Мицотакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/micotakis/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 15:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мицотакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/micotakis/ 32 32 На средбата меѓу Мицотакис , Ал Сиси и фон дер Лајен тема беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-sredbata-megu-mitsotakis-al-sisi-i-fon-der-lajen-tema-beshe-ambitsiozniot-proekt-za-energetsko-povrzuvane-na-egipet-i-grtsija/ Thu, 21 Mar 2024 13:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=757095

Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта.

Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, Грција би станала енергетски центар во Источниот Медитеран.
Станува збор за проектот GREGY интерконектор на Copelouzos Group, со кој е предвидено, со помош на еден подморски кабел со должина од 950 км, и моќност од 3.000 MW, да се пренесува електричната енергија до Атика, директно од обновливите извори на Египет. Крајната цел на проектот е зелената енергија да се пренесува до други делови на Европа, а дел од оваа енергија ќе користат индрустијата и домаќинствата во Грција.

Говорејќи за стратешката важност на договорот, претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека енергетските инвестиции се централен елемент во соработката помеѓу ЕУ и Египет, а заедничката изјава се однесува на проектот за поврзување на електричната енергија GREGY.

 

„Заедно да го развиваме проектот за енергетско поврзување GREGY. Да се поврзе Египет со Грција. Да се доближат двата брега на Медитеранот. Египет, со своите ресурси, особено со обновливите извори на водород, би можел да стане центар за обновлива енергија“ - истакна Урсула фон дер Лајен, потенцирајќи дека Египет е подготвен да привлече странски инвестиции и го има потпишано меморандумот за соработка.

 

Според извори на Владата, на средбата помеѓу Мицотакис и Сиси, претходно била донесена одлука од двајцата лидери за унапредување и продлабочување на стратешките односи на двете земји со донесување на заедничка декларација за формирање на највисок совет за соработка (НСС) Грција - Египет, чија прва средба ќе се реализира во периодот што следува, во Атина. Изворите додаваат и дека особено се нагласува енергетската соработка и проектот за енергетско поврзување помеѓу Грција и Египет (GREGY), којшто ќе пренесува чиста електрична енергија од Египет во Грција, придонесувајќи во енергетската сигурност на цела Европа.

 

The post На средбата меѓу Мицотакис , Ал Сиси и фон дер Лајен тема беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција appeared first on Република.

]]>

Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта. Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, Грција би станала енергетски центар во Источниот Медитеран. Станува збор за проектот GREGY интерконектор на Copelouzos Group, со кој е предвидено, со помош на еден подморски кабел со должина од 950 км, и моќност од 3.000 MW, да се пренесува електричната енергија до Атика, директно од обновливите извори на Египет. Крајната цел на проектот е зелената енергија да се пренесува до други делови на Европа, а дел од оваа енергија ќе користат индрустијата и домаќинствата во Грција. Говорејќи за стратешката важност на договорот, претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека енергетските инвестиции се централен елемент во соработката помеѓу ЕУ и Египет, а заедничката изјава се однесува на проектот за поврзување на електричната енергија GREGY.   „Заедно да го развиваме проектот за енергетско поврзување GREGY. Да се поврзе Египет со Грција. Да се доближат двата брега на Медитеранот. Египет, со своите ресурси, особено со обновливите извори на водород, би можел да стане центар за обновлива енергија“ - истакна Урсула фон дер Лајен, потенцирајќи дека Египет е подготвен да привлече странски инвестиции и го има потпишано меморандумот за соработка.   Според извори на Владата, на средбата помеѓу Мицотакис и Сиси, претходно била донесена одлука од двајцата лидери за унапредување и продлабочување на стратешките односи на двете земји со донесување на заедничка декларација за формирање на највисок совет за соработка (НСС) Грција - Египет, чија прва средба ќе се реализира во периодот што следува, во Атина. Изворите додаваат и дека особено се нагласува енергетската соработка и проектот за енергетско поврзување помеѓу Грција и Египет (GREGY), којшто ќе пренесува чиста електрична енергија од Египет во Грција, придонесувајќи во енергетската сигурност на цела Европа.  

The post На средбата меѓу Мицотакис , Ал Сиси и фон дер Лајен тема беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Грција е против испраќање европски или НАТО сили во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-grtsija-e-protiv-isprakane-evropski-ili-nato-sili-vo-ukraina/ Tue, 27 Feb 2024 08:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=748747

За Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО сили во Украина“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по конференцијата на европските лидери за Украина, која ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Мицотакис рече дека тоа е ставот на „повеќето негови колеги“, нагласувајќи дека ова прашање ги „дезориентира напорите“ за поддршка на Украина, пренесува „Катимерини.

Тој додаде дека на средбата била потврдено единството и решителноста на сојузниците да ја поддржат Украина да се брани од руската инвазија.

По конференцијата, Макрон рече дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.

„Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на средбата е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на наративот на Кремљ“ дека Русија мора да победи војната, која влезе во третата година“, пренесува Танјуг.

The post Мицотакис: Грција е против испраќање европски или НАТО сили во Украина appeared first on Република.

]]>

За Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО сили во Украина“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по конференцијата на европските лидери за Украина, која ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз. Мицотакис рече дека тоа е ставот на „повеќето негови колеги“, нагласувајќи дека ова прашање ги „дезориентира напорите“ за поддршка на Украина, пренесува „Катимерини. Тој додаде дека на средбата била потврдено единството и решителноста на сојузниците да ја поддржат Украина да се брани од руската инвазија. По конференцијата, Макрон рече дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“. „Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс. На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на средбата е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на наративот на Кремљ“ дека Русија мора да победи војната, која влезе во третата година“, пренесува Танјуг.

The post Мицотакис: Грција е против испраќање европски или НАТО сили во Украина appeared first on Република.

]]>
Мицотакис испрати јасна порака од Белград: Грција нема да го признае Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-isprati-jasna-poraka-od-belgrad-grtsija-nema-da-go-priznae-kosovo/ Mon, 12 Feb 2024 13:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=743252

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција нема да го признае Косово и дека ставот на Атина по ова прашање останува непроменет.

– Секогаш кога сум во Белград се чувствувам како дома и сакам да ви се заблагодарам за гостопримството. Дојдов со четворица министри и голема бизнис заедница. Сакаме дополнително да ги продлабочиме нашите инвестициски односи. Имавме многу добри билатерални контакти – рече грчкиот премиер.

Тој му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговото гостопримство и му посака среќа на ЕКСПО 2027 година“.

– Ние ве поддржуваме на вашето европско патување. Зборував за проширувањето многу пати во Брисел. Белград треба да ги искористи поволните околности. Има европска иднина за Србија и Западен Балкан. Тоа е нашата стратешка цел – рече Мицотакис.

– Претседателот Вучиќ ме информираше за дијалогот со Приштина. Нашиот став за Косово останува непроменет – заклучи премиерот на Грција.

The post Мицотакис испрати јасна порака од Белград: Грција нема да го признае Косово appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција нема да го признае Косово и дека ставот на Атина по ова прашање останува непроменет. – Секогаш кога сум во Белград се чувствувам како дома и сакам да ви се заблагодарам за гостопримството. Дојдов со четворица министри и голема бизнис заедница. Сакаме дополнително да ги продлабочиме нашите инвестициски односи. Имавме многу добри билатерални контакти – рече грчкиот премиер. Тој му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговото гостопримство и му посака среќа на ЕКСПО 2027 година“. – Ние ве поддржуваме на вашето европско патување. Зборував за проширувањето многу пати во Брисел. Белград треба да ги искористи поволните околности. Има европска иднина за Србија и Западен Балкан. Тоа е нашата стратешка цел – рече Мицотакис. – Претседателот Вучиќ ме информираше за дијалогот со Приштина. Нашиот став за Косово останува непроменет – заклучи премиерот на Грција.

The post Мицотакис испрати јасна порака од Белград: Грција нема да го признае Косово appeared first on Република.

]]>
Мицотакис денеска во Израел ќе се сретне со Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mitsotakis-deneska-vo-izrael-ke-se-sretne-so-netanjahu/ Mon, 23 Oct 2023 10:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=694100

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во Израел, каде наскоро во Ерусалим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопштија утрово од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во Израел ќе биде неколку часа и се очекува попладне да се врати во Атина.

Денешната посета на грчкиот премиер не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини.

Во саботата, Мицотакис учествуваше на Самитот за мир во Каиро од каде што порача дека „ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение“, ја повтори грчката позиција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право и истакна дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.

The post Мицотакис денеска во Израел ќе се сретне со Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во Израел, каде наскоро во Ерусалим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопштија утрово од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис во Израел ќе биде неколку часа и се очекува попладне да се врати во Атина. Денешната посета на грчкиот премиер не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини. Во саботата, Мицотакис учествуваше на Самитот за мир во Каиро од каде што порача дека „ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение“, ја повтори грчката позиција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право и истакна дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.

The post Мицотакис денеска во Израел ќе се сретне со Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Првите сто дена Влада ми изгледаа како илјада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-prvite-sto-dena-vlada-mi-izgledaa-kako-iljada/ Tue, 03 Oct 2023 07:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=687311

Стоте дена Влада ми изгледаа како илјада и мислам дека и вие и вашите гледачи го сфаќате тоа, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“, посочувајќи дека летово, веднаш по изборите, требаше да се справат со „невидени природни катастрофи“, со огромен пожар, а потоа и со поплави „какви што досега не сме имале во земјата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис потенцираше дека во прашањата поврзани со климатската криза потребно е да направат многу повеќе од она што го планирале, „од проста причина што условите отсега ќе бидат континуирано потешки“ и ја истакна потребата да се подготви сеопфатна стратегија за прилагодување на последиците од климатските промени на централно ниво.

Го делам општото чувство на тага, а можеби и огорченост во погодените подрачја. Од друга страна, мислам дека никој не ја оспорува јачината на временските појави. Нема потреба да се навраќам на темава, многу пати ја имам анализирано. Но, како што кажав на Меѓународниот саем во Солун, идентификував и доста точки каде што можеме да станеме подобри и во однос на координацијата меѓу централната власт, локалните власти од втор и прв степен и во однос на моделите за прогноза поврзани со развојот на временските феномени, рече грчкиот премиер во интервјуто.

The post Мицотакис: Првите сто дена Влада ми изгледаа како илјада appeared first on Република.

]]>

Стоте дена Влада ми изгледаа како илјада и мислам дека и вие и вашите гледачи го сфаќате тоа, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“, посочувајќи дека летово, веднаш по изборите, требаше да се справат со „невидени природни катастрофи“, со огромен пожар, а потоа и со поплави „какви што досега не сме имале во земјата“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис потенцираше дека во прашањата поврзани со климатската криза потребно е да направат многу повеќе од она што го планирале, „од проста причина што условите отсега ќе бидат континуирано потешки“ и ја истакна потребата да се подготви сеопфатна стратегија за прилагодување на последиците од климатските промени на централно ниво.
Го делам општото чувство на тага, а можеби и огорченост во погодените подрачја. Од друга страна, мислам дека никој не ја оспорува јачината на временските појави. Нема потреба да се навраќам на темава, многу пати ја имам анализирано. Но, како што кажав на Меѓународниот саем во Солун, идентификував и доста точки каде што можеме да станеме подобри и во однос на координацијата меѓу централната власт, локалните власти од втор и прв степен и во однос на моделите за прогноза поврзани со развојот на временските феномени, рече грчкиот премиер во интервјуто.

The post Мицотакис: Првите сто дена Влада ми изгледаа како илјада appeared first on Република.

]]>
Мицотакис од ОН предложи формирање глобален сојуз за справување со климатската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-od-on-predlozhi-formirane-globalen-sojuz-za-spravuvane-so-klimatskata-kriza/ Fri, 22 Sep 2023 09:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=684035

На климатската криза, мигрантското прашање, но и на односите со Турција, се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Генералното Собрание на ОН во Њујорк, истакнувајќи дека за големите глобални предизвици, „неуспехот не е опција“ и дека се потребни „вистински лидерски вештини“ јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис предложи формирање „глобален сојуз за адаптација“ за справување со климатската криза, односно како што рече, „форум каде што можеме да генерираме ново колективно размислување, обновена соработка, да понудиме пристап до нови средства за унапредување на адаптацијата на краток рок, пред да биде предоцна“.

-На пример, со повеќе инвестиции во заедничката употреба на нови технологии за напредно прогнозирање и модели за метеоролошки појави за да можеме појасно, попрецизно да предвидиме како ќе се одвиваат овие појави, од каде доаѓаат поплавите и каде се шират пожарите. Ќе се обидеме да формираме сојуз за адаптација на претстојниот самит за климата, COP28, во Обединетите Арапски Емирати, бидејќи само преку соработка можеме да направиме вистинска разлика, учејќи еден од друг, но и разменувајќи ги најдобрите практики и решенија, рече Мицотакис.

Голем дел од говорот го посвети на климатската криза, на проблемите со кои се соочи Грција во текот на летото, на големите пожари и поплавите што следеа, велејќи дека минатата година, токму од Генералното собрание предупредил дека без мултилатерална соработка, „катастрофалните последици од климатските промени наскоро ќе станат правило, а не исклучок“.

-Дванаесет месеци подоцна, оваа нова реалност, за жал е тука. Поплави, пожари, топлотни бранови и лизгање на земјиштето, летово ги погодија европскиот Југ, северна Африка и Медитеранот, предизвикувајќи невидени катастрофи во регионот, од Словенија до Либија, од Италија до Грција, истакна грчкиот премиер.

Се осврна и на мигрантското прашање, за кое рече дека е втор голем предизвик, а Грција е во првите редови на глобалната мигрантска криза, објаснувајќи дека земјата следи „строга, но праведна политика“ и истакна дека е потребно да се разбие „бизнис моделот на криумчарите и нивните мрежи“.

За односите со Турција, особено по средбата со турскиот претседател Ердоган, Миџоракис рече дека „несомнено остануваат долгогодишните геополитички тензии меѓу Грција и Турција“, но сепак двата најголеми заеднички предизвици, климатските промени и миграцијата, се сегашноста и иднината.

Објасни дека единствената разлика е одредувањето на морските зони во Егејското море и Источниот Медитеран која може да се реши согласно меѓународното право.

-Постигнавме добар напредок во последните месеци во однос на нормализирањето на нашите односи и е во наш заеднички интерес да продолжиме по овој пат, рече Мицотакис.

За кипарското прашање повтори дека изнаоѓањето праведно, одржливо и взаемно прифатливо решение останува главен приоритет за Грција, која поддржува решение за една држава засновано на бизонална, бикомунална федерација.

Од Генералното Собрание на ОН, грчкиот премиер уште еднаш истакна дека ќе продолжи поддршката за Украина.

The post Мицотакис од ОН предложи формирање глобален сојуз за справување со климатската криза appeared first on Република.

]]>

На климатската криза, мигрантското прашање, но и на односите со Турција, се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Генералното Собрание на ОН во Њујорк, истакнувајќи дека за големите глобални предизвици, „неуспехот не е опција“ и дека се потребни „вистински лидерски вештини“ јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис предложи формирање „глобален сојуз за адаптација“ за справување со климатската криза, односно како што рече, „форум каде што можеме да генерираме ново колективно размислување, обновена соработка, да понудиме пристап до нови средства за унапредување на адаптацијата на краток рок, пред да биде предоцна“. -На пример, со повеќе инвестиции во заедничката употреба на нови технологии за напредно прогнозирање и модели за метеоролошки појави за да можеме појасно, попрецизно да предвидиме како ќе се одвиваат овие појави, од каде доаѓаат поплавите и каде се шират пожарите. Ќе се обидеме да формираме сојуз за адаптација на претстојниот самит за климата, COP28, во Обединетите Арапски Емирати, бидејќи само преку соработка можеме да направиме вистинска разлика, учејќи еден од друг, но и разменувајќи ги најдобрите практики и решенија, рече Мицотакис. Голем дел од говорот го посвети на климатската криза, на проблемите со кои се соочи Грција во текот на летото, на големите пожари и поплавите што следеа, велејќи дека минатата година, токму од Генералното собрание предупредил дека без мултилатерална соработка, „катастрофалните последици од климатските промени наскоро ќе станат правило, а не исклучок“. -Дванаесет месеци подоцна, оваа нова реалност, за жал е тука. Поплави, пожари, топлотни бранови и лизгање на земјиштето, летово ги погодија европскиот Југ, северна Африка и Медитеранот, предизвикувајќи невидени катастрофи во регионот, од Словенија до Либија, од Италија до Грција, истакна грчкиот премиер. Се осврна и на мигрантското прашање, за кое рече дека е втор голем предизвик, а Грција е во првите редови на глобалната мигрантска криза, објаснувајќи дека земјата следи „строга, но праведна политика“ и истакна дека е потребно да се разбие „бизнис моделот на криумчарите и нивните мрежи“. За односите со Турција, особено по средбата со турскиот претседател Ердоган, Миџоракис рече дека „несомнено остануваат долгогодишните геополитички тензии меѓу Грција и Турција“, но сепак двата најголеми заеднички предизвици, климатските промени и миграцијата, се сегашноста и иднината. Објасни дека единствената разлика е одредувањето на морските зони во Егејското море и Источниот Медитеран која може да се реши согласно меѓународното право. -Постигнавме добар напредок во последните месеци во однос на нормализирањето на нашите односи и е во наш заеднички интерес да продолжиме по овој пат, рече Мицотакис. За кипарското прашање повтори дека изнаоѓањето праведно, одржливо и взаемно прифатливо решение останува главен приоритет за Грција, која поддржува решение за една држава засновано на бизонална, бикомунална федерација. Од Генералното Собрание на ОН, грчкиот премиер уште еднаш истакна дека ќе продолжи поддршката за Украина.

The post Мицотакис од ОН предложи формирање глобален сојуз за справување со климатската криза appeared first on Република.

]]>
Мицотакис органзира неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-organzira-neformalna-sredba-na-21-avgust-vo-atina-na-liderite-od-zapaden-balkan/ Fri, 18 Aug 2023 12:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=673424

Неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележување на 20 години од „Декларацијата во Солун“, јавуваат грчките медиуми. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и косовскиот премиер Албин Курти се најавени дека ќе присуствуваат на ова средба.

На оваа средба бил поканет претседателот на Албанија Бајрам Бегај, кој како што јавуваат грчките медиуми нема да присуствува. Дополнително се очекува на средбата да присуствуваат и Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

„Иницијативата Мицотакис да ги покани лидерите од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ во замокот Максимос на вечера-неформална дискусија за проширувањето и европската иднина на регионот, ја нагласува улогата на Грција како столб на стабилност, мир и енергетска безбедност на Балканот и во југоисточна Европа“, велат владини извори за грчката државна новинска агенција.

Оваа средба е закажана по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан што во суштина го отвори патот за интеграција на многу земји од областа во ЕУ.

Поврзување на перспективата за членство со почитувањето на основните вредности на ЕУ од страна на државите од Западниот Балкан, но и со регионалната соработка, процесот на стабилизација и асоцијација (ПСА) ќе биде рамката на процесот на интеграција сѐ до членството во ЕУ, беа дел од основните постулати на Солунската декларација.

Со неа се унапреди процесот на набљудување и оценка преку годишните извештаи по моделот на оние за источните кандидати и се воведоа европски партнерства, како документ кој треба да ги води реформите. Се воведе редовниот економски дијалог и инструментите за пристапна помош КАРДС и ИПА.

На неформалната вечера ќе учествуваат и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ: премиерот на Бугарија Николај Денков, на Хрватска Андреј Пленковиќ и на Романија Јон-Марсел Чиолаку.

The post Мицотакис органзира неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележување на 20 години од „Декларацијата во Солун“, јавуваат грчките медиуми. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и косовскиот премиер Албин Курти се најавени дека ќе присуствуваат на ова средба. На оваа средба бил поканет претседателот на Албанија Бајрам Бегај, кој како што јавуваат грчките медиуми нема да присуствува. Дополнително се очекува на средбата да присуствуваат и Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. „Иницијативата Мицотакис да ги покани лидерите од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ во замокот Максимос на вечера-неформална дискусија за проширувањето и европската иднина на регионот, ја нагласува улогата на Грција како столб на стабилност, мир и енергетска безбедност на Балканот и во југоисточна Европа“, велат владини извори за грчката државна новинска агенција. Оваа средба е закажана по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан што во суштина го отвори патот за интеграција на многу земји од областа во ЕУ. Поврзување на перспективата за членство со почитувањето на основните вредности на ЕУ од страна на државите од Западниот Балкан, но и со регионалната соработка, процесот на стабилизација и асоцијација (ПСА) ќе биде рамката на процесот на интеграција сѐ до членството во ЕУ, беа дел од основните постулати на Солунската декларација.
Со неа се унапреди процесот на набљудување и оценка преку годишните извештаи по моделот на оние за источните кандидати и се воведоа европски партнерства, како документ кој треба да ги води реформите. Се воведе редовниот економски дијалог и инструментите за пристапна помош КАРДС и ИПА. На неформалната вечера ќе учествуваат и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ: премиерот на Бугарија Николај Денков, на Хрватска Андреј Пленковиќ и на Романија Јон-Марсел Чиолаку.

The post Мицотакис органзира неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Мицотакис: Грција останува силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mitsotakis-grtsija-ostanuva-silen-partner-na-severna-makedonija-na-patot-kon-eu/ Wed, 12 Jul 2023 09:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=660340

Пресек на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Грција направиле денеска премиерите на девете држави, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицоакис на билатералната средба на маргините на НАТО Самитот во Вилнус, при што ја потенцирале подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план.

Како што јави известувачот на МИА од Вилнус, двајцата премиер изразиле задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Грција.

Ковачевски и Мицотакис, како што информира Владата, истакнале дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласиле дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Премиерот Ковачевски му ја честитал победата на неодамнешните избори на својот грчки колега Мицотакис и изразил уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Воедно се заблагодарил за силната грчка поддршка на процесот на интегрирање на Македонија во Европската Унија.

На средбата соговорниците разговарале и за актуелните регионални теми.

За билатералниот состанок информираа и од грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина билатералните односи и ситуацијата во регионот, биле во фокусот на средбата на премиерите.

За време на средбата разменија мислења за последните случувања во регионот, а ги разгледаа и билатералните односи и ја реафирмираа волјата за нивно продлабочување, информираа од кабинетот на Мицотакис.

Ова е прва средба на премиерите на двете земји по избрите во Грција на 25 јуни и е на само четири дена откако Владата на Мицотакис доби доверба од Парламентот.

The post Ковачевски – Мицотакис: Грција останува силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Пресек на севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Грција направиле денеска премиерите на девете држави, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицоакис на билатералната средба на маргините на НАТО Самитот во Вилнус, при што ја потенцирале подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план. Како што јави известувачот на МИА од Вилнус, двајцата премиер изразиле задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Грција. Ковачевски и Мицотакис, како што информира Владата, истакнале дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласиле дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Премиерот Ковачевски му ја честитал победата на неодамнешните избори на својот грчки колега Мицотакис и изразил уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Воедно се заблагодарил за силната грчка поддршка на процесот на интегрирање на Македонија во Европската Унија. На средбата соговорниците разговарале и за актуелните регионални теми. За билатералниот состанок информираа и од грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина билатералните односи и ситуацијата во регионот, биле во фокусот на средбата на премиерите.
За време на средбата разменија мислења за последните случувања во регионот, а ги разгледаа и билатералните односи и ја реафирмираа волјата за нивно продлабочување, информираа од кабинетот на Мицотакис.
Ова е прва средба на премиерите на двете земји по избрите во Грција на 25 јуни и е на само четири дена откако Владата на Мицотакис доби доверба од Парламентот.

The post Ковачевски – Мицотакис: Грција останува силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-so-erdogan-mozheme-da-napravime-chekori-na-napredok-vo-korist-na-dvata-narodi/ Tue, 11 Jul 2023 11:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=660042

Верувам дека со Ердоган можеме да направиме еден прв чекор во рестартирање на односите меѓу Грција и Турција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигувањето на НАТО Самитот во Вилнус, а во однос на утрешната средба со турскиот претседател истакна дека има простор да се направат чекори на напредок во корист на двата народи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис потенцираше дека иако постојат значајни разлики „не сме осудени да живееме со Турција во постојана клима на тензии“ и додаде дека можат да се согласат, врз основа на добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право, да направат мапа за решавање на единствената разлика односно одредување на поморските зони и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Во последниве месеци се создаде позитивна клима во односите меѓу нашите две земји и се надевам и очекувам дека можеме да ја надградиме оваа позитивна клима и да направиме некои важни чекори на напредок. Чекори на напредок кои очигледно ќе бидат во корист на нашите два народи, истакна Мицотакис.

Во однос на НАТО Самитот рече дека со оглед на тоа што се уште трае руската инвазија во Украина, „попотребна од било кога е реафирмација на основните принципи и вредности на Алијансата“ и паралелно ја поздрави одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

The post Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи appeared first on Република.

]]>

Верувам дека со Ердоган можеме да направиме еден прв чекор во рестартирање на односите меѓу Грција и Турција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигувањето на НАТО Самитот во Вилнус, а во однос на утрешната средба со турскиот претседател истакна дека има простор да се направат чекори на напредок во корист на двата народи, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис потенцираше дека иако постојат значајни разлики „не сме осудени да живееме со Турција во постојана клима на тензии“ и додаде дека можат да се согласат, врз основа на добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право, да направат мапа за решавање на единствената разлика односно одредување на поморските зони и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран.
Во последниве месеци се создаде позитивна клима во односите меѓу нашите две земји и се надевам и очекувам дека можеме да ја надградиме оваа позитивна клима и да направиме некои важни чекори на напредок. Чекори на напредок кои очигледно ќе бидат во корист на нашите два народи, истакна Мицотакис.
Во однос на НАТО Самитот рече дека со оглед на тоа што се уште трае руската инвазија во Украина, „попотребна од било кога е реафирмација на основните принципи и вредности на Алијансата“ и паралелно ја поздрави одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

The post Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи appeared first on Република.

]]>
За Мицотакис оставката на Ципрас по трите порази на СИРИЗА е очекувана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-mitsotakis-ostavkata-na-tsipras-po-trite-porazi-na-siriza-e-ochekuvana/ Thu, 29 Jun 2023 14:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=656500

Мислам дека беше очекувана одлука по трите порази што ги претрпе СИРИЗА и лично Алексис Ципрас на националните избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за денешната оставка на лидерот на опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис додаде дека со оставката на Ципрас се затвора еден циклус.

СИРИЗА беше партија која изминативе години и како власта и како опозиција беше поистоветена со токсичност, со говор на поделби, но и со огромна неефикасност кога беше повикана да управува со иднината на државата. Партиите треба да ги обединуваат граѓаните и треба, пред сè, да предлагаат реални, исплатливи и остварливи решенија за проблемите на граѓаните. СИРИЗА никогаш не беше по овој пат. Се надевам дека ќе го најде и искрено го посакувам тоа, рече Мицотакис

The post За Мицотакис оставката на Ципрас по трите порази на СИРИЗА е очекувана appeared first on Република.

]]>

Мислам дека беше очекувана одлука по трите порази што ги претрпе СИРИЗА и лично Алексис Ципрас на националните избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за денешната оставка на лидерот на опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис додаде дека со оставката на Ципрас се затвора еден циклус.
СИРИЗА беше партија која изминативе години и како власта и како опозиција беше поистоветена со токсичност, со говор на поделби, но и со огромна неефикасност кога беше повикана да управува со иднината на државата. Партиите треба да ги обединуваат граѓаните и треба, пред сè, да предлагаат реални, исплатливи и остварливи решенија за проблемите на граѓаните. СИРИЗА никогаш не беше по овој пат. Се надевам дека ќе го најде и искрено го посакувам тоа, рече Мицотакис

The post За Мицотакис оставката на Ципрас по трите порази на СИРИЗА е очекувана appeared first on Република.

]]>
Мицотакис ја запре приватизацијата на пристаништето Александрополис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-ja-zapre-privatizacijata-na-pristanishteto-aleksandropolis/ Wed, 09 Nov 2022 12:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=571910

Владата одлучи дека во сегашните околности Александрополис е толку стратешки, геополитички и енергетски важен за нашата земја што треба да остане под јурисдикција на грчката држава“, изјави Мицотакис за телевизијата АНТ1.

Во септември, Грција доби две обврзувачки понуди за 67 отсто од акциите во пристаништето, откако минатата година четворица понудувачи биле во потесниот избор.

Понудата била поднесена од Quintana Infrastructure and Development, преку Liberty Port Holdings Single Member и International Port Investments Alexandroupolis, заедничко вложување на Black Summit Financial Group, Euroports, EFA Group и GEK Terne.

Александрополис се наоѓа на северот на Грција, блиску до границата со Бугарија и Турција и има потенцијал да стане енергетски центар за Централна Европа.

Планот е да се изгради пловечко складиште за гас и објект за гасификација на течен гас, што е клучно за Европа во енергетската криза предизвикана од намалените испораки на гас од Русија и западните санкции против Москва поради руската инвазија на Украина.

Од почетокот на инвазијата, Александрополис се користи како алтернативен пат за испраќање воена опрема на НАТО во земјите на источното крило, преку Романија и Бугарија.

Управниот одбор на Агенцијата за приватизација ќе се состане во четврток за да го анализира прашањето за пристаништето и следните чекори во неговиот развој, изјавил извор од агенцијата.

The post Мицотакис ја запре приватизацијата на пристаништето Александрополис appeared first on Република.

]]>

Владата одлучи дека во сегашните околности Александрополис е толку стратешки, геополитички и енергетски важен за нашата земја што треба да остане под јурисдикција на грчката држава“, изјави Мицотакис за телевизијата АНТ1. Во септември, Грција доби две обврзувачки понуди за 67 отсто од акциите во пристаништето, откако минатата година четворица понудувачи биле во потесниот избор. Понудата била поднесена од Quintana Infrastructure and Development, преку Liberty Port Holdings Single Member и International Port Investments Alexandroupolis, заедничко вложување на Black Summit Financial Group, Euroports, EFA Group и GEK Terne. Александрополис се наоѓа на северот на Грција, блиску до границата со Бугарија и Турција и има потенцијал да стане енергетски центар за Централна Европа. Планот е да се изгради пловечко складиште за гас и објект за гасификација на течен гас, што е клучно за Европа во енергетската криза предизвикана од намалените испораки на гас од Русија и западните санкции против Москва поради руската инвазија на Украина. Од почетокот на инвазијата, Александрополис се користи како алтернативен пат за испраќање воена опрема на НАТО во земјите на источното крило, преку Романија и Бугарија. Управниот одбор на Агенцијата за приватизација ќе се состане во четврток за да го анализира прашањето за пристаништето и следните чекори во неговиот развој, изјавил извор од агенцијата.

The post Мицотакис ја запре приватизацијата на пристаништето Александрополис appeared first on Република.

]]>
Грчки весник: Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchki-vesnik-micotakis-prislushuval-ministri-poraneshni-ministri-poraneshen-premier-biznismeni-novinari/ Sun, 06 Nov 2022 13:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=570339

Министри од Владата, сопруги на министри, поранешни министри, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги знаат и методите и планот“, а „Документо“ објави листа со 33 лица кои преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП.

На листата, меѓу другите се и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена.

За методите што се користеле, весникот пишува дека од кабинетот на грчкиот премиер се давале директни наредби до Националната служба за разузнавање (ЕИП) и „ова беше и причината зошто лично премиерот Кирјакос Мицотакис ја презеде ЕИП“, а со одлука од обвинител „поради национална безбедност“ било давано зелено светло за прислушување, кое траело кратко за потоа следењето се преземало со софтверот „Предатор“.

-Целта на официјалното прислушување беше да се лоцира со кого има контакти следениот, односно да се откријат неговите чести контакти, а откако ќе се откриеше тоа, следењето го преземаше „Предатор“, пишува весникот.

Повеќето членови на Владата, кои се на листата на „Документо“, во одговор за весникот рекле дека не знаат или дека прв пат слушаат за такво нешто.

Со информациите што денеска ги објавува „Документо“, скандалот со прислушувањата во Грција зазема нови и поголеми размери, со оглед на тоа дека досега, обид за следење со софтверот „Предатор“ имаа пријавено само лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис и пратеникот и поранешен министер од СИРИЗА Христос Спирѕис, како и двајца новинари чии мобилни телефони бил хакирани со конкретната програма.

За текстот и објавената листа во весникот реагираше портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому кој рече дека потребна е темелна истрага од надлежните органи и особено од грчкото правосудство, „иако објавата не е поткрепена со документи“ и „недостасуваат податоци“.

Додава дека новинарот и издавачот на „Документо“ Костас Ваксеванис се обидува да ѝ наштети на Владата и да создаде проблем во Нова демократија.

-Софтвери за следење постојат во Грција, како и во цела Европа, но не се купени и не ги користи ниту еден јавен орган. Владата од првиот момент побара да се истражи овој случај и во тек е отворена судска истрага, рече Иконому во писмената изјава и додаде дека Владата ќе воведе целосна забрана за трговија и користење на малициозни софтвери на нејзината територија.

За случајот со прислушувањата во Грција и употребата на софтверот „Предатор“, минатата седмица во Атина беше истражната комисија ПЕГА од Европскиот Парламент, а на прес конференцијата во петокот побараа итно и целосно да се расчисти случајот пред следните избори во земјата што треба да се одржат пред следното лето.

Претседателот на комисијата Лероен Ленарес и известувачката Софи Инт Велд истакнаа дека по четиридневната посета на Грција и Кипар дознале многу работи, но и многу прашања останале неодговорени, за што Велд истакна дека си заминуваат можеби со повеќе прашања од оние што ги имале кога пристигнале.

Во однос на  употребата на софтверот за следење „Предатор“ во Грција, известувачката и европратеничка истакна дека не добиле одговор кој ја користел конкретната програма и порача дека е потребна декласификација на информациите и доверливите податоци, нешто што може да го стори грчкиот премиер.

Известувачката на ПЕГА во вторник ќе го претстави драфт извештајот по посетата на Грција и Кипар.

The post Грчки весник: Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари appeared first on Република.

]]>

Министри од Владата, сопруги на министри, поранешни министри, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги знаат и методите и планот“, а „Документо“ објави листа со 33 лица кои преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП. На листата, меѓу другите се и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена. За методите што се користеле, весникот пишува дека од кабинетот на грчкиот премиер се давале директни наредби до Националната служба за разузнавање (ЕИП) и „ова беше и причината зошто лично премиерот Кирјакос Мицотакис ја презеде ЕИП“, а со одлука од обвинител „поради национална безбедност“ било давано зелено светло за прислушување, кое траело кратко за потоа следењето се преземало со софтверот „Предатор“. -Целта на официјалното прислушување беше да се лоцира со кого има контакти следениот, односно да се откријат неговите чести контакти, а откако ќе се откриеше тоа, следењето го преземаше „Предатор“, пишува весникот. Повеќето членови на Владата, кои се на листата на „Документо“, во одговор за весникот рекле дека не знаат или дека прв пат слушаат за такво нешто. Со информациите што денеска ги објавува „Документо“, скандалот со прислушувањата во Грција зазема нови и поголеми размери, со оглед на тоа дека досега, обид за следење со софтверот „Предатор“ имаа пријавено само лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис и пратеникот и поранешен министер од СИРИЗА Христос Спирѕис, како и двајца новинари чии мобилни телефони бил хакирани со конкретната програма. За текстот и објавената листа во весникот реагираше портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому кој рече дека потребна е темелна истрага од надлежните органи и особено од грчкото правосудство, „иако објавата не е поткрепена со документи“ и „недостасуваат податоци“. Додава дека новинарот и издавачот на „Документо“ Костас Ваксеванис се обидува да ѝ наштети на Владата и да создаде проблем во Нова демократија. -Софтвери за следење постојат во Грција, како и во цела Европа, но не се купени и не ги користи ниту еден јавен орган. Владата од првиот момент побара да се истражи овој случај и во тек е отворена судска истрага, рече Иконому во писмената изјава и додаде дека Владата ќе воведе целосна забрана за трговија и користење на малициозни софтвери на нејзината територија. За случајот со прислушувањата во Грција и употребата на софтверот „Предатор“, минатата седмица во Атина беше истражната комисија ПЕГА од Европскиот Парламент, а на прес конференцијата во петокот побараа итно и целосно да се расчисти случајот пред следните избори во земјата што треба да се одржат пред следното лето. Претседателот на комисијата Лероен Ленарес и известувачката Софи Инт Велд истакнаа дека по четиридневната посета на Грција и Кипар дознале многу работи, но и многу прашања останале неодговорени, за што Велд истакна дека си заминуваат можеби со повеќе прашања од оние што ги имале кога пристигнале. Во однос на  употребата на софтверот за следење „Предатор“ во Грција, известувачката и европратеничка истакна дека не добиле одговор кој ја користел конкретната програма и порача дека е потребна декласификација на информациите и доверливите податоци, нешто што може да го стори грчкиот премиер. Известувачката на ПЕГА во вторник ќе го претстави драфт извештајот по посетата на Грција и Кипар.

The post Грчки весник: Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари appeared first on Република.

]]>
Мицотакис од ОН со порака до Турците: Грција не е закана за вашата земја, не сме ви непријатели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-od-on-so-poraka-do-turcite-grcija-ne-e-zakana-za-vashata-zemja-ne-sme-vi-neprijateli/ Sat, 24 Sep 2022 07:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=553655

Денеска, од Обединетите Нации, би сакал да му се обратам не само на турското раководство, туку директно и на турскиот народ со оваа порака: Грција не претставува никаква закана за вашата земја. Ние не сме ваши непријатели. Ние сме соседи. Ги цениме многуте пријателства меѓу обичните Грци и Турци, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека огромното мнозинство во двете земји не сака политички конфликт и непријателство и повика „да одиме напред во духот на соработка и пријателство, со меѓусебно почитување и во согласност со меѓународното право“.

Веднаш по говорот, грчкиот премиер конкретната порака, преведена на турски јазик, ја објави на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Во обраќањето на генералната дебата, Мицотакис се осврна на грчките позиции за низа актуелни прашања, како што се руската инвазија во Украина, енергетската и климатската криза, кипарското прашање и односите со Турција.

Мицотакис рече дека Турција продолжува со уште поголемата ревизионистичка агенда против Грција, иако „има капацитет да игра конструктивна улога“, а наместо тоа „продолжува да игра дестабилизирачка улога во Источниот Медитеран, Блискиот Исток и Кавказот и е единствената земја од НАТО што не спроведува санкции против Русија“.

Посочи дека не е нова реториката на Турција за оспорување на грчкиот суверенитет во Егејското море и заканите за војна (casus belli), рече дека „се закануваат дека ќе „дојдат ноќе“, што, според Мицотакис е „јазик на агресор, а не на миротворец“ и истакна дека особено алармантен е зголемениот интензитет на закани.

-Ако претседателот Ердоган сака да зборува за црвените линии, тогаш го велам ова: турските претензии за суверенитетот на грчките острови се неосновани и неприфатливи. Преиспитувањето на суверенитетот на грчката територија ја преминува црвената линија за сите Грци. Како премиер на Грција, никогаш нема да направам компромис за територијалниот интегритет, безбедноста и стабилноста на мојата земја. Грција нема да биде малтретирана од никој, порача Мицотакис.

Во однос на мигрантското прашање го повтори ставот дека Турција ги инструментализира мигрантите уште од март 2020 година и истакна дека „Грција ќе продолжи да ги штити своите граници, со целосно почитување на основните права“.

-Покорисно би било за Турција активно да соработува со Грција и Европа по прашањето на миграцијата, наместо да шири лажни вести, рече Мицотакис.

Во однос на руската инвазија во Украина, порача дека Европејците имаат причина да бидат горди за одговорот и поради поддршката за Украина и за санкциите „кои почнуваат да се одразуваат на руската економија“.

Додаде дека „оваа јасна и силна позиција против неоправдана војна е одраз на новата геополитичка визија на Европската Унија“, а руската инвазија „не смее да успее“.

-Русија ги користи како оружје своите природни ресурси за да предизвика болка во европските општества и да ги дестабилизира демократски избраните европски влади. Повторно, нема да успее. Ќе ги поддржиме нашите граѓани да се справат со високите цени на енергијата. Ќе ги здружиме европските ресурси за да промовираме енергетска ефикасност и брзо да се диверзифицираме од руската нафта и природен гас, рече грчкиот премиер.

Посочи дека Украина не е единствената земја во пост- воена Европа која била брутално нападната, бидејќи „речиси 50 години, Кипраните живеат на поделен остров како резултат на илегална инвазија и воена окупација“.

Ја изрази поддршката на Грција и за напорите на генералниот секретар за продолжување на преговорите за кипарското прашање за заемно прифатливо решение и за мерките за градење доверба предложени од претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис.

The post Мицотакис од ОН со порака до Турците: Грција не е закана за вашата земја, не сме ви непријатели appeared first on Република.

]]>

Денеска, од Обединетите Нации, би сакал да му се обратам не само на турското раководство, туку директно и на турскиот народ со оваа порака: Грција не претставува никаква закана за вашата земја. Ние не сме ваши непријатели. Ние сме соседи. Ги цениме многуте пријателства меѓу обичните Грци и Турци, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека огромното мнозинство во двете земји не сака политички конфликт и непријателство и повика „да одиме напред во духот на соработка и пријателство, со меѓусебно почитување и во согласност со меѓународното право“. Веднаш по говорот, грчкиот премиер конкретната порака, преведена на турски јазик, ја објави на неговиот официјален „Твитер“ профил. Во обраќањето на генералната дебата, Мицотакис се осврна на грчките позиции за низа актуелни прашања, како што се руската инвазија во Украина, енергетската и климатската криза, кипарското прашање и односите со Турција. Мицотакис рече дека Турција продолжува со уште поголемата ревизионистичка агенда против Грција, иако „има капацитет да игра конструктивна улога“, а наместо тоа „продолжува да игра дестабилизирачка улога во Источниот Медитеран, Блискиот Исток и Кавказот и е единствената земја од НАТО што не спроведува санкции против Русија“. Посочи дека не е нова реториката на Турција за оспорување на грчкиот суверенитет во Егејското море и заканите за војна (casus belli), рече дека „се закануваат дека ќе „дојдат ноќе“, што, според Мицотакис е „јазик на агресор, а не на миротворец“ и истакна дека особено алармантен е зголемениот интензитет на закани. -Ако претседателот Ердоган сака да зборува за црвените линии, тогаш го велам ова: турските претензии за суверенитетот на грчките острови се неосновани и неприфатливи. Преиспитувањето на суверенитетот на грчката територија ја преминува црвената линија за сите Грци. Како премиер на Грција, никогаш нема да направам компромис за територијалниот интегритет, безбедноста и стабилноста на мојата земја. Грција нема да биде малтретирана од никој, порача Мицотакис. Во однос на мигрантското прашање го повтори ставот дека Турција ги инструментализира мигрантите уште од март 2020 година и истакна дека „Грција ќе продолжи да ги штити своите граници, со целосно почитување на основните права“. -Покорисно би било за Турција активно да соработува со Грција и Европа по прашањето на миграцијата, наместо да шири лажни вести, рече Мицотакис. Во однос на руската инвазија во Украина, порача дека Европејците имаат причина да бидат горди за одговорот и поради поддршката за Украина и за санкциите „кои почнуваат да се одразуваат на руската економија“. Додаде дека „оваа јасна и силна позиција против неоправдана војна е одраз на новата геополитичка визија на Европската Унија“, а руската инвазија „не смее да успее“. -Русија ги користи како оружје своите природни ресурси за да предизвика болка во европските општества и да ги дестабилизира демократски избраните европски влади. Повторно, нема да успее. Ќе ги поддржиме нашите граѓани да се справат со високите цени на енергијата. Ќе ги здружиме европските ресурси за да промовираме енергетска ефикасност и брзо да се диверзифицираме од руската нафта и природен гас, рече грчкиот премиер. Посочи дека Украина не е единствената земја во пост- воена Европа која била брутално нападната, бидејќи „речиси 50 години, Кипраните живеат на поделен остров како резултат на илегална инвазија и воена окупација“. Ја изрази поддршката на Грција и за напорите на генералниот секретар за продолжување на преговорите за кипарското прашање за заемно прифатливо решение и за мерките за градење доверба предложени од претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис.

The post Мицотакис од ОН со порака до Турците: Грција не е закана за вашата земја, не сме ви непријатели appeared first on Република.

]]>
Мицотакис ја повтори поддршката за ЕУ перспективата на Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-ja-povtori-poddrshkata-za-eu-perspektivata-na-severna-makedonija-i-albanija/ Sun, 11 Sep 2022 15:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=549776

Прислушувањата, изборите и изборниот законик, економијата и мерки што вчера ги соопшти, енергетската криза, тешката претстојна зима, но и односите со Турција и надворешната политика, беа дел од темите за кои грчкиот премиер говореше на традиционалната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун.

Одговарајќи на новинарско прашање за односите со Тирана, Мицотакис, меѓу другото, ја повтори и неговата поддршка за европската перспектива на Албанија и Македонија.

Рече дека приклучувањето на Албанија на европскиот пат е во корист на Грција.

- Затоа и лично го поддржав почетокот на интегративните преговори и за Албанија и за Македонија, истакна Мицотакис.

Меѓу пораките што грчкиот премиер ги упати од Солун, беше и како што рече, трите „не“, односно „не“ за предвремени избори, „не“ за промена на изборниот законик и „не“ за реконструкција на Владата, додека пак за енергетската криза уште еднаш посочи дека ги очекуваат европските одлуки, но Грција се стреми да се воведе плафон на цената на природниот гас.

Дополнително, повтори дека Русија одбира да го инструментализира природниот гас за да предизвика дестабилизација, а изрази и поддршка за Украина, „за да може со свои услови да преговара со Русија, а не како поразена земја“, но демантираше дека Грција ќе испрати дополнителен воен материјал освен одлуката за испраќање стари оклопни возила под услов да се заменат со помодерни од Германија, нешто за кое во тек се разговори.

За изјавите што доаѓаат од Турција и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека се неприфатливи, но сепак е отворен за евентуална средба со него.

-Секогаш ќе се стремиме да имам отвори канали на комуникација со Турција, бидејќи јас не сум тој кој ги урна мостовите на комуникација со соседната земја, ниту пак сум тој кој рече „Ердоган јок“ за комуникација меѓу двете земји на ниво на лидери на држави и влади. Секогаш сум отворен да се сретнам со господинот Ердоган. Тој е оној кој не сака разговор со мене, објасни Мицотакис и додаде дека сепак, како што рече,  не може да го фати за врат и да го натера да се сретнат.

Истакна дека не може да замисли конфликт меѓу Грција и Турција, а Турција да биде напаѓачот, но посочи дека ако некогаш се случи Анкара ќе добие соодветен одговор и многу добро ја знае подготвеноста на грчките вооружени сили.

Во однос на случајот со прислушувањата во земјата, објасни дека веднаш биле започнати сите предвидени процедури, тој ја преземал одговорност со прифаќањето на оставките, коментираше дека „не е нормално да се следи политички лидер“, но и истакнувајќи дека во принцип никој не треба да биде изземен од потенцијален процес на следење, а конкретно за претседателот на ПАСОК- Движење на промена рече дека следењето било законско.

Прес конференцијата која традиционално се одржува на вториот ден од Меѓународниот саем во Солун, оваа година траеше три часа, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одговори на над 50 новинарски прашања.

The post Мицотакис ја повтори поддршката за ЕУ перспективата на Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Прислушувањата, изборите и изборниот законик, економијата и мерки што вчера ги соопшти, енергетската криза, тешката претстојна зима, но и односите со Турција и надворешната политика, беа дел од темите за кои грчкиот премиер говореше на традиционалната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун. Одговарајќи на новинарско прашање за односите со Тирана, Мицотакис, меѓу другото, ја повтори и неговата поддршка за европската перспектива на Албанија и Македонија. Рече дека приклучувањето на Албанија на европскиот пат е во корист на Грција. - Затоа и лично го поддржав почетокот на интегративните преговори и за Албанија и за Македонија, истакна Мицотакис. Меѓу пораките што грчкиот премиер ги упати од Солун, беше и како што рече, трите „не“, односно „не“ за предвремени избори, „не“ за промена на изборниот законик и „не“ за реконструкција на Владата, додека пак за енергетската криза уште еднаш посочи дека ги очекуваат европските одлуки, но Грција се стреми да се воведе плафон на цената на природниот гас. Дополнително, повтори дека Русија одбира да го инструментализира природниот гас за да предизвика дестабилизација, а изрази и поддршка за Украина, „за да може со свои услови да преговара со Русија, а не како поразена земја“, но демантираше дека Грција ќе испрати дополнителен воен материјал освен одлуката за испраќање стари оклопни возила под услов да се заменат со помодерни од Германија, нешто за кое во тек се разговори. За изјавите што доаѓаат од Турција и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека се неприфатливи, но сепак е отворен за евентуална средба со него. -Секогаш ќе се стремиме да имам отвори канали на комуникација со Турција, бидејќи јас не сум тој кој ги урна мостовите на комуникација со соседната земја, ниту пак сум тој кој рече „Ердоган јок“ за комуникација меѓу двете земји на ниво на лидери на држави и влади. Секогаш сум отворен да се сретнам со господинот Ердоган. Тој е оној кој не сака разговор со мене, објасни Мицотакис и додаде дека сепак, како што рече,  не може да го фати за врат и да го натера да се сретнат. Истакна дека не може да замисли конфликт меѓу Грција и Турција, а Турција да биде напаѓачот, но посочи дека ако некогаш се случи Анкара ќе добие соодветен одговор и многу добро ја знае подготвеноста на грчките вооружени сили. Во однос на случајот со прислушувањата во земјата, објасни дека веднаш биле започнати сите предвидени процедури, тој ја преземал одговорност со прифаќањето на оставките, коментираше дека „не е нормално да се следи политички лидер“, но и истакнувајќи дека во принцип никој не треба да биде изземен од потенцијален процес на следење, а конкретно за претседателот на ПАСОК- Движење на промена рече дека следењето било законско. Прес конференцијата која традиционално се одржува на вториот ден од Меѓународниот саем во Солун, оваа година траеше три часа, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одговори на над 50 новинарски прашања.

The post Мицотакис ја повтори поддршката за ЕУ перспективата на Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-pasok-bara-od-micotakis-da-kaze-zoshto-bil-prislushuvan/ Mon, 08 Aug 2022 19:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=538113

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.

Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“.

Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“.

– Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“.

И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис.

Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.

The post Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван appeared first on Република.

]]>

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“. Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“. – Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“. И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис. Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.

The post Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван appeared first on Република.

]]>
Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-i-micotakis-kje-ja-otvorat-intersistemska-gasna-vrska-pomegju-grcija-i-bugarija/ Fri, 08 Jul 2022 08:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=525784

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна посета на Грција, каде на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, ќе учествува на официјалната церемонија по повод завршувањето на изградбата на Интерсистемска гасна врска Грција-Бугарија (ИГБ) во областа на градот Комотини, јави дописникот на МИА од Софијa.

На церемонијата ќе присуствува и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов.

Интерконекторот е од големо значење за енергетската независност и безбедност на Бугарија. Со ИГБ Грција-Бугарија ќе ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, со што Бугарија ќе добие пристап до Јужниот гасовод и до голем број нови извори на природен гас.

Преку овој интерконектор ќе може да биде доставуван со бродови од САД и од земјите од Персискиот Залив, како и од источниот Медитеран. Капацитетот на ИГБ помеѓу Грција и Бугарија може да се зголеми на пет милијарди кубни метри. На овој начин, според голем број енергетски експерти, интерконекторот добива регионално значење за енергетската безбедност на Балканот, бидејќи преку него може да се снабдува со гас Македонија, како и Романија и Србија.

Реализацијата на проектот, почна пред речиси 12 години. 

The post Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна посета на Грција, каде на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, ќе учествува на официјалната церемонија по повод завршувањето на изградбата на Интерсистемска гасна врска Грција-Бугарија (ИГБ) во областа на градот Комотини, јави дописникот на МИА од Софијa. На церемонијата ќе присуствува и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов.
Интерконекторот е од големо значење за енергетската независност и безбедност на Бугарија. Со ИГБ Грција-Бугарија ќе ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, со што Бугарија ќе добие пристап до Јужниот гасовод и до голем број нови извори на природен гас. Преку овој интерконектор ќе може да биде доставуван со бродови од САД и од земјите од Персискиот Залив, како и од источниот Медитеран. Капацитетот на ИГБ помеѓу Грција и Бугарија може да се зголеми на пет милијарди кубни метри. На овој начин, според голем број енергетски експерти, интерконекторот добива регионално значење за енергетската безбедност на Балканот, бидејќи преку него може да се снабдува со гас Македонија, како и Романија и Србија. Реализацијата на проектот, почна пред речиси 12 години. 

The post Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/micotakis-od-amerikanskiot-kongres-za-demokratijata-da-prezivee-zapadot-treba-da-si-go-sredi-sopstveniot-dvor/ Tue, 17 May 2022 20:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=503538

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД.

Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.

Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти“, рече грчкиот премиер.

Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”.

„Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми“, рече тој.

Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството.

„Општествата треба да се реформираат“, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.

Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом пове ќепати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО.

The post Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД. Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.
Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти“, рече грчкиот премиер.
Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”.
„Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми“, рече тој.
Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството.
„Општествата треба да се реформираат“, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.
Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом пове ќепати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО.

The post Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор appeared first on Република.

]]>
Мицотакис позитивен на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-pozitiven-na-kovid-19/ Mon, 14 Mar 2022 10:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=472555

Преку видео на официјалниот Инстаграм профил, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 по рутинското тестирање со рапид тест направен утрово во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.

Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. При дневниот тест што го направив утрово во мојата канцеларија, позитивен сум, па ќе се изолирам дома и ќе работам од таму. Сакам да не заборавите дека тројната вакцинација дава најдобра можна заштита од сериозно заболување, рече Мицотакис во видеото на Инстаграм, додавајќи дека е сигурен дека сè ќе биде во ред и набргу ќе се врати во неговиот кабинет.

The post Мицотакис позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Преку видео на официјалниот Инстаграм профил, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 по рутинското тестирање со рапид тест направен утрово во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.
Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. При дневниот тест што го направив утрово во мојата канцеларија, позитивен сум, па ќе се изолирам дома и ќе работам од таму. Сакам да не заборавите дека тројната вакцинација дава најдобра можна заштита од сериозно заболување, рече Мицотакис во видеото на Инстаграм, додавајќи дека е сигурен дека сè ќе биде во ред и набргу ќе се врати во неговиот кабинет.

The post Мицотакис позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Мицотакис најави намалување за 13 отсто на данокот на сопственост на недвижнини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-najavi-namaluvanje-za-13-otsto-na-danokot-na-sopstvenost-na-nedviznini/ Wed, 02 Feb 2022 12:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=453004

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска најави „ново храбро и трајно” намалување за 13 отсто на годишниот данок на сопственост на недвижнини, одлука, која како што рече, е праведна за општеството и корисна за економијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека намалувањето значи дека Грците ќе платат 860 милиони евра помалку во споредба со 2018 година и 350 милиони евра помалку во 2022 година.

Тој додаде дека со промените осум од десет граѓани ќе плаќаат уште понизок данок, некои ќе платат ист износ, а за околу 6 отсто ќе има зголемување, со оглед на тоа дека реалната вредност на имотот во некои области е двојно или тројно зголемена.

Мицотакис рече дека новата иницијатива се заснова на конзистентната економска политика што ја следи Владата и овозможува соодветни дополнителни мерки за олеснување, но и дека станува збор за реален потег што не ги надминува буџетските граници.

Секој чекор напред мора да се прави на начин што нема да доведе до два чекори назад. Така, нашата држава остана исправена и се разви во текот на двегодишната криза. Така, ќе се справи и сега со привремените глобални турбуленции, рече грчкиот премиер.

Истакна дека поради меѓународната енергетска криза, што носи и покачувања на цените, државата продолжува да покрива дел од покачувањата на сметките за струја, паралелно воведува и намалување на даноците, се со цел да се поддржи расположливиот приход на сите домаќинства и повтори дека од 1 мај ќе се воведе и второ зголемување на минималната плата.

The post Мицотакис најави намалување за 13 отсто на данокот на сопственост на недвижнини appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска најави „ново храбро и трајно” намалување за 13 отсто на годишниот данок на сопственост на недвижнини, одлука, која како што рече, е праведна за општеството и корисна за економијата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека намалувањето значи дека Грците ќе платат 860 милиони евра помалку во споредба со 2018 година и 350 милиони евра помалку во 2022 година. Тој додаде дека со промените осум од десет граѓани ќе плаќаат уште понизок данок, некои ќе платат ист износ, а за околу 6 отсто ќе има зголемување, со оглед на тоа дека реалната вредност на имотот во некои области е двојно или тројно зголемена. Мицотакис рече дека новата иницијатива се заснова на конзистентната економска политика што ја следи Владата и овозможува соодветни дополнителни мерки за олеснување, но и дека станува збор за реален потег што не ги надминува буџетските граници.
Секој чекор напред мора да се прави на начин што нема да доведе до два чекори назад. Така, нашата држава остана исправена и се разви во текот на двегодишната криза. Така, ќе се справи и сега со привремените глобални турбуленции, рече грчкиот премиер.
Истакна дека поради меѓународната енергетска криза, што носи и покачувања на цените, државата продолжува да покрива дел од покачувањата на сметките за струја, паралелно воведува и намалување на даноците, се со цел да се поддржи расположливиот приход на сите домаќинства и повтори дека од 1 мај ќе се воведе и второ зголемување на минималната плата.

The post Мицотакис најави намалување за 13 отсто на данокот на сопственост на недвижнини appeared first on Република.

]]>
Грција воведе задолжителна вакцинација за лица над 60 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-vovede-zadolzitelna-vakcinacija-za-lica-nad-60-godini/ Mon, 17 Jan 2022 08:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=445635

Грчкиот премиер го испрати последниот повик до постарите граѓани да се вакцинираат пред месечните казни да почнат да се наметнуваат следната недела.

Нашите сограѓани постари од 60 години и сè уште невакцинирани – ги охрабрувам денес: направете го овој чекор“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во саботата за време на посетата на здравствениот центар во Мегара, во близина на Атина.

Заштитете го вашиот живот и животите на оние што ги сакате и разберете дека вакцината е безбедна и спасува животи“.

Граѓаните над 60 години ќе се казнуваат со 50 евра од понеделник и по 100 евра секој месец од февруари, доколку не се вакцинирани. Сите приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем на земјата, објавија грчките медиуми.

Оние кои имаат потврди за закрепнување од ковид и докажани медицински ослободувања нема да подлежат на казни. Луѓето вакцинирани во странство ќе можат да ги регистрираат своите вакцини преку владината веб-страница.

The post Грција воведе задолжителна вакцинација за лица над 60 години appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер го испрати последниот повик до постарите граѓани да се вакцинираат пред месечните казни да почнат да се наметнуваат следната недела.
Нашите сограѓани постари од 60 години и сè уште невакцинирани – ги охрабрувам денес: направете го овој чекор“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во саботата за време на посетата на здравствениот центар во Мегара, во близина на Атина. Заштитете го вашиот живот и животите на оние што ги сакате и разберете дека вакцината е безбедна и спасува животи“.
Граѓаните над 60 години ќе се казнуваат со 50 евра од понеделник и по 100 евра секој месец од февруари, доколку не се вакцинирани. Сите приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем на земјата, објавија грчките медиуми. Оние кои имаат потврди за закрепнување од ковид и докажани медицински ослободувања нема да подлежат на казни. Луѓето вакцинирани во странство ќе можат да ги регистрираат своите вакцини преку владината веб-страница.

The post Грција воведе задолжителна вакцинација за лица над 60 години appeared first on Република.

]]>