Мила Царовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mila-carovska/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 09:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мила Царовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mila-carovska/ 32 32 На Незири не му било првпат: Во 2010 година турнал по скали инструктор, испрскал со вода директор во М-НАВ, снимките од камерите веднаш биле избришани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-neziri-ne-mu-bilo-prvpat-vo-2010-godina-turnal-po-skali-instruktor-isprskal-so-voda-direktor-vo-m-nav-snimkite-od-kamerite-vednash-bile-izbrishani/ Fri, 05 Jan 2024 09:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=729854

Богато е насилното однесување на Беким Незири последниве десетина години.Тој е човек од доверба на Али Ахмети и бил на повеќе раководни фунции. Го паметиме како министер за економија, па директор на Фондот за пензиско и здравствено осигурување.

Незири во 2010 години  беше член на  Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори. И тогаш предизвикал неколку инциденти. Турнал инструктор по скали а полил со вода тогашниот претседател на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски. Снимките од камерите биле веднаш избришани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-koi-se-tepachite-zetot-politsaets-na-generalniot-sekretar-vo-dui-go-natepal-bratot-na-bashkim-hasani-koj-se-odmetna-vo-fraktsijata-na-medhiti/

Името на Незири, се разбира не по добро, се споменуваше и како директор на Фондот за пензиско за проневера на 19 милиони евра.Тогашната минстерка за труд и социјална Мила Царовска се закани и со кривична пријава но се разбира дека таа никогаш не беше процесуирана.

The post На Незири не му било првпат: Во 2010 година турнал по скали инструктор, испрскал со вода директор во М-НАВ, снимките од камерите веднаш биле избришани appeared first on Република.

]]>

Богато е насилното однесување на Беким Незири последниве десетина години.Тој е човек од доверба на Али Ахмети и бил на повеќе раководни фунции. Го паметиме како министер за економија, па директор на Фондот за пензиско и здравствено осигурување. Незири во 2010 години  беше член на  Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори. И тогаш предизвикал неколку инциденти. Турнал инструктор по скали а полил со вода тогашниот претседател на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски. Снимките од камерите биле веднаш избришани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-koi-se-tepachite-zetot-politsaets-na-generalniot-sekretar-vo-dui-go-natepal-bratot-na-bashkim-hasani-koj-se-odmetna-vo-fraktsijata-na-medhiti/ Името на Незири, се разбира не по добро, се споменуваше и како директор на Фондот за пензиско за проневера на 19 милиони евра.Тогашната минстерка за труд и социјална Мила Царовска се закани и со кривична пријава но се разбира дека таа никогаш не беше процесуирана.        

The post На Незири не му било првпат: Во 2010 година турнал по скали инструктор, испрскал со вода директор во М-НАВ, снимките од камерите веднаш биле избришани appeared first on Република.

]]>
Ставот на СДСМ во опозиција: Правото на штрајк е уставно загарантирано право, наставниците имаат право на незадоволство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stavot-na-sdsm-vo-opozicija-pravoto-na-shtrajk-e-ustavno-zagarantirano-pravo-nastavnicite-imaat-pravo-na-nezadovolstvo/ Mon, 18 Apr 2022 09:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=489889

Во јануари 2015 година, Мила Царовска, тогаш истакнат член на СДСМ, а подоцна и министерка за образование, го изнесе ставот на нејзината, тогаш опозициска партија дека со опструирање на правото на штрајк не само што власта го гази Уставот на Република Македонија, туку се газат и загарантираните права на работниците според конвенциите на Меѓународната организација на трудот, чијашто потписничка е земјава, пишува „мкд.мк“.

И тогаш штрајкуваа наставниците за поголема плата.

Тогаш Царовска рече: „Директорите на училиштата немаат никакво право да нарачуваат списоци со наставници кои го остваруваат легитимното право на штрајк за заштита на своите права. Немаат право ниту да наложуваат на наставниците да одржуваат настава, за време на штрајк. Со кое право градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се редат како на филмска лента за да кажат дека настава ќе има, што е дополнителен притисок врз наставниците?

Власта на Никола Груевски, исплашена од кулминација на огромното незадоволство во образованието, направи противуставни законски измени за замени на наставници во време на штрајк, мислејќи дека на тој начин ќе се заштити.

Бидејќи оваа власт не знае ни Д од дијалог, прашање на време беше кога ќе стане јасно дека наставниците се изиграни, а власта ниту има намера да им ги покачи платите, ниту пак имаат намера да ги укинат казните што ги воведоа преку екстерното тестирање.

Хаосот во образованието, преоптовареноста на наставниците со непотребна администрација и експериментите во обемната настава, големиот број казни преку коишто се полни буџетот, општата лоша економска ситуација во земјава ги натера наставниците да си ги бараат своите права. Ниту едни измени на закон, списоци, послушни градоначалници и директори не ќе можат да ја заштитат власта. Свеста на луѓето се разбуди. Назад нема“, рече тогаш Царовска.

Речиси еднаков е одговорот денес на опозицијата, овојпат тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ.

И тогаш социјалдемократите велеа дека зголемување на платите во Република Македонија и нивно усогласување со трошоците за живот е потребно, не само во образованието, туку во сите сектори, затоа што сме на дното од Европа и со висината на платите и со стандардот.

Преземено од „МКД.мк“.

The post Ставот на СДСМ во опозиција: Правото на штрајк е уставно загарантирано право, наставниците имаат право на незадоволство appeared first on Република.

]]>

Во јануари 2015 година, Мила Царовска, тогаш истакнат член на СДСМ, а подоцна и министерка за образование, го изнесе ставот на нејзината, тогаш опозициска партија дека со опструирање на правото на штрајк не само што власта го гази Уставот на Република Македонија, туку се газат и загарантираните права на работниците според конвенциите на Меѓународната организација на трудот, чијашто потписничка е земјава, пишува „мкд.мк“. И тогаш штрајкуваа наставниците за поголема плата. Тогаш Царовска рече: „Директорите на училиштата немаат никакво право да нарачуваат списоци со наставници кои го остваруваат легитимното право на штрајк за заштита на своите права. Немаат право ниту да наложуваат на наставниците да одржуваат настава, за време на штрајк. Со кое право градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се редат како на филмска лента за да кажат дека настава ќе има, што е дополнителен притисок врз наставниците? Власта на Никола Груевски, исплашена од кулминација на огромното незадоволство во образованието, направи противуставни законски измени за замени на наставници во време на штрајк, мислејќи дека на тој начин ќе се заштити. Бидејќи оваа власт не знае ни Д од дијалог, прашање на време беше кога ќе стане јасно дека наставниците се изиграни, а власта ниту има намера да им ги покачи платите, ниту пак имаат намера да ги укинат казните што ги воведоа преку екстерното тестирање. Хаосот во образованието, преоптовареноста на наставниците со непотребна администрација и експериментите во обемната настава, големиот број казни преку коишто се полни буџетот, општата лоша економска ситуација во земјава ги натера наставниците да си ги бараат своите права. Ниту едни измени на закон, списоци, послушни градоначалници и директори не ќе можат да ја заштитат власта. Свеста на луѓето се разбуди. Назад нема“, рече тогаш Царовска. Речиси еднаков е одговорот денес на опозицијата, овојпат тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ. И тогаш социјалдемократите велеа дека зголемување на платите во Република Македонија и нивно усогласување со трошоците за живот е потребно, не само во образованието, туку во сите сектори, затоа што сме на дното од Европа и со висината на платите и со стандардот. Преземено од „МКД.мк“.

The post Ставот на СДСМ во опозиција: Правото на штрајк е уставно загарантирано право, наставниците имаат право на незадоволство appeared first on Република.

]]>
И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-carovska-i-shekerinska-podnele-baranje-za-apanaza/ Fri, 21 Jan 2022 14:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=447821

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба.

Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција.

Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани.

Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

The post И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба. Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција. Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани. Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.  

The post И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа appeared first on Република.

]]>
Јетон Шаќири е нов министер за образование и наука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jeton-shakjiri-e-nov-minister-za-obrazovanie-i-nauka/ Mon, 17 Jan 2022 11:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=445786

Јетон Шаќири е нов министер за образование и наука во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, изгласана доцна синоќа, а доаѓа од местото министер за информатичко општество и администрација. Јетон Шаќири е од редовите на ДУИ и ја наследува функцијата од која се повлече министерката Мила Царовска.

Шаќири беше пратеник во претходниот парламентарен состав и професор на Меѓународниот универзитет во Струга, каде што е роден на 17 март 1987 година. Тој во еден период ја извршуваше и функцијата директор на МЈП „Проаква“, а од јануари до август 2020 е директор на струшкото претпријатие „Водовод и канализација“.

На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша поранешната министерка за образование Мила Царовска.

The post Јетон Шаќири е нов министер за образование и наука appeared first on Република.

]]>

Јетон Шаќири е нов министер за образование и наука во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, изгласана доцна синоќа, а доаѓа од местото министер за информатичко општество и администрација. Јетон Шаќири е од редовите на ДУИ и ја наследува функцијата од која се повлече министерката Мила Царовска. Шаќири беше пратеник во претходниот парламентарен состав и професор на Меѓународниот универзитет во Струга, каде што е роден на 17 март 1987 година. Тој во еден период ја извршуваше и функцијата директор на МЈП „Проаква“, а од јануари до август 2020 е директор на струшкото претпријатие „Водовод и канализација“.
На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша поранешната министерка за образование Мила Царовска.

The post Јетон Шаќири е нов министер за образование и наука appeared first on Република.

]]>
Царовска: По заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/carovska-po-zaminuvanjeto-od-funkciite-prodolzuvam-da-sum-na-stranata-na-gragjanite/ Sat, 15 Jan 2022 10:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=444881

И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, во завршното обраќање на крајот од нејзиниот мандат, со кое им се заблагодари на граѓаните за дадената доверба да им служи во три наврати, како министерка за труд и социјална политика, вицепремиерка, а во последната година и половина и како министерка за образование и наука.

Бев во влада предводена од социјалдемократи, кои успеаа да ја вратат слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакнат меѓусебната граѓанска почит. Во еден исклучително тежок период, во време на транзиција од режим кон демократија, но и во време на сериозна здравствена криза, заедно со мојот тим покажавме дека можеме многу да придонесеме во справување со општествените и предизвиците на секој поединец и да направиме темелни промени кои водат кон подобро утре.Работевме интензивно, транспарентно и отчетно, оследно застапувајќи ги демократските, а почитувајќи ги граѓанските вредности, но и потреби, барања и иницијативи, притоа водејќи се по една и единствена мисла дека ова општество може и мора да биде еднакво за сите, дека има место за секого и секој заслужува подеднаков третман од државата - вели Царовска додавајќи дека е горда на постигнатите резултати.

Таа истакна дека со социјалната реформа која ја имплементирала како министерка за труд и социјална политика целосно е променет начинот на кој државата се грижи за најранливите.

Системот на социјална заштита сега е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик, при што во моментов 35.500 домаќинства се приматели на финансиска помош која ја зголемивме речиси тројно, а обезбедивме и поддршка за вработување. За да ја намалиме детската сиромаштија, воведовме детски додадок кој го користат околу 47 илјади деца и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти - вели Царовска.

Таа нагласува дека со промените направени во секторот труд и социјала се унапредени и правата на лицата со попреченост и е создадена социјална сигурност за повозрасните. Решен е и деценискиот проблем на стечајците со обезбедувањето на месечен надоместок до пензионирање.

Нашиот императив беше да создаваме вистински инклузивно и праведно општество, притоа менувајќи ја јавната перцепција за лицата со попреченост и создавајќи простор за нивна подеднаква вклученост во сите општествени процеси. Во оваа насока, донесовме и одлука да повеќе нема згрижени деца во сивите и гломазни институции. Тие сега живеат во семјна атмосфера, со повеќе љубов и внимание во малите групни домови, а „Тимјаник“ стана синоним за борбата против дискриминација и за прифаќање на лицата и децата со попреченост во заедницата - изјави Царовска.

Таа посочи дека се направени сериозни инвестиции во раниот детски развој и воспитание, со изградбата на најсовремени градинки и вложување во усовршување и кариерен развој на воспитувачите и негователите со што е вратени достоинството на оваа професија.

Царовска смета дека како министерка за образование и наука со образовната реформа е обезбедена добра основа за континуиран развој на националниот образовен систем.

Усвоивме нова Концепција за основно образование со која се промени целосно пристапот во наставата и таа стана поинтересна, интерактивна и креативна. Започнавме со етапно воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост, недискриминација кои, освен печатени, достапни се и во дигитален формат, во аудио верзија, а се напишани и на Брајово писмо. Посебните училишта станаа основни училишта со ресурсни центри и тие обезбедуваат поддршка на секое училиште во кое има запишани ученици со попреченост, за што, ангажирани се 500 образовни асистенти кои повеќе не се товар на родителите и старателите, туку обврска на државата - вели Царовска.

Министерката посочи дека МОН изминатиот период работел и на враќање на атрактивноста и вредноста на средните стручни училишта.

Концептот на дуално образование се прошири во целата држава, а во практичната подготовка на учениците се вклучи и бизнис заедницата. Основавме три регионални центри за стручно образование и обука со кои ќе се овозможи стручна надградба, доквалификација, или преквалификација заради полесно вработување и обезбедување економска лична независност - нагласува таа.

Царовска посочи дека ученичкиот и студентскиот стандард се издигнале на повисоко ниво и оти над 27 илјади, студенти добиваат субвенциониран студентски оброк, нова мерка за олеснување на студентскиот живот и поголем фокус кон суштината на студирањето. Според неа, поголемиот дел од стипендиите се зголемени за 80 проценти, но се воведени и нови категории.

Особено сум горда што дури и во вонредни околности и услови на пандемија, овозможивме секое дете да продолжи да учи во училница, како најдобра опција од интерес на младите - вели Царовска.

Со процесот на дигитализацијата кој бил забрзан во изминатите година и половина, училиштата се опремиле со современа информатичка опрема, додека голем дел од услугите во областа на образованието – како уписи на првачиња, аплицирање за стипендии и сместување во ученички и студентски домови, станаа достапни електронски.

За време на мојот мандат во МОН, изградивме неколку нови училишта и спортски сали, а повеќе беа опфатени и со реконструктивни активности. Имаме и проект за реконструкција и постигнување на целосна енергетска ефикасност на студентските домови кој е во тек и ќе се реализира до 2024 година - вели Царовска

Според неа, науката е заживеана со двојно зголемување на средствата за оваа намена.

Во последните два месеца распределени се речиси 250 милиони денари за опремување и поддршка на научните лаборатории и за реализација на научно – истражувачки проекти од посебен интерес за граѓаните и државата - вели Царовска.

The post Царовска: По заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните appeared first on Република.

]]>

И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, во завршното обраќање на крајот од нејзиниот мандат, со кое им се заблагодари на граѓаните за дадената доверба да им служи во три наврати, како министерка за труд и социјална политика, вицепремиерка, а во последната година и половина и како министерка за образование и наука.
Бев во влада предводена од социјалдемократи, кои успеаа да ја вратат слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакнат меѓусебната граѓанска почит. Во еден исклучително тежок период, во време на транзиција од режим кон демократија, но и во време на сериозна здравствена криза, заедно со мојот тим покажавме дека можеме многу да придонесеме во справување со општествените и предизвиците на секој поединец и да направиме темелни промени кои водат кон подобро утре.Работевме интензивно, транспарентно и отчетно, оследно застапувајќи ги демократските, а почитувајќи ги граѓанските вредности, но и потреби, барања и иницијативи, притоа водејќи се по една и единствена мисла дека ова општество може и мора да биде еднакво за сите, дека има место за секого и секој заслужува подеднаков третман од државата - вели Царовска додавајќи дека е горда на постигнатите резултати.
Таа истакна дека со социјалната реформа која ја имплементирала како министерка за труд и социјална политика целосно е променет начинот на кој државата се грижи за најранливите.
Системот на социјална заштита сега е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик, при што во моментов 35.500 домаќинства се приматели на финансиска помош која ја зголемивме речиси тројно, а обезбедивме и поддршка за вработување. За да ја намалиме детската сиромаштија, воведовме детски додадок кој го користат околу 47 илјади деца и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти - вели Царовска.
Таа нагласува дека со промените направени во секторот труд и социјала се унапредени и правата на лицата со попреченост и е создадена социјална сигурност за повозрасните. Решен е и деценискиот проблем на стечајците со обезбедувањето на месечен надоместок до пензионирање.
Нашиот императив беше да создаваме вистински инклузивно и праведно општество, притоа менувајќи ја јавната перцепција за лицата со попреченост и создавајќи простор за нивна подеднаква вклученост во сите општествени процеси. Во оваа насока, донесовме и одлука да повеќе нема згрижени деца во сивите и гломазни институции. Тие сега живеат во семјна атмосфера, со повеќе љубов и внимание во малите групни домови, а „Тимјаник“ стана синоним за борбата против дискриминација и за прифаќање на лицата и децата со попреченост во заедницата - изјави Царовска.
Таа посочи дека се направени сериозни инвестиции во раниот детски развој и воспитание, со изградбата на најсовремени градинки и вложување во усовршување и кариерен развој на воспитувачите и негователите со што е вратени достоинството на оваа професија. Царовска смета дека како министерка за образование и наука со образовната реформа е обезбедена добра основа за континуиран развој на националниот образовен систем.
Усвоивме нова Концепција за основно образование со која се промени целосно пристапот во наставата и таа стана поинтересна, интерактивна и креативна. Започнавме со етапно воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост, недискриминација кои, освен печатени, достапни се и во дигитален формат, во аудио верзија, а се напишани и на Брајово писмо. Посебните училишта станаа основни училишта со ресурсни центри и тие обезбедуваат поддршка на секое училиште во кое има запишани ученици со попреченост, за што, ангажирани се 500 образовни асистенти кои повеќе не се товар на родителите и старателите, туку обврска на државата - вели Царовска.
Министерката посочи дека МОН изминатиот период работел и на враќање на атрактивноста и вредноста на средните стручни училишта.
Концептот на дуално образование се прошири во целата држава, а во практичната подготовка на учениците се вклучи и бизнис заедницата. Основавме три регионални центри за стручно образование и обука со кои ќе се овозможи стручна надградба, доквалификација, или преквалификација заради полесно вработување и обезбедување економска лична независност - нагласува таа.
Царовска посочи дека ученичкиот и студентскиот стандард се издигнале на повисоко ниво и оти над 27 илјади, студенти добиваат субвенциониран студентски оброк, нова мерка за олеснување на студентскиот живот и поголем фокус кон суштината на студирањето. Според неа, поголемиот дел од стипендиите се зголемени за 80 проценти, но се воведени и нови категории.
Особено сум горда што дури и во вонредни околности и услови на пандемија, овозможивме секое дете да продолжи да учи во училница, како најдобра опција од интерес на младите - вели Царовска.
Со процесот на дигитализацијата кој бил забрзан во изминатите година и половина, училиштата се опремиле со современа информатичка опрема, додека голем дел од услугите во областа на образованието – како уписи на првачиња, аплицирање за стипендии и сместување во ученички и студентски домови, станаа достапни електронски.
За време на мојот мандат во МОН, изградивме неколку нови училишта и спортски сали, а повеќе беа опфатени и со реконструктивни активности. Имаме и проект за реконструкција и постигнување на целосна енергетска ефикасност на студентските домови кој е во тек и ќе се реализира до 2024 година - вели Царовска
Според неа, науката е заживеана со двојно зголемување на средствата за оваа намена.
Во последните два месеца распределени се речиси 250 милиони денари за опремување и поддршка на научните лаборатории и за реализација на научно – истражувачки проекти од посебен интерес за граѓаните и државата - вели Царовска.

The post Царовска: По заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/carovska-za-mozno-prodolzuvanje-na-zimskiot-raspust-sostojbata-se-preocenuva-i-na-raspolaganje-se-i-drugi-scenarija/ Wed, 12 Jan 2022 13:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=443728

Министерката за образование, Мила Царовска, изјави дека министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и со Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија.

Одгоарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие, Царовска изјави дека како минситерство ја преоценуваат состојбата и на располагање ги имаат сите други сценарија.

Царовска нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, како што истакна, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.

Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.

Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие -  изјави Царовска.

The post Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование, Мила Царовска, изјави дека министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и со Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Одгоарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие, Царовска изјави дека како минситерство ја преоценуваат состојбата и на располагање ги имаат сите други сценарија. Царовска нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, како што истакна, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ. Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.
Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие -  изјави Царовска.

The post Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија appeared first on Република.

]]>
Царовска: Најдобро е училиштата да останат отворени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/carovska-najdobro-e-uchilishtata-da-ostanat-otvoreni/ Wed, 12 Jan 2022 13:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=443739

Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие.

Нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, рече, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.

Потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.

Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие - додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградба на основно училиште во Визбегово.

The post Царовска: Најдобро е училиштата да останат отворени appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие. Нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, рече, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ. Потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.