миг-29 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mig-29/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Mar 2022 18:19:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png миг-29 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mig-29/ 32 32 Рокада: Полска да ѝ ги даде руските авиони на Украина, па НАТО да ѝ обезбеди американски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rokada-polska-da-gi-dade-ruskite-avioni-na-ukraina-pa-nato-da-obezbedi-amerikanski/ Sun, 06 Mar 2022 18:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=468621

САД ја разгледуваат можноста за договор со Полска според кој таа би ѝ обезбедила авиони од руско производство на Украина, а за возврат би добила американски борбени авиони Ф-16.

Ова следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше видеоразговор со американските конгресмени, од кои побара да ѝ помогнат на Украина да добие борбени авиони преку источноевропските членки на НАТО.

– Работиме со Полјаците на овој проблем и се консултираме со останатите сојузници од НАТО. Ако Полска одлучи да ѝ даде авиони на Украина, ние ќе се потрудиме да ја пополниме полската флота. Испраќањето борбени авиони во Украина е суверена одлука на секоја држава, но тоа ќе бара и обемна логистика, изјави портпарол на Белата куќа.

Украина инсистирала на авиони од руско производство, зашто нејзините пилоти се обучувани со такви летала.

Зеленски ноќеска разговарал и со Џо Бајден, кој ветил економска, хуманитарна и безбедносна помош за Украина.

„Како дел од постојаниот дијалог, имав уште еден разговор со претседателот“, објави Зеленски на Твитер.

Белата куќа соопшти дека повикот траел 30 минути и дека Бајден ја поздравил одлуката на Visa и Mastercard да ги прекинат своите операции во Русија.

„Бајден ја зголемува безбедносната, хуманитарната и економската помош за Украина и работи со Конгресот за да обезбеди дополнително финансирање“, додаде Белата куќа.

The post Рокада: Полска да ѝ ги даде руските авиони на Украина, па НАТО да ѝ обезбеди американски appeared first on Република.

]]>

САД ја разгледуваат можноста за договор со Полска според кој таа би ѝ обезбедила авиони од руско производство на Украина, а за возврат би добила американски борбени авиони Ф-16. Ова следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше видеоразговор со американските конгресмени, од кои побара да ѝ помогнат на Украина да добие борбени авиони преку источноевропските членки на НАТО.