Мевлут Чавушоглу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mevlut-chavushoglu/ За подобро да се разбереме Sun, 14 May 2023 12:28:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мевлут Чавушоглу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mevlut-chavushoglu/ 32 32 Чавушоглу: Суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chavushoglu-suverenitetot-bezuslovno-i-pripaga-na-natsijata/ Sun, 14 May 2023 12:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=640661

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу ја изврши својата граѓанска должност и гласаше на претседателските и парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија.

Во придружба на неговата сопруга Хулја, тој гласаше во Аланија во провинцијата Анталија.

Чавушоглу посака гласовите на граѓаните во земјата и странство да бидат корисни за татковината и нацијата, за мир, стабилност и посилна Турција.

Според него, во изминатиот период политичарите кажале сè што имале.

- Понекогаш го кажавме она што требаше да се каже. Понекогаш можеби рековме и повеќе. Но, денес зборот го има нацијата. Ние велиме дека суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата. И веруваме во предвидливоста на нашата нација. Среќно уште еднаш,“, рече Чавушоглу.

Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе можат да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани

The post Чавушоглу: Суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу ја изврши својата граѓанска должност и гласаше на претседателските и парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија. Во придружба на неговата сопруга Хулја, тој гласаше во Аланија во провинцијата Анталија. Чавушоглу посака гласовите на граѓаните во земјата и странство да бидат корисни за татковината и нацијата, за мир, стабилност и посилна Турција. Според него, во изминатиот период политичарите кажале сè што имале.
- Понекогаш го кажавме она што требаше да се каже. Понекогаш можеби рековме и повеќе. Но, денес зборот го има нацијата. Ние велиме дека суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата. И веруваме во предвидливоста на нашата нација. Среќно уште еднаш,“, рече Чавушоглу.
Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места. Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе можат да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани

The post Чавушоглу: Суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Анкара и Каиро се договорија за подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-ankara-i-kairo-se-dogovorija-za-podignuvane-na-diplomatskite-odnosi-na-najvisoko-nivo/ Thu, 13 Apr 2023 20:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=630709

Анкара и Каиро се договорија за подобрување на билатералните односи и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Новата страница што ја отворивме со Египет сакаме да ја исполниме со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара со египетскиот колега Самех Шукри.

The post Чавушоглу: Анкара и Каиро се договорија за подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво appeared first on Република.

Чавушоглу: Бесмислено е да се одржи состанок со Шведска и Финска за нивните кандидатури за НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-besmisleno-e-da-se-odrzhi-sostanok-so-shvedska-i-finska-za-nivnite-kandidaturi-za-nato/ Thu, 26 Jan 2023 13:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=601312

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека е „бесмислено“ да се одржи трилатерален состанок со Шведска и Финска за да се разгледаат нивните кандидатури за НАТО по протестите овој месец во Стокхолм.

На прес-конференција Чавушоглу рече дека нема предлог за одвоено разгледување на кандидатурите на Шведска и Финска.

Шведскиот премиер Улф Кристершон рече дека неговата земја сака да го обнови дијалогот со Турција во рамките на НАТО, откако Анкара на неодредено време ги одложи трилатералните разговори со двете скандинавски земји за нивното членство.

Кристершон изрази оптимизам за приклучување во НАТО во текот на летото и покрај тековниот спор со Турција.

„Има шанси, без никакво сомнение“, изјави Кристерсон за шведската новинска агенција ТТ. Иако не постави конкретна временска рамка за ова, тој изрази надеж дека „тоа ќе се случи што е можно поскоро“.

Претходно оваа недела, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Шведска не може да смета на поддршката на неговата земја за влез во НАТО по демонстрациите со палење на Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм.

The post Чавушоглу: Бесмислено е да се одржи состанок со Шведска и Финска за нивните кандидатури за НАТО appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека е „бесмислено“ да се одржи трилатерален состанок со Шведска и Финска за да се разгледаат нивните кандидатури за НАТО по протестите овој месец во Стокхолм. На прес-конференција Чавушоглу рече дека нема предлог за одвоено разгледување на кандидатурите на Шведска и Финска. Шведскиот премиер Улф Кристершон рече дека неговата земја сака да го обнови дијалогот со Турција во рамките на НАТО, откако Анкара на неодредено време ги одложи трилатералните разговори со двете скандинавски земји за нивното членство. Кристершон изрази оптимизам за приклучување во НАТО во текот на летото и покрај тековниот спор со Турција. „Има шанси, без никакво сомнение“, изјави Кристерсон за шведската новинска агенција ТТ. Иако не постави конкретна временска рамка за ова, тој изрази надеж дека „тоа ќе се случи што е можно поскоро“. Претходно оваа недела, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Шведска не може да смета на поддршката на неговата земја за влез во НАТО по демонстрациите со палење на Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм.

The post Чавушоглу: Бесмислено е да се одржи состанок со Шведска и Финска за нивните кандидатури за НАТО appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-turtsija-nema-da-dozvoli-grtsija-da-gi-proshiri-svoite-teritorijalni-vodi-vo-egejskoto-more/ Thu, 29 Dec 2022 10:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=591396

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, коментирајќи ги неодамнешните извештаи во грчките медиуми за плановите на Атина да ја прошири границата на територијалните води кај островот Крит до 12 милји.

Последниве денови, главно во грчките медиуми, имаше извештаи за планови на Атина да ги прошири територијалните води кај островот Крит на 12 милји. Нашиот став по ова прашање е многу јасен. Уште еднаш ја предупредуваме Грција: не барајте авантура, не стремете се кон лажно херојство, не изложувајте се на авантура, последиците можат да бидат многу штетни, изјави турскиот министер за надворешни работи.

Нема да дозволиме територијалните води на Грција во Егејското Море да се прошират ниту за една милја, а камоли за 12 милји. Одлуката на нашиот парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е на сила, рече Чавушоглу.

Во 1995 година, турскиот парламент усвои резолуција со која го оквалификуваше грчкото проширување на постојните граници во басенот на Егејското Море како casus belli (причина за војна). Министерот, исто така, потсети дека Турција трипати се обратила до ОН поради грчката повреда на статусот на островите во Егејското Море.

The post Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, коментирајќи ги неодамнешните извештаи во грчките медиуми за плановите на Атина да ја прошири границата на територијалните води кај островот Крит до 12 милји. Последниве денови, главно во грчките медиуми, имаше извештаи за планови на Атина да ги прошири територијалните води кај островот Крит на 12 милји. Нашиот став по ова прашање е многу јасен. Уште еднаш ја предупредуваме Грција: не барајте авантура, не стремете се кон лажно херојство, не изложувајте се на авантура, последиците можат да бидат многу штетни, изјави турскиот министер за надворешни работи. Нема да дозволиме територијалните води на Грција во Егејското Море да се прошират ниту за една милја, а камоли за 12 милји. Одлуката на нашиот парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е на сила, рече Чавушоглу. Во 1995 година, турскиот парламент усвои резолуција со која го оквалификуваше грчкото проширување на постојните граници во басенот на Егејското Море како casus belli (причина за војна). Министерот, исто така, потсети дека Турција трипати се обратила до ОН поради грчката повреда на статусот на островите во Егејското Море.

The post Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Дипломатијата може да доведе до решение во Украина доколку и се даде шанса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-diplomatijata-moze-da-dovede-do-reshenie-vo-ukraina-dokolku-i-se-dade-shansa/ Thu, 01 Dec 2022 16:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=580578

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција смета оти е реално да се постигне решение на ситуацијата во Украина преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата.

Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина“, изјави Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Тој додаде дека Турција „ќе продолжи активно да ја поддржува ОБСЕ, бидејќи не постои друга платформа која би била инклузивна“.

Во полскиот град Лоѓ почна дводневниот 29-ти состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Полското Министерство за надворешни работи не дозволи влез во земјата на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи оваа одлука ја оцени како „без преседан“ и „провокативна“ и соопшти дека дејствијата на Полска се неспоиви со постулатите на организацијата.

The post Чавушоглу: Дипломатијата може да доведе до решение во Украина доколку и се даде шанса appeared first on Република.

]]>

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција смета оти е реално да се постигне решение на ситуацијата во Украина преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата.
Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина“, изјави Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Тој додаде дека Турција „ќе продолжи активно да ја поддржува ОБСЕ, бидејќи не постои друга платформа која би била инклузивна“. Во полскиот град Лоѓ почна дводневниот 29-ти состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ. Полското Министерство за надворешни работи не дозволи влез во земјата на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Руското Министерство за надворешни работи оваа одлука ја оцени како „без преседан“ и „провокативна“ и соопшти дека дејствијата на Полска се неспоиви со постулатите на организацијата.

The post Чавушоглу: Дипломатијата може да доведе до решение во Украина доколку и се даде шанса appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Турција не ја брани Москва, но руските барања мора да бидат исполнети за житото да стигне таму каде е потребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-turcija-ne-ja-brani-moskva-no-ruskite-baranja-mora-da-bidat-ispolneti-za-zitoto-da-stigne-tamu-kade-e-potrebno/ Fri, 18 Nov 2022 09:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=575286

Барањата на Русија мора да бидат исполнети за житото да стигне до оние на кои им е потребно, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Коментирајќи го продолжувањето на договорот за испорака на жито преку Црното Море, тој појасни дека барањата на Русија мора да бидат исполнети за да се обезбеди пристапот до храна на оние на кои им е потребна, јави агенцијата Анадолија.

Турција не ја брани Русија, но, свесна е дека ова е договор во кој мора да се исполнат руските барања со цел житото да стигне до оние на кои им е потребно, појасни Чавушоглу на прес-конференција.

Тој изрази надеж дека ќе дојде до прекин на огнот и крај на војната во Украина, преку дипломатски преговори, со цел повеќе да нема потреба од продолжување на договорот за испорака на жито.

Договорот за црноморскиот житен коридор вчера беше продолжен за 120 дена.

The post Чавушоглу: Турција не ја брани Москва, но руските барања мора да бидат исполнети за житото да стигне таму каде е потребно appeared first on Република.

]]>

Барањата на Русија мора да бидат исполнети за житото да стигне до оние на кои им е потребно, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Коментирајќи го продолжувањето на договорот за испорака на жито преку Црното Море, тој појасни дека барањата на Русија мора да бидат исполнети за да се обезбеди пристапот до храна на оние на кои им е потребна, јави агенцијата Анадолија. Турција не ја брани Русија, но, свесна е дека ова е договор во кој мора да се исполнат руските барања со цел житото да стигне до оние на кои им е потребно, појасни Чавушоглу на прес-конференција. Тој изрази надеж дека ќе дојде до прекин на огнот и крај на војната во Украина, преку дипломатски преговори, со цел повеќе да нема потреба од продолжување на договорот за испорака на жито. Договорот за црноморскиот житен коридор вчера беше продолжен за 120 дена.

The post Чавушоглу: Турција не ја брани Москва, но руските барања мора да бидат исполнети за житото да стигне таму каде е потребно appeared first on Република.

]]>
Турција се залага за политичко решение на сирискиот конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turcija-se-zalaga-za-politichko-reshenie-na-siriskiot-konflikt/ Tue, 16 Aug 2022 12:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=540934

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, порача дека Турција отсекогаш поддржувала политичко решение на сирискиот конфликт.

Режимот (сирискиот) не верува во политичко решение, тој верува во воено решение. Трајното решение е политичкото - изјави Чавушоглу во Анкара на прес-конференција со неговиот латвиски колега Едгарс Ринкевич одржана во Анкара.

Чавушоглу истакна дека Турција верува дека помирувањето е клучот за траен мир во Сирија, додавајќи дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

The post Турција се залага за политичко решение на сирискиот конфликт appeared first on Република.

Чавушоглу: Ердоган следниот месец во посета на балкански држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-erdogan-sledniot-mesec-vo-poseta-na-balkanski-drzavi/ Mon, 08 Aug 2022 10:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=537930

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и според турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мирот и стабилноста во регионот.

Посетата што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја направи на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста на регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека Турција го поддржува ослободувањето на окупираните азербејџански територии, Чавушоглу рече дека неговата земја стои зад вистината и правдата и повторно ја предупреди Ерменија да се воздржи од нови провокации.

The post Чавушоглу: Ердоган следниот месец во посета на балкански држави appeared first on Република.

Чавушоглу: Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-shvedska-se-ushte-ne-i-isporachala-na-turcija-osomnicheni-za-terorizam/ Wed, 27 Jul 2022 09:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=533731

Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам, иако минатиот месец потпиша договор со кој Анкара треба да го укине ветото за членство на Шведска во НАТО, изјави денеска турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО, загрижени за рускиот напад врз Украина, но се соочуваат со вето од Турција, која ги критикува за воведување ембарго за извоз на оружје во Турција и за поддршка на групи кои Анкара ги смета за терористички.

Три држави потпишаа договор за укинување на ветото и екстрадиција на 73 лица од Шведска и десетици од Финска.

The post Чавушоглу: Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам appeared first on Република.

]]>

Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам, иако минатиот месец потпиша договор со кој Анкара треба да го укине ветото за членство на Шведска во НАТО, изјави денеска турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу. Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО, загрижени за рускиот напад врз Украина, но се соочуваат со вето од Турција, која ги критикува за воведување ембарго за извоз на оружје во Турција и за поддршка на групи кои Анкара ги смета за терористички. Три држави потпишаа договор за укинување на ветото и екстрадиција на 73 лица од Шведска и десетици од Финска.

The post Чавушоглу: Шведска сè уште не и испорачала на Турција осомничени за тероризам appeared first on Република.

]]>
Чавушоглу: Турција не побарала ниту ќе бара дозвола за воени операции против курдските милитанти во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-turcija-ne-pobarala-nitu-kje-bara-dozvola-za-voeni-operacii-protiv-kurdskite-militanti-vo-sirija/ Thu, 21 Jul 2022 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=531709

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека на Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви против осомничени курдски милитанти во Сирија.

Ние разменивме идеи, но, ние никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола од некого за нашите воени операции против групи кои се закана за Турција - појасни Чавушоглу.

Изјавата на Чавушоглу доаѓа два дена по Самитот во Техеран, каде што Русија и Иран се спротивставија на предлогот на Турција за нова воена операција во северна Сирија.

The post Чавушоглу: Турција не побарала ниту ќе бара дозвола за воени операции против курдските милитанти во Сирија appeared first on Република.

Чавушоглу: Првата рунда од преговорите за нормализација на турско-ерменските односи може да се одржи во Ереван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chavushoglu-prvata-runda-od-pregovorite-za-normalizacija-na-tursko-ermenskite-odnosi-moze-da-se-odrzi-vo-erevan/ Tue, 05 Jul 2022 10:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=524154

Турција и понуди на Ерменија првата рунда преговори за нормализација на турско-ерменските односи да се одржи во Ереван, јавува турската агенција Анадолу.

Ние и понудивме на Ерменија првиот состанок да може да се одржи во Ереван, но Ерменија сè уште не е подготвена за тоа поради внатрешни притисоци - изјави шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на заедничката конференција на министрите за внатрешни работи и надворешни работи на Турција и Австрија во Анкара.

Чавушоглу изјави дека ерменската дијаспора е поделена во однос на процесот на нормализација на турско-ерменските односи и додаде дека во Ерменија имало демонстрации на одредени екстремистички групи во врска со процесот.

Чавушоглу изјави дека Турција се консултира со Азербејџан за секоја фаза од процесот на нормализација и дека сака „процесот да продолжи постепено“. Тој порача дека Турција ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Ерменија и Азербејџан.

Турското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека ерменскиот и турскиот претставник за нормализација на билатералните односи се договориле на состанокот во Виена „што е можно поскоро“ да се отвори копнената граница меѓу двете земји за граѓаните на трети земји.

The post Чавушоглу: Првата рунда од преговорите за нормализација на турско-ерменските односи може да се одржи во Ереван appeared first on Република.

]]>

Турција и понуди на Ерменија првата рунда преговори за нормализација на турско-ерменските односи да се одржи во Ереван, јавува турската агенција Анадолу.
Ние и понудивме на Ерменија првиот состанок да може да се одржи во Ереван, но Ерменија сè уште не е подготвена за тоа поради внатрешни притисоци - изјави шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на заедничката конференција на министрите за внатрешни работи и надворешни работи на Турција и Австрија во Анкара.
Чавушоглу изјави дека ерменската дијаспора е поделена во однос на процесот на нормализација на турско-ерменските односи и додаде дека во Ерменија имало демонстрации на одредени екстремистички групи во врска со процесот. Чавушоглу изјави дека Турција се консултира со Азербејџан за секоја фаза од процесот на нормализација и дека сака „процесот да продолжи постепено“. Тој порача дека Турција ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Ерменија и Азербејџан. Турското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека ерменскиот и турскиот претставник за нормализација на билатералните односи се договориле на состанокот во Виена „што е можно поскоро“ да се отвори копнената граница меѓу двете земји за граѓаните на трети земји.

The post Чавушоглу: Првата рунда од преговорите за нормализација на турско-ерменските односи може да се одржи во Ереван appeared first on Република.

]]>
Лавров слета во Анкара на разговори со Чавушоглу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-sleta-vo-ankara-na-razgovori-so-chavushoglu/ Wed, 08 Jun 2022 07:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=512453

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, пристигна во официјална посета на Турција, каде што во Анкара ќе разговара со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата во Украина, за Сирија, Либија и Нагорно Карабах, како и за ситуацијата на Балканот, Авганистан и Централна Азија.

The post Лавров слета во Анкара на разговори со Чавушоглу appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, пристигна во официјална посета на Турција, каде што во Анкара ќе разговара со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу. Според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата во Украина, за Сирија, Либија и Нагорно Карабах, како и за ситуацијата на Балканот, Авганистан и Централна Азија.

The post Лавров слета во Анкара на разговори со Чавушоглу appeared first on Република.

]]>
Шведска и Финска да престанат да ги поддржуваат терористичките групи ако сакаат Турција да ги поддржи за НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-finska-da-prestanat-da-gi-poddrzuvaat-teroristichkite-grupi-ako-sakaat-turcija-da-gi-poddrzi-za-nato/ Sun, 15 May 2022 15:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=502566

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО.

Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, Чавушоглу рече дека се сретнал со шведскиот и финскиот колега и дека тие се обидуваат да одговорат на загриженоста на Турција.

Тој додаде дека Турција никому не му се заканува, ниту има корист од актуелната ситуација, но особено зборуваше за поддршката на Шведска за курдската милитантна група ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја сметаат за терористичка организација.

Финска денеска потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО, а се очекува и Шведска да го следи примерот, како одговор на руската инвазија на Украина.

Како што пренесуваат агенциите, сепак, загриженоста на Турција може да биде пречка, бидејќи секоја одлука за влез во НАТО бара едногласно одобрение од сите 30 земји-членки.

„Овде апсолутно мора да има безбедносни гаранции. Тие мора да престанат да ги поддржуваат терористичките организации“, им рече Чавушоглу на турските новинари во Берлин.

Шефот на турската дипломатија додаде дека Шведска и Финска мора да ја укинат забраната за извоз на некои производи од нивната одбранбена индустрија во Турција.

Нашата позиција е совршено отворена и јасна. Ова не е закана, тоа не се преговори во кои се обидуваме да ги наметнеме нашите интереси, рече тој.

Според него, „ова, исто така, не е популизам“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги изненади сојузниците на НАТО и скандинавските земји во петокот кога рече дека Турција не може да го поддржи проширувањето, бидејќи Финска и Шведска се „дом на голем број терористички организации“, но неговиот портпарол во саботата рече дека Турција не ги затворила вратите.

Чавушоглу повтори дека Турција, која влезе во НАТО пред 70 години, не се противи на политиката на отворени врати.

Тој рече дека разговорите со колегите од Шведска и Финска биле добри и дека тие дале „предлози за ублажување на легитимната загриженост што Турција ќе ги разгледа“.

Шефот на турската дипломатија истакна дека им доставил докази дека терористи живеат во нивните земји.

The post Шведска и Финска да престанат да ги поддржуваат терористичките групи ако сакаат Турција да ги поддржи за НАТО appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО. Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, Чавушоглу рече дека се сретнал со шведскиот и финскиот колега и дека тие се обидуваат да одговорат на загриженоста на Турција. Тој додаде дека Турција никому не му се заканува, ниту има корист од актуелната ситуација, но особено зборуваше за поддршката на Шведска за курдската милитантна група ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја сметаат за терористичка организација. Финска денеска потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО, а се очекува и Шведска да го следи примерот, како одговор на руската инвазија на Украина. Како што пренесуваат агенциите, сепак, загриженоста на Турција може да биде пречка, бидејќи секоја одлука за влез во НАТО бара едногласно одобрение од сите 30 земји-членки. „Овде апсолутно мора да има безбедносни гаранции. Тие мора да престанат да ги поддржуваат терористичките организации“, им рече Чавушоглу на турските новинари во Берлин. Шефот на турската дипломатија додаде дека Шведска и Финска мора да ја укинат забраната за извоз на некои производи од нивната одбранбена индустрија во Турција.
Нашата позиција е совршено отворена и јасна. Ова не е закана, тоа не се преговори во кои се обидуваме да ги наметнеме нашите интереси, рече тој.
Според него, „ова, исто така, не е популизам“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги изненади сојузниците на НАТО и скандинавските земји во петокот кога рече дека Турција не може да го поддржи проширувањето, бидејќи Финска и Шведска се „дом на голем број терористички организации“, но неговиот портпарол во саботата рече дека Турција не ги затворила вратите. Чавушоглу повтори дека Турција, која влезе во НАТО пред 70 години, не се противи на политиката на отворени врати. Тој рече дека разговорите со колегите од Шведска и Финска биле добри и дека тие дале „предлози за ублажување на легитимната загриженост што Турција ќе ги разгледа“. Шефот на турската дипломатија истакна дека им доставил докази дека терористи живеат во нивните земји.

The post Шведска и Финска да престанат да ги поддржуваат терористичките групи ако сакаат Турција да ги поддржи за НАТО appeared first on Република.

]]>