да совладаат олимписки шампиони appeared first on Република.

]]>
Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија!, порачаа Рељиќ и тренерот Ефтимов https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ne-osvoivme-medal-no-ja-obedinivme-makedonija-porachaa-reljik-i-trenerot-eftimov/ Fri, 09 Aug 2024 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=804855

Maкедонската таеквондистка Милијана Рељиќ загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз во категоријата до 57 килограми и со тоа го заврши својот настап на ЛОИ. Нашата таеквондистка заврши меѓу осумте најдобри на игрите во Париз, а по нејзиниот настап даде и кратка изјава за Македонскиот олимписки комитет.

Бевме одлично подготвени. Ги слушав советите на тренерот и успеавме да добиеме една борба. Во борбата со Либанката ми недостигаше малку спортска среќа. Сепак, тука не застануваме и продолжуваме кон нови успеси и победи, изјави Рељиќ.

Слично размислува и нејзиниот тренер Ефтимов, кој вели дека иако не освоиле медал, успеале да ја обединат Македонија.

Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија. Падна двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, изјави Ефитмов.

The post Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија!, порачаа Рељиќ и тренерот Ефтимов appeared first on Република.

Милијана Рељиќ на Олимпијада без сала за подготовки и без пари https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/milijana-relik-na-olimpijada-bez-sala-za-podgotovki-i-bez-pari/ Thu, 08 Aug 2024 13:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=804624

Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за подготовки, ниту финансиска поддршка од државата, за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот тренер Александар Ефтимов, кој објасни дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени.

„Веќе една недела сме без сала за подготовки. И покрај упатените повици до надлежните институции, Милијана се уште нема можност да ја користи салата за подготовки за овој значаен светски спортски настан. Во салата каде што тренираме веќе 15 години, имаме професионална таеквондо опрема во вредност од над 10.000 евра и е значајно за подготовките, немаме можност да вежбаме поради летниот распуст на училиштата. Надлежните во основното училиште „Наум Наумовски – Борче” од Маџари не дозволуваат да ја користиме салата”, вели Александар Ефтимов.

Поради ова, тие се принудени да бараат слободни термини во другите сали кои, според Ефтимов, се далеку под квалитетот за подготовка за олимписка норма.

„Поразително е да имаме олимписка надеж, која има шанси да донесе медал од Олимписки игри, а спортските сали да седат заклучени преку цело лето. Ние ќе се бориме, ќе дадеме се од себе да донесеме медал од Олимписките игри во Париз и покрај тоа што немаме сала за тренирање. Оваа година, се уште, немаме добиено ниту денар од ниту една државна институција, ниту поддршка од приватни компании. Затоа, најголем дел од натпреварите и семинарите ги покриваме од лични средства”, вели Ефтимов.

Милијана е актуелна европска клупска шампионка, на последните 9 Г1 турнири има освоено 7 медали а во јули месец се очекува да избие на 5-тата позиција на светската таеквондо ранкинг листа и со големи шанси да освои медал на Олимписките игри во Париз 2024.

Од друга страна, овој проблем со салите, што се провлекува повеќе години треба да се реши, бидејќи со секоја нова учебна година прават нервозни ситуации кај клубовите, кои долги години се закупци. Се губи многу време со секоја распределба.

Државата мора да најде решение за врвните спортисти.

The post Милијана Рељиќ на Олимпијада без сала за подготовки и без пари appeared first on Република.

]]>

Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за подготовки, ниту финансиска поддршка од државата, за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот тренер Александар Ефтимов, кој објасни дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени.
„Веќе една недела сме без сала за подготовки. И покрај упатените повици до надлежните институции, Милијана се уште нема можност да ја користи салата за подготовки за овој значаен светски спортски настан. Во салата каде што тренираме веќе 15 години, имаме професионална таеквондо опрема во вредност од над 10.000 евра и е значајно за подготовките, немаме можност да вежбаме поради летниот распуст на училиштата. Надлежните во основното училиште „Наум Наумовски – Борче” од Маџари не дозволуваат да ја користиме салата”, вели Александар Ефтимов.
Поради ова, тие се принудени да бараат слободни термини во другите сали кои, според Ефтимов, се далеку под квалитетот за подготовка за олимписка норма.
„Поразително е да имаме олимписка надеж, која има шанси да донесе медал од Олимписки игри, а спортските сали да седат заклучени преку цело лето. Ние ќе се бориме, ќе дадеме се од себе да донесеме медал од Олимписките игри во Париз и покрај тоа што немаме сала за тренирање. Оваа година, се уште, немаме добиено ниту денар од ниту една државна институција, ниту поддршка од приватни компании. Затоа, најголем дел од натпреварите и семинарите ги покриваме од лични средства”, вели Ефтимов.
Милијана е актуелна европска клупска шампионка, на последните 9 Г1 турнири има освоено 7 медали а во јули месец се очекува да избие на 5-тата позиција на светската таеквондо ранкинг листа и со големи шанси да освои медал на Олимписките игри во Париз 2024. Од друга страна, овој проблем со салите, што се провлекува повеќе години треба да се реши, бидејќи со секоја нова учебна година прават нервозни ситуации кај клубовите, кои долги години се закупци. Се губи многу време со секоја распределба. Државата мора да најде решение за врвните спортисти.

The post Милијана Рељиќ на Олимпијада без сала за подготовки и без пари appeared first on Република.

]]>
Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svetot-doprva-ke-slusha-za-nea-koja-e-milijana-relik-makedonskata-gordost-na-olimpijadata-vo-pariz/ Thu, 08 Aug 2024 13:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=804583

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни.

Затоа сме сигурни дека спортскиот свет уште многу ќе слуша за 21-годишната Милијана Рељиќ од Скопје. Родена и израсната во Гази Баба, таа повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец.

На последното Европското клупско првенство во таеквондо таа освои златен медал во сениорки -62кг со 4 победи и без изгубена рунда. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал.

Како што објаснуваат од Општиан Гази Баба, љубовта кон овој спорт ја има изградено во вистински борец – тренинзите ѝ се комбинација од кондициони (пет пати неделно) и таеквондо техники и тактики (шест пати неделно). Се разбира, тренинзите без спаринг се недоволни и затоа повремено патува надвор од Македонија или поканува професионалци со цел да ја одржи својата форма на највисоко ниво.

На прес-конференцијата на која го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри, младата спортистка вети дека ќе даде сè од себе за успешен настап и медал.

Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал, рече Рељиќ.

За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Формата на Рељиќ е на извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал, додаде Ефтимов.

Попладнево Рељиќ ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан во четвртфиналето. Навиваме од 15.45 часот за таа да е чекор поблиску до медал. Напред наши!

The post Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни. Затоа сме сигурни дека спортскиот свет уште многу ќе слуша за 21-годишната Милијана Рељиќ од Скопје. Родена и израсната во Гази Баба, таа повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец. На последното Европското клупско првенство во таеквондо таа освои златен медал во сениорки -62кг со 4 победи и без изгубена рунда. Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал. Како што објаснуваат од Општиан Гази Баба, љубовта кон овој спорт ја има изградено во вистински борец – тренинзите ѝ се комбинација од кондициони (пет пати неделно) и таеквондо техники и тактики (шест пати неделно). Се разбира, тренинзите без спаринг се недоволни и затоа повремено патува надвор од Македонија или поканува професионалци со цел да ја одржи својата форма на највисоко ниво.
На прес-конференцијата на која го најави нејзиното прво учество на Олимписките игри, младата спортистка вети дека ќе даде сè од себе за успешен настап и медал.
Ова се мои први Олимписки игри. Се вративме од 15-деневен тренинг камп, очекувам да го дадам мојот максимум, да бидам фокусирана, да се борам до крајот и со добра ждрепка да стигнам до медал, рече Рељиќ.
За формата на Македонката говореше и нејзиниот тренер Александар Ефтимов. Формата на Рељиќ е на извонредно ниво, таа има седум медали на последните големи турнири. Златото на последното Европско клупско првенство го зголемува оптимизмот дека можеме до медал, додаде Ефтимов.
Попладнево Рељиќ ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан во четвртфиналето. Навиваме од 15.45 часот за таа да е чекор поблиску до медал. Напред наши!

The post Светот допрва ќе слуша за неа: Која е Милијана Рељиќ, македонската гордост на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршени сме поради неа! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/britantsite-shokirani-po-pobedata-na-mila-dhejd-e-unishtena-skrsheni-sme-poradi-nea/ Thu, 08 Aug 2024 12:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=804599

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз.

Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1.
Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен.

Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук.

Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент, порача Кук.

The post Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршени сме поради неа! appeared first on Република.

]]>

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз. Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1. Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен. Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук. Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент, порача Кук.

The post Британците шокирани по победата на Мила: Џејд е уништена, скршени сме поради неа! appeared first on Република.

]]>
Во 15:45 Мила Рељиќ против Либанката Ајуд за пласман во полуфинале https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-15-45-mila-relik-protiv-libankata-ajud-za-plasman-vo-polufinale/ Thu, 08 Aug 2024 12:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=804588

Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.

Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри.

Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот.

Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.

The post Во 15:45 Мила Рељиќ против Либанката Ајуд за пласман во полуфинале appeared first on Република.

]]>

Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз. Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри. Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот. Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.

The post Во 15:45 Мила Рељиќ против Либанката Ајуд за пласман во полуфинале appeared first on Република.

]]>
Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-taekvondistka-mila-relik-ja-sovlada-dvokratnata-olimpiska-shampionka/ Thu, 08 Aug 2024 10:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=804534

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ja совлада поранешната двократна олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија, со што се пласира во четврт-финалето на Олимписките игри во Париз.

Рељиќ, покажа одлична техника и смиреност во рингот и во текот на целата борба против фаворизирата Британка имаше целосна контрола на случувањата во рингот. Тоа и овозможи да ја добие првата рунда со 7:6 во поени. Во втората Џонс настапи поагресивно, па со 5:4 успеа да го изедначи резултатот и да ја одведе борбата во решавачката трета рунда.

Во тензична атмосфера, оваа рунда заврши со по еден освоен поен на двете таеквондистки, но Мила, поради поголемиот квалитет на прецизни удари во текот на борбата заслужено го доби триумфот.

Во четврт-финалето, Рељиќ ќе се бори против Либанката Летиција Аун.

The post Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка appeared first on Република.

]]>

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ja совлада поранешната двократна олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија, со што се пласира во четврт-финалето на Олимписките игри во Париз. Рељиќ, покажа одлична техника и смиреност во рингот и во текот на целата борба против фаворизирата Британка имаше целосна контрола на случувањата во рингот. Тоа и овозможи да ја добие првата рунда со 7:6 во поени. Во втората Џонс настапи поагресивно, па со 5:4 успеа да го изедначи резултатот и да ја одведе борбата во решавачката трета рунда. Во тензична атмосфера, оваа рунда заврши со по еден освоен поен на двете таеквондистки, но Мила, поради поголемиот квалитет на прецизни удари во текот на борбата заслужено го доби триумфот. Во четврт-финалето, Рељиќ ќе се бори против Либанката Летиција Аун.

The post Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка appeared first on Република.

]]>
Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на ждрепката https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-taekvondistka-mila-relik-nemashe-sreka-na-zhdrepkata/ Wed, 07 Aug 2024 13:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=804259

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на ждрепката на Олимписките игри во Париз.

Македонката за ривалка во првото коло ја доби двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка.

Борбата ќе се одржи утре околу пладне. За Рељиќ ова ќе биде деби настап на Олимпијадите

The post Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на ждрепката appeared first on Република.

]]>

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на ждрепката на Олимписките игри во Париз. Македонката за ривалка во првото коло ја доби двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.
Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка.
Борбата ќе се одржи утре околу пладне. За Рељиќ ова ќе биде деби настап на Олимпијадите

The post Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на ждрепката appeared first on Република.

]]>
Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски и Рељиќ европски клупски шампиони во теквондо https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mashko-i-zensko-zlato-za-makedonija-georgievski-i-reljikj-evropski-klupski-shampioni-vo-tekvondo/ Fri, 26 Aug 2022 18:41:47 +0000 https://republika.mk/?p=544558

Нашиот најдобар теквондист Дејан Георгиевски се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин.

Заради добриот ранкинг нашиот натпреварувач во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои првото место во категорија 87+ килограми.

Најрвин запиша победа против Египќанецот Шериф Каири Амр славејќи со 21:17 во првата и 7:5 во втората рунда, а потоа триумфираше и против Милош Пилиповиќ од Норвешка со 6:1 во првата и 12:5 во втората рунда.

Ова е трет медал за теквондо клубот „Бутел“ од Европско клупско првенство, две злата и едно сребро. Останатите борци од ТК Бутел беа солидни, но денеска за нив не беше денот.

Во женска конкуренција, пак, златен медал освои Мила Рељиќ од скопскиот теквондо клуб „Тигри“. Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а еве сега сиот досегашен вложен труд се исплати и со освојување на европска титула.

Нашата теквондистка на Европското клупско првенство беше првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми, а до златото стигна после четири борби.

Најпрвин ги победи натпреварувачките од Италија, Украина, па претставничката од Египет, која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор, која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.

The post Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски и Рељиќ европски клупски шампиони во теквондо appeared first on Република.

]]>

Нашиот најдобар теквондист Дејан Георгиевски се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин. Заради добриот ранкинг нашиот натпреварувач во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои првото место во категорија 87+ килограми. Најрвин запиша победа против Египќанецот Шериф Каири Амр славејќи со 21:17 во првата и 7:5 во втората рунда, а потоа триумфираше и против Милош Пилиповиќ од Норвешка со 6:1 во првата и 12:5 во втората рунда. Ова е трет медал за теквондо клубот „Бутел“ од Европско клупско првенство, две злата и едно сребро. Останатите борци од ТК Бутел беа солидни, но денеска за нив не беше денот. Во женска конкуренција, пак, златен медал освои Мила Рељиќ од скопскиот теквондо клуб „Тигри“. Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а еве сега сиот досегашен вложен труд се исплати и со освојување на европска титула. Нашата теквондистка на Европското клупско првенство беше првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми, а до златото стигна после четири борби. Најпрвин ги победи натпреварувачките од Италија, Украина, па претставничката од Египет, која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор, која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.  

The post Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски и Рељиќ европски клупски шампиони во теквондо appeared first on Република.

]]>