мигрантка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/migrantka/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 16:21:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мигрантка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/migrantka/ 32 32 Обвинение против полицискиот инспектор што застрела мигрантка кај Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/ Tue, 26 Sep 2023 16:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=685411

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, настанот се случил на 19.04.2023 година, во раните утрински часови близу Гевгелија, кај местото викано „Стара Касарна“ кога полициски службеник, распореден за опсервирање на теренот, го известил обвинетиот – раководител на смена, дека група мигранти илегално ја преминале државната граница на РСМ. Обвинетиот контактирал со полициски службеници за ГН Богородица кои требало да ги пресретнат и спречат мигрантите, по што полициските службеници се поставиле во близина на објект во изградба кај поранешната касарна Гевгелија. Откако во дворот на касарната биле забележани две возила во движење – ПМВ марка „Форд Фокус“ и ПМВ марка „Мерцедес“, обвинетиот издал наредба на двајца полициски службеници да се упатат кон главниот влез на касарната, додека тој тргнал кон групата мигранти.

Кога обвинетиот се приближил на околу педесетина метри зад ПМВ марка „Форд Фокус“ го забележал сега осудениот како излегува од возилото. Во меѓувреме групата мигранти се стрчале кон ПМВ марка „Мерцедес“, а обвинетиот откако им дал звучен сигнал од неговото возило се упатил кон нив со цел да го лиши од слобода второосудениот кој веќе ги прифаќал мигрантите туркајќи ги и обидувајќи се да смести што повеќе од нив внатре во возилото. Притоа второосудениот не се одзвал на предупредувањето од обвинетиот кој извикал „Стоп Полиција“, по што обвинетиот полициски службеник уште еднаш го предупредил држејќи во раце службен пиштол, се наведува во соопштението.

Иако знаел, како што се додава во соопштението, дека може да реагира и со тоа свесно да го доведе во ризик животот и телото на останатите присутни, обвинетиот му се приближил на второосудениот кој наеднаш се свртел и се втурнал во обвинетиот, замавнувајќи со десната рака кон вратот на обвинетиот, по што се нафрлил врз него обидувајќи се да му го одземе пиштолот. Обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица – мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, се впуштил во борба со второосудениот и притоа испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задното седиште во возилото нанесувајќи и повреда во задниот дел на десното рамо, па како резултат на здобиените повреди мигрантката починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница Гевгелија.

За кривично правниот настан пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се водеше уште една постапка во која по признание на вина две лица се правосилно осудени на затворски казни за кривично дело „криумчарење на мигранти“.

The post Обвинение против полицискиот инспектор што застрела мигрантка кај Гевгелија appeared first on Република.

]]>

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Како што соопшти Јавното обвинителство, настанот се случил на 19.04.2023 година, во раните утрински часови близу Гевгелија, кај местото викано „Стара Касарна“ кога полициски службеник, распореден за опсервирање на теренот, го известил обвинетиот – раководител на смена, дека група мигранти илегално ја преминале државната граница на РСМ. Обвинетиот контактирал со полициски службеници за ГН Богородица кои требало да ги пресретнат и спречат мигрантите, по што полициските службеници се поставиле во близина на објект во изградба кај поранешната касарна Гевгелија. Откако во дворот на касарната биле забележани две возила во движење – ПМВ марка „Форд Фокус“ и ПМВ марка „Мерцедес“, обвинетиот издал наредба на двајца полициски службеници да се упатат кон главниот влез на касарната, додека тој тргнал кон групата мигранти.
Кога обвинетиот се приближил на околу педесетина метри зад ПМВ марка „Форд Фокус“ го забележал сега осудениот како излегува од возилото. Во меѓувреме групата мигранти се стрчале кон ПМВ марка „Мерцедес“, а обвинетиот откако им дал звучен сигнал од неговото возило се упатил кон нив со цел да го лиши од слобода второосудениот кој веќе ги прифаќал мигрантите туркајќи ги и обидувајќи се да смести што повеќе од нив внатре во возилото. Притоа второосудениот не се одзвал на предупредувањето од обвинетиот кој извикал „Стоп Полиција“, по што обвинетиот полициски службеник уште еднаш го предупредил држејќи во раце службен пиштол, се наведува во соопштението.
Иако знаел, како што се додава во соопштението, дека може да реагира и со тоа свесно да го доведе во ризик животот и телото на останатите присутни, обвинетиот му се приближил на второосудениот кој наеднаш се свртел и се втурнал во обвинетиот, замавнувајќи со десната рака кон вратот на обвинетиот, по што се нафрлил врз него обидувајќи се да му го одземе пиштолот. Обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица – мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, се впуштил во борба со второосудениот и притоа испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задното седиште во возилото нанесувајќи и повреда во задниот дел на десното рамо, па како резултат на здобиените повреди мигрантката починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница Гевгелија. За кривично правниот настан пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се водеше уште една постапка во која по признание на вина две лица се правосилно осудени на затворски казни за кривично дело „криумчарење на мигранти“.

The post Обвинение против полицискиот инспектор што застрела мигрантка кај Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Детали за застреланата мигрантка кај Гевгелија: Почина на рацете на нејзиниот сопруг https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-zastrelanata-migrantka-kaj-gevgelija-pochina-na-ratsete-na-nejziniot-soprug/ Wed, 26 Apr 2023 08:18:56 +0000 https://republika.mk/?p=634170

Фатмата е 23-годишната мигрантка која минатата среда почина, откако двајца полицајци ги запреа возилата во кои нелегално се пренесувале мигранти.

Несреќата се случи кога еден од криумчарите нападнал полицаец, по што се обидел да му го одземе пиштолот, а притоа во мешаницата бил истрелан куршум кој завршил во 23-годишната Фатмата.

Организацијата „Second Tree“ објави на Инстаграм детали од несреќата која се случи кај Гевгелија.

Фатмата имаше 23 години. Беше полна со живот, секогаш подготвена да ја сподели својата сила и енергија. Танцуваше и пееше, како што опишува нејзината сестра Бринтина. Сопругот бил присутен кога ја застрелале. Таа го викаше неговото име и молеше за помош, пишува во статусот на „Second Hand“.

Обвинителството претходно со детали се огласи за случајот во кој трагично настрада мигрантката.

Полициските службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на метото „Стара касарна” во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот во улога на чистач со патничко возило марка „Форд Фокус” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. Првоосомничениот пак, во патничко возило марка „Мерцедес” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со „Стој полиција”. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Детали за застреланата мигрантка кај Гевгелија: Почина на рацете на нејзиниот сопруг appeared first on Република.

]]>

Фатмата е 23-годишната мигрантка која минатата среда почина, откако двајца полицајци ги запреа возилата во кои нелегално се пренесувале мигранти. Несреќата се случи кога еден од криумчарите нападнал полицаец, по што се обидел да му го одземе пиштолот, а притоа во мешаницата бил истрелан куршум кој завршил во 23-годишната Фатмата. Организацијата „Second Tree“ објави на Инстаграм детали од несреќата која се случи кај Гевгелија. Фатмата имаше 23 години. Беше полна со живот, секогаш подготвена да ја сподели својата сила и енергија. Танцуваше и пееше, како што опишува нејзината сестра Бринтина. Сопругот бил присутен кога ја застрелале. Таа го викаше неговото име и молеше за помош, пишува во статусот на „Second Hand“. Обвинителството претходно со детали се огласи за случајот во кој трагично настрада мигрантката. Полициските службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на метото „Стара касарна” во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот во улога на чистач со патничко возило марка „Форд Фокус” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. Првоосомничениот пак, во патничко возило марка „Мерцедес” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со „Стој полиција”. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Детали за застреланата мигрантка кај Гевгелија: Почина на рацете на нејзиниот сопруг appeared first on Република.

]]>