Методија Шаторов Шарло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metodija-shatorov-sharlo/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Jan 2023 07:46:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Методија Шаторов Шарло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metodija-shatorov-sharlo/ 32 32 Роден е Методија Шаторов – Шарло, уште еден Македонец кого Бугарија го смета за свој партизан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roden-e-metodija-shatorov-sharlo-ushte-eden-makedonets-kogo-bugarija-go-smeta-za-svoj-partizan/ Tue, 10 Jan 2023 07:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=595155

Во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист и национален деец.

Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија.

Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство — тој е исклучен од КПЈ — а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугарија се смета за бугарски партизан.

Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ.

Постојат и други ставови. Вера Ацева, на линија на официјалната историографија во времето на комунизмот, во 1973 година го тврди следното: Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам.“

Поради неговите автономистички и македонски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување.

Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, а организиран од МАНУ во ноември 2005 година.

The post Роден е Методија Шаторов – Шарло, уште еден Македонец кого Бугарија го смета за свој партизан appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист и национален деец. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија. Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство — тој е исклучен од КПЈ — а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугарија се смета за бугарски партизан. Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ. Постојат и други ставови. Вера Ацева, на линија на официјалната историографија во времето на комунизмот, во 1973 година го тврди следното: Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам.“ Поради неговите автономистички и македонски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување. Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, а организиран од МАНУ во ноември 2005 година.

The post Роден е Методија Шаторов – Шарло, уште еден Македонец кого Бугарија го смета за свој партизан appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром ја зголемува безбедноста во сообраќајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-ja-zgolemuva-bezbednosta-vo-soobrakjajot/ Sat, 26 Feb 2022 11:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=464226

Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот, информираат преку соопштение од општината.

Станува збор за една од најфреквентните улици во овој дел на општината, во чија непосредна близина се наоѓа основно училиште, две градинки, како и детски игралишта. Неодамна, неколкупати на оваа улица бевме сведоци на немили и трагични сцени за возачите и пешаците.

Токму затоа, посветени сме на создавање услови за слободно и безбедно движење на нашите деца, како и на сите пешаци, велосипедисти и учесници во сообраќајот. Интензивно работиме на зголемување на безбедноста низ целата општина преку преземање конкретни мерки и подобрување на видливоста на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Општина Аеродром апелира на свесност и совесно однесување во сообраќајот од сите граѓани и ги повикуваме надлежните институции најстрого да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат правилата, стои во соопштението од општината.

The post Општина Аеродром ја зголемува безбедноста во сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот, информираат преку соопштение од општината. Станува збор за една од најфреквентните улици во овој дел на општината, во чија непосредна близина се наоѓа основно училиште, две градинки, како и детски игралишта. Неодамна, неколкупати на оваа улица бевме сведоци на немили и трагични сцени за возачите и пешаците. Токму затоа, посветени сме на создавање услови за слободно и безбедно движење на нашите деца, како и на сите пешаци, велосипедисти и учесници во сообраќајот. Интензивно работиме на зголемување на безбедноста низ целата општина преку преземање конкретни мерки и подобрување на видливоста на хоризонталната и вертикалната сигнализација. Општина Аеродром апелира на свесност и совесно однесување во сообраќајот од сите граѓани и ги повикуваме надлежните институции најстрого да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат правилата, стои во соопштението од општината.

The post Општина Аеродром ја зголемува безбедноста во сообраќајот appeared first on Република.

]]>