микел хансен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mikel-hansen/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 08:27:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png микел хансен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mikel-hansen/ 32 32 Хансен: Го играм последното Европско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/hansen-go-igram-poslednoto-evropsko-prvenstvo/ Sat, 06 Jan 2024 08:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=730272

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Микел Хансен, веќе размислува за репрезентативна пензија.

Ракометарот на Алборг нешто помалку од две децении е дел од една од најмоќните ракометни селекции во светот, а во интервју за „Др Спортен“ истакна дека ЕП во Германија најверојатно ќе биде негово последно Европско првенство во кариерата.

Иако има 36 години Хансен сè уште „испорачува“ на високо ниво и за клубот и за репрезентацијата, но и покрај тоа е свесен дека се ближи рокот кога ќе мора да каже крај.

„Долго време размислувам на оваа тема. Но, сега може да кажам дека најверојатно ова е моето последно Европско првенство со Данска“, рече Хансен.

The post Хансен: Го играм последното Европско првенство appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Микел Хансен, веќе размислува за репрезентативна пензија. Ракометарот на Алборг нешто помалку од две децении е дел од една од најмоќните ракометни селекции во светот, а во интервју за „Др Спортен“ истакна дека ЕП во Германија најверојатно ќе биде негово последно Европско првенство во кариерата. Иако има 36 години Хансен сè уште „испорачува“ на високо ниво и за клубот и за репрезентацијата, но и покрај тоа е свесен дека се ближи рокот кога ќе мора да каже крај. „Долго време размислувам на оваа тема. Но, сега може да кажам дека најверојатно ова е моето последно Европско првенство со Данска“, рече Хансен.

The post Хансен: Го играм последното Европско првенство appeared first on Република.

]]>
Борба за живот: Поради откачен тромб заврши сезоната за Хансен https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/borba-za-zivot-poradi-otkachen-tromb-zavrshi-sezonata-za-hansen/ Wed, 23 Mar 2022 20:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=477355

Еден од најдобрите ракометари во светот, Данецот Микел Хансен, ја заврши сезоната во ПСЖ откако заработил воспаление на вените во комбинација со белодробна емболија, објави клубот од Париз.

Минатата недела во Данска, Хансен беше опериран поради проблемите со коленото, а по враќањето во Франција се здобил со белодробна емболија - опструкција (блокада) на артериите предизвикана од згрутчување на крвта која пристигнува од длабоките вени на нозете до белите дробови. Бидејќи тромбовите го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде фатална.

Сепак, позитивна вест во целата ситуација е тоа што Хансен е надвор од животна опасност.

Хансен ќе биде надвор од терените најмалку четири до шест месеци затоа што болеста се третира како опасна, а третманот со антикоагуларна терапија не дозволува контактен спорт поради ризик од крварење.

Еден од најдобрите дански играчи на сите времиња, во својата богата кариера има олимписко и европско злато, две светски злата, а рекордни три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот. Во неговите витрини единствено недостасува трофеј од Лигата на шампионите.

The post Борба за живот: Поради откачен тромб заврши сезоната за Хансен appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите ракометари во светот, Данецот Микел Хансен, ја заврши сезоната во ПСЖ откако заработил воспаление на вените во комбинација со белодробна емболија, објави клубот од Париз. Минатата недела во Данска, Хансен беше опериран поради проблемите со коленото, а по враќањето во Франција се здобил со белодробна емболија - опструкција (блокада) на артериите предизвикана од згрутчување на крвта која пристигнува од длабоките вени на нозете до белите дробови. Бидејќи тромбовите го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде фатална. Сепак, позитивна вест во целата ситуација е тоа што Хансен е надвор од животна опасност. Хансен ќе биде надвор од терените најмалку четири до шест месеци затоа што болеста се третира како опасна, а третманот со антикоагуларна терапија не дозволува контактен спорт поради ризик од крварење. Еден од најдобрите дански играчи на сите времиња, во својата богата кариера има олимписко и европско злато, две светски злата, а рекордни три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот. Во неговите витрини единствено недостасува трофеј од Лигата на шампионите.

The post Борба за живот: Поради откачен тромб заврши сезоната за Хансен appeared first on Република.

]]>