Метаноја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metanoja/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:35:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Метаноја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metanoja/ 32 32 Изложба на Гоце Илиевски во галеријата „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-gotse-ilievski-vo-galerijata-metanoja/ Wed, 18 Sep 2024 08:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=817339

Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ја организира изложбата „Почетоци“ на Гоце Илиевски во галерија „Метаноја“ во четврток 19 септември 2024 година од 19:30 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Со секоја боја и секој потег при цртањето Гоце Илиевски го толкува нашето космичко наследство: ѕвездената прашина чии состојки ги имаме во себеси, тајната на постоењето чии енигми постојано ги дешифрираме и конечната судбина, лична и колективна насреде огромната и нема вселена. ... Со изложбата „Почетоци“, Илиевски се нурнал во космогониите, од оние најдревните до футуристичките. Едно е сигурно, овој уметник е уверен дека вселената не е случајна. Дури и во највпечатливите уметничко-симболични прикази на еволуцијата на постоењето, еволутивниот развој на неживата и на живата материја има извор надвор од себеси.“

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Гоце Илиевски е уметник од Скопје, кој твори во областа на традиционалните, современите и дигиталните форми на уметност. Завршил ФЛУ, отсек сликарство во 2010 година. Има реализирано 15 самостојни и земал учество во многубројни групни изложби во Македонија, Германија, Австрија, Исланд, Турција, Бугарија и Полска. Добитник е на повеќе награди за сликарство, акварел и фотографија од повеќе институции и држави. Во 2011 му беше доделена наградата ,,Златна четка‘‘ за сликарство од ДЛУМ, како и награди за GIF (дигитална слика во движење). Учествувал на повеќе резиденции, симпозиуми, работилнници за уметност и други активности, меѓу кои како поважни за неговиот развој како уметник се издвојуваат, уметничкиот престој во Нирнберг, Германија, резиденциите во Литванија, Латвија и престојот во Исланд. Од особено значење е филмот Loving Vincent, каде што работи како сликар и аниматор.

The post Изложба на Гоце Илиевски во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ја организира изложбата „Почетоци“ на Гоце Илиевски во галерија „Метаноја“ во четврток 19 септември 2024 година од 19:30 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. За изложбата д-р Коста Милков вели, „Со секоја боја и секој потег при цртањето Гоце Илиевски го толкува нашето космичко наследство: ѕвездената прашина чии состојки ги имаме во себеси, тајната на постоењето чии енигми постојано ги дешифрираме и конечната судбина, лична и колективна насреде огромната и нема вселена. ... Со изложбата „Почетоци“, Илиевски се нурнал во космогониите, од оние најдревните до футуристичките. Едно е сигурно, овој уметник е уверен дека вселената не е случајна. Дури и во највпечатливите уметничко-симболични прикази на еволуцијата на постоењето, еволутивниот развој на неживата и на живата материја има извор надвор од себеси.“ На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова. Гоце Илиевски е уметник од Скопје, кој твори во областа на традиционалните, современите и дигиталните форми на уметност. Завршил ФЛУ, отсек сликарство во 2010 година. Има реализирано 15 самостојни и земал учество во многубројни групни изложби во Македонија, Германија, Австрија, Исланд, Турција, Бугарија и Полска. Добитник е на повеќе награди за сликарство, акварел и фотографија од повеќе институции и држави. Во 2011 му беше доделена наградата ,,Златна четка‘‘ за сликарство од ДЛУМ, како и награди за GIF (дигитална слика во движење). Учествувал на повеќе резиденции, симпозиуми, работилнници за уметност и други активности, меѓу кои како поважни за неговиот развој како уметник се издвојуваат, уметничкиот престој во Нирнберг, Германија, резиденциите во Литванија, Латвија и престојот во Исланд. Од особено значење е филмот Loving Vincent, каде што работи како сликар и аниматор.  

The post Изложба на Гоце Илиевски во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>
Ликовна изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски во „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/likovna-izlozhba-sosema-obichno-na-vladimir-ilievski-vo-metanoja/ Sun, 16 Jun 2024 09:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=788064

Галеријата „Метаноја“ го најавува отворањето на изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. Изложбата ќе биде отворена во вторник 18 јуни 2024 година од 19:30 часот.

Владимир Илиевски е роден во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на катедрата за сликарство. Во периодот од 2012 до 2023 година тој реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство, како и десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Бугарија и Србија. Добитник е на 7 национални награди.

Автор е и на два мурали, еден од нив во Скопје и еден во Струмица.

The post Ликовна изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски во „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Галеријата „Метаноја“ го најавува отворањето на изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. Изложбата ќе биде отворена во вторник 18 јуни 2024 година од 19:30 часот. Владимир Илиевски е роден во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на катедрата за сликарство. Во периодот од 2012 до 2023 година тој реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство, како и десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Бугарија и Србија. Добитник е на 7 национални награди. Автор е и на два мурали, еден од нив во Скопје и еден во Струмица.

The post Ликовна изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски во „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на Панче Ѓорѓиев во „Галерија Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-panche-gorgiev-vo-galerija-metanoja/ Thu, 25 Apr 2024 12:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=768555

Галеријата  „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ со особена чест и радост Ве поканува на отворањето на изложбата „Дрвото на животот“ на академскиот сликар Панче Ѓорѓиев во четврток 25 април 2024 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до крајот на мај 2024.

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Од самите наслови на сликите и сценскиот приказ, јасно е дека Ѓорѓиев е одлично запознаен со библиската содржина. Самите слики сведочат дека познавањето не е само интелектуално, туку и интимно. Сликарот продрел во содржината, но и содржината продрела во него. Не само што креативно-интерпретативните изрази на уметникот ја формираат композицијата на секоја слика, туку и обратно. Избраната библиска приказна или сцена интуитивно го формирала уметникот. Низ сликите, тој ја раскажува приказната за тоа како Бог станува еден од нас и со тоа го остварува колективниот сон на луѓето велејќи им, „Богови сте“ (Псалм 82:6; Јован 10:34).
 
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.
 
Панче Ѓорѓиев завршил педагошка академија во класата на Проф. Ристо Калчевски и Данчо Ордев. Учествувал во повеќе групни изложби во Македонија и во странство, а реализирал и 12 самостојни изложби. Неговите дела се наоѓаат во повеќе приватни колекции во земјава и во странство. Работи како професор по ликовно образование во ООУ „Маршал Тито“ Муртино и ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово.

The post Изложба на Панче Ѓорѓиев во „Галерија Метаноја“ appeared first on Република.

Изложба на Валентина Поцеска во галеријата „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-valentina-potseska-vo-galerijata-metanoja/ Wed, 13 Mar 2024 08:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=754264

Во галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ќе се отвори изложбата „Quo Vadis“ на академската сликарка Валентина Поцеска, во четврток 14 март од 19 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

За изложбата д-р Коста Милков вели:

Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна „теолошка“ беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи.

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Валентина Поцеска е родена 1965 во Скопје. 1987 Дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1992 работи во „Национален конзерваторски центар - Скопје“ во одделот за конзервација на икони.

Изложбата ќе трае во текот на март 2024.

The post Изложба на Валентина Поцеска во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ќе се отвори изложбата „Quo Vadis“ на академската сликарка Валентина Поцеска, во четврток 14 март од 19 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. За изложбата д-р Коста Милков вели:
Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна „теолошка“ беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи.
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова. Валентина Поцеска е родена 1965 во Скопје. 1987 Дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1992 работи во „Национален конзерваторски центар - Скопје“ во одделот за конзервација на икони. Изложбата ќе трае во текот на март 2024.

The post Изложба на Валентина Поцеска во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>
Изложба „Патина на љубовта“ на Синиша Новески во галеријата „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-patina-na-lubovta-na-sinisha-noveski-vo-galerijata-metanoja/ Thu, 15 Feb 2024 07:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=744249

Галеријата  „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“  ќе ја отвори изложбата „Патина на љубовта“ на Синиша Новески, во четврток 15 февруари 2024 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 6 март 2024.

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на оваа најголемо животно „таинство“.“

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова и авторот на делата Синиша Новески.

Ќе ни биде особена чест доколку на Вашиот медиум го најавите или пак го проследите овој настан.

The post Изложба „Патина на љубовта“ на Синиша Новески во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Галеријата  „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“  ќе ја отвори изложбата „Патина на љубовта“ на Синиша Новески, во четврток 15 февруари 2024 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 6 март 2024. За изложбата д-р Коста Милков вели, „Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на оваа најголемо животно „таинство“.“
 
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова и авторот на делата Синиша Новески.
Ќе ни биде особена чест доколку на Вашиот медиум го најавите или пак го проследите овој настан.

The post Изложба „Патина на љубовта“ на Синиша Новески во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Човек се троши неусетно“ од вечерва во галерија „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-chovek-se-troshi-neusetno-od-vecherva-vo-galerija-metanoja/ Fri, 09 Sep 2022 14:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=549169

Изложбата „Човек се троши неусетно“ ќе биде отворена вечерва во 18 часот во галерија „Метаноја“ на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Сликите се циклус на автопортрети на Попов 

Со оваа збирка автопортрети и песни Тони Попов решил да престане да бега и да се фати во костец со сопствената кршливост. Резултатот е безброј скршени парчиња, но и храбро градење мозаик од нив. Тони е безобѕирно суров и треперливо сочувствителен со феноменот човек. Не сака да скрие ништо од грдото, од тешкото, од очајното и не сака да се откаже од убавото, од возвишеното, од надежното. Добредојдовте во магичниот реализам на Тони Попов. Тони знае дека има магија и на сите ни е потребно нејзино разбивање. Исто така, Тони знае дека има уште подлабока магија и на сите ни треба нејзиниот алхемиски лек, пишува во рецензијата Коста Милков.

The post Изложбата „Човек се троши неусетно“ од вечерва во галерија „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Човек се троши неусетно“ ќе биде отворена вечерва во 18 часот во галерија „Метаноја“ на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Сликите се циклус на автопортрети на Попов 
Со оваа збирка автопортрети и песни Тони Попов решил да престане да бега и да се фати во костец со сопствената кршливост. Резултатот е безброј скршени парчиња, но и храбро градење мозаик од нив. Тони е безобѕирно суров и треперливо сочувствителен со феноменот човек. Не сака да скрие ништо од грдото, од тешкото, од очајното и не сака да се откаже од убавото, од возвишеното, од надежното. Добредојдовте во магичниот реализам на Тони Попов. Тони знае дека има магија и на сите ни е потребно нејзино разбивање. Исто така, Тони знае дека има уште подлабока магија и на сите ни треба нејзиниот алхемиски лек, пишува во рецензијата Коста Милков.
 
The post Изложбата „Човек се троши неусетно“ од вечерва во галерија „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Возвишување“, чиј куратор е Климе Коробар од денеска во галеријата „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-vozvishuvanje-chij-kurator-e-klime-korobar-od-deneska-vo-galerijata-metanoja/ Fri, 15 Apr 2022 06:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=488677

Галеријата „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура денес ќе ја отвори изложбата „Возвишување“ во кураторство на Климе Коробар, во петок 15 април 2022 година од 12:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 15 мај 2022.

15-ти април e Светски ден на уметноста, но и ден роденден на Леонардо да Винчи, чиј дух и дело преставуваат светско културно наследство. Оваа изложба, ... во која се застапени уметници од повеќе земји, има за цел да ги потенцира врските кои нѐ обединуваат и придонесуваат во градењето на една единствена, но и сепак поинаква христијанска култура, вели кураторот Коробар.

Вклучуваме и дел од рецензијата на д-р Коста Милков.

Групната изложба претставува дваесет дела изработени во разни техники исклучиво на хартија инспирирани од ликот на Исус Христос ... Авторите се добро запознаени со деталите на животот и на учењето на аргументирано највлијателната личност во историјата на светот. ... Изложбата „Возвишување“ е вистинско чевствување на светскиот ден на уметноста. Уметничкиот дух не знае за граници и за поделби. Приказната која е наменета да биде заедничка за целиот свет е мотивот кој обединува низ призмата на различноста на генијот на секој поединечен уметник. Потврда дека уметноста е насушна потреба за опстанокот на човечката цивилизација.

Автори на делата се: Денис Тенев, Доне Милјановски, Роман Кисјов - Бугарија, Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Вели Блакчори - Косово, Атанас Атанасов - Бугарија, Бернхард Холеман - Австрија, Глигор Чемерски, Евгенија Демниевска, Илија Кочовски.

На изложбата ќе се обрати кураторот Коробар, рецензентот Милков, како и директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски

The post Изложбата „Возвишување“, чиј куратор е Климе Коробар од денеска во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Галеријата „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура денес ќе ја отвори изложбата „Возвишување“ во кураторство на Климе Коробар, во петок 15 април 2022 година од 12:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 15 мај 2022.
15-ти април e Светски ден на уметноста, но и ден роденден на Леонардо да Винчи, чиј дух и дело преставуваат светско културно наследство. Оваа изложба, ... во која се застапени уметници од повеќе земји, има за цел да ги потенцира врските кои нѐ обединуваат и придонесуваат во градењето на една единствена, но и сепак поинаква христијанска култура, вели кураторот Коробар.
Вклучуваме и дел од рецензијата на д-р Коста Милков.
Групната изложба претставува дваесет дела изработени во разни техники исклучиво на хартија инспирирани од ликот на Исус Христос ... Авторите се добро запознаени со деталите на животот и на учењето на аргументирано највлијателната личност во историјата на светот. ... Изложбата „Возвишување“ е вистинско чевствување на светскиот ден на уметноста. Уметничкиот дух не знае за граници и за поделби. Приказната која е наменета да биде заедничка за целиот свет е мотивот кој обединува низ призмата на различноста на генијот на секој поединечен уметник. Потврда дека уметноста е насушна потреба за опстанокот на човечката цивилизација.
Автори на делата се: Денис Тенев, Доне Милјановски, Роман Кисјов - Бугарија, Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Вели Блакчори - Косово, Атанас Атанасов - Бугарија, Бернхард Холеман - Австрија, Глигор Чемерски, Евгенија Демниевска, Илија Кочовски. На изложбата ќе се обрати кураторот Коробар, рецензентот Милков, како и директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски  

The post Изложбата „Возвишување“, чиј куратор е Климе Коробар од денеска во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>