Михаел Шумахер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihael-shumaher/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 13:49:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Михаел Шумахер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mihael-shumaher/ 32 32 Семејството на Шумахер почна да ги продава неговите луксузни часовници https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/semejstvoto-na-shumaher-pochna-da-gi-prodava-negovite-lukzuzni-chasovnitsi/ Wed, 15 May 2024 13:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=778237

Осум часовници кои му припаѓаат на великанот на Формула 1, Михаел Шумахер се продадени за речиси четири милиони швајцарски франци (4,4 милиони долари) на аукција во Женева.

Највредниот часовник на аукцијата, организирана од семејството на Шумахер, е часовникот кој на легендарниот Германец му го подарил поранешниот извршен директор на Ферари, Жан Тод, на Божик 2004 година. Продаден е за 1,5 милиони франци.

Шумахер, кој се повлече од Формула 1 во 2012 година, го дели рекордот за најмногу титули со британскиот возач Луис Хамилтон.

Во декември 2013 година, Шумахер имаше тешка несреќа на скијање на француските Алпи. Откако беше префрлен од болница во септември 2014 година, за него се грижи семејството во Швајцарија.

The post Семејството на Шумахер почна да ги продава неговите луксузни часовници appeared first on Република.

]]>

Осум часовници кои му припаѓаат на великанот на Формула 1, Михаел Шумахер се продадени за речиси четири милиони швајцарски франци (4,4 милиони долари) на аукција во Женева. Највредниот часовник на аукцијата, организирана од семејството на Шумахер, е часовникот кој на легендарниот Германец му го подарил поранешниот извршен директор на Ферари, Жан Тод, на Божик 2004 година. Продаден е за 1,5 милиони франци. Шумахер, кој се повлече од Формула 1 во 2012 година, го дели рекордот за најмногу титули со британскиот возач Луис Хамилтон. Во декември 2013 година, Шумахер имаше тешка несреќа на скијање на француските Алпи. Откако беше префрлен од болница во септември 2014 година, за него се грижи семејството во Швајцарија.

The post Семејството на Шумахер почна да ги продава неговите луксузни часовници appeared first on Република.

]]>
Михаел Шумахер станал од кревет!? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mihael-shumaher-stanal-od-krevet/ Wed, 10 Jan 2024 16:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=731674

10 години откако легендарниот возач Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Франција, најверојатно веќе седи на столче. Јавноста не добива многу информации за состојбата на Шумахер, освен дека по несреќата се наоѓаше во кома околу шест месеци.

Новини за неговата состојба доаѓаат од Џони Херберт, кој откри нови детали кои досега не беа познати.

„Добиваме информации од втора рака.Знам да прочитам меѓу редови. Не сме слушнале многу детали од семејството и тоа е разбирливо. Сите би сакале да знаеме дали работите се движат во позитивна насока. Слушнав дека Шумахер седи на столче кога вечера, но не знам дали тоа е вистина“, вели Херберт.

The post Михаел Шумахер станал од кревет!? appeared first on Република.

]]>

10 години откако легендарниот возач Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Франција, најверојатно веќе седи на столче. Јавноста не добива многу информации за состојбата на Шумахер, освен дека по несреќата се наоѓаше во кома околу шест месеци. Новини за неговата состојба доаѓаат од Џони Херберт, кој откри нови детали кои досега не беа познати.
„Добиваме информации од втора рака.Знам да прочитам меѓу редови. Не сме слушнале многу детали од семејството и тоа е разбирливо. Сите би сакале да знаеме дали работите се движат во позитивна насока. Слушнав дека Шумахер седи на столче кога вечера, но не знам дали тоа е вистина“, вели Херберт.

The post Михаел Шумахер станал од кревет!? appeared first on Република.

]]>
Ралф Шумахер првпат проговори за состојбата на својот брат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ralf-shumaher-prvpat-progovori-za-sostojbata-na-svojot-brat/ Thu, 02 Nov 2023 17:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=697543

Вистината за вистинската состојба на Шумахер веројатно ќе остане непозната за јавноста до крајот на неговиот живот. Семејството е експлицитно дека не треба да се знае ниту најмала ситница, дури и кога ситуацијата е се подобра, а по бројните изјави, „виновникот“ за таквата ситуација, односно за добро чуваната тајна, е неговата сопруга Корина.

Дури и кога синот Мик тргна по стапките на својот славен татко, тој само еднаш зборуваше за Михаел, а тоа беше кога дебитираше во Формула 1. Како што призна тогаш, најтешко му било тоа што можел да зборува со својот татко.

Тато и јас се разбираме на поинаков начин, бидејќи зборуваме сличен јазик. Јазикот на моторспортот. Ќе имавме многу да разговараме за тоа. За тоа најмногу размислувам, мислам дека би било одлично. Би се откажал од се само за да го имам тоа, ја опиша Мик тагата што ја чувствува затоа што не може да ги сподели најдобрите работи во животот со својот татко.

По оваа реченица, младиот Мик никогаш повеќе не зборувал за својот татко како што му наложила неговата мајка. За жал, ова само ги потврди тврдењата на извори кои велат дека легендата на Формула 1 со години е како растение, а неговите движења се ограничени. Посетите се речиси целосно забранети, што го потврдија и поранешните големи пријатели на Шумахер. Сепак, меѓу пријателите наводно има и членови на семејството.

Имено, на братот на Михаел, Ралф, на почетокот му било забрането од Корина да го посетува. Браќата не зборувале со години, а не се знае дали ситуацијата е променета, но сега Ралф првпат проговори за состојбата на својот брат.

За жал, понекогаш животот не е фер и тоа мора да го прифатите. Кога ги гледам децата на Михаел, Џина-Марија и Мик, срцето ми се насмевнува. Ако некој од семејството ме праша за совет, тука сум. Тие одат по својот пат, изјави Ралф Шумахер.

Ралф Шумахер исто така имаше успешна кариера во Формула 1 покрај својот брат, иако никогаш не успеа да ја освои титулата. Неговата прва сезона беше во 1998 година со Benson & Hedges пред да ги претставува и Вилијамс, БМВ и Тојота.

Тој славеше на шест трки во текот на својата кариера пред да се пензионира во 2007 година. Тој и неговиот брат Михаел се единствениот пар браќа кои победиле на Ф1 трките.

The post Ралф Шумахер првпат проговори за состојбата на својот брат appeared first on Република.

]]>

Вистината за вистинската состојба на Шумахер веројатно ќе остане непозната за јавноста до крајот на неговиот живот. Семејството е експлицитно дека не треба да се знае ниту најмала ситница, дури и кога ситуацијата е се подобра, а по бројните изјави, „виновникот“ за таквата ситуација, односно за добро чуваната тајна, е неговата сопруга Корина. Дури и кога синот Мик тргна по стапките на својот славен татко, тој само еднаш зборуваше за Михаел, а тоа беше кога дебитираше во Формула 1. Како што призна тогаш, најтешко му било тоа што можел да зборува со својот татко.
Тато и јас се разбираме на поинаков начин, бидејќи зборуваме сличен јазик. Јазикот на моторспортот. Ќе имавме многу да разговараме за тоа. За тоа најмногу размислувам, мислам дека би било одлично. Би се откажал од се само за да го имам тоа, ја опиша Мик тагата што ја чувствува затоа што не може да ги сподели најдобрите работи во животот со својот татко.
По оваа реченица, младиот Мик никогаш повеќе не зборувал за својот татко како што му наложила неговата мајка. За жал, ова само ги потврди тврдењата на извори кои велат дека легендата на Формула 1 со години е како растение, а неговите движења се ограничени. Посетите се речиси целосно забранети, што го потврдија и поранешните големи пријатели на Шумахер. Сепак, меѓу пријателите наводно има и членови на семејството. Имено, на братот на Михаел, Ралф, на почетокот му било забрането од Корина да го посетува. Браќата не зборувале со години, а не се знае дали ситуацијата е променета, но сега Ралф првпат проговори за состојбата на својот брат.
За жал, понекогаш животот не е фер и тоа мора да го прифатите. Кога ги гледам децата на Михаел, Џина-Марија и Мик, срцето ми се насмевнува. Ако некој од семејството ме праша за совет, тука сум. Тие одат по својот пат, изјави Ралф Шумахер.
Ралф Шумахер исто така имаше успешна кариера во Формула 1 покрај својот брат, иако никогаш не успеа да ја освои титулата. Неговата прва сезона беше во 1998 година со Benson & Hedges пред да ги претставува и Вилијамс, БМВ и Тојота. Тој славеше на шест трки во текот на својата кариера пред да се пензионира во 2007 година. Тој и неговиот брат Михаел се единствениот пар браќа кои победиле на Ф1 трките.

The post Ралф Шумахер првпат проговори за состојбата на својот брат appeared first on Република.

]]>
Семејството на Шумахер најави тужба поради наводно „интервју“ со него https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/semejstvoto-na-shumaher-najavi-tuzhba-poradi-navodno-intervju-so-nego-generirano-so-veshtachka-inteligentsija/ Sun, 23 Apr 2023 19:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=633358

Семејството на Михаел Шумахер најави правна постапка против германски неделник поради наводно „интервју“ со легендарниот шампион во Формула 1, генерирано со вештачка интелигенција (АИ).

Познатиот „Шуми“ не се појавил во јавноста откако доживеа тешка повреда на мозокот во несреќа на скијање на семеен одмор на француските Алпи во декември 2013 година. Оттогаш, семејството ја чува неговата приватност, а само најблиските имаат пристап до Шумахер. За неговата состојба се објавуваат малку информации.

Сепак, во весникот „Ди Актуеле“ (Die Aktuelle), осамна насловна страница со слика на седумкратниот шампион на Ферари, насмеан и со ветувачки наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“, истакнувајќи дека „звучи реално“.

Потоа испадна дека цитатите се генерирани од АИ.

Во документарец од 2021 година, сопругата на Михаел - Корина Шумахер, истакна дека живеат заедно во нивниот дом, дека тој оди на терапија и дека прават сѐ за животот да му биде подобар и удобен.

Се обидуваме да продолжиме како семејство, онака како што сака Михаел. И ние продолжуваме со нашите животи. Приватното е приватно, како што секогаш велеше. Многу ми е важно тој да продолжи што повеќе да ужива во приватниот живот. Михаел отсекогаш нѐ штител, па сега и ние го штитиме Михаел, изјави Корина.

The post Семејството на Шумахер најави тужба поради наводно „интервју“ со него appeared first on Република.

]]>

Семејството на Михаел Шумахер најави правна постапка против германски неделник поради наводно „интервју“ со легендарниот шампион во Формула 1, генерирано со вештачка интелигенција (АИ). Познатиот „Шуми“ не се појавил во јавноста откако доживеа тешка повреда на мозокот во несреќа на скијање на семеен одмор на француските Алпи во декември 2013 година. Оттогаш, семејството ја чува неговата приватност, а само најблиските имаат пристап до Шумахер. За неговата состојба се објавуваат малку информации. Сепак, во весникот „Ди Актуеле“ (Die Aktuelle), осамна насловна страница со слика на седумкратниот шампион на Ферари, насмеан и со ветувачки наслов: „Михаел Шумахер, прво интервју“, истакнувајќи дека „звучи реално“. Потоа испадна дека цитатите се генерирани од АИ. Во документарец од 2021 година, сопругата на Михаел - Корина Шумахер, истакна дека живеат заедно во нивниот дом, дека тој оди на терапија и дека прават сѐ за животот да му биде подобар и удобен.
Се обидуваме да продолжиме како семејство, онака како што сака Михаел. И ние продолжуваме со нашите животи. Приватното е приватно, како што секогаш велеше. Многу ми е важно тој да продолжи што повеќе да ужива во приватниот живот. Михаел отсекогаш нѐ штител, па сега и ние го штитиме Михаел, изјави Корина.

The post Семејството на Шумахер најави тужба поради наводно „интервју“ со него appeared first on Република.

]]>
Михаел Шумахер е „присутен но и не е присутен“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mihael-shumaher-e-prisuten-no-i-ne-e-prisuten/ Tue, 28 Feb 2023 11:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=614216

Еди Џордан, ирскиот бизнисмен за чиј тим возеше Михаел Шумахер, прв после долго време конкретно проговори за состојбата на легендарниот Германец.

Михаел Шумахер пред девет години имаше несреќа на скијање и оттогаш не е виден во јавноста. Долго време беше во кома, а за неговата здравствена состојба малку се знае, бидејќи неговото семејство на чело со сопругата Корина решило ништо да не открива во јавноста.

Сите се прашуваат како е Михаел Шумахер, дали е свесен или не, а на тоа прашање сега одговори и Еди Џордан. Тој изјави дека „Шумахер е присутен, но не е присутен“, што секако ќе доведе до нова мистерија, бидејќи сега му е забрането да го посетува Шумахер.

The post Михаел Шумахер е „присутен но и не е присутен“ appeared first on Република.

]]>

Еди Џордан, ирскиот бизнисмен за чиј тим возеше Михаел Шумахер, прв после долго време конкретно проговори за состојбата на легендарниот Германец. Михаел Шумахер пред девет години имаше несреќа на скијање и оттогаш не е виден во јавноста. Долго време беше во кома, а за неговата здравствена состојба малку се знае, бидејќи неговото семејство на чело со сопругата Корина решило ништо да не открива во јавноста. Сите се прашуваат како е Михаел Шумахер, дали е свесен или не, а на тоа прашање сега одговори и Еди Џордан. Тој изјави дека „Шумахер е присутен, но не е присутен“, што секако ќе доведе до нова мистерија, бидејќи сега му е забрането да го посетува Шумахер.

The post Михаел Шумахер е „присутен но и не е присутен“ appeared first on Република.

]]>
Семејството Шумахер се сели во Шпанија, ќе живеат на имот вреден 2,8 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/semejstvoto-shumaher-se-seli-vo-shpanija-kje-ziveat-na-imot-vreden-2-8-milioni-evra/ Sat, 30 Jul 2022 14:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=535026

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, неговата сопруга Корина и нивните две деца Џина и Мик, ќе се преселат на Мајорка. Како што ексклузивно открива германскиот магазин „Die Bunte“, Шумахерови купиле имот од повеќе од 54.000 квадратни метри, лоцирана во Пуерто де Андракс на Мајорка, за цена од 2,8 милиони евра.

Како што пишува магазинот, ова парче земја се карактеризира со прекрасен поглед и неговата близина до морето. Исто така, овој простор е дизајниран за грижа за животни, една од страстите на нивната ќерка, а според извор на магазинот, тоа ќе биде дом на семејството за следната зимска сезона.

Ова не е прв пат семејството Шумахер да земе вила со слични карактеристики, бидејќи во 2018 година, Корина изврши купување на имот во Лас Бризас де Андракс, чиј сопственик беше Флорентино Перез, кој ја стави на продажба, по смртта на неговата сопруга. Овој луксузен комплекс може да се пофали со простор од 15.000 квадратни метри со неверојатен поглед на брегот, како и секакви услуги и удобности.

Михаел Шумахер (53) доживеа трагична несреќа додека скијаше на француските Алпи на крајот на 2013 година. Ударот на неговата глава во камен во зимскиот центар предизвика повреда мозокот, која го спречува да води нормален живот се до денес.

The post Семејството Шумахер се сели во Шпанија, ќе живеат на имот вреден 2,8 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, неговата сопруга Корина и нивните две деца Џина и Мик, ќе се преселат на Мајорка. Како што ексклузивно открива германскиот магазин „Die Bunte“, Шумахерови купиле имот од повеќе од 54.000 квадратни метри, лоцирана во Пуерто де Андракс на Мајорка, за цена од 2,8 милиони евра. Како што пишува магазинот, ова парче земја се карактеризира со прекрасен поглед и неговата близина до морето. Исто така, овој простор е дизајниран за грижа за животни, една од страстите на нивната ќерка, а според извор на магазинот, тоа ќе биде дом на семејството за следната зимска сезона. Ова не е прв пат семејството Шумахер да земе вила со слични карактеристики, бидејќи во 2018 година, Корина изврши купување на имот во Лас Бризас де Андракс, чиј сопственик беше Флорентино Перез, кој ја стави на продажба, по смртта на неговата сопруга. Овој луксузен комплекс може да се пофали со простор од 15.000 квадратни метри со неверојатен поглед на брегот, како и секакви услуги и удобности. Михаел Шумахер (53) доживеа трагична несреќа додека скијаше на француските Алпи на крајот на 2013 година. Ударот на неговата глава во камен во зимскиот центар предизвика повреда мозокот, која го спречува да води нормален живот се до денес.

The post Семејството Шумахер се сели во Шпанија, ќе живеат на имот вреден 2,8 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Михаел Шумахер доби улица во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mihael-shumaher-dobi-ulica-vo-saraevo/ Mon, 30 May 2022 20:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=508966

По титулата почесен граѓанин на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина го удостои седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер со улица, која од денеска го носи името на прославениот германски возач.

Како што јавија локалните медиуми, со одлука на Собранието на Кантонот Сараево, А трансверзалата во главниот град е преименувана во А трансверзала „Михаел Шумахер“.

Германскиот возач во Ф1 во текот на 90-те години од минатиот век двапати ја посети Босна и Херцеговина, престојувајќи како амбасадор на УНЕСКО и американска хуманитарна организација, и притоа донираше пари за помош на децата ранети за време на војната.

Кон крајот на 2013 година Михаел Шумахер тешко се повреди на скијање на француските Алпи, а неговото семејство сите информации околу здравствената состојба на поранешниот светски првак ги чува во најголема тајност.

The post Михаел Шумахер доби улица во Сараево appeared first on Република.

]]>

По титулата почесен граѓанин на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина го удостои седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер со улица, која од денеска го носи името на прославениот германски возач. Како што јавија локалните медиуми, со одлука на Собранието на Кантонот Сараево, А трансверзалата во главниот град е преименувана во А трансверзала „Михаел Шумахер“. Германскиот возач во Ф1 во текот на 90-те години од минатиот век двапати ја посети Босна и Херцеговина, престојувајќи како амбасадор на УНЕСКО и американска хуманитарна организација, и притоа донираше пари за помош на децата ранети за време на војната. Кон крајот на 2013 година Михаел Шумахер тешко се повреди на скијање на француските Алпи, а неговото семејство сите информации околу здравствената состојба на поранешниот светски првак ги чува во најголема тајност.

The post Михаел Шумахер доби улица во Сараево appeared first on Република.

]]>
Вистинска љубов: Сопругата на Шумахер никогаш не објави фотографија од повредениот Михаел https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vistinska-ljubov-soprugata-na-shumaher-nikogash-ne-objavi-fotografija-od-povredeniot-mihael/ Mon, 17 Jan 2022 13:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=445836

Љубовната приказна на Михаел и Корина започна во 1991 година на почетокот на неговата кариера во Формула 1, а тие се запознаа на забава на која присуствуваше тогашниот дечко на Корина Хајнц-Харалд Френцен, кој исто така се занимаваше со трки. Корина набрзо раскинала со него и почнала да се забавува со Михаел.

Мајкл за прв пат стана светски шампион во 1994 година, а истиот успех го повтори и следната година, па парот одлучи да стапне на лудиот камен подоцна во 1995 година, а сите сомнежи за нивната љубов се покажаа како неточни.

Тие имаат две деца, Џин Мари, кој е роден во 1997 година, и две години помладиот Мик, кој скијал со својот татко кога паднал и ја удри главата во камен на тој кобен 29 декември 2013 година.

Шумахер и купил на сопругата ранч во Тексас на нивната 10-годишнина од бракот. Таа одгледува коњи на ранч во Тексас во близина на Далас и стана европски шампион во „зауздување“ - јавање во западен стил - и изгради бизнис вреден милиони фунти.

Приватниот живот секогаш го држеше подалеку од рефлекторите, а на Корина исто така не сакаше премногу да се истакнува, па за сите овие години даде само неколку интервјуа.

Таа отсекогаш била лојална сопруга, која исклучително ја поддржувала кариерата на нејзиниот сопруг. Мајкл еднаш рече: „Не е толку лесно да се најде партнер кој безусловно се прилагодува на темпото на мојот живот“.

Парот инвестирал пари во недвижен имот и ранчи. Тие изградија специјализиран ранч за тренирање коњи во Тексас и Швајцарија, а нивниот заеднички живот изгледаше идиличен, до несреќата.

Шумахер по несреќата помина шест месеци во кома, а откако излезе од болница, тим од експерти се грижи за него дома. Тој е секогаш опкружен со тим лекари, кои се грижат за неговото здравје, а Корина Шумахер била принудена да продаде дел од семејното богатство за да може да продолжи да го финансира лекувањето што му треба на Мајкл за да остане жив. . Набргу по несреќата продала приватен авион, како и вила во Швајцарија и луксузниот мерцедес на Мајкл.

The post Вистинска љубов: Сопругата на Шумахер никогаш не објави фотографија од повредениот Михаел appeared first on Република.

]]>

Љубовната приказна на Михаел и Корина започна во 1991 година на почетокот на неговата кариера во Формула 1, а тие се запознаа на забава на која присуствуваше тогашниот дечко на Корина Хајнц-Харалд Френцен, кој исто така се занимаваше со трки. Корина набрзо раскинала со него и почнала да се забавува со Михаел. Мајкл за прв пат стана светски шампион во 1994 година, а истиот успех го повтори и следната година, па парот одлучи да стапне на лудиот камен подоцна во 1995 година, а сите сомнежи за нивната љубов се покажаа како неточни. Тие имаат две деца, Џин Мари, кој е роден во 1997 година, и две години помладиот Мик, кој скијал со својот татко кога паднал и ја удри главата во камен на тој кобен 29 декември 2013 година. Шумахер и купил на сопругата ранч во Тексас на нивната 10-годишнина од бракот. Таа одгледува коњи на ранч во Тексас во близина на Далас и стана европски шампион во „зауздување“ - јавање во западен стил - и изгради бизнис вреден милиони фунти. Приватниот живот секогаш го држеше подалеку од рефлекторите, а на Корина исто така не сакаше премногу да се истакнува, па за сите овие години даде само неколку интервјуа. Таа отсекогаш била лојална сопруга, која исклучително ја поддржувала кариерата на нејзиниот сопруг. Мајкл еднаш рече: „Не е толку лесно да се најде партнер кој безусловно се прилагодува на темпото на мојот живот“. Парот инвестирал пари во недвижен имот и ранчи. Тие изградија специјализиран ранч за тренирање коњи во Тексас и Швајцарија, а нивниот заеднички живот изгледаше идиличен, до несреќата. Шумахер по несреќата помина шест месеци во кома, а откако излезе од болница, тим од експерти се грижи за него дома. Тој е секогаш опкружен со тим лекари, кои се грижат за неговото здравје, а Корина Шумахер била принудена да продаде дел од семејното богатство за да може да продолжи да го финансира лекувањето што му треба на Мајкл за да остане жив. . Набргу по несреќата продала приватен авион, како и вила во Швајцарија и луксузниот мерцедес на Мајкл.

The post Вистинска љубов: Сопругата на Шумахер никогаш не објави фотографија од повредениот Михаел appeared first on Република.

]]>