методија андонов ченто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metodija-andonov-chento/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 21:26:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png методија андонов ченто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metodija-andonov-chento/ 32 32 Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zivotot-i-deloto-na-chento-preku-fotografii-pretstaveni-vo-ohrid/ Fri, 18 Nov 2022 21:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=575661

Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид.

Изложбата насловена „Ченто – биографија низ фотографија“ на Рубинчо Белчески ја отворија директорите на Охридскиот и Прилепскиот музеј, Катерина Велкоска и Горан Цветкоски.

Посетителите, како што истакна Велкоска, на 250 хронолошки поставени фотографии ќе можат да го видат животот и делото на Ченто, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на дела создадени за него.

– Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на Ченто, ја прават фотомонографијата, која го заокружи проектот, посочи Велкоска.

Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, а пред охридската публика ќе биде достапна секој работен ден до 30 ноември годинава.

The post Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид appeared first on Република.

]]>

Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Изложбата насловена „Ченто – биографија низ фотографија“ на Рубинчо Белчески ја отворија директорите на Охридскиот и Прилепскиот музеј, Катерина Велкоска и Горан Цветкоски. Посетителите, како што истакна Велкоска, на 250 хронолошки поставени фотографии ќе можат да го видат животот и делото на Ченто, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на дела создадени за него.
– Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на Ченто, ја прават фотомонографијата, која го заокружи проектот, посочи Велкоска.
Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, а пред охридската публика ќе биде достапна секој работен ден до 30 ноември годинава.

The post Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид appeared first on Република.

]]>
„Не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што…“: 120 години од раѓањето на првиот претседател Македонија, Методиjа Андонов Ченто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-zalam-oti-kje-umram-samo-mi-e-maka-shto-120-godini-od-ragjanjeto-na-prviot-pretsedatel-makedonija-metodija-andonov-chento/ Wed, 17 Aug 2022 19:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=541503

На денешен ден на 17.8.1902 е роден Методија Андонов – Ченто, македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија. Toj ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост и бил еден  организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп.

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори.

На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15. македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-zalam-oti-kje-umram-samo-mi-e-maka-shto-nemam-vreme-da-napisham-nekoi-raboti-koi-shto-istorijata-na-makedonskiot-narod-treba-da-gi-odbelezi/

Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

 

Затворски фотопортрет на Ченто

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен.

Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп.

 

The post „Не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што…“: 120 години од раѓањето на првиот претседател Македонија, Методиjа Андонов Ченто appeared first on Република.

]]>

На денешен ден на 17.8.1902 е роден Методија Андонов – Ченто, македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија. Toj ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост и бил еден  организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп. Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача. По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија). Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб. По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15. македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија. Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-zalam-oti-kje-umram-samo-mi-e-maka-shto-nemam-vreme-da-napisham-nekoi-raboti-koi-shto-istorijata-na-makedonskiot-narod-treba-da-gi-odbelezi/ Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.
 
Затворски фотопортрет на Ченто
Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп.  

The post „Не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што…“: 120 години од раѓањето на првиот претседател Македонија, Методиjа Андонов Ченто appeared first on Република.

]]>
Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/ Wed, 17 Aug 2022 07:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=541176

Денес се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто.

Покана за одбележување на овој голем настан до граѓаните упати градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша:
Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме.
За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него, напиша Стефковски.

На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто.

The post Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто appeared first on Република.

]]>

Денес се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто. Покана за одбележување на овој голем настан до граѓаните упати градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша: Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него, напиша Стефковски. На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто.

The post Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто appeared first on Република.

]]>
Ченто за Тито: Ми ветуваше дека ќе ја обединиме Македонија, а зад мене ги тера неговите луѓе да ме нарекуваат сепаратист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chento-za-tito-mi-vetuvashe-deka-kje-ja-obedinime-makedonija-a-zad-mene-gi-tera-negovite-lugje-da-me-narekuvaat-separatist/ Sun, 24 Jul 2022 17:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=532749

Сведоштво на Методија АНДОНОВ ЧЕНТО по излегувањето од затвор

„…. Се сомневав дека Тито игра двојна игра, пред мене ми даваше право за се, ми ветуваше дека ќе ја обединиме Македонија, а зад мене ги тера неговите луѓе да ме критикуваат за тоа и да ме нарекуваат сепаратист.

Пред мене на секое мое барање дека Македонците бараат обединување на Македонија тој се согалсуваше со мене, но после тоа правеше сосема спротивно. Од желбата што сакав да ја видам Македонија обединета му верував искрено дека и тој ќе се залага за обединување на Македонија, но погрешив.

Претпоставував дека тоа го прави за да се извлече од обврската што ја вети, дека ќе се заложи за обединување на Македонија.

Но веројатно тоа беше само ветување, а моето често потсетување на тоа кога разговаравме насамо, така и во моите јавни говори му сметаше на Тито во неговите планови за владеење, па лукаво сакаше да ме тргни настрана.

Знаев дека тој не мора да ја сака Македонија и македонскиот народ, или пак ги сакаше колку што му требаа во Југославија. Сигурно мислеше дека залагањето за обединување на Македонија ќе му штети во владеењето, затоа, без око да му трепни обединувањето го тргна настрана.

Еве, поминаа единаесет години и се покажа дека токму тоа го мислел. Но ми беше тешко дека од обединувањето на Македонија многу лесно се откажаа многу Македонци и тоа само за да можат да седат и да живеат во убавите туѓи куќи во кои се населија откако со сила ги избркаа сопствениците. Дека на повеќе од нив им беше важно нивното удобство ми беше јасно многу одамна.

Кога се согласив да се борам со окупаторите го сторив тоа бидејќи мислев дека има луѓе како Кузман и дека навистина се загрижени за судбината на македонскиот народ и негово ослободување и обединување. Но тие што беа слични на Кузман загинаа, а останаа само слепите послушници на Комунистичката партија на Југославија.”

(Објавено од Јане Ченто на 16 ноември 2020 година)

The post Ченто за Тито: Ми ветуваше дека ќе ја обединиме Македонија, а зад мене ги тера неговите луѓе да ме нарекуваат сепаратист appeared first on Република.

]]>

Сведоштво на Методија АНДОНОВ ЧЕНТО по излегувањето од затвор „…. Се сомневав дека Тито игра двојна игра, пред мене ми даваше право за се, ми ветуваше дека ќе ја обединиме Македонија, а зад мене ги тера неговите луѓе да ме критикуваат за тоа и да ме нарекуваат сепаратист. Пред мене на секое мое барање дека Македонците бараат обединување на Македонија тој се согалсуваше со мене, но после тоа правеше сосема спротивно. Од желбата што сакав да ја видам Македонија обединета му верував искрено дека и тој ќе се залага за обединување на Македонија, но погрешив. Претпоставував дека тоа го прави за да се извлече од обврската што ја вети, дека ќе се заложи за обединување на Македонија. Но веројатно тоа беше само ветување, а моето често потсетување на тоа кога разговаравме насамо, така и во моите јавни говори му сметаше на Тито во неговите планови за владеење, па лукаво сакаше да ме тргни настрана. Знаев дека тој не мора да ја сака Македонија и македонскиот народ, или пак ги сакаше колку што му требаа во Југославија. Сигурно мислеше дека залагањето за обединување на Македонија ќе му штети во владеењето, затоа, без око да му трепни обединувањето го тргна настрана. Еве, поминаа единаесет години и се покажа дека токму тоа го мислел. Но ми беше тешко дека од обединувањето на Македонија многу лесно се откажаа многу Македонци и тоа само за да можат да седат и да живеат во убавите туѓи куќи во кои се населија откако со сила ги избркаа сопствениците. Дека на повеќе од нив им беше важно нивното удобство ми беше јасно многу одамна. Кога се согласив да се борам со окупаторите го сторив тоа бидејќи мислев дека има луѓе како Кузман и дека навистина се загрижени за судбината на македонскиот народ и негово ослободување и обединување. Но тие што беа слични на Кузман загинаа, а останаа само слепите послушници на Комунистичката партија на Југославија.” (Објавено од Јане Ченто на 16 ноември 2020 година)

The post Ченто за Тито: Ми ветуваше дека ќе ја обединиме Македонија, а зад мене ги тера неговите луѓе да ме нарекуваат сепаратист appeared first on Република.

]]>
Јас не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на македонскиот народ треба да ги одбележи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-zalam-oti-kje-umram-samo-mi-e-maka-shto-nemam-vreme-da-napisham-nekoi-raboti-koi-shto-istorijata-na-makedonskiot-narod-treba-da-gi-odbelezi/ Sun, 24 Jul 2022 17:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=532750

Вечна слава Претседателе, идеалите твои се заклетви мои, му порача внукот Јане Ченто на својот дедо Методија Андонов - Ченто на денот кога се одбележуваат 65 години од смртта на првиот македонски претседател, пренесувајќи дел од неговите зборови.

Загубив сè, материјално пропаднав,мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија, а ја завршив како слеп сиромав.
Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.

 

Му наредиов на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе.

 

Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања, осуден сум за тоа што не сум го сторил, од глад сум паѓал во несвест, сум издржал 9 години казна, ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.

 

Од сето тоа ми остана човечкото достоинство, и тоа сакаат да ми го земат.

 

Јас не жалам оти ќе умрам,само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи, не затоа што јас сум учествувал во тие настани, треба да знаат како се одвиваала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговоата слобода.

The post Јас не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на македонскиот народ треба да ги одбележи appeared first on Република.

]]>

Вечна слава Претседателе, идеалите твои се заклетви мои, му порача внукот Јане Ченто на својот дедо Методија Андонов - Ченто на денот кога се одбележуваат 65 години од смртта на првиот македонски претседател, пренесувајќи дел од неговите зборови.
Загубив сè, материјално пропаднав,мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија, а ја завршив како слеп сиромав. Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.   Му наредиов на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе.   Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања, осуден сум за тоа што не сум го сторил, од глад сум паѓал во несвест, сум издржал 9 години казна, ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.   Од сето тоа ми остана човечкото достоинство, и тоа сакаат да ми го земат.   Јас не жалам оти ќе умрам,само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи, не затоа што јас сум учествувал во тие настани, треба да знаат како се одвиваала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговоата слобода.

The post Јас не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на македонскиот народ треба да ги одбележи appeared first on Република.

]]>