Михаил Горбачов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihail-gorbachov/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 08:14:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Михаил Горбачов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihail-gorbachov/ 32 32 Си замина Горби! Да живее Горбиманијата! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/si-zamina-gorbi-da-zivee-gorbimanijata/ Fri, 09 Sep 2022 08:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=548966

Деновиве се потсетувам на два фантастични документарци, едниот на славниот Вернер Херцог со наслов „Го сретнав Горбачов“, а другиот, од ништо помалку славниот руски документарист Витали Мански, со наслов „Горбачов. Рај.“ И двата филма, некаде овој период од годината, првиот во август 2019-та , а вториот во септември минатата година, можеше да ги види и македонската публика. Деновиве, по смртта на Михаил Сергеевич Горбачов, овие филмови стануваат повторно актуелни и исклучително многу гледани. Ги одгледав и јас повторно. Уште како студент бев силно заинтригиран од политичкиот ангажман на тогашниот најмлад советски лидер, кој како никој друг политичар во втората половина од минатиот век, за само шест години владеење, ги создаде најголемите геополитички промени во светот - промени, чии влијанија ги живееме и ден денешен. Или, како што се вели во една секвенца од филмот на Херцог: „Сè се случуваше толку бргу штo, противниците беа стаписани од реалната ситуација“.

Паметам добро, во тие години од владеењето на Горбачов светот беше зафатен од серија разорни земјотреси, некои и со сила од 7 Рихтери: Еквадор, Ерменија, Иран, Кина, Соединетите Американски Држави, Филипините, се броеја десетици и десетици илјади жртви, стотици илјади луѓе беа останати без домови, а штетите се проценуваа во милијарди долари. Но, ниту еден од овие потреси не затресе толку многу, како што тоа му успеа на политичкиот земјотрес предизвикан од владеењето на Михаил Горбачов. Тој политички земјотрес ја промени геополитичката карта на светот, стави крај на една ера и ја промени животната судбина на стотици милиони луѓе. Тоа време и денес се нарекува ерата на Горбачов!

А, таа необична ера и почна така, сосем необично како за дотогашното советско комунистичко владеење. Најмладиот советски лидер, на само 54-годишна возраст, рака под рака со својата сопруга Раиса, почна да го освојува светот на високата политика со непосредност, елеганција и насмевка. За разлика од строгите и скоро па мумифицирани ликови под шубари на дотогашната комунистичка номенклатура, која бевме навикнати да ја гледаме на дефилеата на Црвениот плоштад во времето на Сталин, Хрушчов и Брежњев, Горбачови на општо чудење на светската јавност, пленеа со една нова енергија, нова нормалност и свежина, британска отменост кога беа во друштво со Маргарет Тачер и американска лежерност на средбите со Роналд и Ненси Реган.
Политичкиот и светскиот џет-сет, веќе во 1985 година, ја имаа својата нова ѕвезда, Раиса Горбачова! На модна ревија на Ив Сен Лоран во Париз, специјално организирана за неа, таа на најубав и најдостоинствен можен начин ја враќа претставата за убавината и елеганцијата на руската жена, а со елоквенцијата и интелигенцијата уште толку ги плени светските медиуми. По првите исчудувања по кршењата на стереотипите и клишеата за геронтократите и „бабушките накитени со воени ордени“ од онаа страна на Железната завеса, блеснаа новите ѕвезди на светската политичка сцена, добивајќи статус на планетарно популарни поп-икони, Раиса и Михаил Горбачови. Тоа беа први ликови од големото комунистичко пространство на истокот, кои се стекнаа со таков статус. Ерата наречена Горбиманија можеше да започне!

Деновиве, светот повторно е зафатен од старата добра Горбиманија. Но, и којзнае кој пат по ред е зафатен со преоценување на политичкото наследство на Горби, како што од милост го нарекуваа на Западот. Михаил Горбачов, од неговото насилно симнување од власт во 1991 година, до неговата смрт на 30 август, се носеше со тој огромен товар на постојано политичко и морално преоценување на неговата политичка оставнина. Во документарната сторија на Витали Мански, „Горбачов. Рај“, снимана во неговата вила на периферијата од Москва, во само еден кадар, во кој Горбачов со своето помагало бавно и отежнато поминува покрај портретите на својата сопруга, се доловува сета осаменост и тешка обременост со она, што Кенеди во една друга политичка прилика го нарече, „така паѓа товарот на сето небо и сите ѕвезди врз мене“.
Михаил Горбачов, а за тоа се согласни сите политички аналитичари како од Истокот така и од Западот, комплетно ја промени севкупната политичка, воена, стопанска и културна архитектура на светот создадена по Втората светска војна. Неговата 6-годишна политичка ера ја обележаа: договори меѓу тогашните две светски велесили, САД и СССР, за ограничување на нуклеарното вооружување, прекинот на советската контрола врз Источна Европа, падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија, како и распадот на Советскиот Сојуз и Источниот блок, преку серија од мирни револуции, кои еден натпис во Прага во 1991 година, накратко ги изрази вака: „Полска — 10 години; Унгарија — 10 месеци; Источна Германија — 10 седмици; Чехословачка — 10 дена. А потоа, после една седмица ужас, Романија — 10 часа“. Ужасот од поделбата на југословенското наследство дојде нешто подоцна!

За мирното обединување на Германија, во 1990 година Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, а поради мирното раздружување на земјите од т.н. комунистичкиот блок од контролата на Кремљ, остана до ден денешен миленик на европската и воопшто, западната јавност. И денес западните медиуми за него пишуваат дека „ќе остане запаметен како Петар Велики на 20 век“, единствен после великиот руски цар кој вистински посакувал хармонизирани односи на Русија со останатите моќни европски држави. Меѓутоа, дома, во Москва и Русија, него и денес, а и во иднина ќе го следат бројни контроверзи.

Политичката контроверза на Горбачов, можеби и најилустративно може да биде осознаена преку кратката, но култна реклама што и денес се врти на „Јутјуб“, а ја сними во 1997 година, најверојатно од материјални побуди. Цела година траеле преговорите помеѓу моќниот американски фаст-фуд синџир Pizza Hut и Горбачов, а во неа, додека тој ù подава парче пица на својата внука, се води жестока дебата помеѓу гостите во пицеријата: „Горбачов е овде, тој донесе економски хаос во земјата и политичка нестабилност“. Друг гостин ќе се спротивстави и подвикне: „Но, тој ни донесе и можности и слободи!“ 15 години по премиерното прикажување на оваа реклама, анкетите правени во Русија покажуваат и понатаму екстремно поларизирани чувства на Русите кон Горбачов: 46 % од анкетираните сметаат дека тој водел сметка за доброто на земјата, дека неговата Перестројка и Гласност значеле вовед во повеќе демократски права и слободи, но и дека направил неколку сериозни грешки, а за 25 % од Русите тој е „злосторник кој ја растурил тогашната моќна светска империја“. Дебаклот кој Горбачов го доживеа кандидирајќи се за претседателските избори во Русија во 1996 година и освоените 0,5% од вкупниот број гласови, само му го потврдија проклетството на стигмата, дека ќе биде почитуван и обожуван на Западот, но критикуван и понижуван дома. И тоа проклетство, ќе го следи до крајот на животот, а и потоа!

Она што денес е сосем јасно за улогата на Горбачов во поновата светска историја е дека неговата ревност за спроведување на политиката на Гласност и Перестројка не значеше и негова намера да го уништи комунизмот или да го распадне Советскиот сојуз. Тој остана до крајот на животот убеден социјалист, со неостварен сон за создавање „нов Советски сојуз-2“! За обединувањето на Германија, неговата согласност беше пресудна и покрај дискретното противење на тогашниот главен западен двоец, Роналд Реган и Маргарет Тачер („Толку многу ги сакам Германците, што навистина сум среќна што имаат две држави“, ќе му каже во еден телефонски разговор Тачер на Горбачов, сугерирајќи му да не го охрабрува обединувањето на двете Германии). Во Германија и ден денешен, најстрого чувана тајна е колку милијарди германски марки чинеше консолидацијата на советскиот буџет: „Можевме ли да речеме не, доколку Горбачов ни речеше, обединувањето ќе ве чини 50 или 80 милијарди?“, а најпосветените светски политичари кои беа дел од процесите на распадот на југословенската федерација, во јавни настапи или пишани мемоари сведочат, дека тој распад немаше да се случи без премолчана согласност на тогашен официјален Кремљ и лично Горбачов.

Како што честопати се случувало во историјата, во вистински момент на вистинска позиција се наоѓале клучни луѓе кои со својата моќ, визија и харизма можеле да влијаат врз промените, кои инаку можеби не би се случиле. Како што и подеднакво често, вителот на таквите експлозивно моќни промени безмилосно ги исфрлал што подалеку од понатамошна игра, токму нивните иницијатори и први поттикнувачи. Таква беше судбината и на Михаил Горбачов. Човекот што стави крај на Студената војна, доживеа непосредно пред својата смрт, ново оживување не само на студената, туку разгорување на вистинска пеколна војна помеѓу Русија и Украина, и тоа најмногу поради непочитувањето на никогаш потпишаното усно ветување од Западот, дадено лично кон него во процесот на обединување на двете Германии, дека НАТО „нема ни сантиметар да се проширува на Исток“.

Но, токму зад амблематичните и големи историски формати на политичари, секогаш останува нешто „загатливо“. Како што загатливи остануваат мноштвото прашања поврзани со таквите големи и длабоки историски промени, чии корифеи беа политичари, како Горбачов на пример. „Можеше ли една светска сила навистина да ја снема, како што во театар се спушта завесата, се гаси светлото и се оди дома?“, е едно од тие загатливи прашања. Советскиот систем и далеку пред појавувањето на Горбачов се распаѓаше и пропаѓаше однатре, а пропадна не поради Гласноста и Перестројката на Горбачов, туку затоа што сите години на постоење, економијата на СССР никогаш не беше конкурентна со економиите на САД и Западот. Советскиот систем пропадна и токму поради тоа што постоеше Западот - со подобра економија, поголема слобода, поради фасцинацијата на милиони советски граѓани кои сонуваа за западните производи кои не можеа да си ги дозволат. Можеби најголема грешка на советската пропаганда и идеологија беше што од почетокот се споредуваше со Западот, со што самите си ставија јамка околу вратот. На крај, таа јамка најдолго остана да виси околу вратот на Горбачов, бидејќи за милиони Руси тој беше инкарнација на гаснењето на светлото, во последната театарска претстава за семоќната комунистичка империја.

Трагедијата на Горбачов е токму во тоа што беше исклучително многу ценет во странство, а омразен и потполно осамен дома. И поради тоа беше огорчен!

„Не ми е лесно – 85 (години) се 85, велеше во едно интервју пред 6 години. Никогаш не мислев дека ќе живеам толку многу. Раиса и јас имавме договор нашата граница да биде 70 години. Потоа човек си е сам на себе товар, а не пак на другите. Раиса имаше среќа...!“

И Михаил Горбачов имаше среќа! Ги преживеа најтурболентните години на тектонските потреси во светската политика и ги надживеа сите поважни политички личности со кои учествуваше во тие процеси. Покрај себе, кога политичките земјотреси најсилно тресеа, ја имаше својата Раиса, со која споделија една од најубавите и најнежни љубовни приказни во светската политика. Беше истовремено и крајно луциден визионер, но и наивен и простодушен човек, а пред сѐ, човечен политичар кој никогаш, и кога беше со најголема политичка моќ, не се осуди да пушти тенкови и војска на својот народ! Беше убеден пацифист и до крајот од животот остана човек кој длабоко веруваше дека сите конфликти можат да се решат со дијалог и разбирање. Кога Путин во 2013 година тргна грубо да ги затвора невладините организации, гласно му порача, дека „ако некој сака диктатура нека си оди таму каде се практикува диктатура!“ Ја одобри руската анексија на Крим во 2014 година, но до својот последен здив, се бореше и не се помири со фактот дека рускиот и украинскиот народ мора да војуваат. И тоа го докрајчи!

И затоа, откога замина Горбачов, горбачовизмот допрва ќе му треба на светот! И допрва горбиманијата ќе го завладува и светот и веков, најмногу кога повторно ќе се исцртува и креира мапата на новиот светски поредок и мир. За време на својот живот и покрај огромниот политички капитал, Горбачов не доживеа ниту една улица или плоштад во Русија да го носат неговото име, не се подигна ниту еден, макар минијатурен споменик, во негова чест, како во Германија, на пример.

Толку далеку беше пред своето време, Михаил Сергеевич Горбачов!

The post Си замина Горби! Да живее Горбиманијата! appeared first on Република.

]]>

Деновиве се потсетувам на два фантастични документарци, едниот на славниот Вернер Херцог со наслов „Го сретнав Горбачов“, а другиот, од ништо помалку славниот руски документарист Витали Мански, со наслов „Горбачов. Рај.“ И двата филма, некаде овој период од годината, првиот во август 2019-та , а вториот во септември минатата година, можеше да ги види и македонската публика. Деновиве, по смртта на Михаил Сергеевич Горбачов, овие филмови стануваат повторно актуелни и исклучително многу гледани. Ги одгледав и јас повторно. Уште како студент бев силно заинтригиран од политичкиот ангажман на тогашниот најмлад советски лидер, кој како никој друг политичар во втората половина од минатиот век, за само шест години владеење, ги создаде најголемите геополитички промени во светот - промени, чии влијанија ги живееме и ден денешен. Или, како што се вели во една секвенца од филмот на Херцог: „Сè се случуваше толку бргу штo, противниците беа стаписани од реалната ситуација“. Паметам добро, во тие години од владеењето на Горбачов светот беше зафатен од серија разорни земјотреси, некои и со сила од 7 Рихтери: Еквадор, Ерменија, Иран, Кина, Соединетите Американски Држави, Филипините, се броеја десетици и десетици илјади жртви, стотици илјади луѓе беа останати без домови, а штетите се проценуваа во милијарди долари. Но, ниту еден од овие потреси не затресе толку многу, како што тоа му успеа на политичкиот земјотрес предизвикан од владеењето на Михаил Горбачов. Тој политички земјотрес ја промени геополитичката карта на светот, стави крај на една ера и ја промени животната судбина на стотици милиони луѓе. Тоа време и денес се нарекува ерата на Горбачов! А, таа необична ера и почна така, сосем необично како за дотогашното советско комунистичко владеење. Најмладиот советски лидер, на само 54-годишна возраст, рака под рака со својата сопруга Раиса, почна да го освојува светот на високата политика со непосредност, елеганција и насмевка. За разлика од строгите и скоро па мумифицирани ликови под шубари на дотогашната комунистичка номенклатура, која бевме навикнати да ја гледаме на дефилеата на Црвениот плоштад во времето на Сталин, Хрушчов и Брежњев, Горбачови на општо чудење на светската јавност, пленеа со една нова енергија, нова нормалност и свежина, британска отменост кога беа во друштво со Маргарет Тачер и американска лежерност на средбите со Роналд и Ненси Реган. Политичкиот и светскиот џет-сет, веќе во 1985 година, ја имаа својата нова ѕвезда, Раиса Горбачова! На модна ревија на Ив Сен Лоран во Париз, специјално организирана за неа, таа на најубав и најдостоинствен можен начин ја враќа претставата за убавината и елеганцијата на руската жена, а со елоквенцијата и интелигенцијата уште толку ги плени светските медиуми. По првите исчудувања по кршењата на стереотипите и клишеата за геронтократите и „бабушките накитени со воени ордени“ од онаа страна на Железната завеса, блеснаа новите ѕвезди на светската политичка сцена, добивајќи статус на планетарно популарни поп-икони, Раиса и Михаил Горбачови. Тоа беа први ликови од големото комунистичко пространство на истокот, кои се стекнаа со таков статус. Ерата наречена Горбиманија можеше да започне! Деновиве, светот повторно е зафатен од старата добра Горбиманија. Но, и којзнае кој пат по ред е зафатен со преоценување на политичкото наследство на Горби, како што од милост го нарекуваа на Западот. Михаил Горбачов, од неговото насилно симнување од власт во 1991 година, до неговата смрт на 30 август, се носеше со тој огромен товар на постојано политичко и морално преоценување на неговата политичка оставнина. Во документарната сторија на Витали Мански, „Горбачов. Рај“, снимана во неговата вила на периферијата од Москва, во само еден кадар, во кој Горбачов со своето помагало бавно и отежнато поминува покрај портретите на својата сопруга, се доловува сета осаменост и тешка обременост со она, што Кенеди во една друга политичка прилика го нарече, „така паѓа товарот на сето небо и сите ѕвезди врз мене“. Михаил Горбачов, а за тоа се согласни сите политички аналитичари како од Истокот така и од Западот, комплетно ја промени севкупната политичка, воена, стопанска и културна архитектура на светот создадена по Втората светска војна. Неговата 6-годишна политичка ера ја обележаа: договори меѓу тогашните две светски велесили, САД и СССР, за ограничување на нуклеарното вооружување, прекинот на советската контрола врз Источна Европа, падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија, како и распадот на Советскиот Сојуз и Источниот блок, преку серија од мирни револуции, кои еден натпис во Прага во 1991 година, накратко ги изрази вака: „Полска — 10 години; Унгарија — 10 месеци; Источна Германија — 10 седмици; Чехословачка — 10 дена. А потоа, после една седмица ужас, Романија — 10 часа“. Ужасот од поделбата на југословенското наследство дојде нешто подоцна! За мирното обединување на Германија, во 1990 година Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, а поради мирното раздружување на земјите од т.н. комунистичкиот блок од контролата на Кремљ, остана до ден денешен миленик на европската и воопшто, западната јавност. И денес западните медиуми за него пишуваат дека „ќе остане запаметен како Петар Велики на 20 век“, единствен после великиот руски цар кој вистински посакувал хармонизирани односи на Русија со останатите моќни европски држави. Меѓутоа, дома, во Москва и Русија, него и денес, а и во иднина ќе го следат бројни контроверзи. Политичката контроверза на Горбачов, можеби и најилустративно може да биде осознаена преку кратката, но култна реклама што и денес се врти на „Јутјуб“, а ја сними во 1997 година, најверојатно од материјални побуди. Цела година траеле преговорите помеѓу моќниот американски фаст-фуд синџир Pizza Hut и Горбачов, а во неа, додека тој ù подава парче пица на својата внука, се води жестока дебата помеѓу гостите во пицеријата: „Горбачов е овде, тој донесе економски хаос во земјата и политичка нестабилност“. Друг гостин ќе се спротивстави и подвикне: „Но, тој ни донесе и можности и слободи!“ 15 години по премиерното прикажување на оваа реклама, анкетите правени во Русија покажуваат и понатаму екстремно поларизирани чувства на Русите кон Горбачов: 46 % од анкетираните сметаат дека тој водел сметка за доброто на земјата, дека неговата Перестројка и Гласност значеле вовед во повеќе демократски права и слободи, но и дека направил неколку сериозни грешки, а за 25 % од Русите тој е „злосторник кој ја растурил тогашната моќна светска империја“. Дебаклот кој Горбачов го доживеа кандидирајќи се за претседателските избори во Русија во 1996 година и освоените 0,5% од вкупниот број гласови, само му го потврдија проклетството на стигмата, дека ќе биде почитуван и обожуван на Западот, но критикуван и понижуван дома. И тоа проклетство, ќе го следи до крајот на животот, а и потоа! Она што денес е сосем јасно за улогата на Горбачов во поновата светска историја е дека неговата ревност за спроведување на политиката на Гласност и Перестројка не значеше и негова намера да го уништи комунизмот или да го распадне Советскиот сојуз. Тој остана до крајот на животот убеден социјалист, со неостварен сон за создавање „нов Советски сојуз-2“! За обединувањето на Германија, неговата согласност беше пресудна и покрај дискретното противење на тогашниот главен западен двоец, Роналд Реган и Маргарет Тачер („Толку многу ги сакам Германците, што навистина сум среќна што имаат две држави“, ќе му каже во еден телефонски разговор Тачер на Горбачов, сугерирајќи му да не го охрабрува обединувањето на двете Германии). Во Германија и ден денешен, најстрого чувана тајна е колку милијарди германски марки чинеше консолидацијата на советскиот буџет: „Можевме ли да речеме не, доколку Горбачов ни речеше, обединувањето ќе ве чини 50 или 80 милијарди?“, а најпосветените светски политичари кои беа дел од процесите на распадот на југословенската федерација, во јавни настапи или пишани мемоари сведочат, дека тој распад немаше да се случи без премолчана согласност на тогашен официјален Кремљ и лично Горбачов. Како што честопати се случувало во историјата, во вистински момент на вистинска позиција се наоѓале клучни луѓе кои со својата моќ, визија и харизма можеле да влијаат врз промените, кои инаку можеби не би се случиле. Како што и подеднакво често, вителот на таквите експлозивно моќни промени безмилосно ги исфрлал што подалеку од понатамошна игра, токму нивните иницијатори и први поттикнувачи. Таква беше судбината и на Михаил Горбачов. Човекот што стави крај на Студената војна, доживеа непосредно пред својата смрт, ново оживување не само на студената, туку разгорување на вистинска пеколна војна помеѓу Русија и Украина, и тоа најмногу поради непочитувањето на никогаш потпишаното усно ветување од Западот, дадено лично кон него во процесот на обединување на двете Германии, дека НАТО „нема ни сантиметар да се проширува на Исток“. Но, токму зад амблематичните и големи историски формати на политичари, секогаш останува нешто „загатливо“. Како што загатливи остануваат мноштвото прашања поврзани со таквите големи и длабоки историски промени, чии корифеи беа политичари, како Горбачов на пример. „Можеше ли една светска сила навистина да ја снема, како што во театар се спушта завесата, се гаси светлото и се оди дома?“, е едно од тие загатливи прашања. Советскиот систем и далеку пред појавувањето на Горбачов се распаѓаше и пропаѓаше однатре, а пропадна не поради Гласноста и Перестројката на Горбачов, туку затоа што сите години на постоење, економијата на СССР никогаш не беше конкурентна со економиите на САД и Западот. Советскиот систем пропадна и токму поради тоа што постоеше Западот - со подобра економија, поголема слобода, поради фасцинацијата на милиони советски граѓани кои сонуваа за западните производи кои не можеа да си ги дозволат. Можеби најголема грешка на советската пропаганда и идеологија беше што од почетокот се споредуваше со Западот, со што самите си ставија јамка околу вратот. На крај, таа јамка најдолго остана да виси околу вратот на Горбачов, бидејќи за милиони Руси тој беше инкарнација на гаснењето на светлото, во последната театарска претстава за семоќната комунистичка империја. Трагедијата на Горбачов е токму во тоа што беше исклучително многу ценет во странство, а омразен и потполно осамен дома. И поради тоа беше огорчен! „Не ми е лесно – 85 (години) се 85, велеше во едно интервју пред 6 години. Никогаш не мислев дека ќе живеам толку многу. Раиса и јас имавме договор нашата граница да биде 70 години. Потоа човек си е сам на себе товар, а не пак на другите. Раиса имаше среќа...!“ И Михаил Горбачов имаше среќа! Ги преживеа најтурболентните години на тектонските потреси во светската политика и ги надживеа сите поважни политички личности со кои учествуваше во тие процеси. Покрај себе, кога политичките земјотреси најсилно тресеа, ја имаше својата Раиса, со која споделија една од најубавите и најнежни љубовни приказни во светската политика. Беше истовремено и крајно луциден визионер, но и наивен и простодушен човек, а пред сѐ, човечен политичар кој никогаш, и кога беше со најголема политичка моќ, не се осуди да пушти тенкови и војска на својот народ! Беше убеден пацифист и до крајот од животот остана човек кој длабоко веруваше дека сите конфликти можат да се решат со дијалог и разбирање. Кога Путин во 2013 година тргна грубо да ги затвора невладините организации, гласно му порача, дека „ако некој сака диктатура нека си оди таму каде се практикува диктатура!“ Ја одобри руската анексија на Крим во 2014 година, но до својот последен здив, се бореше и не се помири со фактот дека рускиот и украинскиот народ мора да војуваат. И тоа го докрајчи! И затоа, откога замина Горбачов, горбачовизмот допрва ќе му треба на светот! И допрва горбиманијата ќе го завладува и светот и веков, најмногу кога повторно ќе се исцртува и креира мапата на новиот светски поредок и мир. За време на својот живот и покрај огромниот политички капитал, Горбачов не доживеа ниту една улица или плоштад во Русија да го носат неговото име, не се подигна ниту еден, макар минијатурен споменик, во негова чест, како во Германија, на пример. Толку далеку беше пред своето време, Михаил Сергеевич Горбачов!

The post Си замина Горби! Да живее Горбиманијата! appeared first on Република.

]]>
Aвтомобилот на Горбачов се продава за 300.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtomobilot-na-gorbachov-se-prodava-za-300-000-evra/ Sun, 04 Sep 2022 13:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=547226

Автомобилот ЗИЛ-4104 што го користеше поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов,  е понуден на продажба.

Аавтомобил се наоѓа во Симферопол на Крим, а советскиот лидер го користел кога бил на одмор на тој полуостров, кој по војната останал во Украина, а од 2014 година повторно е дел од Русија.

Овој автомобил ЗИЛ-4104 се сервисираше во фабриката Лихачев . Седанот има црна внатрешност со дисплеи од махагони. Подната покривка е исто така дизајнирана во црвен тон.

Автомобилот е опремен со тристепен автоматски менувач и 7,7-литарски бензински мотор со осум цилиндри со капацитет од 315 коњски сили. За 33-годишна црна лимузина со помината километража од 73.000 километри, сегашниот сопственик, чиј автомобил е стар 10 години, бара 20 милиони рубљи (332.539,57 евра).

Максималната брзина беше 190 километри на час

The post Aвтомобилот на Горбачов се продава за 300.000 евра appeared first on Република.

]]>

Автомобилот ЗИЛ-4104 што го користеше поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов,  е понуден на продажба. Аавтомобил се наоѓа во Симферопол на Крим, а советскиот лидер го користел кога бил на одмор на тој полуостров, кој по војната останал во Украина, а од 2014 година повторно е дел од Русија. Овој автомобил ЗИЛ-4104 се сервисираше во фабриката Лихачев . Седанот има црна внатрешност со дисплеи од махагони. Подната покривка е исто така дизајнирана во црвен тон. Автомобилот е опремен со тристепен автоматски менувач и 7,7-литарски бензински мотор со осум цилиндри со капацитет од 315 коњски сили. За 33-годишна црна лимузина со помината километража од 73.000 километри, сегашниот сопственик, чиј автомобил е стар 10 години, бара 20 милиони рубљи (332.539,57 евра). Максималната брзина беше 190 километри на час

The post Aвтомобилот на Горбачов се продава за 300.000 евра appeared first on Република.

]]>
Горбачов беше испратен од исто место како Ленин и Сталин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gorbachov-beshe-ispraten-od-isto-mesto-kako-lenin-i-stalin/ Sat, 03 Sep 2022 20:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=547187

Илјадници Руси денеска го испратија последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, кој почина на 92-годишна возраст.

Тој е погребан на московските гробишта Новодевичи, каде што е погребана неговата сопруга Раиса, која почина во 1999 година

Претходно илјадници луѓе чекаа во редици пред Салата на колумните во Домот на синдикатите во Москва за да му оддадат почит на Горбачов. Во 1953 година на истото место беше изложено телото на Јосиф Сталин, а пред него Владимир Ленин и Леонид Брежњев.

За Горбачов не беше организиран државен погреб, а исто така нема да биде прогласен ден на жалост

The post Горбачов беше испратен од исто место како Ленин и Сталин appeared first on Република.

]]>

Илјадници Руси денеска го испратија последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, кој почина на 92-годишна возраст. Тој е погребан на московските гробишта Новодевичи, каде што е погребана неговата сопруга Раиса, која почина во 1999 година Претходно илјадници луѓе чекаа во редици пред Салата на колумните во Домот на синдикатите во Москва за да му оддадат почит на Горбачов. Во 1953 година на истото место беше изложено телото на Јосиф Сталин, а пред него Владимир Ленин и Леонид Брежњев. За Горбачов не беше организиран државен погреб, а исто така нема да биде прогласен ден на жалост

The post Горбачов беше испратен од исто место како Ленин и Сталин appeared first on Република.

]]>
Без државни почести и високи гости денеска ќе биде погребан Михаил Горбачов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bez-drzavni-pochesti-i-visoki-gosti-deneska-kje-bide-pogreban-mihail-gorbachov/ Sat, 03 Sep 2022 06:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=546987

Михаил Горбачов, последниот советски лидер и миленик на Западот кој доживеа пропаст на сите реформи што ги почна во својата татковина, денеска ќе биде погребан без државни почести и без присуство на рускиот претседател Владимир Путин и западните лидери.

Горбачов стана херој на Западот затоа што помогна да се стави крај на Студената војна, да се олесни обединувањето на Источна и Западна Германија и да се склучи договор за контрола на оружјето со САД.

Меѓутоа, многу Руси не може да му го простат тоа што не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, како и економскиот хаос предизвикан од неговата „перестројка“.

Горбвачов почина во вторникот на 92-годишна возраст, а московјаните ќе можат да го посетат неговиот одар во импозантната Сала на колоните, недалеку од Кремљ, каде што им се оддава последна почест на поранешните советски лидери.

Не е изненадувачки што Путин, долгогодишен офицер на КГБ кој распадот на Советскиот Сојуз го нарече „геополитичка катастрофа“, му ги скрати државните почести на Горбачов и соопшти дека поради презафатеност нема да да присуствува на погребот.

Многу западни шефови на држави и влади вообичаено би биле присутни на денешниот погреб, но сега се држат настрана поради јазот во односите Исток-Запад по инвазијата на Путин врз Украина од 24 февруари.

Ќерката на Горбачов, Ирина, најави дека погребот ќе биде скромен.Тој ќе има воена почесна гарда околу одарот , што е само еден елемент на државните почести, соопшти Кремљ.

Тоа е минимално во споредба со националниот ден на жалост и државниот погреб во главната катедрала во Москва што се одржа во 2007 година за поранешниот руски претседател Борис Елцин. Тој беше клучен во соборувањето на Горбачов додека се распадна Советскиот Сојуз, а подоцна лично го избра Путин за негов наследник.

И покрај тоа, Горбачов, како и Елцин, ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи, покрај неговата сопруга Раиса, која почина пред 23 години.

The post Без државни почести и високи гости денеска ќе биде погребан Михаил Горбачов appeared first on Република.

]]>

Михаил Горбачов, последниот советски лидер и миленик на Западот кој доживеа пропаст на сите реформи што ги почна во својата татковина, денеска ќе биде погребан без државни почести и без присуство на рускиот претседател Владимир Путин и западните лидери. Горбачов стана херој на Западот затоа што помогна да се стави крај на Студената војна, да се олесни обединувањето на Источна и Западна Германија и да се склучи договор за контрола на оружјето со САД. Меѓутоа, многу Руси не може да му го простат тоа што не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, како и економскиот хаос предизвикан од неговата „перестројка“. Горбвачов почина во вторникот на 92-годишна возраст, а московјаните ќе можат да го посетат неговиот одар во импозантната Сала на колоните, недалеку од Кремљ, каде што им се оддава последна почест на поранешните советски лидери. Не е изненадувачки што Путин, долгогодишен офицер на КГБ кој распадот на Советскиот Сојуз го нарече „геополитичка катастрофа“, му ги скрати државните почести на Горбачов и соопшти дека поради презафатеност нема да да присуствува на погребот. Многу западни шефови на држави и влади вообичаено би биле присутни на денешниот погреб, но сега се држат настрана поради јазот во односите Исток-Запад по инвазијата на Путин врз Украина од 24 февруари. Ќерката на Горбачов, Ирина, најави дека погребот ќе биде скромен.Тој ќе има воена почесна гарда околу одарот , што е само еден елемент на државните почести, соопшти Кремљ. Тоа е минимално во споредба со националниот ден на жалост и државниот погреб во главната катедрала во Москва што се одржа во 2007 година за поранешниот руски претседател Борис Елцин. Тој беше клучен во соборувањето на Горбачов додека се распадна Советскиот Сојуз, а подоцна лично го избра Путин за негов наследник. И покрај тоа, Горбачов, како и Елцин, ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи, покрај неговата сопруга Раиса, која почина пред 23 години.

The post Без државни почести и високи гости денеска ќе биде погребан Михаил Горбачов appeared first on Република.

]]>
Бајден со пофални зборови за Горбачов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-so-pofalni-zborovi-za-gorbachov/ Wed, 31 Aug 2022 05:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=545893

Американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина во вторникот, нарекувајќи го „редок лидер“ и државник кој придонел за „побезбеден свет“.

„Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“, вели Бајден во соопштение.

Тој додава дека „неговите пÐ �стапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“.

„Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“, истакна Бајден.

Михаил Горбачов почина на 92-годишна возраст по долго и тешко боледување.

 

 

Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија.

The post Бајден со пофални зборови за Горбачов appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина во вторникот, нарекувајќи го „редок лидер“ и државник кој придонел за „побезбеден свет“. „Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“, вели Бајден во соопштение.
Тој додава дека „неговите пÐ �стапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“. „Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“, истакна Бајден. Михаил Горбачов почина на 92-годишна возраст по долго и тешко боледување.
   
Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија.

The post Бајден со пофални зборови за Горбачов appeared first on Република.

]]>
Почина Михаил Горбачов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-mihail-gorbachov/ Tue, 30 Aug 2022 21:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=545882

Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз пред распадот, почина во Москва на 92-годишна возраст, објавија руските државни новински агенции. Горбачов, чие владеење се поврзува со термините перестројка и гласност (реформи и отвореност), почина по долго боледување.

„Михаил Сергеевич Горбачов почина вечерва по тешко и долго боледување“, соопшти Централната клиничка болница, пренесува РИА/Новости.

Во јуни, портпаролот на Фондацијата „Горбачов“, Владимир Полјаков, изјави дека Михаил Горбачов боледува од бубрежна болест и дека е на третман, вклучително и хемодијализа. Влошеното здравје на поранешниот претседател на СССР тој го поврза и со возраста.

Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година и беше генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Тој ќе остане запаметен како претседател на СССР кој ја заврши Студената војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз.

Неговиот обид за реформи (перестројка) доведе до крајот на Студената војна, но исто така доведе до крај на врховната политичка моќ на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС) и до распадот на Советскиот Сојуз.

The post Почина Михаил Горбачов appeared first on Република.

]]>

Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз пред распадот, почина во Москва на 92-годишна возраст, објавија руските државни новински агенции. Горбачов, чие владеење се поврзува со термините перестројка и гласност (реформи и отвореност), почина по долго боледување.
„Михаил Сергеевич Горбачов почина вечерва по тешко и долго боледување“, соопшти Централната клиничка болница, пренесува РИА/Новости.
Во јуни, портпаролот на Фондацијата „Горбачов“, Владимир Полјаков, изјави дека Михаил Горбачов боледува од бубрежна болест и дека е на третман, вклучително и хемодијализа. Влошеното здравје на поранешниот претседател на СССР тој го поврза и со возраста. Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година и беше генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Тој ќе остане запаметен како претседател на СССР кој ја заврши Студената војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз. Неговиот обид за реформи (перестројка) доведе до крајот на Студената војна, но исто така доведе до крај на врховната политичка моќ на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС) и до распадот на Советскиот Сојуз.

The post Почина Михаил Горбачов appeared first on Република.

]]>