Михаил Гаревски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihail-garevski/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 16:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Михаил Гаревски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihail-garevski/ 32 32 Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/garevski-izveshtajot-za-mostot-belasitsa-e-predaden-oshtetuvanata-se-mali-no-ke-treba-sanatsija/ Thu, 29 Jun 2023 16:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=656545

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и драфт верзијата е предадена во Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски.

Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали.

Иако оштетувањата се мали, посочува, сепак ќе треба да се изврши санација.

Но, потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот, појаснува професорот.

Иако тој вели дека извештајот е предаден во Град Скопје, оттаму велат дека во моментот не располагаат со никакви информации.

The post Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација appeared first on Република.

]]>

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и драфт верзијата е предадена во Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски. Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали. Иако оштетувањата се мали, посочува, сепак ќе треба да се изврши санација. Но, потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот, појаснува професорот. Иако тој вели дека извештајот е предаден во Град Скопје, оттаму велат дека во моментот не располагаат со никакви информации.

The post Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација appeared first on Република.

]]>
Гаревски реален: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/garevski-realen-nema-shansi-mostot-belasitsa-da-se-pushti-vo-upotreba-narednata-nedela/ Mon, 19 Jun 2023 12:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=653132

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата.

[caption id="" align="alignnone" width="1071"] (фото: ЕСМ)[/caption]

Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.

Претходно, професор Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изјави за ТВ 24 дека прерано е да се каже дека мостот ќе биде пуптен во употреба следната недела. Според него, пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно од демонтирањето на цевките за парно греење.

Без вадењето на цевките не може да се направи ниту, да кажеме, примарна санација, рече Гаревски.

Експертизата која сè уште не е завршена, и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е, според него, дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба толку скоро.

Откако ќе се направи санација, обично по правило би требало бетонот да зрее 28 дена, а потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60-тонски возила. Ќе се направи тоа испитување, што е стандардна процедура, особено кога некој мост е опожарен, па дури потоа тоа може да се пушти мостот“, вели Гаревски.

Градоначалничката Арсовска изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она што е паднато од бетонот.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-mostot-belasitsa-mozhebi-od-narednata-nedela-ke-mozhe-da-bide-pushten-vo-upotreba/

Во суштина, нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста на мостот и тоа е она што е најважно за нас. Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо. Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба“, изјави градоначалничката на Град Скопје.

Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, запалена беше електричната инсталација и системот за парно греење кој поминува под мостот.

The post Гаревски реален: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела appeared first on Република.

]]>

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата. [caption id="" align="alignnone" width="1071"] (фото: ЕСМ)[/caption] Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. Претходно, професор Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) изјави за ТВ 24 дека прерано е да се каже дека мостот ќе биде пуптен во употреба следната недела. Според него, пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно од демонтирањето на цевките за парно греење.
Без вадењето на цевките не може да се направи ниту, да кажеме, примарна санација, рече Гаревски.
Експертизата која сè уште не е завршена, и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е, според него, дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба толку скоро.
Откако ќе се направи санација, обично по правило би требало бетонот да зрее 28 дена, а потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60-тонски возила. Ќе се направи тоа испитување, што е стандардна процедура, особено кога некој мост е опожарен, па дури потоа тоа може да се пушти мостот“, вели Гаревски.
Градоначалничката Арсовска изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она што е паднато од бетонот. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-mostot-belasitsa-mozhebi-od-narednata-nedela-ke-mozhe-da-bide-pushten-vo-upotreba/
Во суштина, нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста на мостот и тоа е она што е најважно за нас. Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо. Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба“, изјави градоначалничката на Град Скопје.
Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, запалена беше електричната инсталација и системот за парно греење кој поминува под мостот.

The post Гаревски реален: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела appeared first on Република.

]]>
Гаревски: Изгорениот мост кај „Ист Гејт“ најрано може да биде пуштен до 15 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/garevski-izgoreniot-most-kaj-ist-gejt-najrano-mozhe-da-bide-pushten-do-15-juli/ Sat, 20 May 2023 15:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=643022

Професорот и директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени Михаил Гаревски смета дека изгорениот мост „Беласица“ кој се наоѓа во близина на „Ист Гејт“ најрано може да биде пуштен до 15 јули, објави „Макфакс“.

По пожарот, кој се случи минатата недела, мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај и за движење на граѓание.

Гаревски кој денеска беше со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, рече дека првично ќе се направи експертиза врз основа на проверката на сигурноста и оштетувањата на мостот, за што предвидува дека не би требало да трае повеќе од 20 дена. Според него, многу веројатно е дека експертизата ќе покаже дека ќе бидат потребни минимални санации, оти главната конструкција на мостот не е оштетена.

10-15 јули е најоптимистичкиот рок за враќање во употреба на мостот „Беласица“, доколку анализите покажат дека нема оштетувања на конструктивните елементи, изјави Гаревски за „Макфакс“.

Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени ја прави нанализата за издржливоста на мостот откако градоначалничката Данела Арсовска тоа го побарала од нив. Тие утрово на мостот направија заедничка прес-конференција за да известат дека скопјани треба да се воздржат уште 20-25 дена, кога ќе биде готов извештајот за мостот, за официјално да се соопшти колкави се оштетувањата и каква санација ќе биде потребна.

The post Гаревски: Изгорениот мост кај „Ист Гејт“ најрано може да биде пуштен до 15 јули appeared first on Република.

]]>

Професорот и директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени Михаил Гаревски смета дека изгорениот мост „Беласица“ кој се наоѓа во близина на „Ист Гејт“ најрано може да биде пуштен до 15 јули, објави „Макфакс“. По пожарот, кој се случи минатата недела, мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај и за движење на граѓание. Гаревски кој денеска беше со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, рече дека првично ќе се направи експертиза врз основа на проверката на сигурноста и оштетувањата на мостот, за што предвидува дека не би требало да трае повеќе од 20 дена. Според него, многу веројатно е дека експертизата ќе покаже дека ќе бидат потребни минимални санации, оти главната конструкција на мостот не е оштетена.