МИГ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mig/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 17:56:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МИГ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mig/ 32 32 Учениците од МИГ ја бојкотираат наставата: Овде сме за да научиме повеќе, а не да работиме сами https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-od-mig-ja-bojkotiraat-nastavata-ovde-sme-za-da-nauchime-poveke-a-ne-da-rabotime-sami/ Wed, 08 Feb 2023 17:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=606623

Учениците од Математичко-информатичката гимназија втор ден ја бојкотираат наставата. Реагираат на изборот на наставниот кадар и нивната стручност. Го бараат квалитетот кој им е гарантиран со закон. Сметаат дека со новоизбраните професори нема да го добијат квалитетот на настава кој им е потребен за подготовка на натпреварите по стручните предмети.

Ние сме овде за да научиме повеќе и да добиеме повеќе, а не да работиме сами. Сме имале многу професори што се потрудиле во овие години и сме имале резултати. Нашата програма е поспецијализирана. Со честите промени на кадарот ние треба да се прилагодуваме на секој нов наставник. Нам ни требаат кадарните професори од ФИНКИ и од ПМФ – велат учениците.

На конкурсот кој траел само три дена и не бил доволно транспарентен примени се професори од приватни факултети, а професори од ФИНКИ се одбиени без образложение.

Овие професори биле и иницијатори за формирање на гимназијата која ќе понуди специјализирана настава за најталентираните. За нив материјалниот надомест не е предизвик.

Директорката не беше ниту денеска достапна за одговори на медиумите. Од МОН соопштија дека бил распишан јавен оглас и изборот е извршен соглано критериумите. Пропуштените часови кои ги реализираат стручните лице ќе бидат надоместени велат од министерството.

The post Учениците од МИГ ја бојкотираат наставата: Овде сме за да научиме повеќе, а не да работиме сами appeared first on Република.

]]>

Учениците од Математичко-информатичката гимназија втор ден ја бојкотираат наставата. Реагираат на изборот на наставниот кадар и нивната стручност. Го бараат квалитетот кој им е гарантиран со закон. Сметаат дека со новоизбраните професори нема да го добијат квалитетот на настава кој им е потребен за подготовка на натпреварите по стручните предмети.
Ние сме овде за да научиме повеќе и да добиеме повеќе, а не да работиме сами. Сме имале многу професори што се потрудиле во овие години и сме имале резултати. Нашата програма е поспецијализирана. Со честите промени на кадарот ние треба да се прилагодуваме на секој нов наставник. Нам ни требаат кадарните професори од ФИНКИ и од ПМФ – велат учениците.
На конкурсот кој траел само три дена и не бил доволно транспарентен примени се професори од приватни факултети, а професори од ФИНКИ се одбиени без образложение. Овие професори биле и иницијатори за формирање на гимназијата која ќе понуди специјализирана настава за најталентираните. За нив материјалниот надомест не е предизвик. Директорката не беше ниту денеска достапна за одговори на медиумите. Од МОН соопштија дека бил распишан јавен оглас и изборот е извршен соглано критериумите. Пропуштените часови кои ги реализираат стручните лице ќе бидат надоместени велат од министерството.

The post Учениците од МИГ ја бојкотираат наставата: Овде сме за да научиме повеќе, а не да работиме сами appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Се чекаат согласности за продолжување на договорите на наставниците од МИГ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-se-chekaat-soglasnosti-za-prodolzhuvane-na-dogovorite-na-nastavnitsite-od-mig/ Tue, 31 Jan 2023 12:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=602968

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности од Министерството за финансии за продолжување на договорите на дело на професорите, кои се истечени на 31 декември.

Во гимназијата имаат настава, но не по сите предмети. Денес се испратени последни дописи до Министерството за финансии. Има нови правила на Законот на извршување на буџет и по нив е постапено. Со Законот има промена на постапките помеѓу институциите и тоа ќе се решава денеска или утре. Очекувам позитивно мислење од Финансии - рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по потпишување Меморандум за соработка со Амбасадата на Швајцарија за 2023-2026.

Со директорката на МИГ, рече, денеска имал координација во врска со часовите и нивното надоместување.

Ако се осум стручни професори и ако е само една недела по два часа што не држеле настава, ќе се надомести во периодот кога ќе добијат согласност. Според моите информации, и претходната учебна година, кога второто полугодие почна на 1 февруари, исто така договорите на тие вработени беа продолжени од 15 февруари. Истата ситуација беше и лани, но иако немале договори, ја продолжиле наставата - рече Шаќири.

Станува збор за професори кои не се во редовен работен однос и договорите на дело им се продолжуваат со почеток на календарската, а не на учебната година.

Договорите им биле до 31 декември. До Министерството за финансии кажав дека ќе обезбедиме целосно средства од наша страна ако е потребно да се продолжат договорите на тие вработени… Ако може во текот на годината да обезбедиме и да не бидат на определено, туку на неопределено време. Но тоа е нова гимназија, тука е и работното искуство…, додаде министерот за образование и наука.

За ова денеска реагираше и Сојузот на средношколци со апел „што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно“.

Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика, напиша Сојузот на средношколци во реакцијата.

The post Шаќири: Се чекаат согласности за продолжување на договорите на наставниците од МИГ appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности од Министерството за финансии за продолжување на договорите на дело на професорите, кои се истечени на 31 декември.
Во гимназијата имаат настава, но не по сите предмети. Денес се испратени последни дописи до Министерството за финансии. Има нови правила на Законот на извршување на буџет и по нив е постапено. Со Законот има промена на постапките помеѓу институциите и тоа ќе се решава денеска или утре. Очекувам позитивно мислење од Финансии - рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по потпишување Меморандум за соработка со Амбасадата на Швајцарија за 2023-2026.
Со директорката на МИГ, рече, денеска имал координација во врска со часовите и нивното надоместување.
Ако се осум стручни професори и ако е само една недела по два часа што не држеле настава, ќе се надомести во периодот кога ќе добијат согласност. Според моите информации, и претходната учебна година, кога второто полугодие почна на 1 февруари, исто така договорите на тие вработени беа продолжени од 15 февруари. Истата ситуација беше и лани, но иако немале договори, ја продолжиле наставата - рече Шаќири.
Станува збор за професори кои не се во редовен работен однос и договорите на дело им се продолжуваат со почеток на календарската, а не на учебната година. Договорите им биле до 31 декември. До Министерството за финансии кажав дека ќе обезбедиме целосно средства од наша страна ако е потребно да се продолжат договорите на тие вработени… Ако може во текот на годината да обезбедиме и да не бидат на определено, туку на неопределено време. Но тоа е нова гимназија, тука е и работното искуство…, додаде министерот за образование и наука. За ова денеска реагираше и Сојузот на средношколци со апел „што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно“. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика, напиша Сојузот на средношколци во реакцијата.

The post Шаќири: Се чекаат согласности за продолжување на договорите на наставниците од МИГ appeared first on Република.

]]>