метеорски дожд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meteorski-dozd/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 09:22:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png метеорски дожд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meteorski-dozd/ 32 32 Најголемиот спектакл на небото: НАСА повикува да излезете од градот, колку е потемно местото каде што сте, толку повеќе метеори ќе видите https://arhiva3.republika.mk/zivot/najgolemiot-spektakl-na-neboto-nasa-povikuva-da-izlezete-od-gradot-kolku-e-potemno-mestoto-kade-shto-ste-tolku-poveke-meteori-ke-vidite/ Fri, 09 Aug 2024 09:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=804886

Персеидите се речиси пред нас, а НАСА одговара на прашањата за тоа како да видите што е можно повеќе „ѕвезди кои паѓаат“. Главен совет на НАСА е да излезете од градот и пронајдете темно рурално место, пишува „Форбс“.

Метеорскиот дожд Персеиди трае од 14 јули до 1 септември 2024 година, но ќе го достигне врвот ноќта од недела, 11 август, до понеделник, 12 август. Иако можеби веќе сте виделе некои Персеиди во изминатите години, тоа е таа врвна ноќ кога треба да бидете секогаш подготвени.

Времето оваа година е совршено за гледање на овој спектакл на небото.

Овогодинашните Персеиди ќе бидат малку погодени од растечката Месечина за 53 отсто, но Месечината ќе зајде додека Персеидите ќе почнат да го достигнуваат врвот.

 

Излезете од градот! Обидете се да стигнете до најтемната локација што можете. Колку е потемно местото каде што сте, толку повеќе метеори ќе видите како шараат низ небото“, се вели во блог пост објавен од НАСА.

Локацијата со јасен, непречен поглед на ноќното небо е од суштинско значење, но она што ви треба повеќе од се е ведро, темно небо.

 

The post Најголемиот спектакл на небото: НАСА повикува да излезете од градот, колку е потемно местото каде што сте, толку повеќе метеори ќе видите appeared first on Република.

]]>

Персеидите се речиси пред нас, а НАСА одговара на прашањата за тоа како да видите што е можно повеќе „ѕвезди кои паѓаат“. Главен совет на НАСА е да излезете од градот и пронајдете темно рурално место, пишува „Форбс“. Метеорскиот дожд Персеиди трае од 14 јули до 1 септември 2024 година, но ќе го достигне врвот ноќта од недела, 11 август, до понеделник, 12 август. Иако можеби веќе сте виделе некои Персеиди во изминатите години, тоа е таа врвна ноќ кога треба да бидете секогаш подготвени. Времето оваа година е совршено за гледање на овој спектакл на небото.
Овогодинашните Персеиди ќе бидат малку погодени од растечката Месечина за 53 отсто, но Месечината ќе зајде додека Персеидите ќе почнат да го достигнуваат врвот.   Излезете од градот! Обидете се да стигнете до најтемната локација што можете. Колку е потемно местото каде што сте, толку повеќе метеори ќе видите како шараат низ небото“, се вели во блог пост објавен од НАСА.
Локацијата со јасен, непречен поглед на ноќното небо е од суштинско значење, но она што ви треба повеќе од се е ведро, темно небо.  

The post Најголемиот спектакл на небото: НАСА повикува да излезете од градот, колку е потемно местото каде што сте, толку повеќе метеори ќе видите appeared first on Република.

]]>
Чудна светлина прелета над Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/chudna-svetlina-preleta-nad-ohrid/ Tue, 15 Aug 2023 19:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=672478

Охриѓани забележаa чудна светлина како поминува над градот. Никој засега не може да потврди за што станува збор. Се работеше за можеби 15-20 сателити кои прелетаа со голема брзина и кои ги забележа фоторепортерот на „Република“.

Можеби се работи за метеорски дожд кој пред неколку дена беше забележан во Кратово и Куманово.

The post Чудна светлина прелета над Охрид appeared first on Република.

]]>

Охриѓани забележаa чудна светлина како поминува над градот. Никој засега не може да потврди за што станува збор. Се работеше за можеби 15-20 сателити кои прелетаа со голема брзина и кои ги забележа фоторепортерот на „Република“. Можеби се работи за метеорски дожд кој пред неколку дена беше забележан во Кратово и Куманово.

The post Чудна светлина прелета над Охрид appeared first on Република.

]]>
Вечерва спектакл на небото: Ако е ведро, ќе се гледа метеорски дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vecherva-spektakl-na-neboto-ako-e-vedro-ke-se-gleda-meteorski-dozhd/ Sat, 12 Aug 2023 11:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=671381

Таканаречениот метеорски дожд на Персеидите кој се случува секоја година на почетокот од август е еден од најпопуларните астрономски феномени, токму поради тоа што не е потребна астрономска опрема за набљудување на дождот. Набљудувањето се врши со голо око.

Кога на овој факт ќе се додаде дека се случува во август (топли ноќи, можно е долго да се остане надвор), тогаш го добивате најпопуларниот метеорски дожд Персеиди.

На својот пат околу Сонцето, Земјата минува низ разни остатоци од комети, а кога ќе се судрат со нив, истите овие остатоци влегуваат во атмосферата на Земјата, изгоруваат и од Земјата ги гледаме како метеори или популарно познати како ѕвезди што се распрснуваат. Кога Земјата ќе наиде на најгустиот дел од овие комети, ние го нарекуваме максимум на метеорскиот дожд, односно таа ноќ е можно да се види најголемиот дел од нив за еден час, според Астрокутак Еурека.

А таа ноќ е овој викенд, помеѓу 12 и 13 август.

Метеорите се набљудуваат едноставно, но подобра глетка ќе имате ако сте надвор од осветлените градови. Метеорите ќе летаат еден по друг, а во идеални услови (целосен мрак без светлосно загадување), кои за жал се многу ретки, можно е да се видат околу 100 метеори на час.

Персеидите го добиле своето име затоа што очигледно се појавуваат на небото од соѕвездието Персеј, но во пракса нема многу правила. Можат да летаат каде било, зависи од моментот кога ќе се запалат во атмосферата, бидејќи само тогаш ги гледаме. Персеидите се третиот најинтензивен метеорски дожд, но дефинитивно прв по популарност, токму поради тоа што се видливи во лето кога е многу полесно за набљудување.

 

The post Вечерва спектакл на небото: Ако е ведро, ќе се гледа метеорски дожд appeared first on Република.

]]>

Таканаречениот метеорски дожд на Персеидите кој се случува секоја година на почетокот од август е еден од најпопуларните астрономски феномени, токму поради тоа што не е потребна астрономска опрема за набљудување на дождот. Набљудувањето се врши со голо око. Кога на овој факт ќе се додаде дека се случува во август (топли ноќи, можно е долго да се остане надвор), тогаш го добивате најпопуларниот метеорски дожд Персеиди. На својот пат околу Сонцето, Земјата минува низ разни остатоци од комети, а кога ќе се судрат со нив, истите овие остатоци влегуваат во атмосферата на Земјата, изгоруваат и од Земјата ги гледаме како метеори или популарно познати како ѕвезди што се распрснуваат. Кога Земјата ќе наиде на најгустиот дел од овие комети, ние го нарекуваме максимум на метеорскиот дожд, односно таа ноќ е можно да се види најголемиот дел од нив за еден час, според Астрокутак Еурека. А таа ноќ е овој викенд, помеѓу 12 и 13 август. Метеорите се набљудуваат едноставно, но подобра глетка ќе имате ако сте надвор од осветлените градови. Метеорите ќе летаат еден по друг, а во идеални услови (целосен мрак без светлосно загадување), кои за жал се многу ретки, можно е да се видат околу 100 метеори на час. Персеидите го добиле своето име затоа што очигледно се појавуваат на небото од соѕвездието Персеј, но во пракса нема многу правила. Можат да летаат каде било, зависи од моментот кога ќе се запалат во атмосферата, бидејќи само тогаш ги гледаме. Персеидите се третиот најинтензивен метеорски дожд, но дефинитивно прв по популарност, токму поради тоа што се видливи во лето кога е многу полесно за набљудување.  

The post Вечерва спектакл на небото: Ако е ведро, ќе се гледа метеорски дожд appeared first on Република.

]]>
Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-negotino-nabluduvane-na-meteorski-dozhd-so-teleskopi/ Sat, 12 Aug 2023 08:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=671310

Групно набљудување на метеорски дожд ќе се реализира вечер во Неготино, со помош на телескопи обезбедени од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита”.

Претседателот на здружението, Сашко Тодоров во изјава за МИА вели дека станува збор за активност во рамки на „Неготинското културно лето”, што се реализира со финансиска поддршка од Општината.

Несекојдневниот настан на набљудување на метеорски дожд организиран од младите неготинци Милица Пауновска и Виктор Најдов, ќе се одвива на Спомен костурницата во градот. Организаторите најавуваат исклучителна можност преку телескопите да се набљудуваат Сатурн, Јупитер и Месечината во половина сјај.

– Персеидскиот метеорски дожд е годишен метеорски дожд кој има најголема активност во август. Овој метеорски дожд се нарекува „Персеиди“, бидејќи буквално излегува од насока на северозапад, од регионот каде обично се наоѓа соѕвездието Персеј. Персеидите најлесно се забележуваат во ноќите околу 11,12 до 13 август, со пик на активноста наредниот ден, во раните утрински часови. Овој метеорски дожд е популарен поради својата интензивна активност, каде може да се видат и до 60 метеори на час во идеални услови. Метеорскиот дожд се случува како резултат на влегувањето на Земјата во патеката на честичките кои ги остава зад себе кометата Свифт-Татл. Кога овие честички (метеори) влегуваат во земјината атмосфера, се судруваат со воздухот и се загреваат предизвикувајќи светкање на небесниот свод што го забележуваме како ,,паѓање на ѕвезди” или метеори, се појаснува во онлајн најавата за настанот

Притоа се нагласува дека пикот за набљудување на метеорскиот дожд се случува околу полноќ до зори, а дотогаш со помош на телескопите овозможени од „Ековита”, може да се набљудуваат дел од соѕвездијата, заедно со Сатурн, Јупитер и Месечината.

– За целосно задоволство при гледањето, осветлувањето на споменикот ќе биде исклучено. Заради безбедност во движењето да се внимава при пристапот, да се користат мобилни светилки, а телескопите ќе бидат поставени околу споменикот, најавија организаторите на ова телескопско набљудување.

Настанот ќе биде збогатени со музичка забава, најавуваат од Здружението за заштита на животната средина „Ековита”, кое изминатиов период организираше неколку настани за телескопско истражување.

The post Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи appeared first on Република.

]]>

Групно набљудување на метеорски дожд ќе се реализира вечер во Неготино, со помош на телескопи обезбедени од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита”. Претседателот на здружението, Сашко Тодоров во изјава за МИА вели дека станува збор за активност во рамки на „Неготинското културно лето”, што се реализира со финансиска поддршка од Општината. Несекојдневниот настан на набљудување на метеорски дожд организиран од младите неготинци Милица Пауновска и Виктор Најдов, ќе се одвива на Спомен костурницата во градот. Организаторите најавуваат исклучителна можност преку телескопите да се набљудуваат Сатурн, Јупитер и Месечината во половина сјај.
– Персеидскиот метеорски дожд е годишен метеорски дожд кој има најголема активност во август. Овој метеорски дожд се нарекува „Персеиди“, бидејќи буквално излегува од насока на северозапад, од регионот каде обично се наоѓа соѕвездието Персеј. Персеидите најлесно се забележуваат во ноќите околу 11,12 до 13 август, со пик на активноста наредниот ден, во раните утрински часови. Овој метеорски дожд е популарен поради својата интензивна активност, каде може да се видат и до 60 метеори на час во идеални услови. Метеорскиот дожд се случува како резултат на влегувањето на Земјата во патеката на честичките кои ги остава зад себе кометата Свифт-Татл. Кога овие честички (метеори) влегуваат во земјината атмосфера, се судруваат со воздухот и се загреваат предизвикувајќи светкање на небесниот свод што го забележуваме како ,,паѓање на ѕвезди” или метеори, се појаснува во онлајн најавата за настанот
Притоа се нагласува дека пикот за набљудување на метеорскиот дожд се случува околу полноќ до зори, а дотогаш со помош на телескопите овозможени од „Ековита”, може да се набљудуваат дел од соѕвездијата, заедно со Сатурн, Јупитер и Месечината.
– За целосно задоволство при гледањето, осветлувањето на споменикот ќе биде исклучено. Заради безбедност во движењето да се внимава при пристапот, да се користат мобилни светилки, а телескопите ќе бидат поставени околу споменикот, најавија организаторите на ова телескопско набљудување.
Настанот ќе биде збогатени со музичка забава, најавуваат од Здружението за заштита на животната средина „Ековита”, кое изминатиов период организираше неколку настани за телескопско истражување.

The post Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи appeared first on Република.

]]>
Вечерва метеорски дожд, народното верување вели: замислете желба https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vecherva-meteorski-dozd-narodnoto-veruvanje-veli-zamislete-zelba/ Thu, 17 Nov 2022 11:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=574875

Секоја година помеѓу 14 и 20 ноември, на небото се појавуваат ѕвезди кои паѓаат кои како да извираат од соѕвездието Лав, поради што се нарекуваат Леониди. Годинава ќе го имаат своето крешендо токму вечерва, на 17 ноември!

Станува збор за честички од гас и прашина расфрлани од кометата Темпел-Татл. Секогаш кога ќе се доближи до Сонцето (што се случува еднаш во 33 години или 3 пати во 100 години), кометата е делумно уништена од Сонцето. Се распаѓа и нејзините делови се расфрлаат околу неа. Секоја таква честичка го продолжува својот пат околу Сонцето, некои пред, а некои зад кометата. Многу од нив се протегаат долж орбитата на кометата, создавајќи река од остатоци. Секоја година Земјата минува низ таа река, а остатоците потоа влегуваат во атмосферата на Земјата и се запалуваат. Обично има од 10 до 15 на час.

Леонидите се многу брзи метеори, најбрзи од сите метеорски дождови. Кометата Темпел-Татл се движи ретроградно, спротивно на правецот на движење на Земјата, па нејзините фрагменти го следат истиот пат и во иста насока.

Ова е причината зошто метеороидите речиси директно се судираат со Земјата. Брзината на кометата и нејзините честички е околу 42 km/s, а брзината на Земјата е блиску до 30 km/s, а поради спротивните насоки на движење тие две брзини се собираат и Леонидите летаат во нашата атмосфера со брзина од околу 71 km/s (околу 255.000 километри на час).

Ова е речиси максималната брзина што може да ја развие секое тело во Сончевиот систем. Поради оваа голема брзина, Леонидите силно горат во атмосферата на Земјата и создаваат долга патека која може да остане на небото неколку минути. Нивното согорување е во бели, зеленикави и синкави бои.

Ви посакуваме ведро небо и вечерва најубаво е да заминете некаде на високо и темно место, а притоа како што налага народното верување додека паѓаат метеорите, замислете си и желба која сакате да ви се исполни.

The post Вечерва метеорски дожд, народното верување вели: замислете желба appeared first on Република.

]]>

Секоја година помеѓу 14 и 20 ноември, на небото се појавуваат ѕвезди кои паѓаат кои како да извираат од соѕвездието Лав, поради што се нарекуваат Леониди. Годинава ќе го имаат своето крешендо токму вечерва, на 17 ноември! Станува збор за честички од гас и прашина расфрлани од кометата Темпел-Татл. Секогаш кога ќе се доближи до Сонцето (што се случува еднаш во 33 години или 3 пати во 100 години), кометата е делумно уништена од Сонцето. Се распаѓа и нејзините делови се расфрлаат околу неа. Секоја таква честичка го продолжува својот пат околу Сонцето, некои пред, а некои зад кометата. Многу од нив се протегаат долж орбитата на кометата, создавајќи река од остатоци. Секоја година Земјата минува низ таа река, а остатоците потоа влегуваат во атмосферата на Земјата и се запалуваат. Обично има од 10 до 15 на час. Леонидите се многу брзи метеори, најбрзи од сите метеорски дождови. Кометата Темпел-Татл се движи ретроградно, спротивно на правецот на движење на Земјата, па нејзините фрагменти го следат истиот пат и во иста насока. Ова е причината зошто метеороидите речиси директно се судираат со Земјата. Брзината на кометата и нејзините честички е околу 42 km/s, а брзината на Земјата е блиску до 30 km/s, а поради спротивните насоки на движење тие две брзини се собираат и Леонидите летаат во нашата атмосфера со брзина од околу 71 km/s (околу 255.000 километри на час). Ова е речиси максималната брзина што може да ја развие секое тело во Сончевиот систем. Поради оваа голема брзина, Леонидите силно горат во атмосферата на Земјата и создаваат долга патека која може да остане на небото неколку минути. Нивното согорување е во бели, зеленикави и синкави бои. Ви посакуваме ведро небо и вечерва најубаво е да заминете некаде на високо и темно место, а притоа како што налага народното верување додека паѓаат метеорите, замислете си и желба која сакате да ви се исполни.

The post Вечерва метеорски дожд, народното верување вели: замислете желба appeared first on Република.

]]>