метеоролошка непогода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meteoroloshka-nepogoda/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jul 2023 18:53:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png метеоролошка непогода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meteoroloshka-nepogoda/ 32 32 САД погодени од метеоролошки непогоди: Пеколни горештини во југозападниот, интензивни дождови и поплави во североисточниот дел од земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-pogodeni-od-meteoroloshki-nepogodi-pekolni-goreshtini-vo-jugozapadniot-intenzivni-dozhdovi-i-poplavi-vo-severoistochniot-del-od-zemjata/ Fri, 14 Jul 2023 19:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=661501

Американските метеоролози објавија предупредување за опасна состојба од топлотниот бран што деновиве се очекува да го зафати југозападниот дел на САД.

Милиони луѓе се изложени на прекумерни горештини и состојбата се очекува да се влоши викендов и идната недела. Националната метеоролошка служба објави препораки за прекумерна атмосферска температура, будност и предупредување за огромна област каде живеат над 100 милиони Американци.

Опасна состојба е прогласена во низа држави од Калифорнија до јужна Флорида, ќе трае со денови и температурата на воздухот на некои места може да достигне 48 степени Целзиусови.

Прекумерни горештини се очекуваат во Оклахома, Луизијана и некои делови од Арканзас, јавија од службата.

Во североисточниот дел на САД, пак, се очекуваат нови поројни дождови пропратени со силен ветер, по оние пред неколку денови. Од службата прогнозираат нови врнежи во целиот регион наречен Нова Англија каде реките и потоците веќе се наполнети на рекордно ниво

Во Вермонт деновиве поројниот дожд зафатен неколку окрузи. Локалните медиуми јавуваат дека денеска едно лице се удавило во поплавите, регистрирано како прва жртва на природната катастрофа во Вермонт. Претходно, уште едно лица загина во мало гратче на брегот на реката Хадсон, 72 километри северно од градот Њујорк.

The post САД погодени од метеоролошки непогоди: Пеколни горештини во југозападниот, интензивни дождови и поплави во североисточниот дел од земјата appeared first on Република.

]]>

Американските метеоролози објавија предупредување за опасна состојба од топлотниот бран што деновиве се очекува да го зафати југозападниот дел на САД. Милиони луѓе се изложени на прекумерни горештини и состојбата се очекува да се влоши викендов и идната недела. Националната метеоролошка служба објави препораки за прекумерна атмосферска температура, будност и предупредување за огромна област каде живеат над 100 милиони Американци. Опасна состојба е прогласена во низа држави од Калифорнија до јужна Флорида, ќе трае со денови и температурата на воздухот на некои места може да достигне 48 степени Целзиусови. Прекумерни горештини се очекуваат во Оклахома, Луизијана и некои делови од Арканзас, јавија од службата. Во североисточниот дел на САД, пак, се очекуваат нови поројни дождови пропратени со силен ветер, по оние пред неколку денови. Од службата прогнозираат нови врнежи во целиот регион наречен Нова Англија каде реките и потоците веќе се наполнети на рекордно ниво Во Вермонт деновиве поројниот дожд зафатен неколку окрузи. Локалните медиуми јавуваат дека денеска едно лице се удавило во поплавите, регистрирано како прва жртва на природната катастрофа во Вермонт. Претходно, уште едно лица загина во мало гратче на брегот на реката Хадсон, 72 километри северно од градот Њујорк.

The post САД погодени од метеоролошки непогоди: Пеколни горештини во југозападниот, интензивни дождови и поплави во североисточниот дел од земјата appeared first on Република.

]]>