Мицкоски лидерска средба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mickoski-liderska-sredba/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 11:52:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мицкоски лидерска средба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mickoski-liderska-sredba/ 32 32 Мицкоски: Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат фактор на нестабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ali-ahmeti-i-dui-na-dnevna-osnova-stanuvaat-faktor-na-nestabilnost/ Tue, 12 Nov 2024 11:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=836742

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Коментирајќи го соопштението на ДУИ дека власта ги уништува сите досегашни постигнувања во државата и ако се допре законот за јазиците, сите Албанци ќе бидат на нозе, премиерот Мицкоски посочи дека тоа е дел од реториката на опозицијата која нема да може да предизвика нестабилност.

-Се навикнавме на изјавите на Али Ахмети да биде фактор на нестабилност, со воинствената реторика да повикува на немири и нестабилност, но тоа што го кажува немислам дека може да предизвика нестабилност бидејќи Албанците, но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што лично го направи тој и тие неколкумина околу него во изминатите повеќе од дваесет години додека беа власт. Претпоставувам пораката се однесува на истите оние уставни судии кои што тој во Речица и оние на Бихаќка ги поставија во Уставен Суд. Законот за употреба на јазиците е во Уставниот Суд, а ако се погледне, таму се луѓето кои излегоа во тефтерчето од Речица и на Бихаќка. Претпоставувам дека притисокот врз тие луѓе продолжува и се бара некоја преносна структура да ја пренесе пораката. Не мислам дека ова е нешто сериозно, но тој продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, истакна Мицкоски.

За претседателот на Владата неприфатлив е ставот на ДУИ дека премиерот им се заканува на опозиционерите злоупотребувајќи ја државната позиција.

-Политичките криминалци треба да се загрижени. Соопштението на ДУИ се однесува на мојата вчерашна изјава дека обвинители кога ќе треба да реализираат акција против криминалци кои што беа дел во претходните 7 години власт, тие тогаш добиваат стомачен вирус, температура, настинка...Поентата е работата да се заврши во истиот ден. Претпоставувам затоа се вознемирени бидејќи тие се навикнати на обвинителите да им седат на глава. Вознемирени се и нормално е што упатуваат такви пораки. Инаку јас никому не се заканувам, бидејќи тоа не е дел од мојот карактер и се што правам, правам без закани, нагласи Мицкоски

The post Мицкоски: Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат фактор на нестабилност appeared first on Република.

]]>

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Коментирајќи го соопштението на ДУИ дека власта ги уништува сите досегашни постигнувања во државата и ако се допре законот за јазиците, сите Албанци ќе бидат на нозе, премиерот Мицкоски посочи дека тоа е дел од реториката на опозицијата која нема да може да предизвика нестабилност.
-Се навикнавме на изјавите на Али Ахмети да биде фактор на нестабилност, со воинствената реторика да повикува на немири и нестабилност, но тоа што го кажува немислам дека може да предизвика нестабилност бидејќи Албанците, но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што лично го направи тој и тие неколкумина околу него во изминатите повеќе од дваесет години додека беа власт. Претпоставувам пораката се однесува на истите оние уставни судии кои што тој во Речица и оние на Бихаќка ги поставија во Уставен Суд. Законот за употреба на јазиците е во Уставниот Суд, а ако се погледне, таму се луѓето кои излегоа во тефтерчето од Речица и на Бихаќка. Претпоставувам дека притисокот врз тие луѓе продолжува и се бара некоја преносна структура да ја пренесе пораката. Не мислам дека ова е нешто сериозно, но тој продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, истакна Мицкоски.
За претседателот на Владата неприфатлив е ставот на ДУИ дека премиерот им се заканува на опозиционерите злоупотребувајќи ја државната позиција.
-Политичките криминалци треба да се загрижени. Соопштението на ДУИ се однесува на мојата вчерашна изјава дека обвинители кога ќе треба да реализираат акција против криминалци кои што беа дел во претходните 7 години власт, тие тогаш добиваат стомачен вирус, температура, настинка...Поентата е работата да се заврши во истиот ден. Претпоставувам затоа се вознемирени бидејќи тие се навикнати на обвинителите да им седат на глава. Вознемирени се и нормално е што упатуваат такви пораки. Инаку јас никому не се заканувам, бидејќи тоа не е дел од мојот карактер и се што правам, правам без закани, нагласи Мицкоски

The post Мицкоски: Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат фактор на нестабилност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-istorijata-treba-da-zblizhuva-a-ne-da-razedinuva/ Wed, 23 Oct 2024 11:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=830167

Пред малку кажав целите на организацијата биле- Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има. И пред се тоа е завет кој обврзува.
Јас сакам денес да говорам токму за тоа, за акцијата која ние потребна и за планомерноста која мора да ја имаме, рече во говорот Христијан Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/

Но, најпрво сакам да истакнам дека голем дел од патот кој го минуваме заедно ме потсеќа на патот кој гоминувале и тие. Кога ќе помислам на патот кој го поминавме заедно јас сум полн со благодарност, вашата енергија е инспиративна и јас благодарен на сите кои се со мене и оваа генерација кои со својата храброст и постојаност мотивирате и ме правите да сум понизен во секој чекор, при секоја одлука, свесен дека се што почнува и завршува, а најважна е нашата жртва што сме спремни да ја дадеме пред нашиот народ, без разлика на вера, нација, политичка припадност или политичка неприпадност.

Патот кој ме доведе до овде до ова место до кое сум денеска, премиер на државата беше полн со предизвици, тоа е трнливиот пат на македонската политика во многу нешта не толку различен од она што се случувало во минатото во организацијата, чие основање го славиме денеска како државен празник.

Веројатно тогаш методите биле поразлични, препреките сигурно посурови, но суштината на предизвиците идентична. Подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е буквално иста.

Историјата треба да зближува, а не да разединува-рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/todor-aleksandrov-e-eden-od-najmoknite-i-najvlijatelnite-lideri-na-vmro/

И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар. Затоа што вмро е и нивна историја, во вмро и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припадност.

The post Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува appeared first on Република.

]]>

Пред малку кажав целите на организацијата биле- Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има. И пред се тоа е завет кој обврзува. Јас сакам денес да говорам токму за тоа, за акцијата која ние потребна и за планомерноста која мора да ја имаме, рече во говорот Христијан Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/
Но, најпрво сакам да истакнам дека голем дел од патот кој го минуваме заедно ме потсеќа на патот кој гоминувале и тие. Кога ќе помислам на патот кој го поминавме заедно јас сум полн со благодарност, вашата енергија е инспиративна и јас благодарен на сите кои се со мене и оваа генерација кои со својата храброст и постојаност мотивирате и ме правите да сум понизен во секој чекор, при секоја одлука, свесен дека се што почнува и завршува, а најважна е нашата жртва што сме спремни да ја дадеме пред нашиот народ, без разлика на вера, нација, политичка припадност или политичка неприпадност.
Патот кој ме доведе до овде до ова место до кое сум денеска, премиер на државата беше полн со предизвици, тоа е трнливиот пат на македонската политика во многу нешта не толку различен од она што се случувало во минатото во организацијата, чие основање го славиме денеска како државен празник. Веројатно тогаш методите биле поразлични, препреките сигурно посурови, но суштината на предизвиците идентична. Подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е буквално иста.
Историјата треба да зближува, а не да разединува-рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/todor-aleksandrov-e-eden-od-najmoknite-i-najvlijatelnite-lideri-na-vmro/ И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар. Затоа што вмро е и нивна историја, во вмро и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припадност.

The post Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не треба да има технички премиер од ДУИ, подготвен сум да се избрише постоење на техничка влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-treba-da-ima-tehnichki-premier-od-dui-podgotven-sum-da-se-izbrishe-postoene-na-tehnichka-vlada/ Thu, 23 Nov 2023 18:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=715635

Ако ме прашувате мене како политичар и како човек кој ја води најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не гледам потреба повеќе од техничка влада, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

Претседателот Мицкоски рече дека за него понижувачки е ДУИ која е во епицентарот на криминални и коруптивни скандали да номинира премиер, како и дека земја која пледира да биде членка на Европската унија мора да покаже одговорност и зрелост.

Прво за мене е понижувачки како граѓанин и како политичар партијата која што во последно време е во центар на скандалите а тоа е ДУИ да номинира премиер. Не гледам каков квалитет тој премиер може да донесе и каква додадена вредност. Второ ценам дека земја која што пледира да биде дел од ЕУ мора да покаже и малку одговорност и зрелост. Ние треба да покажеме дека сме зрели, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека треба со партиите од власта и останатите парламентарни партии да седнат и да се договорат за бришење на техничката влада, и не само на овие избори туку и на сите следни избори, укажувајќи дека во техничката влада има повеќе опструкции, отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот.

Можеби делува чудно како сега како тоа јас од позиција на опозиција во очи на избори го говорам. Но, верувајте јас ова го говорам најискрено и ценам дека треба заедно со политичките партии од власта и со останатите парламентарни партии да интервенираме во Изборниот законик и да го избришеме оној дел од техничката влада, и практично од овој момент па натаму да имаме влада со политички легитимитет. Не само на овие избори, туку и на сите наредни избори и тоа е влада која што ќе може со политички легитимитет да ги води процесите, бидејќи ќе повторам во техничката влада има повеќе опструкции, отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот. А од друга страна понижувачки за мене е да гледам како партија во парламентот која што е очигледно во последно време во епицентарот на многу криминални и коруптивни скандали да номинира прв човек на таа позиција, нагласи Мицкоски.

На прашањето дали тој е подготвен да со измените на Изборниот законик кои ќе следат да прифати и промени на Законот за влада, Мицкоски рече:

Да, подготвени сме.

The post Мицкоски: Не треба да има технички премиер од ДУИ, подготвен сум да се избрише постоење на техничка влада appeared first on Република.

]]>

Ако ме прашувате мене како политичар и како човек кој ја води најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не гледам потреба повеќе од техничка влада, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија. Претседателот Мицкоски рече дека за него понижувачки е ДУИ која е во епицентарот на криминални и коруптивни скандали да номинира премиер, како и дека земја која пледира да биде членка на Европската унија мора да покаже одговорност и зрелост. Прво за мене е понижувачки како граѓанин и како политичар партијата која што во последно време е во центар на скандалите а тоа е ДУИ да номинира премиер. Не гледам каков квалитет тој премиер може да донесе и каква додадена вредност. Второ ценам дека земја која што пледира да биде дел од ЕУ мора да покаже и малку одговорност и зрелост. Ние треба да покажеме дека сме зрели, потенцираше Мицкоски. Мицкоски истакна дека треба со партиите од власта и останатите парламентарни партии да седнат и да се договорат за бришење на техничката влада, и не само на овие избори туку и на сите следни избори, укажувајќи дека во техничката влада има повеќе опструкции, отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот.
Можеби делува чудно како сега како тоа јас од позиција на опозиција во очи на избори го говорам. Но, верувајте јас ова го говорам најискрено и ценам дека треба заедно со политичките партии од власта и со останатите парламентарни партии да интервенираме во Изборниот законик и да го избришеме оној дел од техничката влада, и практично од овој момент па натаму да имаме влада со политички легитимитет. Не само на овие избори, туку и на сите наредни избори и тоа е влада која што ќе може со политички легитимитет да ги води процесите, бидејќи ќе повторам во техничката влада има повеќе опструкции, отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот. А од друга страна понижувачки за мене е да гледам како партија во парламентот која што е очигледно во последно време во епицентарот на многу криминални и коруптивни скандали да номинира прв човек на таа позиција, нагласи Мицкоски.
На прашањето дали тој е подготвен да со измените на Изборниот законик кои ќе следат да прифати и промени на Законот за влада, Мицкоски рече: Да, подготвени сме.

The post Мицкоски: Не треба да има технички премиер од ДУИ, подготвен сум да се избрише постоење на техничка влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Подготвен сум секаде да го бранам нашиот став – промена на Устав нема да има без јасни гаранции за нашата ЕУ иднина затоа ќе одам на лидерска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-sekade-da-go-branam-nashiot-stav-promena-na-ustav-nema-da-ima-bez-jasni-garancii-za-nashata-eu-idnina-zatoa-kje-odam-na-liderska/ Sat, 05 Nov 2022 11:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=569981

Овие денови е актуелно прашањето за лидерската средба. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе отиде и што ќе прави? Прво да кажам дека намерите на власта за лидерската средба се јасни. Тие очекуваат јас да одбијам присуство на таква средба затоа што ќе се разговарало за европски интеграции. Веднаш по ваквиот чин ќе следи напад дека ВМРО-ДПМНЕ било антиевропско и дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирано затоа што сите партии со албански предзнак ќе присуствуваат на средбата. Се гледа од месечината што им е целта“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски при своето обраќање на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина".

Мицкоски додаде дека доколку ВМРО-ДПМНЕ присуствува, тогаш инсталациите и мегафоните на власта веднаш ќе раскажат „аха значи Мицкоски е подготвен за уставните измени“. Тоа е нештото што Ковачевски го нарекува план, а што и друго да се очекува.

Сметам дека правењето театар за јавноста во еден таков гломазен состав, што го нарекуваат лидерска средба, нема да ги донесе решенијата на проблемите кои се аларамантно потребни за народот. Народот од нас очекува да зборуваме за инфлацијата, за енергетската криза, за зголемената сиромаштија, за затворените рудници и фабрики, за нискиот стандард. Ова се темите за кои мора алармантно да се бараат решение, а не за уставни измени или една генерална тема без никакви појаснувања -  интеграции. Поскапувањата, енергетиката и сиромаштијата се дијагнозата на колективната болест која го мачи општеството, чиј лек, единствен лек се предвремени парламентарни избори“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и да, еве објавувам, дека ќе присуствувам на таква средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се предвремени парламентарни избори. А, што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема затоа што уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија“, нагласи тој.

Мицкоски посочи дека тој е човек кој што не прифаќа уцени, и ниту нешто договара зад завеса.

На сите оние инсталации и мегафони на власта кои веруваат во теорија на заговори, да им е јасно дека без повторувам јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Подготвен сум секаде да го бранам нашиот став – промена на Устав нема да има без јасни гаранции за нашата ЕУ иднина затоа ќе одам на лидерска appeared first on Република.