Метју Нимиц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metju-nimic/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 13:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Метју Нимиц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metju-nimic/ 32 32 Нимиц: ЕУ направи историска грешка што го одложи пристапувањето на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nimits-eu-napravi-istoriska-greshka-shto-go-odlozhi-pristapuvaneto-na-makedonija/ Sat, 29 Jun 2024 13:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=791839

Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нимиц учествуваше на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни се одржа во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, а во интервјуто за „Ин“ говори за Договорот од Преспа, ситуацијата во регионот и пошироко, но и за улогата на ЕУ.

– Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Македонија. Очекувањата не беа такви – рече Нимиц.

Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека е „навистина важен и многу добар договор за двете земји“, но и компромис, а во конкретниот регион, како што посочува „никој не сака компромиси“.

– Во САД зборот компромис е позитивен збор. Ако не се согласуваш со некој, влегуваш во друга просторија, излегуваш и велиш дека е постигнат компромис и сите се многу среќни. Во овој регион велиш дека е направен компромис, а луѓето го сметаат за неуспех. Го гледаат она од што сте се откажале, а не она што сте го добиле. И сите овие договори, се разбира, ако дојдете до договор за едно несогласување, тоа обично е компромис. И сега имаме ситуација, кога првично раководството на Македонија даде некои изјави за употребата на името, што сметам дека е вознемирувачки – рече Нимиц.

Тој оценува дека Договорот нема да пропадне, бидејќи, како што вели е „силен и ратификуван од двата парламента“, но посочува дека постои опасност да не се имплементира.

– Новото раководство на Македонија изјави дека ќе го почитува Договорот. А Владата на Мицотакис овде во Грција уште од почетокот кажа дека тоа е меѓународен Договор и дека ќе го почитува. Значи, мислам дека не постои прашање за пропаѓање на Договорот, но постои ризик луѓето да не го спроведат и да пропадне на рабовите. Значи, едната страна нема да го направи ова, другата нема да го направи тоа и на крајот очекувањата дека тоа ќе ги приближи двете земји нема да се реализираат – посочи Нимиц.

За регионот рече дека постојат „повеќе проблеми отколку што мислиме“, кои не се на ниво како во Украина или на Блискиот Исток или ривалството меѓу САД и Кина, но можат да излезат од контрола во тој регион.

Извор: МИА

The post Нимиц: ЕУ направи историска грешка што го одложи пристапувањето на Македонија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина. Нимиц учествуваше на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни се одржа во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, а во интервјуто за „Ин“ говори за Договорот од Преспа, ситуацијата во регионот и пошироко, но и за улогата на ЕУ.