Мице Јанкуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mice-jankulovski/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Dec 2022 08:01:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мице Јанкуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mice-jankulovski/ 32 32 „Најцрната црна“ – самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/najcrnata-crna-samostojna-izlozba-na-sliki-na-mice-jankulovski-vo-njujork/ Fri, 16 Dec 2022 08:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=586287

Во галеријата МЦ во Њујорк синоќа е отворена самостојната изложба на слики на Мице Јанкуловски „Најцрната црна“.

На изложбата се претставени слики од најновата продукција на Јанкуловски кој слика со најцрната боја – карбонот, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно.

Ова е втората од двете изложби на уметникот во декмври 2022 во Њујорк. Првата изложба беше отворена во Галеријата Артифакт на 7 декември 2022 година.

Корнелија Конеска, куратор на изложбата нагласува дека во уметнички живот на Јанкуловски, постојаното движење од една во друга боја и од една во друга форма доведе до голема пресвртница во неговата уметничка продукција – да се ослободи од боите (слика со специјално произведен црн пигмент, а неодамна со карбон – најцрната воопшто позната боја откриена со новите нано-технологии), но и од четките. Во процесот на создавање, авторот користи разни алатки, гребла, чешли, прсти,… со кои интервенира врз дебелите слоеви на црната боја на платната… и тоа, вели таа, резултира со фантастични, многу специфични структури каде што светлината е составен дел од сликата, а тоа стана и негов уметнички белег.

Историчарот на уметност и писател Емил Алексиев, е автор на текстот за изложбите насловен „Црно сликарство“ за уметничкото дело на Јанкуловски.

Пред црните слики на Мице Јанкуловски стоиме пред бескрајното црно море. Тоа е морето што го опкружува светот. Последното море на крајот на светот. Крај на познатото и видливото. Почеток на непознатото и невидливото. Застрашувачко место каде длабоките темни води на несвесното бледнеат во темнината на непостоењето. Црно и црно. Простор во кој престануваат да важат законите на светот и каде владее не-вид. Тоа е темнината зад границата на видливото, надвор од хоризонтот на настаните. Крајот на вселената и нејзиниот почеток. Тука сè завршува и сè започнува .., наведува Алексиев кој е исто така и куратор на изложбата на Јанкуловски.

Мице Јанкуловски како уметник во своето творештво е посветен на истражувањето во сликарството и цртежот, додека со децении е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини како сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…

Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни презентации на значајни меѓународни изложби и манифестации.

Јанкуловски е овогодишен добитник на највисоката државна награда за животно остварување „11 Октомври“ за уметност и е еден од најуспешните македонски уметници со меѓународна кариера.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Македонија.

The post „Најцрната црна“ – самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Во галеријата МЦ во Њујорк синоќа е отворена самостојната изложба на слики на Мице Јанкуловски „Најцрната црна“. На изложбата се претставени слики од најновата продукција на Јанкуловски кој слика со најцрната боја – карбонот, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно. Ова е втората од двете изложби на уметникот во декмври 2022 во Њујорк. Првата изложба беше отворена во Галеријата Артифакт на 7 декември 2022 година. Корнелија Конеска, куратор на изложбата нагласува дека во уметнички живот на Јанкуловски, постојаното движење од една во друга боја и од една во друга форма доведе до голема пресвртница во неговата уметничка продукција – да се ослободи од боите (слика со специјално произведен црн пигмент, а неодамна со карбон – најцрната воопшто позната боја откриена со новите нано-технологии), но и од четките. Во процесот на создавање, авторот користи разни алатки, гребла, чешли, прсти,… со кои интервенира врз дебелите слоеви на црната боја на платната… и тоа, вели таа, резултира со фантастични, многу специфични структури каде што светлината е составен дел од сликата, а тоа стана и негов уметнички белег. Историчарот на уметност и писател Емил Алексиев, е автор на текстот за изложбите насловен „Црно сликарство“ за уметничкото дело на Јанкуловски.
Пред црните слики на Мице Јанкуловски стоиме пред бескрајното црно море. Тоа е морето што го опкружува светот. Последното море на крајот на светот. Крај на познатото и видливото. Почеток на непознатото и невидливото. Застрашувачко место каде длабоките темни води на несвесното бледнеат во темнината на непостоењето. Црно и црно. Простор во кој престануваат да важат законите на светот и каде владее не-вид. Тоа е темнината зад границата на видливото, надвор од хоризонтот на настаните. Крајот на вселената и нејзиниот почеток. Тука сè завршува и сè започнува .., наведува Алексиев кој е исто така и куратор на изложбата на Јанкуловски.
Мице Јанкуловски како уметник во своето творештво е посветен на истражувањето во сликарството и цртежот, додека со децении е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини како сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми… Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни презентации на значајни меѓународни изложби и манифестации. Јанкуловски е овогодишен добитник на највисоката државна награда за животно остварување „11 Октомври“ за уметност и е еден од најуспешните македонски уметници со меѓународна кариера. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Македонија.  

The post „Најцрната црна“ – самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска на средба со Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavnicite-na-osten-mice-jankulovski-i-kornelija-koneska-na-sredba-so-pendarovski/ Mon, 21 Nov 2022 12:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=576502

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска.

На средбата, претседателот беше запознаен со досегашните активности на „Остен“, меѓународната соработка што ја остваруваат, спроведените изложби и проекти, како и за подготовките кои ги преземаат за успешна реализација на активностите во наредниот период.

Во таа насока, претставниците на „Остен“ информираа за официјалната изложба - Биенале на цртеж, што ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Чифте амам во Скопје, како и за претстојната Светска галерија на карикатури (1969-2023).

Неколку децениското традиционално организирање на Светската галерија на карикатури, како и Светската галерија на цртеж, посочи претседателот Пендаровски, е доказ за оригиналноста и квалитетот на брендот „Остен“ кои ја поттикнуваат слободата кај уметникот и неконвенционалното изразување.

На средбата, претседателот изрази поддршка на развојните проекти и иницијативи на „Остен“ во областа на културата и уметноста, како и на соработката со уметниците и карикатуристите од целиот свет, преку коишто придонесуваат за меѓународна афирмација на нашата земја. Воедно, претседателот го поздрави формирањето на Музејот на цртеж - збирка од над 15.000 дела.

The post Претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска на средба со Пендаровски appeared first on Република.

Мице Јанкуловски со самостојна изложба „Пофалба на црното“ во Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mice-jankulovski-so-samostojna-izlozba-pofalba-na-crnoto-vo-romanija/ Sun, 15 May 2022 10:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=502475

Во рамките на Европската ноќ на музеите 2022, во Музејот на областа Бузау во Романија беше отворена самостојната изложба на слики „Пофалба на црното“ од Мице Јанкуловски-Мицко.

Музејот на областа Бузау на Европската вечер на музеите се претстави со атрактивна програма која резултираше со посета на над 3000 посетители. Јанкуловски се претстави со слики, акрил на платно, од неговото творештво препознатливо според монохромност (користи само црна боја), мултипликација, модуларност и минимализам.

Изложбата ја отвори претседателот на Советот на областа Бузау, Еманоил Нигу, поздравен говор одржа директорот на Музејот Даниел Костаче, а за творештвото на Јанкуловски зборуваа Ангел Александру, историчар на уметност и автор на текстот во каталогот и Корнелија Конеска, куратор на изложбата.

Уметноста, генерално, нема точно дефинирана, едноставна дефиниција, но, вели Александру, ако ја сметам како предизвик, можам да ја гледам како игра. Но, секоја игра има свои правила кои уметникот си ги наметнува за да го постигне својот креативен пристап, кој многу пати е неверојатен со генијални и неповторливи решенија како да е роден од присуството на шестото сетило кое му помага да ги реши проблемите, наизглед невозможно да се решат.

Пред мене е изложбата „Пофалба на црното“ на уметникот Мице Јанкуловски со концепт кој исто така подлежи на ограничувачки канони, кои на прв поглед го намалуваат полето на изразување избегнувајќи фигурација, боја или вредносни разлики, работи кои стануваат правила на игра. Но, ова се само изговор за длабинско истражување на стилот веќе специфичен за сликарот, мистериозен стил кој постепено ја открива уметничката порака… Мице Јанкуловски е мајстор на длабоката уметност која постепено се открива и се расплетува на неколку тематски рамнини кои делумно се вкрстуваат создавајќи го интелектуалното задоволство специфично за конзумирањето на висококвалитетна уметност, изјави Александру.

Изложбата на Јанкуловски во Музејот на Бузау ќе трае до 14 јуни 2022 година.

The post Мице Јанкуловски со самостојна изложба „Пофалба на црното“ во Романија appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Европската ноќ на музеите 2022, во Музејот на областа Бузау во Романија беше отворена самостојната изложба на слики „Пофалба на црното“ од Мице Јанкуловски-Мицко. Музејот на областа Бузау на Европската вечер на музеите се претстави со атрактивна програма која резултираше со посета на над 3000 посетители. Јанкуловски се претстави со слики, акрил на платно, од неговото творештво препознатливо според монохромност (користи само црна боја), мултипликација, модуларност и минимализам. Изложбата ја отвори претседателот на Советот на областа Бузау, Еманоил Нигу, поздравен говор одржа директорот на Музејот Даниел Костаче, а за творештвото на Јанкуловски зборуваа Ангел Александру, историчар на уметност и автор на текстот во каталогот и Корнелија Конеска, куратор на изложбата. Уметноста, генерално, нема точно дефинирана, едноставна дефиниција, но, вели Александру, ако ја сметам како предизвик, можам да ја гледам како игра. Но, секоја игра има свои правила кои уметникот си ги наметнува за да го постигне својот креативен пристап, кој многу пати е неверојатен со генијални и неповторливи решенија како да е роден од присуството на шестото сетило кое му помага да ги реши проблемите, наизглед невозможно да се решат.