Мицевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/micevski/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 18:57:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мицевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/micevski/ 32 32 Мицевски: Граѓаните ќе може да гласаат со стари лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-graganite-ke-mozhe-da-glasaat-so-stari-lichni-dokumenti/ Thu, 07 Mar 2024 17:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=752369

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик.

Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Според него, ова е последица на хаосот кој што зад себе, како што рече, го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата.

„Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите.

Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори“, прецизира Мицевски.

Со овие измени, како што оценува, покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

Мицевски нагласи дека во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

The post Мицевски: Граѓаните ќе може да гласаат со стари лични документи appeared first on Република.

]]>

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик. Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Според него, ова е последица на хаосот кој што зад себе, како што рече, го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата. „Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите. Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори“, прецизира Мицевски. Со овие измени, како што оценува, покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Мицевски нагласи дека во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

The post Мицевски: Граѓаните ќе може да гласаат со стари лични документи appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-problemot-so-ispraznetoto-mesto-vo-dik-ke-se-nadmine-eden-od-kandidatite-gi-povlekol-dokumentite/ Wed, 14 Feb 2024 11:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=744025

Со повлекувањето на еден од кандидатите за член на Државната изборна комисија (ДИК), отворени се можностите Комисијата за прашања на изборите и именувањата да го избере седмиот член на ДИК, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој присуствуваше на отварање на реновираното подрачно училиште ООУ „Страшо Пинџур“ во село Таринци во Општина Карбинци. Со ова, како што вели, се надминува проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија, а кое треба да го пополни член на албанската опозиција.

-Она што е добро и што сакам да го спомнам денес е дека информациите коишто ги имаме дека проблемот што постоеше во Комисијата за избор и именување, односно со неповлекувањето на двата члена за пополнување на едното испразнето место за албанската опозиција, еден од кандидатите ги повлекол документите. Така што, отворени се можностите на Комисија да донесе одлука и да испратиме до пленарна седница, значи материјал врз основа на којшто еден од кандидатите, мислам дека се викаше Абдуш Демири ќе биде кандидат за пополнување на местото во Државна изборна комисија, вели Мицевски.

Посочи дека изборот на член на ДИК се прави со двотретинско мнозинство и како што рече, очекува во рокот којшто го имаат да го изберат новиот член на ДИК и да се пополни седмото испразнето место во оваа институција надлежна за организирање и спроведување на изборите.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ истакна дека очекува попладне околу 17 часот, претседателот на СобраниетоЈован Митрески да ги распише изборите и да почнат да течат роковите. Прашан дали во неговата партија веќе се знаат кандидатите за пратеници и носителите на листите за пратеници во изборните единици, Мицевски одговори дека во тек се внатрепартиските консултации и анкети со граѓаните.

-Дадени се имињата од секој Општински комитет, потенцијални кандидати за носители на листи и за пратеници. Очекувам дека структурите, односно органите на партијата по завршување на сите тие испитувања на јавното мислење ќе излезат со предлог до Централниот и Извршниот комитет, изјави  Мицевски.

The post Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите appeared first on Република.

]]>

Со повлекувањето на еден од кандидатите за член на Државната изборна комисија (ДИК), отворени се можностите Комисијата за прашања на изборите и именувањата да го избере седмиот член на ДИК, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој присуствуваше на отварање на реновираното подрачно училиште ООУ „Страшо Пинџур“ во село Таринци во Општина Карбинци. Со ова, како што вели, се надминува проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија, а кое треба да го пополни член на албанската опозиција. -Она што е добро и што сакам да го спомнам денес е дека информациите коишто ги имаме дека проблемот што постоеше во Комисијата за избор и именување, односно со неповлекувањето на двата члена за пополнување на едното испразнето место за албанската опозиција, еден од кандидатите ги повлекол документите. Така што, отворени се можностите на Комисија да донесе одлука и да испратиме до пленарна седница, значи материјал врз основа на којшто еден од кандидатите, мислам дека се викаше Абдуш Демири ќе биде кандидат за пополнување на местото во Државна изборна комисија, вели Мицевски. Посочи дека изборот на член на ДИК се прави со двотретинско мнозинство и како што рече, очекува во рокот којшто го имаат да го изберат новиот член на ДИК и да се пополни седмото испразнето место во оваа институција надлежна за организирање и спроведување на изборите. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ истакна дека очекува попладне околу 17 часот, претседателот на СобраниетоЈован Митрески да ги распише изборите и да почнат да течат роковите. Прашан дали во неговата партија веќе се знаат кандидатите за пратеници и носителите на листите за пратеници во изборните единици, Мицевски одговори дека во тек се внатрепартиските консултации и анкети со граѓаните. -Дадени се имињата од секој Општински комитет, потенцијални кандидати за носители на листи и за пратеници. Очекувам дека структурите, односно органите на партијата по завршување на сите тие испитувања на јавното мислење ќе излезат со предлог до Централниот и Извршниот комитет, изјави  Мицевски.

The post Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vo-sobranieto-nema-80-pratenitsi-a-nadvor-od-sobranieto-nad-80-od-narodot-se-protivi-na-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/ Fri, 18 Aug 2023 13:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=673457

После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа, според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот.

Денес се соочија со суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна.

Она што владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати.

Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не.

Во целиот процес кој го правеше власта исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестија дека грешат, се појави ароганција и игнорирање од нивна страна.

Концесиите кои ги давале и ветувале за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковците и дедовците.

Изворот на проблемот датира од 2017 година кога потпишуваа договор со Бугарија кој наместо пријателство, донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците, и сега ги предупредуваме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават.

Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледност државата во ќорсокак.

Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат.

Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени и се удрија од ѕид, туку затоа што ја упропастија државата.

Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија.

Оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот. Оваа власт е апатија која ги брка граѓаните, оваа власт е проблемот, а решението на тоа се избори час поскоро и промена на власта.

Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.

The post Мицевски: Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>

После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа, според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот.
Денес се соочија со суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна. Она што владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати. Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не. Во целиот процес кој го правеше власта исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестија дека грешат, се појави ароганција и игнорирање од нивна страна. Концесиите кои ги давале и ветувале за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковците и дедовците. Изворот на проблемот датира од 2017 година кога потпишуваа договор со Бугарија кој наместо пријателство, донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците, и сега ги предупредуваме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават. Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледност државата во ќорсокак. Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат. Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени и се удрија од ѕид, туку затоа што ја упропастија државата. Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија. Оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот. Оваа власт е апатија која ги брка граѓаните, оваа власт е проблемот, а решението на тоа се избори час поскоро и промена на власта. Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.

The post Мицевски: Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Дозволете ни да гласаме, да знаеме на што сме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-dozvolete-ni-da-glasame-da-znaeme-na-shto-sme/ Fri, 18 Aug 2023 12:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=673434

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески, кој не зборуваше во расправата за уставните измени, но бараше процедурално обраќање, го повика претседателот на Собранието Талат Џафери, по „европскиот тек на расправата“ да дозволи демократски епилог – односно да не ја затвора седницата без да се гласа за предлогот.

Според Мицевски, Македонија треба да покаже дека го заслужува членството во Европската унија , па порача – тука сме, во сала сме, дозволете ни да се изјасниме, тоа е демократија.

За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не не обвините дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме, согласно нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето, кажа тој.

Тој посочи дека не треба Џафери да си даде право самиот да реши  да се прекине седницата туку треба да ги праша за тоа и пратениците, бидејќи во спротивно тоа ќе биде непочитување на деловникот.

The post Мицевски: Дозволете ни да гласаме, да знаеме на што сме! appeared first on Република.

]]>

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески, кој не зборуваше во расправата за уставните измени, но бараше процедурално обраќање, го повика претседателот на Собранието Талат Џафери, по „европскиот тек на расправата“ да дозволи демократски епилог – односно да не ја затвора седницата без да се гласа за предлогот. Според Мицевски, Македонија треба да покаже дека го заслужува членството во Европската унија , па порача – тука сме, во сала сме, дозволете ни да се изјасниме, тоа е демократија.
За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не не обвините дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме, согласно нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето, кажа тој.
Тој посочи дека не треба Џафери да си даде право самиот да реши  да се прекине седницата туку треба да ги праша за тоа и пратениците, бидејќи во спротивно тоа ќе биде непочитување на деловникот.

The post Мицевски: Дозволете ни да гласаме, да знаеме на што сме! appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ нема преговори за уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vo-ovoj-mandaten-sostav-na-vmro-dpmne-nema-pregovori-za-ustavnite-izmeni/ Mon, 15 May 2023 18:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=641148

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вечерва истакна дека во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ нема преговори за уставните измени.

-Апсолутно нема преговори и во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа впрочем кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту има мандат, ниту сака, ниту ќе преговара за промена на Устав под диктат на Бугарија, нагласи Мицевски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Тој истакна дека потребно е да се разговара околу владеење на правото и справување со корупцијата и криминалот.

-Тоа е тема за која што ние исто така треба да разговараме и во нашата држава, затоа што владеењето на правото и корупцијата се нешто за кое што не мора некој од надвор да нѐ уверува дека се случува, бидејќи знаеме и ние. Мерењето на јавното мислење укажува дека злоупотребата на владеење на правото, високата корупција излегува од редовите на власта. И тоа сите добро го знаеме. Да, треба да поработиме сите заедно, меѓутоа треба да поработи посебно владејачкото мнозинство и да ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека Владата на СДСМ и ДУИ се генератор на високата корупција во државата. И ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека на тој европски пат треба сите заедно да поработиме затоа што злоупотребата на европското знаменце и прекршување на обврските кои што ги имаме како држава во Спогодбата за стабилизација и асоцијација утре може да не блокира било која земја членка при евроинтеграции, нагласи Мицевски.

Во однос на функционирањето на Собранието, Мицевски вели дека најголема одговорност за тоа што се случува во законодавниот дом има кај власта и како што посочи, одговорна власт кога не може да одржи функционалност, треба да оди на избори.

- Ако ја погледнете како се движи оваа влада од почетокот на овој мандат, ќе  видите дека 80% од носителите на листи на СДСМ веќе не се во политика, ќе видите дека програмата која  поднесоа не содејствува со ова што се случува, дека коалиционите партнери кои направија тенко мнозинство не се истите. Сменети се улогите за задржување на гола власт. Одговорна власт кога ќе види дека не функционира Собрание оди на избори, свесни дека немаат поддршка, остануваат со наратив за европски фронт, а од друга страна имаме класична злоупотреба и спинување, изјави Мицевски.

The post Мицевски: Во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ нема преговори за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вечерва истакна дека во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ нема преговори за уставните измени. -Апсолутно нема преговори и во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа впрочем кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту има мандат, ниту сака, ниту ќе преговара за промена на Устав под диктат на Бугарија, нагласи Мицевски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Тој истакна дека потребно е да се разговара околу владеење на правото и справување со корупцијата и криминалот. -Тоа е тема за која што ние исто така треба да разговараме и во нашата држава, затоа што владеењето на правото и корупцијата се нешто за кое што не мора некој од надвор да нѐ уверува дека се случува, бидејќи знаеме и ние. Мерењето на јавното мислење укажува дека злоупотребата на владеење на правото, високата корупција излегува од редовите на власта. И тоа сите добро го знаеме. Да, треба да поработиме сите заедно, меѓутоа треба да поработи посебно владејачкото мнозинство и да ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека Владата на СДСМ и ДУИ се генератор на високата корупција во државата. И ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека на тој европски пат треба сите заедно да поработиме затоа што злоупотребата на европското знаменце и прекршување на обврските кои што ги имаме како држава во Спогодбата за стабилизација и асоцијација утре може да не блокира било која земја членка при евроинтеграции, нагласи Мицевски. Во однос на функционирањето на Собранието, Мицевски вели дека најголема одговорност за тоа што се случува во законодавниот дом има кај власта и како што посочи, одговорна власт кога не може да одржи функционалност, треба да оди на избори. - Ако ја погледнете како се движи оваа влада од почетокот на овој мандат, ќе  видите дека 80% од носителите на листи на СДСМ веќе не се во политика, ќе видите дека програмата која  поднесоа не содејствува со ова што се случува, дека коалиционите партнери кои направија тенко мнозинство не се истите. Сменети се улогите за задржување на гола власт. Одговорна власт кога ќе види дека не функционира Собрание оди на избори, свесни дека немаат поддршка, остануваат со наратив за европски фронт, а од друга страна имаме класична злоупотреба и спинување, изјави Мицевски.

The post Мицевски: Во овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ нема преговори за уставните измени appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-antidatirane-na-dokumenti-e-krivichno-delo/ Sat, 11 Feb 2023 16:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=607813

Антидатирање на документи е кривично дело, кое што владата на Ковачевски во ситуација на брзање ги прави, за спас на своите фотелји, бизниси, тендери и кариерата на Артан Груби, пишува на Фејсбук, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Посочува дека во спортот ова се вика „грешка во чекори“.

-Но да одиме по ред.

– Во текот на вчерашниот ден од владата информираа дека составот на Владата е договорен и испратен до Собрание (тоа беше единствената лиферувана вест, која ја објавија сите медиуми).

– Утрово од Владата информираа дека е пуштен предлог составот на Влада до Собрание со нивите предлози.

– Но потоа следуваа прашањата од новинари и колегата А. Милошоски, дали досегашните министри си дале оставка или се разрешени?

Е од тука трга заплетот во двете институции!

Имено пред само еден час ни се испрати материјал на е-парламент, за предлог состав на нова влада , т.е. разрешување на министри и заменици министри и за чудо документот од премиерот Ковачевски е со датум 10ти т.е од вчера!

Па прашањето ми е следно:

-Дали Владата или секторот за односи со јавност во Влада во текот на вчерашниот ден, половично ја информирала јавноста и медиумите или некој денес наогајќи се во „офсајд позиција“ направи класична „грешка во чекори“ и мораше да антидатира документи?

Како и да е, заклучокот е следен.

Криво насадено дрво-криво и ќе расте.

Хаотичниот обид за спас на Владата на СДСМ и кариери на „испеани“ политичари, е еден од последните непринципиелни маневри на оваа антинародна власт.

Народот ви го виде умот и ви ја зеде мерката, а резултатот ќе ви го испорача за многу брзо време.

А со резултатот доаѓа и одговорноста.

Одговорноста и за „антидатирањето“ и за криминалот , за сите антидржавни чекори и за сите штети и погрешни политики со кој го лажете и манипулирате на овој напатен и мирен Македонски народ, пишува Мицевски.

The post Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело appeared first on Република.

]]>

Антидатирање на документи е кривично дело, кое што владата на Ковачевски во ситуација на брзање ги прави, за спас на своите фотелји, бизниси, тендери и кариерата на Артан Груби, пишува на Фејсбук, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Посочува дека во спортот ова се вика „грешка во чекори“. -Но да одиме по ред. – Во текот на вчерашниот ден од владата информираа дека составот на Владата е договорен и испратен до Собрание (тоа беше единствената лиферувана вест, која ја објавија сите медиуми). – Утрово од Владата информираа дека е пуштен предлог составот на Влада до Собрание со нивите предлози. – Но потоа следуваа прашањата од новинари и колегата А. Милошоски, дали досегашните министри си дале оставка или се разрешени? Е од тука трга заплетот во двете институции! Имено пред само еден час ни се испрати материјал на е-парламент, за предлог состав на нова влада , т.е. разрешување на министри и заменици министри и за чудо документот од премиерот Ковачевски е со датум 10ти т.е од вчера! Па прашањето ми е следно: -Дали Владата или секторот за односи со јавност во Влада во текот на вчерашниот ден, половично ја информирала јавноста и медиумите или некој денес наогајќи се во „офсајд позиција“ направи класична „грешка во чекори“ и мораше да антидатира документи? Како и да е, заклучокот е следен. Криво насадено дрво-криво и ќе расте. Хаотичниот обид за спас на Владата на СДСМ и кариери на „испеани“ политичари, е еден од последните непринципиелни маневри на оваа антинародна власт. Народот ви го виде умот и ви ја зеде мерката, а резултатот ќе ви го испорача за многу брзо време. А со резултатот доаѓа и одговорноста. Одговорноста и за „антидатирањето“ и за криминалот , за сите антидржавни чекори и за сите штети и погрешни политики со кој го лажете и манипулирате на овој напатен и мирен Македонски народ, пишува Мицевски.

The post Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-nosenje-na-nov-delovnik-bez-vmro-dpmne-ne-e-kredibilen-proces/ Tue, 08 Nov 2022 09:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=571311

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и претставници на пратеничката група на партијата нема да присуствуваат на денешнара средба на Работната група на Жан Моне процесот поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајмингот за одржување на состанокот и поради претходно закажани обврски. Мицевски за МИА изјави дека процес на носење нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес.

Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, истакна Мицевски.

Пратениците од опозициската партија, според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието ќе го почитуваат и постоечкиот Деловник што, за жал, не се случува.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието. Процесот започна пред неколку години со посредство на европратеници.

The post Мицевски: Носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и претставници на пратеничката група на партијата нема да присуствуваат на денешнара средба на Работната група на Жан Моне процесот поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајмингот за одржување на состанокот и поради претходно закажани обврски. Мицевски за МИА изјави дека процес на носење нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес.
Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, истакна Мицевски.
Пратениците од опозициската партија, според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието ќе го почитуваат и постоечкиот Деловник што, за жал, не се случува. Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието. Процесот започна пред неколку години со посредство на европратеници.

The post Мицевски: Носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Џафери не е способен да го менаџира Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-dzaferi-ne-e-sposoben-da-go-menadzira-sobranieto/ Wed, 08 Jun 2022 09:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=512568

Ароганцијата, суетата и инаетот на Талат Џафери повторно доведе до тензична атмосфера и непродуктивност на Собранието на Република Македонија, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието работеше до 3 часот по полноќ, но очигледно залудно. Се потроши драгоцено време кое наместо да се употреби за гласање и носење на законски решенија за излез од оваа беда и хаос во која што се наоѓа Република Македонија, Талат Џафери го потроши само за да ја задоволи сопствената суета.

Од друга страна, македонската јавност можеше да забележи дека додека пратениците на ДУИ и СДСМ не беа на работа и не беа присутни во Собранието, Талат Џафери упорно се обидуваше да демонстира доминација и самоволие, кои за среќа завршија неуспешно бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа истрајни во својата намера и не му дозволија на Талат Џафери да успее во својата намера.

Имено, до доцна во ноќта се дискутираше за точката од дневниот ред на 73-тата седница односно за испраќање на припадници на АРМ на мисија во Босна и Херцеговина, но сепак оваа точка не се изгласа. Потоа Џафери ја отвори втората точка од дневниот ред и по само четири дискутанти, инаетот на Талат Џафери не издржа и тој ја прекина седницата во 3 часот по полноќ.

Како што може да се заблежи од собранискиот сајт, ова е 10-та седница со отворена точка и прекината седница на средина на дискусијата. Тоа е недозволиво однесување на претседател на Собрание и приватизирање на законодавниот дом од страна на Талат Џафери. Очигледно, Џафери не е во состојба и не е способен да води седници и да ја менаџира работата на Собранието согласно Деловникот.

Во услови кога граѓаните мака мачат со ценовните шокови и екстремното покачување на цените на речиси сите производи и услуги од секојдневниот живот, Талат Џафери води инает и воопшто нема слух за барањата на опозицијата и на граѓаните. Наместо Собранието да работи по законите предложени од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата за намалување на ДДВ-то на основните производи на 0% до крајот на годинава, наместо да работи по законите за намалување на акцизите на горивата, Талат Џафери и мнозинството се занимаваат со точки кои не се приоритет и кои воопшто не се гласаа.

Македонските граѓани не го заслужуваат ова изживување и оваа тотална негрижа од страна на актуелната власт. Граѓаните секојдневно ги трпат ударите и гледаат како власта ги игнорира проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат тие. Очигледно, ова не е подобриот живот кој што толку го ветуваа. Ова не е живот за граѓаните, ова е само преживување и крпење ден за ден.

The post Мицевски: Џафери не е способен да го менаџира Собранието appeared first on Република.

]]>

Ароганцијата, суетата и инаетот на Талат Џафери повторно доведе до тензична атмосфера и непродуктивност на Собранието на Република Македонија, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието работеше до 3 часот по полноќ, но очигледно залудно. Се потроши драгоцено време кое наместо да се употреби за гласање и носење на законски решенија за излез од оваа беда и хаос во која што се наоѓа Република Македонија, Талат Џафери го потроши само за да ја задоволи сопствената суета. Од друга страна, македонската јавност можеше да забележи дека додека пратениците на ДУИ и СДСМ не беа на работа и не беа присутни во Собранието, Талат Џафери упорно се обидуваше да демонстира доминација и самоволие, кои за среќа завршија неуспешно бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа истрајни во својата намера и не му дозволија на Талат Џафери да успее во својата намера. Имено, до доцна во ноќта се дискутираше за точката од дневниот ред на 73-тата седница односно за испраќање на припадници на АРМ на мисија во Босна и Херцеговина, но сепак оваа точка не се изгласа. Потоа Џафери ја отвори втората точка од дневниот ред и по само четири дискутанти, инаетот на Талат Џафери не издржа и тој ја прекина седницата во 3 часот по полноќ. Како што може да се заблежи од собранискиот сајт, ова е 10-та седница со отворена точка и прекината седница на средина на дискусијата. Тоа е недозволиво однесување на претседател на Собрание и приватизирање на законодавниот дом од страна на Талат Џафери. Очигледно, Џафери не е во состојба и не е способен да води седници и да ја менаџира работата на Собранието согласно Деловникот. Во услови кога граѓаните мака мачат со ценовните шокови и екстремното покачување на цените на речиси сите производи и услуги од секојдневниот живот, Талат Џафери води инает и воопшто нема слух за барањата на опозицијата и на граѓаните. Наместо Собранието да работи по законите предложени од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата за намалување на ДДВ-то на основните производи на 0% до крајот на годинава, наместо да работи по законите за намалување на акцизите на горивата, Талат Џафери и мнозинството се занимаваат со точки кои не се приоритет и кои воопшто не се гласаа. Македонските граѓани не го заслужуваат ова изживување и оваа тотална негрижа од страна на актуелната власт. Граѓаните секојдневно ги трпат ударите и гледаат како власта ги игнорира проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат тие. Очигледно, ова не е подобриот живот кој што толку го ветуваа. Ова не е живот за граѓаните, ова е само преживување и крпење ден за ден.

The post Мицевски: Џафери не е способен да го менаџира Собранието appeared first on Република.

]]>
Мицевски: СДСМ ја прекина седницата за гласање на заемот за општините од Светска банка, ги излажаа граѓаните и нанесоа штета на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-sdsm-ja-prekina-sednicata-za-glasanje-na-zaemot-za-opshtinite-od-svetska-banka-gi-izlazaa-gragjanite-i-nanesoa-shteta-na-opshtinite/ Mon, 30 May 2022 16:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=508898

Да му одговорам на заменик координаторот зошто не знам дали се слушате вие кажувате да се откажат 20 пратеници од дискусии. Па ајде ако не заклученете пак овде па додека не се откажеме не не отклучувајте, му порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Муцевски на денешната собраниска седница на заменик координаторот на владејачкото мозинство Диме Велков.

Мицевски потенцираше дека собранискиот спикер претходно ги заклучил во собранието, а сега заменик координаторот бара од пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од дискусија, укажувајќи дека пратениците од СДСМ ја прекинале седницата за фотоволтаиците лажејќи ги граѓаните дека ќе гласаат за таа точка од дневниот ред.

Дали сте свесни вие во која фаза одите? Едниот не заклучува, а другиот и вика на опозицијата да се откаже од дискусии. Тоа може да го кажете на вашите пратеници, тие да не зборуваат, а не опозицијата дали ќе зборува или нема да зборува за ова и другото законско решение.

Пред два часа вашиот координатор зборуваше цитирам: веќе ви кажав ќе го поддржиме тој закон, еве и сега ви кажувам ќе го поддржиме законот за градоначалниците зашто што граѓаните треба да добијат тоа што предвидува законот и задолжувањето, рече координаторот на СДСМ, сега ќе излезете и ќе им кажете на граѓаните дека не го поддржавте, дека ја прекинавте седницата за задолжувањето, за фотоволтаиците, дека тоа што ги лажете дека ќе го добијат, не го добиваат, праша Мицевски.

Ајде сега извадете вест дека има ја прекинавте седницата на која што има 30 дискутанти и дека ова ќе го продолжиме некогаш понатаму како што го продолжуваме и сите други седници, имаме десет седници отворено со десет точки, вели Мицевски.

Нема редослед на работата не знаете што правите, порача Мицевски.

https://www.youtube.com/watch?v=z4XxsYDMCOo

The post Мицевски: СДСМ ја прекина седницата за гласање на заемот за општините од Светска банка, ги излажаа граѓаните и нанесоа штета на општините appeared first on Република.

]]>

Да му одговорам на заменик координаторот зошто не знам дали се слушате вие кажувате да се откажат 20 пратеници од дискусии. Па ајде ако не заклученете пак овде па додека не се откажеме не не отклучувајте, му порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Муцевски на денешната собраниска седница на заменик координаторот на владејачкото мозинство Диме Велков. Мицевски потенцираше дека собранискиот спикер претходно ги заклучил во собранието, а сега заменик координаторот бара од пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од дискусија, укажувајќи дека пратениците од СДСМ ја прекинале седницата за фотоволтаиците лажејќи ги граѓаните дека ќе гласаат за таа точка од дневниот ред. Дали сте свесни вие во која фаза одите? Едниот не заклучува, а другиот и вика на опозицијата да се откаже од дискусии. Тоа може да го кажете на вашите пратеници, тие да не зборуваат, а не опозицијата дали ќе зборува или нема да зборува за ова и другото законско решение. Пред два часа вашиот координатор зборуваше цитирам: веќе ви кажав ќе го поддржиме тој закон, еве и сега ви кажувам ќе го поддржиме законот за градоначалниците зашто што граѓаните треба да добијат тоа што предвидува законот и задолжувањето, рече координаторот на СДСМ, сега ќе излезете и ќе им кажете на граѓаните дека не го поддржавте, дека ја прекинавте седницата за задолжувањето, за фотоволтаиците, дека тоа што ги лажете дека ќе го добијат, не го добиваат, праша Мицевски. Ајде сега извадете вест дека има ја прекинавте седницата на која што има 30 дискутанти и дека ова ќе го продолжиме некогаш понатаму како што го продолжуваме и сите други седници, имаме десет седници отворено со десет точки, вели Мицевски. Нема редослед на работата не знаете што правите, порача Мицевски. https://www.youtube.com/watch?v=z4XxsYDMCOo

The post Мицевски: СДСМ ја прекина седницата за гласање на заемот за општините од Светска банка, ги излажаа граѓаните и нанесоа штета на општините appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Ни срам, ни перде, Османи вчера изјави дека имал готов документ кој „наводно бил прифатлив“ за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-ni-sram-ni-perde-osmani-vchera-izjavi-deka-imal-gotov-dokument-koj-navodno-bil-prifatliv-za-makedonija/ Fri, 15 Apr 2022 09:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=488836

Министерот за надворешни работи Бујар Османи продолжува со скандалозното однесување и ПРИВАТИЗИРАЊЕ на македонското прашање и односите со Бугарија, пишува на својот фејсбук профил координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Ни срам, ни перде, Османи вчера изјави дека имал готов документ кој „наводно бил прифатлив“ за Македонија и се чекало само одговор од Бугарија, ВНИМАВАЈТЕ, за потоа да ги известел македонските пратеници, Собранието и македонската јавност.

Антидржавно, недозволиво и срамно однесување на еден министер кој треба да се грижи и да ги застапува МАКЕДОНСКИТЕ интереси во надворешната политика.

Токму поради ова, сакам на г-динот Бујар Османи да му појаснам неколку работи кои сепак сум сигурен дека ги знае, а тоа се следните:

Г-дине Бујар Османи, содржината на документот МОРА да се достави до пратениците и Собранието за да се утврдат фактите и позициите на Македонија !

Г-дине Бујар Османи, НЕ СМЕЕШ да го заобиколиш македонското Собрание, народните избраници, како и Комисијата за надворешни работи бидејќи ти и твојата Влада, токму од Собранието го црпите легитимитетот !

Г-дине Бујар Османи, НЕ СМЕЕШ за вакво важно национално прашање да не се обидеш да изградиш консензус во македонското општество и да не ја почитуваш волјата на народот !

Дополнително, Бујар Османи мора да даде одговор пред целата македонска јавност на едно прашање, а тоа е: КОЈ ГО ВИДЕЛ И КОЈ ОД МАКЕДОНСКАТА СТРАНА ГО ПРИФАТИЛ „ДОКУМЕНТОТ“?

На крајот, сакам да им порачам и да ги потсетам сите во власта, почнувајќи од премиерот Ковачевски, министерот Османи, министерството за надворешни работи, па се’ до СДСМ и ДУИ и нивните пратеници во Собранието, дека постои ДЕКЛАРАЦИЈА едногласно донесена во Собранието, со која ги утврдивме македонските позиции и црвени линии во односите со Бугарија и од тие позиции нема мрдање и отстапување !

Г-дине Османи, на крајот на краиштата, ако веќе си ја запоседнал функцијата МАКЕДОНСКИ министер за надворешни работи, барем обиди се и почни да се однесуваш како министер и претставник на македонските интереси, а не како адвокат за застапување само на личните и туѓите интереси !

The post Мицевски: Ни срам, ни перде, Османи вчера изјави дека имал готов документ кој „наводно бил прифатлив“ за Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи продолжува со скандалозното однесување и ПРИВАТИЗИРАЊЕ на македонското прашање и односите со Бугарија, пишува на својот фејсбук профил координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Ни срам, ни перде, Османи вчера изјави дека имал готов документ кој „наводно бил прифатлив“ за Македонија и се чекало само одговор од Бугарија, ВНИМАВАЈТЕ, за потоа да ги известел македонските пратеници, Собранието и македонската јавност. Антидржавно, недозволиво и срамно однесување на еден министер кој треба да се грижи и да ги застапува МАКЕДОНСКИТЕ интереси во надворешната политика. Токму поради ова, сакам на г-динот Бујар Османи да му појаснам неколку работи кои сепак сум сигурен дека ги знае, а тоа се следните: Г-дине Бујар Османи, содржината на документот МОРА да се достави до пратениците и Собранието за да се утврдат фактите и позициите на Македонија ! Г-дине Бујар Османи, НЕ СМЕЕШ да го заобиколиш македонското Собрание, народните избраници, како и Комисијата за надворешни работи бидејќи ти и твојата Влада, токму од Собранието го црпите легитимитетот ! Г-дине Бујар Османи, НЕ СМЕЕШ за вакво важно национално прашање да не се обидеш да изградиш консензус во македонското општество и да не ја почитуваш волјата на народот ! Дополнително, Бујар Османи мора да даде одговор пред целата македонска јавност на едно прашање, а тоа е: КОЈ ГО ВИДЕЛ И КОЈ ОД МАКЕДОНСКАТА СТРАНА ГО ПРИФАТИЛ „ДОКУМЕНТОТ“? На крајот, сакам да им порачам и да ги потсетам сите во власта, почнувајќи од премиерот Ковачевски, министерот Османи, министерството за надворешни работи, па се’ до СДСМ и ДУИ и нивните пратеници во Собранието, дека постои ДЕКЛАРАЦИЈА едногласно донесена во Собранието, со која ги утврдивме македонските позиции и црвени линии во односите со Бугарија и од тие позиции нема мрдање и отстапување ! Г-дине Османи, на крајот на краиштата, ако веќе си ја запоседнал функцијата МАКЕДОНСКИ министер за надворешни работи, барем обиди се и почни да се однесуваш како министер и претставник на македонските интереси, а не како адвокат за застапување само на личните и туѓите интереси !

The post Мицевски: Ни срам, ни перде, Османи вчера изјави дека имал готов документ кој „наводно бил прифатлив“ за Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Мора да се вратиме на уставните рокови за одржување на избори во рок од 45 до 60 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-mora-da-se-vratime-na-ustavnite-rokovi-za-odrzuvanje-na-izbori-vo-rok-od-45-do-60-dena/ Wed, 26 Jan 2022 09:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=449585

Предлогот за укинување на Пржинска влада беше поднесен, на координацијата помеѓу претседателот на Собранието и сите координатори на пратенички групи го дадов на увид. Побарав да се консултираат и доколку сакаат да го потпишат тоа законско решение. Истото не беше направено во текот на понеделникот. И ние во попладневните часови тоа го поднесовме и очекуваме дека на денешната седница така и беше барањето на денешната седница која што ќе се одржи денес од 11 часот дека тоа ќе се најде како дополнет предлог на Дневниот ред“,истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во „Утрински Брифинг“.

Мицевски додаде дека не се чепка изборниот законик, ова се однесува на Влада.

Сега на начинот на кој што се прави избор 100 дена влада Пржинска, па промена на министри, па тоа усогласување повлекува повеќе од 100 дена односно можеби 120-150. Мораме тоа да го скратиме и да се вратиме во уставните рокови, односно 45 до 60 дена за одржување на избори. Ние од страна на СДСМ како најголема владејачка партија во минатото слушнавме дека е согласна да Пржинската влада го надминала времето кое што беше формирана и дека истата повеќе не ја дава функцијата за која што била формирана“, нагласи Мицевски.

The post Мицевски: Мора да се вратиме на уставните рокови за одржување на избори во рок од 45 до 60 дена appeared first on Република.

]]>

Предлогот за укинување на Пржинска влада беше поднесен, на координацијата помеѓу претседателот на Собранието и сите координатори на пратенички групи го дадов на увид. Побарав да се консултираат и доколку сакаат да го потпишат тоа законско решение. Истото не беше направено во текот на понеделникот. И ние во попладневните часови тоа го поднесовме и очекуваме дека на денешната седница така и беше барањето на денешната седница која што ќе се одржи денес од 11 часот дека тоа ќе се најде како дополнет предлог на Дневниот ред“,истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во „Утрински Брифинг“.
Мицевски додаде дека не се чепка изборниот законик, ова се однесува на Влада.
Сега на начинот на кој што се прави избор 100 дена влада Пржинска, па промена на министри, па тоа усогласување повлекува повеќе од 100 дена односно можеби 120-150. Мораме тоа да го скратиме и да се вратиме во уставните рокови, односно 45 до 60 дена за одржување на избори. Ние од страна на СДСМ како најголема владејачка партија во минатото слушнавме дека е согласна да Пржинската влада го надминала времето кое што беше формирана и дека истата повеќе не ја дава функцијата за која што била формирана“, нагласи Мицевски.

The post Мицевски: Мора да се вратиме на уставните рокови за одржување на избори во рок од 45 до 60 дена appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Изјава на Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zivo-izjava-na-nikola-micevski-koordinator-na-vmro-dpmne/ Mon, 24 Jan 2022 11:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=448706

The post Следете во живо: Изјава на Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

The post Следете во живо: Изјава на Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Кадрите кои се причина за кризите, не може да бидат излез и решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-kadrite-koi-se-prichina-za-krizite-ne-moze-da-bidat-izlez-i-reshenie/ Sat, 15 Jan 2022 13:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=444964

Ова е Влада, исто како и досегашната, која што нема кредибилитет и капацитет да ја извади Македонија од тешката ситуација во која што се наоѓа веќе подолг период, а е резултат на деструктивното и катастрофалното владеење на претходникот и учителот на Ковачевски, Зоран Заев, порача пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница на која се дискутира за изборот на новата влада, додавајќи дека голем дел од кадрите кои што се предлагаат за министри се дел од луѓето кои што ја доведоа Македонија во држава каде што цвета криминалот, корупција, држава во која што има голема финансиска, економска, здравствена, а последно и енергетска криза.

Погубните политики на СДСМ кои беа водени од луѓе и кадри кои доведоа до страшна криза во Македонија во здравството генерално, вклучувајќи ги и последиците од КОВИД 19, енергетската криза, хаосот со снабдување на Скопје со топлина, како и економската криза во државата, сега ние треба да поверуваме и да очекуваме дека овие исти луѓе ќе донесат добро за државата и граѓаните“, рече Мицевски.

Мицевски потсети и за едногласно усвоената, Декларација за утврдување на црвените линии во спорот со Бугарија.

Впрочем, да Ве потсетам дека на 29 јули 2021 година овде во Собранието на Република Македонија, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сите едногласно сите политички партии донесовме Декларација за утврдување на црвените линии во спорот со Бугарија. Се надвор од рамките на таа Декларација, ќе Ве направи соучесник во предавството кое што се подготвува, но и соучесник во непочитувањето на волјата на граѓаните кои не гласале да бидеме нивни претставници и застапници во оваа законодавно Собрание“, рече Мицевски.

Тој истакна дека, сепак, оваа Влада, исто како и претходната, од самиот старт е на стаклени нозе и нема иднина и дека оваа Влада нема легитимитет од народот бидејќи не е избрана од народот.

На сите ни е јасно дека ова е Влада составена во кабинетот на Зоран Заев и дека оваа коалиција е резултат само на политички пазар, воден од тесно партиски и бизнис интереси и ништо повеќе. На сите ни е јасно како беше формирано ова парламентарно мнозинство кое го гледаме денес и треба да ја гласа оваа Влада. Сите го видоа новиот „демократски“ начин на обезбедување на мнозинство на пратеници, преку видео изјави на непознати локации и пред бели ѕидови“, истакна Мицевски.

Тој додаде дека токму затоа, оваа Влада не може да се нарече народна Влада и таа не е гласот и волјата на народот, туку таа глас и волја на одредени ликови кои ја држат Македонија и граѓаните во заложништво само за да си ја задоволат пустата желба за власт и фотелја.

Мицевски го повика мандатарот Ковачевски да не биде слеп послушник и извршител на досегашните деструктивни политики кои што Македонија ја доведоа до ова дереџе и дека ќе работи во интерес на граѓаните и државата.

Се надевам дека нема да Ве заслепи златниот сјај на прескапиот прибор и дека доколку добиете шанса, ќе работите во интерес само на граѓаните и државата, а не во интерес на партијата, како што гордо протежираат и се фалат Вашите најблиски партиски соработници“, рече Мицевски.

The post Мицевски: Кадрите кои се причина за кризите, не може да бидат излез и решение appeared first on Република.

]]>

Ова е Влада, исто како и досегашната, која што нема кредибилитет и капацитет да ја извади Македонија од тешката ситуација во која што се наоѓа веќе подолг период, а е резултат на деструктивното и катастрофалното владеење на претходникот и учителот на Ковачевски, Зоран Заев, порача пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница на која се дискутира за изборот на новата влада, додавајќи дека голем дел од кадрите кои што се предлагаат за министри се дел од луѓето кои што ја доведоа Македонија во држава каде што цвета криминалот, корупција, држава во која што има голема финансиска, економска, здравствена, а последно и енергетска криза.
Погубните политики на СДСМ кои беа водени од луѓе и кадри кои доведоа до страшна криза во Македонија во здравството генерално, вклучувајќи ги и последиците од КОВИД 19, енергетската криза, хаосот со снабдување на Скопје со топлина, како и економската криза во државата, сега ние треба да поверуваме и да очекуваме дека овие исти луѓе ќе донесат добро за државата и граѓаните“, рече Мицевски.
Мицевски потсети и за едногласно усвоената, Декларација за утврдување на црвените линии во спорот со Бугарија.
Впрочем, да Ве потсетам дека на 29 јули 2021 година овде во Собранието на Република Македонија, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сите едногласно сите политички партии донесовме Декларација за утврдување на црвените линии во спорот со Бугарија. Се надвор од рамките на таа Декларација, ќе Ве направи соучесник во предавството кое што се подготвува, но и соучесник во непочитувањето на волјата на граѓаните кои не гласале да бидеме нивни претставници и застапници во оваа законодавно Собрание“, рече Мицевски.
Тој истакна дека, сепак, оваа Влада, исто како и претходната, од самиот старт е на стаклени нозе и нема иднина и дека оваа Влада нема легитимитет од народот бидејќи не е избрана од народот.
На сите ни е јасно дека ова е Влада составена во кабинетот на Зоран Заев и дека оваа коалиција е резултат само на политички пазар, воден од тесно партиски и бизнис интереси и ништо повеќе. На сите ни е јасно како беше формирано ова парламентарно мнозинство кое го гледаме денес и треба да ја гласа оваа Влада. Сите го видоа новиот „демократски“ начин на обезбедување на мнозинство на пратеници, преку видео изјави на непознати локации и пред бели ѕидови“, истакна Мицевски.
Тој додаде дека токму затоа, оваа Влада не може да се нарече народна Влада и таа не е гласот и волјата на народот, туку таа глас и волја на одредени ликови кои ја држат Македонија и граѓаните во заложништво само за да си ја задоволат пустата желба за власт и фотелја. Мицевски го повика мандатарот Ковачевски да не биде слеп послушник и извршител на досегашните деструктивни политики кои што Македонија ја доведоа до ова дереџе и дека ќе работи во интерес на граѓаните и државата.
Се надевам дека нема да Ве заслепи златниот сјај на прескапиот прибор и дека доколку добиете шанса, ќе работите во интерес само на граѓаните и државата, а не во интерес на партијата, како што гордо протежираат и се фалат Вашите најблиски партиски соработници“, рече Мицевски.

The post Мицевски: Кадрите кои се причина за кризите, не може да бидат излез и решение appeared first on Република.

]]>