Метју Лосон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metju-loson/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 21:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Метју Лосон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metju-loson/ 32 32 Британскиот амбасадор: Апсолутна поддршка во изнаоѓањето на вистинскиот начин за придвижување на евроинтеграцискиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/britanskiot-ambasador-apsolutna-poddrshka-vo-iznaoganeto-na-vistinskiot-nachin-za-pridvizhuvane-na-evrointegratsiskiot-protses/ Wed, 27 Nov 2024 21:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=842526

Британската Влада апсолутно дава поддршка во изнаоѓањето на вистинскиот начин за придвижување на работите напред во процесот за вашето членство во Европската Унија, изјави амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон.

Во гостување на ТВ Сител, Лосон рече дека процесот за членство во ЕУ е долг и понекогаш фрустирачки и тежок, но оти придобивките се значајни, како и дека е важно да се држиме до постигнатите договори.

Нашата позиција како Велика Британија дека е суверено право на Македонија да бара членство во ЕУ. Многу ми е јасно дека големо мнозинство граѓани го сакаат тоа и исто така е јасно дека Владата сака да се приклучи да направи прогрес и има план за тоа. Ја нотирам тензијата околу тоа што сум прашан за приклучување во ЕУ иако Велика Британија ја напушти Унијата но имам неколку гледишта кои се надевам ќе ги примите како наше искуство. Прво што треба да се каже дека Британското искуство од 1961 дека е потрошено долго време за да се приклчите кон ЕУ. Аплициравме за членство во 1961, а не добивме полноправно членство до 1973. Тоа се 12 години во време кога ЕУ беше многу помалку комплицирана. Мислам дека од наша перспектива ова е долг и понекогаш фрустирачки и тежок процес но придобивките се значајни за вашата земја. Втората поента, која сакам да ја истакнам, е дека за време на овој процес важно е да се држите до постигнатите договори. Имаме два важни договори. Преспанскиот договор кој го деблокираше членството во НАТО и потоа ЕУ Договорот кој бараше тешки компромиси на двете страни за да се дојде до него како решение за придвижување напред кон отворање на кластерот Основи како што е условот за уставни измени. Мислам дека тоа е компромис и од двете страни и да се најде начин за придвижување на работите напред е нешто на што Владата е посветена и Британската влада апсолутно поддржува во изнаѓањето на вистинскиот начин, рече Лосон.

Тој истакна и дека Планот за раст е многу важна компонента за влада и држава која сака да има економски развој.

Во смисла на тоа што се нуди, дополни, зборувајќи како втор најголем инвеститор во земјава, мислам дека е важно да се потенцира природата на Планот за раст кој ќе им даде на македонските компании на странските компании кои се тука пристап до единствениот европски пазар пазар од 450 милиони луѓе значајна можност. Британските бизниси кои работат тука се многу позитивни во врска со ова. За влада и држава која сака да види економски развој Планот за раст е многу важна компонента. Значи многу се нуди од ЕУ. Британската позиција е да се поддржи вашата суверена одлука да се приклучите, наведе амбасадорот.

Тој нагласи и дека владеењето на правото и почитувањето на законите и договорите и поседувањето систем кој е ослободен од корупција е од витално значење за бизнис инвестициите.

Во Западен Балкан вие сте ни значаен трговски партнер, зборувам во име на британските бизниси кои се тука, кои тргуваат и работат тука. Мислам дека првото е очигледно владеењето на правото. Да, имате само 3 проценти граѓани кои веруваат во владеењето на правото и верувааат дека правосудниот систем работи ефективно е проблем. Работиме со вашите институции со други значајни партнери за да го адресираме тоа.владеењето на правото и почитувањето на законите и договорите и поседувањето систем кој е ослободен од корупција е од витално значење за бизнис инвестициите. Затоа мислам дека ова е прв и најважен предизвик, наведе Лосон.

Тој додаде дека други теми за кои зборувале е да се обезбеди столбовите на демократијата да бидат силни особено во тешки времиња за Европа.

Работиме со Владата, граѓанското општество, особено во делот на справување со дезинформациите, сајбер заканите и зајакнувањето на демократијата. Особено сум задоволен што нашата програма Национална развојна стратегија која се спроведува од ОН и која обезбедува долгорочни алатки за планирање не само за Владата, туку и за граѓанското општество и младите, беше усвоена од сите партии во Собранието. Мислам дека тоа е британска контрибуција за зајакнување на вашата демократија и зајакнување на вашите институции, рече британскиот амбасадор.

The post Британскиот амбасадор: Апсолутна поддршка во изнаоѓањето на вистинскиот начин за придвижување на евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>

Сиљановска Давкова: Во процесот на одлучување, кога одредено прашање се однесува на младите, тие да кажат како го замислуваат решението https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-vo-protsesot-na-odluchuvane-koga-odredeno-prashane-se-odnesuva-na-mladite-tie-da-kazhat-kako-go-zamisluvaat-reshenieto/ Tue, 13 Aug 2024 08:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=806046

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вчеравечер се обрати на младинската дискусија „Nextgen перспективи: Младинска (Ре)акција!“, што по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, се одржа во Вила Билјана во Охрид.

Темата на настанот, во коорганизација на Националниот младински совет на Македонија и Кабинетот на претседателот, а со поддршка на Британската амбасада во Скопје, беа младинските перспективи и визиите на младите за лидер и лидерство.

За време на дискусијата беа споделени размислувања, идеи и визии на младите кои доаѓаат од граѓанските организации за состојбата со младите и младинското организирање кај нас.

Претседателката Сиљановска Давкова рече дека не може за младите да се одлучува без младите и како што нагласи, многу логично е во процесот на одлучување, кога одредено прашање се однесува на младите, тие да кажат како го замислуваат решението.

Можеби е добро да ги земете работите во свои раце, да бидете субверзивни, бидејќи еднаш ќе ве прескокнат, меѓутоа не може секогаш. Ако зад вас стојат моќни организации, тогаш и вашиот збор и вие ќе бидете чуени. Мислам дека клучната улога ја имаат младите. Без ум, без знаење, без креација, без непослушност, промени нема, рече претседателката Сиљановска Давкова, порачувајќи дека само одлуките во кои учествуваат младите можат да водат сметка за иднината во која клучниот збор ќе го имаат младите.

Во своето обраќање на настанот, британскиот амбасадор Метју Лосон посочи на заложбите за поддршка на младите луѓе.

Британската амбасада е одлучна во поддршката на младите луѓе низ целата земја. Нашата посветеност вклучува зајакнување на младите девојки и жени, како и препознавање на критичната улога што ја играат во градењето на инклузивни и отпорни заедници. Продолжуваме да работиме заедно со голем број партнери со цел да ги опремиме младите со неопходното знаење, вештини и искуства потребни за нивно напредување, како професионално, така и лично. На овој Меѓународен ден на младите, ми претставува огромно задоволство што ги славиме нашите достигнувања и нашите придонеси заедно со претседателката, партнерите и младинските организации. Ќе продолжиме да работиме заедно на овие важни прашања“, рече амбасадорот Лосон.

Претседателот на НМСМ, Филип Ивковски рече дека радува можноста за Меѓународниот ден на младите да им се овозможи на младите простор да разговараат за своите потреби и интереси со носители на одлуки.

Се надеваме дека ова нема да биде ретка можност туку стандардна практика преку која младите секогаш ќе бидат дел од одлуките кои ги засегаат  нив. Затоа и Националниот младински совет на Македонија веќе една деценија работи на креирање политики и мерки за млади издвојувајќи ги Законот за младинско учество и младински политики, Стратегијата за млади, Стратегијата за ментално здравје кај млади како позначајни системски решенија. Предизвиците се' уште остануваат бројни, но секогаш нашата работа е водена од најдобриот интерес на секој млад човек и никој да не остане заборавен на маргините на општеството, рече Филип Ивковски, претседател на НМСМ.

Меѓународниот ден на младите кој се одбележува секоја година на 12 август е прогласен од Обединетите нации со идеја за подигање на свеста за младите и младинските прашања. Целта на денот е да се сврти вниманието на јавноста за одредени културни, социјални и правни прашања околу младите.

The post Сиљановска Давкова: Во процесот на одлучување, кога одредено прашање се однесува на младите, тие да кажат како го замислуваат решението appeared first on Република.

Амбасадорот Метју Лосон го честиташе Св. Кирил и Методиј: Нивниот придонес и дело е од непроценливо значење за македонскиот јазик, култура и писменост https://arhiva3.republika.mk/zivot/ambasadorot-metju-loson-go-chestitashe-sv-kiril-i-metodij-nivniot-pridones-i-delo-e-od-neprotsenlivo-znachene-za-makedonskiot-jazik-kultura-i-pismenost/ Fri, 24 May 2024 18:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=781494

„Честит празник - Свети Кирил и Методиј. Нивниот придонес и дело е од непроценливо значење за македонскиот јазик, култура и писменост. Фотографиите ги направив при мојата последна посета на прекрасниот Охрид каде се воодушевив од убавината на многубројните историски знаменитости.", објави на својот фејсбик профил Метју Лосон, Британски амбасадор

The post Амбасадорот Метју Лосон го честиташе Св. Кирил и Методиј: Нивниот придонес и дело е од непроценливо значење за македонскиот јазик, култура и писменост appeared first on Република.

Амбасадорите на Обединетото Кралство и Украина на прием кај претседателката Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorite-na-obedinetoto-kralstvo-i-ukraina-na-priem-kaj-pretsedatelkata-siljanovska-davkova/ Mon, 20 May 2024 15:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=780212

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

Како што се наведува во соопштението, на средбата со Дир било изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласила нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.

Двете соговорнички, како што се посочува, размениле мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Силјановска Давкова ја нагласила македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.

Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Силјановска Давкова ѝ посакалс успешно извршување на функцијата.

На средбата со Лосон, како што информира Кабинетот на претседателката, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Силјановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата.

Претседателката посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.

Како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Амбасадорот Лосон на претседателката Силјановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.

Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат, се вели во честитката од кралот Чарлс Трети.

The post Амбасадорите на Обединетото Кралство и Украина на прием кај претседателката Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. Како што се наведува во соопштението, на средбата со Дир било изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласила нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност. Двете соговорнички, како што се посочува, размениле мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Силјановска Давкова ја нагласила македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Силјановска Давкова ѝ посакалс успешно извршување на функцијата. На средбата со Лосон, како што информира Кабинетот на претседателката, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Силјановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата. Претседателката посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.
Како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Амбасадорот Лосон на претседателката Силјановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.
Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат, се вели во честитката од кралот Чарлс Трети.

The post Амбасадорите на Обединетото Кралство и Украина на прием кај претседателката Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Лосон: Нема потреба да дебатираме дали постои македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loson-nema-potreba-da-debatirame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/ Wed, 14 Jun 2023 18:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=651467

Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје.

Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на Виз Ер, бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома. Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме, „ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму, рече Лосон.

По повод одбележувањето и на 30 години партнерство и дипломатски односи меѓу двете земји, амбасадорот рече дека секогаш ќе ја поддржуваат Македонија како рамноправен партнер.

Секогаш ќе ја поддржуваме Македонија како рамноправен партнер во трговијата, инвестициите, во НАТО, ОБСЕ, Обединетите Нации. Нашето партнерство се протега и во вашата култура, јазик и историја. Ние сме горди на нашата историја и нашиот јазик во Обединетото Кралство, особено оваа година со крунисувањето на нашиот нов крал и разбираме и почитуваме дека и вие сте горди за вашиот јазик и вашата историја, дополни Лосон.

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, на настанот што се одржа во Музеј на современа уметност во Скопје, истакна дека се гордеат што и Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО.

Како специјален претставник, дел од мојата улога е да промовирам отпорни и отворени општества. Додека беснее војна во Украина, на едвај 700 километри оттука, ова никогаш не било поважно. Стоиме заедно со Украина соочени со руската агресија затоа што веруваме во демократијата и меѓународниот систем заснован на правила. Горди сме што и Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО, рече Пич, дополнувајќи дека вежбата „Брз одговор 22“ која се одржа минатата година беше јасен показател на оваа посветеност.

Тој рече дека  Македонија игра водечка улога на меѓународно ниво не е само преку НАТО.

Македонија претседава со ОБСЕ во време кога Русија се обидува да го поткопа пристапот на организацијата базиран на консензус. Го поздравувам ова лидерство и одбрана на основните принципи на ОБСЕ - отсуство од употреба на сила, почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и заштита на основните права и слободи, рече Пич.

Тој сподели дека политичката посветеност на реформите е клучна и Обединетото Кралство работи заедно со Македонија во поддршка на институциите, граѓанското општество, слободните медиуми, истовремено промовирајќи го почитувањето на човековите права вклучително и родовата еднаквост.

Нашата програма Чивнинг им даде шанса на над 200 граѓани да студираат на престижни британски универзитети. Стабилното инвестициско опкружување и пазарот на трудот ја поткрепуваат стабилноста. Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан, во 2022 година вкупната трговска размена изнесуваше 2,3 милијарди фунти со значителни инвестиции од британските компании како Џонсон Мети, Сопро и Централ Ејжа Металс, рече Пич.

Тој информираше дека наскоро ќе биде отворена бизнис комора на Обединетото Кралство/Македонија, што ќе им овозможи на другите да ги споделат плодовите од ова партнерство.

Да резимираме, ќе продолжиме да стоиме заедно со сите граѓани на Македонија кои работат на обезбедување стабилна иднина во срцето на евроатлантската заедница. Ќе ве поддржиме во градењето на робусни институции за поддршка на оваа цел, во развојот на економијата и создавањето на работни места за обезбедување на посветла иднина на следната генерација, рече Пич.

Во рамките на одбележувањето на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје денеска се одигра и фудбалски натрпевар помеѓу женската селекција на С Македонија и армиската екипа на Велика Британија.

The post Лосон: Нема потреба да дебатираме дали постои македонскиот јазик appeared first on Република.

Ахмети на средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-sredba-so-britanskiot-ambasador-sojuzot-za-evropa-na-progresivnite-partii-e-idninata/ Wed, 25 Jan 2023 09:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=600742

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Метју Лосон.

Ахмети и Лосон поразговараа за политичкиот моментум, важноста на политичката стабилност, европската алијанса на прогресивните сили, единството за усвојување на уставните измени без пролонгирање и целосниот фокус на земјата во спроведување на реформите за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Ахмети изрази благодарност за поддршката што британската држава отсекогаш ја давала на процесите за демократски и економски развој на земјата, на членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија, како и за конструктивната поддршка во надминувањето на споровите во духот на добрососедството и унапредување на европскиот пат.

Ахмети го информираше амбасадорот Лосон за информативните средби што Демократската унија за интеграција ги одржува со граѓаните под мотото “Заедно кон Европа“ за да се пренесе јасна порака за здружување на силите во мисијата за интеграција.

Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината, нагласи меѓу другото Ахмети.

Амбасадорот Лосон ја повтори британската поддршка за европската интеграција на Македонија, како и на реформите во земјата, но и на големиот интерес за зголемување на британските инвестиции во нашата земја.

The post Ахмети на средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Метју Лосон. Ахмети и Лосон поразговараа за политичкиот моментум, важноста на политичката стабилност, европската алијанса на прогресивните сили, единството за усвојување на уставните измени без пролонгирање и целосниот фокус на земјата во спроведување на реформите за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија. Ахмети изрази благодарност за поддршката што британската држава отсекогаш ја давала на процесите за демократски и економски развој на земјата, на членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија, како и за конструктивната поддршка во надминувањето на споровите во духот на добрососедството и унапредување на европскиот пат. Ахмети го информираше амбасадорот Лосон за информативните средби што Демократската унија за интеграција ги одржува со граѓаните под мотото “Заедно кон Европа“ за да се пренесе јасна порака за здружување на силите во мисијата за интеграција.
Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината, нагласи меѓу другото Ахмети.
Амбасадорот Лосон ја повтори британската поддршка за европската интеграција на Македонија, како и на реформите во земјата, но и на големиот интерес за зголемување на британските инвестиции во нашата земја.

The post Ахмети на средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината appeared first on Република.

]]>
Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-vo-makedonija/ Wed, 19 Oct 2022 15:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=563223

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски оствари средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон.

Мицкоски му посака добредојде и му честита за назначување на функцијата и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија, потенцирајќи дека во интерес на државата и граѓаните потребно е продлабочување на соработката и добрите односи меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза.

Мицкоски рече дека власта лошо менаџира со институциите и тоа е една од причините зошто Македонија се соочува со енергетската криза, објаснувајќи дека доколку се направи на време план за модернизација на производните капацитети со кои располага тогаш Македонија наместо увозно зависна земја, ќе има доволно електрична енергија да извезува.

Во однос на надворешната политика, Мицкоски го информираше амбасадорот Лосон дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и работи исклучиво во интерес на граѓаните и за зачувување на државните и национални интереси, укажувајќи дека има визија, план и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат.

Мицкоски се заблагодари на амбасадорот Лосос за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.

The post Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски оствари средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон. Мицкоски му посака добредојде и му честита за назначување на функцијата и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија, потенцирајќи дека во интерес на државата и граѓаните потребно е продлабочување на соработката и добрите односи меѓу двете земји. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза. Мицкоски рече дека власта лошо менаџира со институциите и тоа е една од причините зошто Македонија се соочува со енергетската криза, објаснувајќи дека доколку се направи на време план за модернизација на производните капацитети со кои располага тогаш Македонија наместо увозно зависна земја, ќе има доволно електрична енергија да извезува. Во однос на надворешната политика, Мицкоски го информираше амбасадорот Лосон дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и работи исклучиво во интерес на граѓаните и за зачувување на државните и национални интереси, укажувајќи дека има визија, план и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат. Мицкоски се заблагодари на амбасадорот Лосос за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.

The post Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија во Македонија appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-ne-otstapuvame-od-zelenata-tranzicija-samo-go-usporivme-tempoto/ Wed, 19 Oct 2022 12:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=563098

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.

По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.

На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство.

На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.

Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението.

The post Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.
По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.
На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство. На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.
Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението.

The post Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото appeared first on Република.

]]>
Британскиот амбасадор во Македонијa се пофали со положениот испит по македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/britanskiot-ambasador-vo-makedonija-se-pofali-so-polozeniot-ispit-po-makedonski-jazik/ Mon, 17 Oct 2022 19:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=562129

Работната недела на британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон, кој неодамна стапи на функцијата, му започна со добивање сертификат за положен испит по македонски јазик, ниво Ц1.

За ова тој се пофали на социјалните мрежи велејќи дека му претставува чест и задоволство да го учи македонскиот јазик.

Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура, вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.

Ова не е првпат новиот британски амбасадор да објави видеопорака во која зборува на македонски. Неговото прво видеообраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.

The post Британскиот амбасадор во Македонијa се пофали со положениот испит по македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Работната недела на британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон, кој неодамна стапи на функцијата, му започна со добивање сертификат за положен испит по македонски јазик, ниво Ц1. За ова тој се пофали на социјалните мрежи велејќи дека му претставува чест и задоволство да го учи македонскиот јазик.
Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура, вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.
Ова не е првпат новиот британски амбасадор да објави видеопорака во која зборува на македонски. Неговото прво видеообраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.  

The post Британскиот амбасадор во Македонијa се пофали со положениот испит по македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Британскиот амбасадор положи испит по македонски јазик: Негувајте ги вашиот јазик и култура https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/britanskiot-ambasador-polozi-ispit-po-makedonski-jazik-neguvajte-gi-vashiot-jazik-i-kultura/ Mon, 17 Oct 2022 13:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=562136

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон положил испит за познавање на македонски јазик, ниво Ц1.

Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура, амбасадорот во порката на Македонски јазик, објавена Твитер.

The post Британскиот амбасадор положи испит по македонски јазик: Негувајте ги вашиот јазик и култура appeared first on Република.

Битиќи – Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на нашата земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-loson-obedinetoto-kralstvo-e-doverliv-partner-vo-razvojot-na-nashata-zemja/ Wed, 28 Sep 2022 10:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=555156

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.

На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на Нејзиното Величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на Неговото Величество, кралот Чарлс Трети.

Вицепремиерот Битиќи и Амбасадорот Лосон, разговараа за економските приоритети на Владата, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји како и можностите за развој на истата истакнувајќи дека Обединетото Кралство се традиционално силни економски и партнери во развојот на нашата земја.

Амбасадорот Лосон се заблагодари за топлиот прием и надеж дека партнерскиот однос и добрата соработка ќе продолжи и во неговиот мандат, истакнувајќи дека Обединетото Кралство е еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава.

Вицепремиерот Битиќи се заблагодари на досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на земјава, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на (капиталните) инфраструктурни проекти и креирањето на Националната Развојна Стратегија 2022 – 2042.

The post Битиќи – Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на нашата земја appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон. На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на Нејзиното Величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на Неговото Величество, кралот Чарлс Трети. Вицепремиерот Битиќи и Амбасадорот Лосон, разговараа за економските приоритети на Владата, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји како и можностите за развој на истата истакнувајќи дека Обединетото Кралство се традиционално силни економски и партнери во развојот на нашата земја. Амбасадорот Лосон се заблагодари за топлиот прием и надеж дека партнерскиот однос и добрата соработка ќе продолжи и во неговиот мандат, истакнувајќи дека Обединетото Кралство е еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава. Вицепремиерот Битиќи се заблагодари на досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на земјава, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на (капиталните) инфраструктурни проекти и креирањето на Националната Развојна Стратегија 2022 – 2042.

The post Битиќи – Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на нашата земја appeared first on Република.

]]>
Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/metju-loson-e-imenuvan-za-nov-britanski-ambasador-vo-makedonija/ Thu, 14 Apr 2022 08:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=488297

Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Република Македонија.

Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава.

Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година.

Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.

The post Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>

Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Република Македонија. Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава. Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година. Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.