метан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metan/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Nov 2023 09:19:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png метан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/metan/ 32 32 Европскиот Совет и Парламент ги усогласија новите правила за намалување на емисиите на метан https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/evropskiot-sovet-i-parlament-gi-usoglasija-novite-pravila-za-namaluvane-na-emisiite-na-metan/ Wed, 15 Nov 2023 09:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=701723

Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа привремен политички договор за Регулативата за следење и намалување на емисиите на метан во енергетскиот сектор, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што изјави шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез овој договор претставува „големо достигнување“ и ќе помогне во остварувањето на климатските цели на ЕУ.

- Текстот има клучен придонес за климатските активности, бидејќи метанот е значаен стакленички гас, веднаш по јаглерод диоксидот во неговиот севкупен придонес кон климатските промени и е одговорен за една третина од сегашното глобално затоплување, истакна Рибера Родригез.

Согласно постигнатиот договор се предвидуваат нови барања за мерење, известување и потврдување на емисиите на метан во секторите за експлоатација на нафта, гас и јаглен, како и воведување мерки за избегнување на ослободувањето на гасот.

Регулативата ги обврзува компаниите за експлоатација на фосилни горива до надлежните органи да доставуваат периодични извештаи за емисиите на метан на ниво на активен енергетски извор, како и од затворени или напуштени рудници на јаглен.

Надлежните органи, пак, мора да вршат периодични инспекции за да ја проверат усогласеноста на операторите со барањата утврдени во регулативата. Првата проверка мора да биде завршена најдоцна 21 месец по датумот на стапувањето во сила на регулативата, а терминот за секоја следна инспекција треба да се заснова на проценка за ризиците по животната средина, безбедноста на луѓето и јавното здравје, но не смее да биде подолг од три години. Доколку се утврди сериозно прекршување на барањата на регулативата, нова проверка мора да се изврши во рок од една година.

Европската комисија се обврзува во рок од 12 месеци по стапувањето во сила на регулативата да донесе акт со кои ќе ги одреди дозволените нивоа на истекување на гасот при стандардни температура и притисок.

Во однос на неактивните или напуштени извори на енергенси се предвидува изработка на регистар за нивна евиденција, а нивните сопственици треба да доставуваат податоци дека од нив нема емисии на метан доколку нивната активна експлоатација престанала пред помалку од 30 години. Во однос на затворените или напуштени рудници за јаглен, обврската за доставување на податоци ги опфаќа сите окна или копови кои престанале со работа пред помалку од 70 години. Исклучок од ова се предвидува за рудниците кои се целосно поплавени пред повеќе од 10 години.

Регулативата ќе се спроведува во три фази, при што во првата ЕУ ќе се фокусира на собирање податоци и создавање на глобална алатка за следење на емисиите на метан и на механизам за брза реакција, а во втората и третата фаза, компаниите треба да ги применат мерките за следење, известување и верификација до 1 јануари 2027 година и за ограничување на максималните вредности на емисиите на метан до 2030 година.

Надлежните органи ќе имаат овластување да изрекуваат административни казни доколку компаниите не ги почитуваат одредбите од регулативата.

The post Европскиот Совет и Парламент ги усогласија новите правила за намалување на емисиите на метан appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа привремен политички договор за Регулативата за следење и намалување на емисиите на метан во енергетскиот сектор, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што изјави шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез овој договор претставува „големо достигнување“ и ќе помогне во остварувањето на климатските цели на ЕУ. - Текстот има клучен придонес за климатските активности, бидејќи метанот е значаен стакленички гас, веднаш по јаглерод диоксидот во неговиот севкупен придонес кон климатските промени и е одговорен за една третина од сегашното глобално затоплување, истакна Рибера Родригез. Согласно постигнатиот договор се предвидуваат нови барања за мерење, известување и потврдување на емисиите на метан во секторите за експлоатација на нафта, гас и јаглен, како и воведување мерки за избегнување на ослободувањето на гасот. Регулативата ги обврзува компаниите за експлоатација на фосилни горива до надлежните органи да доставуваат периодични извештаи за емисиите на метан на ниво на активен енергетски извор, како и од затворени или напуштени рудници на јаглен. Надлежните органи, пак, мора да вршат периодични инспекции за да ја проверат усогласеноста на операторите со барањата утврдени во регулативата. Првата проверка мора да биде завршена најдоцна 21 месец по датумот на стапувањето во сила на регулативата, а терминот за секоја следна инспекција треба да се заснова на проценка за ризиците по животната средина, безбедноста на луѓето и јавното здравје, но не смее да биде подолг од три години. Доколку се утврди сериозно прекршување на барањата на регулативата, нова проверка мора да се изврши во рок од една година. Европската комисија се обврзува во рок од 12 месеци по стапувањето во сила на регулативата да донесе акт со кои ќе ги одреди дозволените нивоа на истекување на гасот при стандардни температура и притисок. Во однос на неактивните или напуштени извори на енергенси се предвидува изработка на регистар за нивна евиденција, а нивните сопственици треба да доставуваат податоци дека од нив нема емисии на метан доколку нивната активна експлоатација престанала пред помалку од 30 години. Во однос на затворените или напуштени рудници за јаглен, обврската за доставување на податоци ги опфаќа сите окна или копови кои престанале со работа пред помалку од 70 години. Исклучок од ова се предвидува за рудниците кои се целосно поплавени пред повеќе од 10 години. Регулативата ќе се спроведува во три фази, при што во првата ЕУ ќе се фокусира на собирање податоци и создавање на глобална алатка за следење на емисиите на метан и на механизам за брза реакција, а во втората и третата фаза, компаниите треба да ги применат мерките за следење, известување и верификација до 1 јануари 2027 година и за ограничување на максималните вредности на емисиите на метан до 2030 година. Надлежните органи ќе имаат овластување да изрекуваат административни казни доколку компаниите не ги почитуваат одредбите од регулативата.

The post Европскиот Совет и Парламент ги усогласија новите правила за намалување на емисиите на метан appeared first on Република.

]]>
Во Тексас и Ново Мексико откриени десетина „суперемитери“ на метан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-teksas-i-novo-meksiko-otkrieni-desetina-superemiteri-na-metan/ Mon, 24 Jan 2022 15:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=448848

Околу 30 нафтени и гасни инсталации од американскиот басен Перм, во Тексас и Ново Мексико, веќе три години испуштаат зголемени количества метан, создавајќи загадување еднакво на тоа од половина милион автомобили, се наведува во извештај на Фондот за заштита на животната средина и истражувачката група „Carbon Mapper“.

„Суперемитерите“, како што ги нарекуваат во извештајот од истражувањето, се наоѓаат во најпродуктивното нафтено поле во САД. Тие сочинуваат само 0,001 отсто од инфраструктурата за нафта и гас во Пермскиот басен, но испуштаат околу 100.000 тони метан годишно.

Ова значи дека со спречување на истекувањето, компаниите ќе имаат моментна можност да помогнат во исполнување на американските и меѓународните цели за намалување на метанот и да заштедат околу 26 милиони долари вреден природен гас.

Извештајот покажа дека големи извори на емисии се преплетуваат во разновидната инфраструктура и оператори со нафта и гас во Пермскиот басен.

Метанот е втората најголема причина за климатските промени по јаглерод диоксидот. Има голем потенцијал за задржување на топлина и релативно краток животен век во атмосферата, што значи дека намалувањето на неговите емисии би можело да има огромно влијание врз траекторијата на климата во светот.

The post Во Тексас и Ново Мексико откриени десетина „суперемитери“ на метан appeared first on Република.

]]>

Околу 30 нафтени и гасни инсталации од американскиот басен Перм, во Тексас и Ново Мексико, веќе три години испуштаат зголемени количества метан, создавајќи загадување еднакво на тоа од половина милион автомобили, се наведува во извештај на Фондот за заштита на животната средина и истражувачката група „Carbon Mapper“. „Суперемитерите“, како што ги нарекуваат во извештајот од истражувањето, се наоѓаат во најпродуктивното нафтено поле во САД. Тие сочинуваат само 0,001 отсто од инфраструктурата за нафта и гас во Пермскиот басен, но испуштаат околу 100.000 тони метан годишно. Ова значи дека со спречување на истекувањето, компаниите ќе имаат моментна можност да помогнат во исполнување на американските и меѓународните цели за намалување на метанот и да заштедат околу 26 милиони долари вреден природен гас. Извештајот покажа дека големи извори на емисии се преплетуваат во разновидната инфраструктура и оператори со нафта и гас во Пермскиот басен. Метанот е втората најголема причина за климатските промени по јаглерод диоксидот. Има голем потенцијал за задржување на топлина и релативно краток животен век во атмосферата, што значи дека намалувањето на неговите емисии би можело да има огромно влијание врз траекторијата на климата во светот.

The post Во Тексас и Ново Мексико откриени десетина „суперемитери“ на метан appeared first on Република.

]]>
Илиевски: Бараме субвенции од Владата, не размислуваме за поскапување на превозот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ilievski-novata-cena-na-metanot-kje-se-odrazi-na-rabotenjeto-na-jsp-barame-subvencii-od-vladata/ Tue, 04 Jan 2022 13:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=440513

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Иван Илиевски денеска извести дека новата цена на метанот која на светските берзи порасна на 110 денари ќе се одрази врз работењето на претпријатието.

Како што појасни тој на денешниот брифинг, цената на метанот на 31.12.2021 година беше 50 денари за килограм, а новата цена е 110 денари. Со ова, разликата ќе биде околу милион евра дополнителен трошок за јавното претпријатие.

Ако лани се потрошиле со цената од 31.12., 55 милиони денари за метан, во 2022 ако се задржи нивото на метанот 110 денари, ако не оди погоре, ќе биде околу 121 милион денари или 60 милиони повеќе, негде околу милион евра разлика во цена што е голем удар за работењето на Јавното претпријатие - нагласи Илиевски.

Затоа, побара од Регулаторната комисија за енергетика да може да ја регулира цената на метанот, односно да се замрзне нивото на цената од декември и побара како единствена и најбезболна опција централната власт да субвенционира дел од разликата во цената.

Во овој момент барам помош и субвенција од Владата и исто така регулирање на цената на метанот за македонскиот пазар. Регулаторна комисија да се вклучи, да донесе некоја одлука за замрзнување на цените заклучно со цената на метанот на 31.12.2021 година - рече Илиевски.

Додаде дека доколку Владата не прифати да субвенционира дел од разликата во цената, ЈСП ќе побара дополнителни субвенции од Градот за да може да го надмине проблемот на работењето на претпријатието. Крајна опција, во случај да не ја добијат бараната помош е редуцирање на возниот ред.

Илиевски информира дека ЈСП во моментов располага со 33 автобуси кои возат на метан и годишната потрошувачка на метанот за 2021 година е милион и сто килограми метан. Километражата што овие автобуси ја поминуваат е околу 900 илјади километри на годишно ниво.

Во моментов, како што посочи, не се размислува за покачување на цената на билетот, ниту да има рестрикции на линиите, но исто така нема да има намалување на користењето на автобусите кои возат на ЦНГ, бидејќи, како што нагласи, еколошкиот момент е поважен од економскиот момент.

ЈСП, како што посочи Илиевски, во моментов има околу 250 милиони денари доспеани долгови према добавувачи од кои најголемиот дел е за гориво (180 милиони) и секако добавувачи кои се битни за нормалното функционирање и работење на претпријатието.

Очекувам дека сите тие во текот на првиот квартал ќе се регулираат, дека ќе бидат исплатени сите добавувачи кои се доспеани и ќе продолжиме со нормално функционирање на претпријатието. Не се планира ЈСП да работи во загуба - рече Илиевски и додаде дека очекува во наредните шест месеци да биде значително подобрена состојбата во претпријатието.

Во однос на апаратите за звучна сигнализација во автобусите, Илиевски рече дека се донела одлука сите апарати кои се потребни за луѓето со попречености веднаш да бидат поправени и ставени во функција.

Информира дека во првиот квартал од оваа година е планирано да се обезбеди бесплатен превоз за пензионерите.

The post Илиевски: Бараме субвенции од Владата, не размислуваме за поскапување на превозот appeared first on Република.

]]>

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Иван Илиевски денеска извести дека новата цена на метанот која на светските берзи порасна на 110 денари ќе се одрази врз работењето на претпријатието. Како што појасни тој на денешниот брифинг, цената на метанот на 31.12.2021 година беше 50 денари за килограм, а новата цена е 110 денари. Со ова, разликата ќе биде околу милион евра дополнителен трошок за јавното претпријатие.
Ако лани се потрошиле со цената од 31.12., 55 милиони денари за метан, во 2022 ако се задржи нивото на метанот 110 денари, ако не оди погоре, ќе биде околу 121 милион денари или 60 милиони повеќе, негде околу милион евра разлика во цена што е голем удар за работењето на Јавното претпријатие - нагласи Илиевски.
Затоа, побара од Регулаторната комисија за енергетика да може да ја регулира цената на метанот, односно да се замрзне нивото на цената од декември и побара како единствена и најбезболна опција централната власт да субвенционира дел од разликата во цената.
Во овој момент барам помош и субвенција од Владата и исто така регулирање на цената на метанот за македонскиот пазар. Регулаторна комисија да се вклучи, да донесе некоја одлука за замрзнување на цените заклучно со цената на метанот на 31.12.2021 година - рече Илиевски.
Додаде дека доколку Владата не прифати да субвенционира дел од разликата во цената, ЈСП ќе побара дополнителни субвенции од Градот за да може да го надмине проблемот на работењето на претпријатието. Крајна опција, во случај да не ја добијат бараната помош е редуцирање на возниот ред. Илиевски информира дека ЈСП во моментов располага со 33 автобуси кои возат на метан и годишната потрошувачка на метанот за 2021 година е милион и сто килограми метан. Километражата што овие автобуси ја поминуваат е околу 900 илјади километри на годишно ниво. Во моментов, како што посочи, не се размислува за покачување на цената на билетот, ниту да има рестрикции на линиите, но исто така нема да има намалување на користењето на автобусите кои возат на ЦНГ, бидејќи, како што нагласи, еколошкиот момент е поважен од економскиот момент. ЈСП, како што посочи Илиевски, во моментов има околу 250 милиони денари доспеани долгови према добавувачи од кои најголемиот дел е за гориво (180 милиони) и секако добавувачи кои се битни за нормалното функционирање и работење на претпријатието.
Очекувам дека сите тие во текот на првиот квартал ќе се регулираат, дека ќе бидат исплатени сите добавувачи кои се доспеани и ќе продолжиме со нормално функционирање на претпријатието. Не се планира ЈСП да работи во загуба - рече Илиевски и додаде дека очекува во наредните шест месеци да биде значително подобрена состојбата во претпријатието.
Во однос на апаратите за звучна сигнализација во автобусите, Илиевски рече дека се донела одлука сите апарати кои се потребни за луѓето со попречености веднаш да бидат поправени и ставени во функција. Информира дека во првиот квартал од оваа година е планирано да се обезбеди бесплатен превоз за пензионерите.

The post Илиевски: Бараме субвенции од Владата, не размислуваме за поскапување на превозот appeared first on Република.

]]>
Илиевски: Или Владата да му помогне на ЈСП или ќе се редуцираат автобусите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ilievski-ili-vladata-da-mu-pomogne-na-jsp-ili-kje-se-reduciraat-avtobusite/ Tue, 04 Jan 2022 13:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=440475

Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски бара Владата да им даде помош, откако вчера цената на метанот поскапе од 50 на 110 денари. Тој вели дека со ваквата нова цена трошоците ќе се зголемат двојно, што драстично ќе се одрази на работењето со оглед на тоа дека претпријатието е во лоша финансиска состојба.

На метан возат 33 нови автобуси на МАН. Лани за нив горивото чинеше околу 1 милион евра, со новата цена ќе требаат 2 милиона евра. Затоа бараме да ни помогне Владата, а Регулаторна комисија да ја замрзне цената на метанот“, вели Илиевски за порталот СДК.

Тој вели дека ако не се исполнат барањата и ако не може ниту Град Скопје да даде дополнителни субвенции, тогаш како последна опција е да се редуцира возниот ред, односно да се задржи зимскиот возен ред.

Билетот во никој случај нема да поскапи, додава Илиевски.

 

The post Илиевски: Или Владата да му помогне на ЈСП или ќе се редуцираат автобусите appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски бара Владата да им даде помош, откако вчера цената на метанот поскапе од 50 на 110 денари. Тој вели дека со ваквата нова цена трошоците ќе се зголемат двојно, што драстично ќе се одрази на работењето со оглед на тоа дека претпријатието е во лоша финансиска состојба.
На метан возат 33 нови автобуси на МАН. Лани за нив горивото чинеше околу 1 милион евра, со новата цена ќе требаат 2 милиона евра. Затоа бараме да ни помогне Владата, а Регулаторна комисија да ја замрзне цената на метанот“, вели Илиевски за порталот СДК.
Тој вели дека ако не се исполнат барањата и ако не може ниту Град Скопје да даде дополнителни субвенции, тогаш како последна опција е да се редуцира возниот ред, односно да се задржи зимскиот возен ред.
Билетот во никој случај нема да поскапи, додава Илиевски.
 

The post Илиевски: Или Владата да му помогне на ЈСП или ќе се редуцираат автобусите appeared first on Република.

]]>
Ценовен шок за сите кои возат на ЦНГ метан или користат метан: Раст на цена од неверојатни 120 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenoven-shok-za-site-koi-vozat-na-cng-metan-ili-koristat-metan-rast-na-cena-od-neverojatni-120-otsto/ Mon, 03 Jan 2022 15:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=440089

Пазарната цена на ЦНГ (CNG – Compressed Natural Gas) метан од денеска 03.01.2022 година порасна на ниво од 110 мкд кг/цнг и тоа порасна за неверојатни 120 отсто во однос на последната промена од 28.12.2021 кога изнесуваше 50 мкд кг/цнг. (Доколку се земе во предвид просечната цена на ЦНГ метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг добиена како просек од 3-те ценовни промени во 12.2021 (30.11 44мкд кг/цнг, 07.12 46,5 мкд кг/цнг, 28.12 50 мкд кг/цнг), тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%!!!), пишува порталот pari.com.mk

Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Од неодамна од последниот квартал компанијата Окта АД Скопје го понуди овој енергенс во малопродажба на една од своите бензински пумпи, но со директна ценовна зависност од ценовната политика на Макпетрол АД Скопје имајќи го предвид фактот дека ја снабдува својата пумпа преку набавка на ЦНГ директно од Макпетрол. Со други зборови Макпетрол АД Скопје има монопол на македонскиот пазар од аспект на понуда на ЦНГ метан, но и од аспект на формирање на ценовна политика.

ЦНГ Метан е единствениот енергенс/погонско гориво чијашто цена не е регулирана од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Со ваквата ценовна политика се врши целосна дестимулација да се користи во иднина метанот како енергенс / погонско гориво во нашата земја, што е тотално нелогично од аспект на заштита на животната средина кај нас во услови на висока загаденост, а истото гориво со истата намена и цел масовно се користи во Европска унија и е развиена целосна политика од ЕУ за стимулација на негово користење како зелено гориво, имајќи ја предвид еколошката карактеристика на ова гориво кое се смета за зелена енергија и е со речиси нулта емисија на штетни гасови, при што по струјата како погонска енергија се смета за гориво кое најмалку загадува и кое е гориво на иднината.

За споредба за разлика од цената на метан во Македонија којашто денеска во компанијата Макпетрол АД Скопје изнесува 110 мкд цнг/кг, а во компанијата Окта АД Скопје (која се снабдува со количини метан од Макпетрол) изнесува 112 мкд цнг/кг, во околните земји како и во земји на ЕУ денешната цена на ЦНГ метан изнесува:

Согласно наведените цени од останатите земји, во Македонија се плаќа моментално најскап килограм ЦНГ метан.

The post Ценовен шок за сите кои возат на ЦНГ метан или користат метан: Раст на цена од неверојатни 120 отсто appeared first on Република.

]]>

Пазарната цена на ЦНГ (CNG – Compressed Natural Gas) метан од денеска 03.01.2022 година порасна на ниво од 110 мкд кг/цнг и тоа порасна за неверојатни 120 отсто во однос на последната промена од 28.12.2021 кога изнесуваше 50 мкд кг/цнг. (Доколку се земе во предвид просечната цена на ЦНГ метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг добиена како просек од 3-те ценовни промени во 12.2021 (30.11 44мкд кг/цнг, 07.12 46,5 мкд кг/цнг, 28.12 50 мкд кг/цнг), тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%!!!), пишува порталот pari.com.mk Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Од неодамна од последниот квартал компанијата Окта АД Скопје го понуди овој енергенс во малопродажба на една од своите бензински пумпи, но со директна ценовна зависност од ценовната политика на Макпетрол АД Скопје имајќи го предвид фактот дека ја снабдува својата пумпа преку набавка на ЦНГ директно од Макпетрол. Со други зборови Макпетрол АД Скопје има монопол на македонскиот пазар од аспект на понуда на ЦНГ метан, но и од аспект на формирање на ценовна политика. ЦНГ Метан е единствениот енергенс/погонско гориво чијашто цена не е регулирана од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ). Со ваквата ценовна политика се врши целосна дестимулација да се користи во иднина метанот како енергенс / погонско гориво во нашата земја, што е тотално нелогично од аспект на заштита на животната средина кај нас во услови на висока загаденост, а истото гориво со истата намена и цел масовно се користи во Европска унија и е развиена целосна политика од ЕУ за стимулација на негово користење како зелено гориво, имајќи ја предвид еколошката карактеристика на ова гориво кое се смета за зелена енергија и е со речиси нулта емисија на штетни гасови, при што по струјата како погонска енергија се смета за гориво кое најмалку загадува и кое е гориво на иднината. За споредба за разлика од цената на метан во Македонија којашто денеска во компанијата Макпетрол АД Скопје изнесува 110 мкд цнг/кг, а во компанијата Окта АД Скопје (која се снабдува со количини метан од Макпетрол) изнесува 112 мкд цнг/кг, во околните земји како и во земји на ЕУ денешната цена на ЦНГ метан изнесува: Согласно наведените цени од останатите земји, во Македонија се плаќа моментално најскап килограм ЦНГ метан.

The post Ценовен шок за сите кои возат на ЦНГ метан или користат метан: Раст на цена од неверојатни 120 отсто appeared first on Република.

]]>