михалис рокас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihalis-rokas/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 16:22:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png михалис рокас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihalis-rokas/ 32 32 Рокас: Планот за раст јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон партнерите од ЗБ и кредибилен пат кон пристапувањето во Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokas-planot-za-rast-jasen-dokaz-za-posvetenosta-na-eu-kon-partnerite-od-zb-i-kredibilen-pat-kon-pristapuvaneto-vo-unijata/ Fri, 08 Nov 2024 16:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=835659

Планот за раст е јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон нашите партнери од Западен Балкан дека има кредибилен начин и пат кон пристапувањето во Унијата. Ова е пат кој нуди предности пред самото пристљпување, но кој исто така придонесува кон забрзување на пристапниот процес под услов да се случат фундаменталните реформи. Важно е да се нагласи дека Планот за раст не е алтернатива на проширувањето на ЕУ, тоа е понуда која ќе го надополни и забрза процесот на пристапувањето.

Ова го истакна евроамбасадорот Михалис Рокас на презентацијата на Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, на денешната седница на Комисијата за европски прашања која се одржа во Собранието на Република Македонија. Тој пред членовите на оваа Комисија истакна дека Инструментот за реформи и раст е суштински дел од Планот за раст и е дополнување на ИПА - инструментот за претпристапна помош и останатите механизми.

-Реформската агенда која ја претставува Министерството за европски прашања е одраз на најважните приорети за кои Северна Македонмија доби индикативна распределба на 750 милиони евра.  ЕК веќе ја прифати реформската агенда која има високо ниво на амбиција...Ослободувањето на овие средства ќе биде условено со успешна имплементација на реформските агенди за нашите партнери од ЗБ покривајќи ги и реформите во областа фундаменти и социо-економските реформи во тесна соработка со ЕК. Собранието има навистина важна улога во овој процес. Следниот чекор е ратификацијата на Инструментот и Договорот за заемот од страна на Собранието. Ова ќе и овозможи на земјата да го побара претходното финансирање за реформите, кое изнесува 7 отсто, односно околу 52,5 милиони евра за вашата земја, рече Рокас.

Тој истакна дека предизвиците кои престојат се поврани со воспоставување на национални структури за имплементација, мониторинг и известување, а знаејќи ги слабите административни капацитети во земјата, соработката и координацијата со Министерството за европски нпрашања и со Министерството за финансии, рече, ќе биде од суштинско значење за да се постигнат соодветни резултати. Ја истакна и коорднацијата меѓу донорите и комуникацијата со сите чинители ќе биде важна за да нема загуба на доспеаните средства ниту удвојувања.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на седницата истакна дека реформите предвидени во, сега веќе одобрената Реформска агенда од страна на ЕК, имаат за цел да го забрзаат процесот на интеграција и истовремено да ја унапредат нашата економија, правниот систем, јавната администрација, како и да ги зајакнат правата на граѓаните, особено во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

- Имплементацијата на оваа агенда ќе биде внимателно следена, при што ќе се воспостави национална структура за надзор на известувањето, оценувањето и механизмите за ревизија согласно барањата утврдени во Регулативата за инструмент за реформи и раст. Посветеноста на Владата и Министерството за европски прашања за ефикасно следење и отчетност ќе обезбеди услови за да ги постигнеме поставените амбициозни цели, односно дека напредокот на реформите ќе биде транспарентен и опиплив, рече Муртезани.

Тој изрази увереност дека спроведувањето на Реформската агенда, заедно со континуираното усогласување на нашиот правен и институционален систем со оној на ЕУ, ќе обезбеди неопходна основа за забрзана, суштинска интеграција во Европската Унија.

-Реформската агенда за периодот 2024-2027, заедно со деталните скрининг извештаи за сите кластери и Патоказот за владеењето на правото и реформата за јавната администрација, поставуваат јасни приоритети за Владата, Собранието и сите засегнати страни во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Имплементацијата на овие реформи ќе бара колективни напори, не само од Владата и Собранието, туку и од граѓанското општество, приватниот сектор и пошироката јавност, порача министерот Муртезани.

На седницата пред присутните се обрати и претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова која оцени дека Планот за раст е чекор за поздравување оти вели не сме имале досега ЕУ-ЗБ партнерство кое ќе овозможи учење во од, со финансиска помош која ни е потребна, а кој од води до единствениот европски пазар. Според неа тоа е многу важно оти резултатите ќе бидат заеднички, а и одговорноста ќе биде сподлена. Таа е оптимист дека Реформската агенда е остварлива.

-Мислам дека вреди да се биде оптимист. Знаете колку пати сум ја критикувала ЕУ дека после Солун немала вистинска стратегија за ЗБ, дека доцнела, дека некогаш не преземала одговорност, ова е мислам едфен исчекор. Значи имаме агенда, нејзиното спроведување велиме дека не е невозможно, разбрани сме, не поддржуваат. Тоа е веќе европско-балкански чекор и мислам дека од успехот или неуспехот на овие процеси, а јас верувам дека ќе бидеме успешни, тоа и денес ми се докаќжува, дека навистина Планот за раст и реформската агенмда ќе можеме да ги направиме реалност. Тоа ќе биде инспиративно и за сите други, но, најинспиративно ќе биде за довербата кај граѓаните, бидејќи се надевам дека кога ќе се видат првите резултати на европеизација, хомо балканикус ќе си се почувствува дека е хомо политикус, а граѓаните ќе почувствуваат дека имаат евтропска иднина, но не како цел туку како нешто што се остварува, рече Сиљановска Давкова.

Во дебата таа укажа дека најважен е капацитетот на тие 20 институции вклучени во имплементацијата на реформите, а во Владата најважна е, вели, соработката и капацитетот на министерствата за европски прашања и за финансии. Во однос на трошењето пари, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека не смееме да заборавиме дека сега постои механизам според кој мора да ги вратиме парите ако се утврдат неправилности со мерките.

-Значи од една страна внатрешната конотрола е многу битна по мене, а од друга страна можеби најбитна е контролата од страна на ревизорите или ние имаме убаво мислење, со право, за Државниот завод за ревизија, ама сега тој добива дополнителни надлежности за контрола. По мене тоа се тие клучни мерки на кои треба да се концентрираме. Министерството за финансии е надлежно за Договорот за заем, парите ни требаат за реформи, значи треба во целиот процес да има интегриран систем на мониториг за да може да не ги трошиме парите како што сме знаеле да ги трошиме бидејќи ќе треба да ги враќаме. И затоа надзорната улога на Парламентот, на Националниот совет, на оваа Комисија овде, постојано да ги држите под контрола, ќе биде важна оти ќе овозможи транспарентост, појасни Сиљановска-Давкова.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, кој претседаваше со седницата, во своето обраќање истакна дека она што е важно е што Планот за раст како политички инструмент е таков што не може да биде блокиран од која било земја членка заради одрдени политички несогласувања или некакви нерационални спорови. Оставарувањето на Планот за раст на ЕК зависи, рече тој, исклучиво од капацитетот на земјата да реализира што повеќе реформи во овие шест области.

-Ваквиот мерлив и транспарентен модел на поддршка за државите од регионот е гарант дека секоја земја ќе може да напредува и да добие поддршка според остварените реформи. Овие принципи, владеачкото мнозинство ги поддржува, но сигурен сум дека ќе имаме и поширока политичка поддршка во македонското собрание бидејќи се работи за заедничка цел, рече Милошоски и апелираше до сите чинители добро да ја разгледаат оваа прилично амбициозна реформска агенда и да дадат поддршка за неа.

Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со ЕК и ќе опфати приоритетни области како реформи на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрувањето на деловното опкружување кои се клучни за подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување долгорочна стабилност и напредок за државата. Инаку, денешната седница на Комисијата за европски прашања е воведна расправа за Реформската агенда усвоена од Владата, а вакви расправи, претседателот на Комисијата најави дека ќе има на секои шест месеци, по потреба и поскоро за да се врши надзор на динамиката на реформите што власта ги предвидела со ЕК. Се очекува наскоро да се формира и составот на Националниот совет за европски прашања, со кој ќе претседава опозицијата. 

The post Рокас: Планот за раст јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон партнерите од ЗБ и кредибилен пат кон пристапувањето во Унијата appeared first on Република.

]]>

Планот за раст е јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон нашите партнери од Западен Балкан дека има кредибилен начин и пат кон пристапувањето во Унијата. Ова е пат кој нуди предности пред самото пристљпување, но кој исто така придонесува кон забрзување на пристапниот процес под услов да се случат фундаменталните реформи. Важно е да се нагласи дека Планот за раст не е алтернатива на проширувањето на ЕУ, тоа е понуда која ќе го надополни и забрза процесот на пристапувањето. Ова го истакна евроамбасадорот Михалис Рокас на презентацијата на Реформската агенда на Владата (2024-2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија, на денешната седница на Комисијата за европски прашања која се одржа во Собранието на Република Македонија. Тој пред членовите на оваа Комисија истакна дека Инструментот за реформи и раст е суштински дел од Планот за раст и е дополнување на ИПА - инструментот за претпристапна помош и останатите механизми.
-Реформската агенда која ја претставува Министерството за европски прашања е одраз на најважните приорети за кои Северна Македонмија доби индикативна распределба на 750 милиони евра.  ЕК веќе ја прифати реформската агенда која има високо ниво на амбиција...Ослободувањето на овие средства ќе биде условено со успешна имплементација на реформските агенди за нашите партнери од ЗБ покривајќи ги и реформите во областа фундаменти и социо-економските реформи во тесна соработка со ЕК. Собранието има навистина важна улога во овој процес. Следниот чекор е ратификацијата на Инструментот и Договорот за заемот од страна на Собранието. Ова ќе и овозможи на земјата да го побара претходното финансирање за реформите, кое изнесува 7 отсто, односно околу 52,5 милиони евра за вашата земја, рече Рокас.
Тој истакна дека предизвиците кои престојат се поврани со воспоставување на национални структури за имплементација, мониторинг и известување, а знаејќи ги слабите административни капацитети во земјата, соработката и координацијата со Министерството за европски нпрашања и со Министерството за финансии, рече, ќе биде од суштинско значење за да се постигнат соодветни резултати. Ја истакна и коорднацијата меѓу донорите и комуникацијата со сите чинители ќе биде важна за да нема загуба на доспеаните средства ниту удвојувања. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на седницата истакна дека реформите предвидени во, сега веќе одобрената Реформска агенда од страна на ЕК, имаат за цел да го забрзаат процесот на интеграција и истовремено да ја унапредат нашата економија, правниот систем, јавната администрација, како и да ги зајакнат правата на граѓаните, особено во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
- Имплементацијата на оваа агенда ќе биде внимателно следена, при што ќе се воспостави национална структура за надзор на известувањето, оценувањето и механизмите за ревизија согласно барањата утврдени во Регулативата за инструмент за реформи и раст. Посветеноста на Владата и Министерството за европски прашања за ефикасно следење и отчетност ќе обезбеди услови за да ги постигнеме поставените амбициозни цели, односно дека напредокот на реформите ќе биде транспарентен и опиплив, рече Муртезани.
Тој изрази увереност дека спроведувањето на Реформската агенда, заедно со континуираното усогласување на нашиот правен и институционален систем со оној на ЕУ, ќе обезбеди неопходна основа за забрзана, суштинска интеграција во Европската Унија.
-Реформската агенда за периодот 2024-2027, заедно со деталните скрининг извештаи за сите кластери и Патоказот за владеењето на правото и реформата за јавната администрација, поставуваат јасни приоритети за Владата, Собранието и сите засегнати страни во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Имплементацијата на овие реформи ќе бара колективни напори, не само од Владата и Собранието, туку и од граѓанското општество, приватниот сектор и пошироката јавност, порача министерот Муртезани.
На седницата пред присутните се обрати и претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова која оцени дека Планот за раст е чекор за поздравување оти вели не сме имале досега ЕУ-ЗБ партнерство кое ќе овозможи учење во од, со финансиска помош која ни е потребна, а кој од води до единствениот европски пазар. Според неа тоа е многу важно оти резултатите ќе бидат заеднички, а и одговорноста ќе биде сподлена. Таа е оптимист дека Реформската агенда е остварлива.
-Мислам дека вреди да се биде оптимист. Знаете колку пати сум ја критикувала ЕУ дека после Солун немала вистинска стратегија за ЗБ, дека доцнела, дека некогаш не преземала одговорност, ова е мислам едфен исчекор. Значи имаме агенда, нејзиното спроведување велиме дека не е невозможно, разбрани сме, не поддржуваат. Тоа е веќе европско-балкански чекор и мислам дека од успехот или неуспехот на овие процеси, а јас верувам дека ќе бидеме успешни, тоа и денес ми се докаќжува, дека навистина Планот за раст и реформската агенмда ќе можеме да ги направиме реалност. Тоа ќе биде инспиративно и за сите други, но, најинспиративно ќе биде за довербата кај граѓаните, бидејќи се надевам дека кога ќе се видат првите резултати на европеизација, хомо балканикус ќе си се почувствува дека е хомо политикус, а граѓаните ќе почувствуваат дека имаат евтропска иднина, но не како цел туку како нешто што се остварува, рече Сиљановска Давкова.
Во дебата таа укажа дека најважен е капацитетот на тие 20 институции вклучени во имплементацијата на реформите, а во Владата најважна е, вели, соработката и капацитетот на министерствата за европски прашања и за финансии. Во однос на трошењето пари, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека не смееме да заборавиме дека сега постои механизам според кој мора да ги вратиме парите ако се утврдат неправилности со мерките.
-Значи од една страна внатрешната конотрола е многу битна по мене, а од друга страна можеби најбитна е контролата од страна на ревизорите или ние имаме убаво мислење, со право, за Државниот завод за ревизија, ама сега тој добива дополнителни надлежности за контрола. По мене тоа се тие клучни мерки на кои треба да се концентрираме. Министерството за финансии е надлежно за Договорот за заем, парите ни требаат за реформи, значи треба во целиот процес да има интегриран систем на мониториг за да може да не ги трошиме парите како што сме знаеле да ги трошиме бидејќи ќе треба да ги враќаме. И затоа надзорната улога на Парламентот, на Националниот совет, на оваа Комисија овде, постојано да ги држите под контрола, ќе биде важна оти ќе овозможи транспарентост, појасни Сиљановска-Давкова.
Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, кој претседаваше со седницата, во своето обраќање истакна дека она што е важно е што Планот за раст како политички инструмент е таков што не може да биде блокиран од која било земја членка заради одрдени политички несогласувања или некакви нерационални спорови. Оставарувањето на Планот за раст на ЕК зависи, рече тој, исклучиво од капацитетот на земјата да реализира што повеќе реформи во овие шест области.
-Ваквиот мерлив и транспарентен модел на поддршка за државите од регионот е гарант дека секоја земја ќе може да напредува и да добие поддршка според остварените реформи. Овие принципи, владеачкото мнозинство ги поддржува, но сигурен сум дека ќе имаме и поширока политичка поддршка во македонското собрание бидејќи се работи за заедничка цел, рече Милошоски и апелираше до сите чинители добро да ја разгледаат оваа прилично амбициозна реформска агенда и да дадат поддршка за неа.
Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со ЕК и ќе опфати приоритетни области како реформи на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрувањето на деловното опкружување кои се клучни за подобрување на стандардот на граѓаните и обезбедување долгорочна стабилност и напредок за државата. Инаку, денешната седница на Комисијата за европски прашања е воведна расправа за Реформската агенда усвоена од Владата, а вакви расправи, претседателот на Комисијата најави дека ќе има на секои шест месеци, по потреба и поскоро за да се врши надзор на динамиката на реформите што власта ги предвидела со ЕК. Се очекува наскоро да се формира и составот на Националниот совет за европски прашања, со кој ќе претседава опозицијата. 

The post Рокас: Планот за раст јасен доказ за посветеноста на ЕУ кон партнерите од ЗБ и кредибилен пат кон пристапувањето во Унијата appeared first on Република.

]]>
Големо албанско и мало македонско знаме на средбата на Ахмети со ЕУ амбасадорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golemo-albansko-i-malo-makedonsko-zname-na-sredbata-na-ahmeti-so-eu-ambasadorot/ Thu, 07 Nov 2024 10:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=835073

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со евроамбасадорот Михалис Рокас.

Ахмети и Рокас, како што информира ДУИ, разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор и за изборите во Македонија.

Ахмети, како што се наведува, го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.

- За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус, изјавил Ахмети.

Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се, како што се наведува, многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.

- Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија, се вели во соопштението.

Ахмети, како што се наведува, повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

The post Големо албанско и мало македонско знаме на средбата на Ахмети со ЕУ амбасадорот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со евроамбасадорот Михалис Рокас. Ахмети и Рокас, како што информира ДУИ, разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор и за изборите во Македонија. Ахмети, како што се наведува, го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.
- За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус, изјавил Ахмети.
Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се, како што се наведува, многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.
- Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија, се вели во соопштението.
Ахмети, како што се наведува, повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

The post Големо албанско и мало македонско знаме на средбата на Ахмети со ЕУ амбасадорот appeared first on Република.

]]>
Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evroambasadorot-rokas-deneska-ke-gi-predade-kopiite-od-izveshtajot-za-napredokot-na-makedonija-za-2024/ Wed, 30 Oct 2024 13:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=832475

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми.

Прес-конференција за презентација на Извештајот за Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.

Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Македонија, како и пред граѓански организации.

Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

The post Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 appeared first on Република.

]]>

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава. Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми. Прес-конференција за презентација на Извештајот за Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата. Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Македонија, како и пред граѓански организации. Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

The post Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 appeared first on Република.

]]>
Рокас: Со Планот за раст ќе се забрза процесот на пристапување, првата транша за земјава пред крајот на годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokas-za-mia-so-planot-za-rast-ke-se-zabrza-protsesot-na-pristapuvane-prvata-transha-za-zemjava-pred-krajot-na-godinava/ Sun, 13 Oct 2024 08:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=826056

Планот за раст на Западен Балкан е солиден и силен проект, и првата транша за земјава убеден сум дека ќе биде исплатена на земјава пред крајот на годината, вели во интервју за МИА амбасадорот на ЕУ во Македонија Михалис Рокас.

Верувам дека реформската агенда, Планот за раст, е уникатна можност за земјите од Западен Балкан не само затоа што им овозможува да се постепено интегрираат во ЕУ и внатрешниот пазар, тоа исто така ја покажува заложбата за проширување како и да се забрза процесот на пристапување, но и тоа дека е потребен просперитет, бидејќи голем дел од просперитетот во ЕУ се базира на внатрешниот пазар, успехот на ЕУ-правилата, потенцира Рокас.

Изрази уверување дека земјите во Западен Балкан забрзано ќе работат на воспоставување нивен регионален пазар, кој што, спoред него, ќе ги олесни работите значително.

Механизмот овозможува флексибилност за Владата. Знаете, разликата меѓу ИПА-механизмите и Планот за раст е во тоа што механизмите на ИПА се за секторите, додека парите ќе може да се искористат согласно приоритетите на владата. Но, постепената интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ сметам дека е без преседан и е резултат на искреноста и приоритетот на ЕУ за проширување во време кога геополитиката се соочува со огромни предизвици. Цврсто веруваме дека одговорот е да имаме едно европско семејство, во кое секако ќе биде вклучен и Балканот, нагласи Рокас во интервјуто за МИА.

Реформските агенди на  Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово беа одобрени во петокот во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави унгарското претседателство со ЕУ.

Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ,  Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

The post Рокас: Со Планот за раст ќе се забрза процесот на пристапување, првата транша за земјава пред крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Планот за раст на Западен Балкан е солиден и силен проект, и првата транша за земјава убеден сум дека ќе биде исплатена на земјава пред крајот на годината, вели во интервју за МИА амбасадорот на ЕУ во Македонија Михалис Рокас. Верувам дека реформската агенда, Планот за раст, е уникатна можност за земјите од Западен Балкан не само затоа што им овозможува да се постепено интегрираат во ЕУ и внатрешниот пазар, тоа исто така ја покажува заложбата за проширување како и да се забрза процесот на пристапување, но и тоа дека е потребен просперитет, бидејќи голем дел од просперитетот во ЕУ се базира на внатрешниот пазар, успехот на ЕУ-правилата, потенцира Рокас. Изрази уверување дека земјите во Западен Балкан забрзано ќе работат на воспоставување нивен регионален пазар, кој што, спoред него, ќе ги олесни работите значително. Механизмот овозможува флексибилност за Владата. Знаете, разликата меѓу ИПА-механизмите и Планот за раст е во тоа што механизмите на ИПА се за секторите, додека парите ќе може да се искористат согласно приоритетите на владата. Но, постепената интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ сметам дека е без преседан и е резултат на искреноста и приоритетот на ЕУ за проширување во време кога геополитиката се соочува со огромни предизвици. Цврсто веруваме дека одговорот е да имаме едно европско семејство, во кое секако ќе биде вклучен и Балканот, нагласи Рокас во интервјуто за МИА. Реформските агенди на  Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово беа одобрени во петокот во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави унгарското претседателство со ЕУ. Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението. Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината. Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ,  Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

The post Рокас: Со Планот за раст ќе се забрза процесот на пристапување, првата транша за земјава пред крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Новиот амбасадор на ЕУ Михалис Рокас пристигна во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-ambasador-na-eu-mihalis-rokas-pristigna-vo-skopje-2/ Wed, 04 Sep 2024 17:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=813211

Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас денеска пристигнал во земјава.

-Денес mu посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ во Македонија Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ.

Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.

Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Роден е во септември 1964 година во Атина. Амбасадорот Рокас има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Негов мајчин јазик е грчкиот, а зборува и англиски, француски и германски.

The post Новиот амбасадор на ЕУ Михалис Рокас пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас денеска пристигнал во земјава. -Денес mu посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ во Македонија Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ. Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година. Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Роден е во септември 1964 година во Атина. Амбасадорот Рокас има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Негов мајчин јазик е грчкиот, а зборува и англиски, француски и германски.

The post Новиот амбасадор на ЕУ Михалис Рокас пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>
Новиот амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, пристигна во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-ambasador-na-eu-mihalis-rokas-pristigna-vo-skopje/ Tue, 03 Sep 2024 19:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=812893

Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас, пристигнал во земјава.

Посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ.

Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.

Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Рокас е роден во септември 1964 година во Атина. Има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Покрај мајчиниот грчки јазик, зборува и англиски, француски и германски.

The post Новиот амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас, пристигнал во земјава.
Посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ.
Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година. Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Рокас е роден во септември 1964 година во Атина. Има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Покрај мајчиниот грчки јазик, зборува и англиски, француски и германски.

The post Новиот амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>
ЕУ ни праќа Грк за евроамбасадор во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkot-mihalis-rokas-doaga-na-mestoto-na-dejvid-gir-kako-evroambasarot-za-makedonija/ Wed, 17 Apr 2024 06:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=766973

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Тој е роден во во Атина, Грција, има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија и 26-годишно искуство во областа на надворешните работи.

Во рамките на редовната дипломатска ротација Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот.

Како што соопшти ЕЕАС, процесот на назначување на номинираните амбасадори ќе биде формализиран по добивањето на официјалното одобрение (агремент) од страна на земјите домаќини.

Меѓу другите новоименувани евроамбасадори се и Лујџи Сорека во Босна и Херцеговина, Аиво Орав во Косово, Ханс Томас Осовски во Турција, Јохан Сатлер во Црна Гора и Мирослав Лајчак во Швајцарија.

Именувани се 11 нови заменици шефови на Делегации на ЕУ, а актуелниот главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сajмон Мордjу е назначен за заменик генерален секретар за економски и глобални прашања во ЕЕАС.

The post ЕУ ни праќа Грк за евроамбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Тој е роден во во Атина, Грција, има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија и 26-годишно искуство во областа на надворешните работи. Во рамките на редовната дипломатска ротација Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот. Како што соопшти ЕЕАС, процесот на назначување на номинираните амбасадори ќе биде формализиран по добивањето на официјалното одобрение (агремент) од страна на земјите домаќини. Меѓу другите новоименувани евроамбасадори се и Лујџи Сорека во Босна и Херцеговина, Аиво Орав во Косово, Ханс Томас Осовски во Турција, Јохан Сатлер во Црна Гора и Мирослав Лајчак во Швајцарија. Именувани се 11 нови заменици шефови на Делегации на ЕУ, а актуелниот главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сajмон Мордjу е назначен за заменик генерален секретар за економски и глобални прашања во ЕЕАС.

The post ЕУ ни праќа Грк за евроамбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>