мф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mf/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Dec 2023 11:19:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mf/ 32 32 Деаноски: Уставниот суд да каже кога ќе има одлука за надополнувањето на платата за вработените во МФ и дали ќе ги враќаат парите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deanoski-ustavniot-sud-da-kazhe-koga-ke-ima-odluka-za-nadopolnuvaneto-na-platata-za-vrabotenite-vo-mf-i-dali-ke-gi-vrakaat-parite/ Tue, 26 Dec 2023 11:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=726788

Вработени во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки - членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска протестираат пред Уставниот суд за времената мерка со која се им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски изјави дека бараат средба со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за да им каже кога „Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука и дали се планира како што се зборува да ја поништи одредбата од Законот и вработените кои протестираат да ги враќаат парите“.

- Претседателката на Уставниот суд за да ни објасни како тоа во најбрз можен рок се зема во работа иницијативата поведена од граѓанинот против членот 63 став 3 од Законот за буџети со која што се донесе времена мерка и за која што на вработените во Министерството за финансии и сите органи во состав на Министерство за финансии нема веќе да им се исплаќа додатокот, односно надополнувањето на плата за 30 проценти. Сакам да ја прашам претседателката на Уставниот суд да ни објасни како тоа сите иницијативи за нивните плати се одбиваат, а иницијативата за нашите плати веднаш беше усвоен, изјави Деановски.

Сакаат да ја прашаат претседателката на Уставниот суд како кај нив е регулирано и на кој начин вработените во Уставниот суд земаат плата. - Дали имаат закон, дали имаат колективен договор или по некој друг подзаконски акт се зема плата. И дали и кога ќе бидат земени во работа сите иницијативи кои се поднесени од сите синдикати за платите на уставните судии. До кога во нашата држава кадија те тужи, кадија те суди системот ќе функционира. Како можеше уставните судии да си изгласаат покачување 78 проценти на нивните плати кои тогаш беа 50 проценти поголеми од нашите, а сега нивните плати се 10 пати поголеми од платите на вработените во Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно правни работи, рече Деановски.

Тој најави дека ќе доаѓаат на протести пред Уставниот суд до крајот на неделава.

Вработените во МФ засегнати со времената мерка  вчера протестираа пред Министерството за финансии. Порачаа дека постои опасност од затворање на трезорот, доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто.  Исто така, работата на Бирото за јавни набавки ќе прекине, со што ниту една институција во државата нема да може да набави било што и да биде потребно за вршење на нивната работа, а Управата за имотно правни работи нема да ги работи експропријација на „Бехтел“ и „Енка“.

Уставниот суд на седница на 5. месецов поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.

Како што информираа од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека Судот конечно не е произнесен.

Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов ги оспорува автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети.

Според подносителот на иницијативата не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток.

Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.

Според подносителот, со автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.

The post Деаноски: Уставниот суд да каже кога ќе има одлука за надополнувањето на платата за вработените во МФ и дали ќе ги враќаат парите appeared first on Република.

]]>

Вработени во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки - членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска протестираат пред Уставниот суд за времената мерка со која се им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски изјави дека бараат средба со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за да им каже кога „Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука и дали се планира како што се зборува да ја поништи одредбата од Законот и вработените кои протестираат да ги враќаат парите“. - Претседателката на Уставниот суд за да ни објасни како тоа во најбрз можен рок се зема во работа иницијативата поведена од граѓанинот против членот 63 став 3 од Законот за буџети со која што се донесе времена мерка и за која што на вработените во Министерството за финансии и сите органи во состав на Министерство за финансии нема веќе да им се исплаќа додатокот, односно надополнувањето на плата за 30 проценти. Сакам да ја прашам претседателката на Уставниот суд да ни објасни како тоа сите иницијативи за нивните плати се одбиваат, а иницијативата за нашите плати веднаш беше усвоен, изјави Деановски. Сакаат да ја прашаат претседателката на Уставниот суд како кај нив е регулирано и на кој начин вработените во Уставниот суд земаат плата. - Дали имаат закон, дали имаат колективен договор или по некој друг подзаконски акт се зема плата. И дали и кога ќе бидат земени во работа сите иницијативи кои се поднесени од сите синдикати за платите на уставните судии. До кога во нашата држава кадија те тужи, кадија те суди системот ќе функционира. Како можеше уставните судии да си изгласаат покачување 78 проценти на нивните плати кои тогаш беа 50 проценти поголеми од нашите, а сега нивните плати се 10 пати поголеми од платите на вработените во Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно правни работи, рече Деановски. Тој најави дека ќе доаѓаат на протести пред Уставниот суд до крајот на неделава. Вработените во МФ засегнати со времената мерка  вчера протестираа пред Министерството за финансии. Порачаа дека постои опасност од затворање на трезорот, доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто.  Исто така, работата на Бирото за јавни набавки ќе прекине, со што ниту една институција во државата нема да може да набави било што и да биде потребно за вршење на нивната работа, а Управата за имотно правни работи нема да ги работи експропријација на „Бехтел“ и „Енка“. Уставниот суд на седница на 5. месецов поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот. Како што информираа од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека Судот конечно не е произнесен. Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов ги оспорува автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети. Според подносителот на иницијативата не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток. Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба. Според подносителот, со автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.

The post Деаноски: Уставниот суд да каже кога ќе има одлука за надополнувањето на платата за вработените во МФ и дали ќе ги враќаат парите appeared first on Република.

]]>
Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-prospektot-za-vtorata-emisija-na-graganska-obvrznitsa-so-kamata-od-5-otsto/ Wed, 18 Oct 2023 10:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=692476

Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари.

Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е две години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10 отсто.

По успешно реализираната прва емисија на граѓанската обврзница, за која граѓаните изразија голем интерес, денеска на пазарот ја објавуваме втората емисија. Граѓаните во овој инструмент го препознаа својот интерес и очекуваме дека и овој пат ќе имаме успешно спроведен процес на издавање на граѓанската обврзница. Како што најавивме овој инструмент ќе биде достапен на пазарот за граѓаните во континуитет и дека ќе продолжиме и во иднина со издавање на нови емисии на граѓански обврзници - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари.

Тоа покажува дека пазарот има потреба од нови и креативни инструменти кои носат бенефит за граѓаните од една страна, а се во функција на развојните проекти на државата.

Граѓанската обврзница е сигурен и безризичен инструмент, кој на граѓаните им е достапен на многу едноставен начин. Заинтерсираните за запишување на граѓански обврзници можат да се обратат на шалтерите во комерцијалните банки каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата. Аукцијата ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Покрај Граѓанската обврзница, како нов производ на пазарот беше воведена и зелената обврзница, за која, исто така, на првата аукција беше изразен голем интерес од страна на инвеститорите.

Граѓанската и зелената обврзница, како и проектната и развојната, што ќе бидат воведени во наредниот период, се предвидени со Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст.

The post Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари. Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е две години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10 отсто.
По успешно реализираната прва емисија на граѓанската обврзница, за која граѓаните изразија голем интерес, денеска на пазарот ја објавуваме втората емисија. Граѓаните во овој инструмент го препознаа својот интерес и очекуваме дека и овој пат ќе имаме успешно спроведен процес на издавање на граѓанската обврзница. Како што најавивме овој инструмент ќе биде достапен на пазарот за граѓаните во континуитет и дека ќе продолжиме и во иднина со издавање на нови емисии на граѓански обврзници - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари. Тоа покажува дека пазарот има потреба од нови и креативни инструменти кои носат бенефит за граѓаните од една страна, а се во функција на развојните проекти на државата. Граѓанската обврзница е сигурен и безризичен инструмент, кој на граѓаните им е достапен на многу едноставен начин. Заинтерсираните за запишување на граѓански обврзници можат да се обратат на шалтерите во комерцијалните банки каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата. Аукцијата ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Покрај Граѓанската обврзница, како нов производ на пазарот беше воведена и зелената обврзница, за која, исто така, на првата аукција беше изразен голем интерес од страна на инвеститорите. Граѓанската и зелената обврзница, како и проектната и развојната, што ќе бидат воведени во наредниот период, се предвидени со Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст.

The post Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Има посериозни доближувања меѓу нашите барања и она што можат да го понудат МФ и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-ima-poseriozni-doblizhuvana-megu-nashite-barana-i-ona-shto-mozhat-da-go-ponudat-mf-i-vladata/ Wed, 05 Jul 2023 10:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=658317

Има посериозни доближувања кон нашите идеи, замисли и барања и она што Министерството за финансии и Владата можат да го понудат во поглед на нашите барања, изјави денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по средбата на работната група на Економско социјалниот совет во Министерството за финансии во врска со методологијата за покачувањето на платите во јавниот сектор и институциите.

Се доближуваме до тоа што ние го зборуваме, 14,2 проценти, 12,55 проценти и 10,9 проценти како основа врз која ќе растат платите на вработените во јавниот сектор. Останува да видиме дали кој параметар ќе биде земен во начинот на пресметката на платите и сите вработени во јавниот сектор од септември да добијат исто зголемување во процент на нивните плати, рече Трендафилов.

Тој додаде дека е договорено да имаат уште една средба следната недела в понеделник, а дотогаш синдикалците треба да се консултираат со нивните органи и тела и да заземат став и да одлучат дали тоа што го дискутирале денеска е прифатливо за синдикатите и јавниот сектор

The post Трендафилов: Има посериозни доближувања меѓу нашите барања и она што можат да го понудат МФ и Владата appeared first on Република.

МФ: Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-se-namaluva-rokot-za-namiruvane-na-obvrskite-na-javniot-sektor-kon-privatnite-kompanii-na-30-dena/ Thu, 15 Jun 2023 12:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=651732

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117-тата седница.

Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури, велат од МФ.

Скратување за 30 дена има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена.

Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена.

На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Измените претставуваат усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции, каде роковите за измирување на обврските на субјектите од јавниот сектор се 30 дена, а во здравствениот сектор се 60 дена.

Закон за финансиска дисциплина кој се применуваше досега е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

The post МФ: Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена appeared first on Република.

]]>

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117-тата седница. Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури, велат од МФ. Скратување за 30 дена има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена. Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена. На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими. Измените претставуваат усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции, каде роковите за измирување на обврските на субјектите од јавниот сектор се 30 дена, а во здравствениот сектор се 60 дена. Закон за финансиска дисциплина кој се применуваше досега е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

The post МФ: Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена appeared first on Република.

]]>
МФ: Денеска се одржува аукција за деветата еврообврзница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/ Mon, 06 Mar 2023 09:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=616315

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција.

Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност.

-Во насока на транспаретност и отчетност Министерството за финансии ќе извести веднаш за условите по завршување на аукцијата, додека пред нејзино затворање укажуваме на ценовната чуствителност на информациите и објавите, велат од МФ.

The post МФ: Денеска се одржува аукција за деветата еврообврзница appeared first on Република.

]]>

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност. -Во насока на транспаретност и отчетност Министерството за финансии ќе извести веднаш за условите по завршување на аукцијата, додека пред нејзино затворање укажуваме на ценовната чуствителност на информациите и објавите, велат од МФ.

The post МФ: Денеска се одржува аукција за деветата еврообврзница appeared first on Република.

]]>
Стејт Департментот не вброи меѓу земјите кои се фискално транспарентни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stejt-departmentot-ne-vbroi-megju-zemjite-koi-se-fiskalno-transparentni/ Fri, 09 Sep 2022 18:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=549265

Според Извештајот за фискална транспарентност за 2022 година на Стејт Департментот на САД, се вбројуваме меѓу земјите кои ги исполнуваат нивните критериуми за фискална транспарентност, информираат од Министерството за финансии.

Согласно Извештајот, се оценуваат два аспекти – документите поврзани со националниот буџет, склучените договори и лиценците за концесии.

Извештајот за 2022 година прави евалуација на тоа дали владите ги објавуваат буџетските документи во јавноста, вклучително и расходите разложени по одделни буџетски корисници, како и приходите согласно нивните извори. Во оценката се вклучува и дали била извршена надворешна ревизија согласно меѓународните стандарди за независна ревизија на финансиските извештаи, како и дали истата е јавно достапна. Понатаму, извештајот оценува дали процесот на доделување на лиценци за концесии и владини договори е согласно законите и регулативата и дали тие се јавно достапни. Преку фискалната транспарентност, се наведува во извештајот на Стејт Департментот, се информираат граѓаните како се трошат приходите од државните буџети и воедно се обезбедува отчетност кон граѓаните, како и доверба и економска одржливост, соопштуваат од Министерството.

Од 141 земја, кои се квалификуваат за странска помош од САД, согласно евалуацијата на Стејт Департментот, само половина од земјите ги имаат исполнето условите, како Чешка, Естонија, Унгарија, Израел, Латвија, Литванија, Португалија, Сингапур, Словачка, но и Хрватска и Словенија, како и земјите од регионот од Западен Балкан.

Изминатите неколку години преземени се значајни чекори од страна на нашата Влада за подигнување на фискалната транспарентност. Воспоставени се повеќе механизми и алатки за подигнување на фискалната транспарентност, меѓу кои и Граѓанскиот буџет, платформата Отворени финансии, Календарот на даночни промени и Фискалниот бројач, кој на дневна основа дава приказ во приходите и расходите од страна на буџетот, реализацијата на капиталните расходи и месечно на реализацијата на државниот долг. Исто така, со новите системски законски решенија, како Законот за буџет и измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, се носат дополни решенија кои и понатаму ќе ја унапредуваат фискалната транспарентност во земјава, велат од Министерството за финансии.

The post Стејт Департментот не вброи меѓу земјите кои се фискално транспарентни appeared first on Република.

]]>

Според Извештајот за фискална транспарентност за 2022 година на Стејт Департментот на САД, се вбројуваме меѓу земјите кои ги исполнуваат нивните критериуми за фискална транспарентност, информираат од Министерството за финансии. Согласно Извештајот, се оценуваат два аспекти – документите поврзани со националниот буџет, склучените договори и лиценците за концесии.
Извештајот за 2022 година прави евалуација на тоа дали владите ги објавуваат буџетските документи во јавноста, вклучително и расходите разложени по одделни буџетски корисници, како и приходите согласно нивните извори. Во оценката се вклучува и дали била извршена надворешна ревизија согласно меѓународните стандарди за независна ревизија на финансиските извештаи, како и дали истата е јавно достапна. Понатаму, извештајот оценува дали процесот на доделување на лиценци за концесии и владини договори е согласно законите и регулативата и дали тие се јавно достапни. Преку фискалната транспарентност, се наведува во извештајот на Стејт Департментот, се информираат граѓаните како се трошат приходите од државните буџети и воедно се обезбедува отчетност кон граѓаните, како и доверба и економска одржливост, соопштуваат од Министерството.
Од 141 земја, кои се квалификуваат за странска помош од САД, согласно евалуацијата на Стејт Департментот, само половина од земјите ги имаат исполнето условите, како Чешка, Естонија, Унгарија, Израел, Латвија, Литванија, Португалија, Сингапур, Словачка, но и Хрватска и Словенија, како и земјите од регионот од Западен Балкан.
Изминатите неколку години преземени се значајни чекори од страна на нашата Влада за подигнување на фискалната транспарентност. Воспоставени се повеќе механизми и алатки за подигнување на фискалната транспарентност, меѓу кои и Граѓанскиот буџет, платформата Отворени финансии, Календарот на даночни промени и Фискалниот бројач, кој на дневна основа дава приказ во приходите и расходите од страна на буџетот, реализацијата на капиталните расходи и месечно на реализацијата на државниот долг. Исто така, со новите системски законски решенија, како Законот за буџет и измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, се носат дополни решенија кои и понатаму ќе ја унапредуваат фискалната транспарентност во земјава, велат од Министерството за финансии.

The post Стејт Департментот не вброи меѓу земјите кои се фискално транспарентни appeared first on Република.

]]>
МФ: Во буџетот за 2021 година остварени 15,3 отсто повеќе приходи од 2020-та https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-vo-budzetot-za-2021-godina-ostvareni-15-3-otsto-povekje-prihodi-od-2020-ta/ Tue, 04 Jan 2022 09:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=440360

Во Буџетот во 2021 година е остварена реализација на вкупните приходи за 15,3 отсто повеќе во споредба со 2020 година, додека кај капиталните расходи е забележан раст на реализацијата од 45,2 процента во однос со 2020 година. Натфрлање на планираното е забележано кај приходите од даноци и придонеси за два отсто, додека дефицитот е реализиран во износ од 38,8 милијарди денари или 5,4 отсто од БДП што е понизок од проектираниот за 2021 година од 6,5 проценти од БДП.

Испративме година која ја завршивме со позитивни движења во економијата, иако се уште беше присутно влијанието од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19, притисокот врз цените на светските берзи што се чувствуваше и во нашата економија, како и енергетската криза - вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според него, мерките и севкупните спроведени политики придонесоа 2021 година да заврши со економски раст од 4,1 отсто, согласно проекцијата за раст на БДП, но и со можност да се надмине.

Економијата во првите девет месеца од 2021 година достигна раст од 4,6 отсто. Индустриското производство во ноември забележа раст од 4,7 проценти, извозот во периодот јануaри-октомври има раст од 22,8 отсто, финалната потрошувачка раст од 4,5 проценти, бруто-инвестициите забележаа реален раст од 3,4 отсто во првите девет месеци, невработеноста падна на историски најниско ниво од 15,7 проценти, додека просечната нето плата исплатена во октомври забележа раст од 4,5 отсто во однос на октомври претходната година. Овие движења се рефлектираа во успешната реализација на проектираните приходи во буџетот, така што во 2021 година имаме натфрлување во реализација на даночните приходи и придонесите кои заклучно со 31 декември достигнаа ниво од 102 процента од планираното со ребалансот во јуни 2021 година, кога истите беа ревидирани нагоре во однос на почетниот Буџет, и тоа за пет отсто даночните приходи, а за 1,3 проценти придонесите - истакнува Бесими.

Министерот додава и дека приходите од даноци и придонеси во 2021 година имаат реализација од 196.309 милиони денари што е зголемување за 13,2 отсто во споредба со 2020 година.

Кај даночните приходи најголемо натфрлување има кај ДДВ од 7,3 отсто или остварена е реализација на ниво од 107,3 проценти, односно по овој основ во буџетот се слеани 58.194 милиони денари. Од персонален данок на доход слеани се 20.552 милиони денари и реализиран е со 98,86 отсто од планираното. Кај ДДВ има 24,1 процент повеќе остварени средства во однос на 2020 година, додека кај персоналниот данок на доход има раст од 10,3 отсто - посочува Бесими.

Вкупните расходи се реализирани на ниво од 257.353 милиони денари или 95,87 отсто од планираното и бележат раст од 5,7 проценти во споредба со 2020 година. Кај капиталните инвестиции во 2021 година се бележи повисока реализација за 45,2 отсто, односно, во 2021 година реализацијата на капиталните инвестиции е на ниво од 23,4 милијарди денари што претставува реализација на 79 проценти во однос на планираните средства. Значајно е, дополнува Бесими, што реализираните инвестиции во 2021 година се на највисоко ниво во апсолутен износ.

Ова дава оптимизам за реализирање големи капитални проекти планирани во Планот за забрзан економски раст 2022-2026, но и реализација на планираните капитални инвестиции во 2022 година кои се на историски највисоко ниво досега со учество од 14 отсто во вкупните расходи - подвлекува министерот.

Капиталните расходи оваа година се проектирани на 38,2 милијарда денари и се за 28,3 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

Предвидени се крупни јавни инвестициски зафати во областите на патната и железничката инфраструктура, дигитализацијата, енергетиката, како и зелениот развој. Меѓу позначајните проекти се изградбата на автопатот на Коридорот 8, изградба и рехабилитација на железничката инфраструктура од коридорите 8 и 10, гасоводна инфраструктура на магистралните делници Скопје – Тетово, Гостивар – Кичево, Свети Николе – Велес, како и интерконективен гасовод со Република Грција и други. Во 2022 година останува посветеноста на грижата за заштита на здравјето на граѓаните, економското заздравување и забрзување на растот и зголемување на инвестициите при истовремена фискална консолидација, непречено финансирање на основните функции на државата, како и поддршка на реформските процеси во правосудството и евроатлантските интеграции - напоменува Бесими.

Сите политики оваа година, потенцира, ќе бидат насочени кон постигнување стапка на БДП која ќе го надмине нивото од пред КОВИД-кризата.

Растот на БДП е проектиран на ниво од 4,6 отсто, воден од порастот на бруто-инвестициите од 8,5 проценти, зголемена извозна активност од 8,1 отсто, зголемена потрошувачка и вработеност со по 3,1 процент, што ќе доведе до целосно заздравување на економијата и започнување период на забрзан раст од над пет отсто годишно - истакнува министерот за финансии.

The post МФ: Во буџетот за 2021 година остварени 15,3 отсто повеќе приходи од 2020-та appeared first on Република.