мет гала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/met-gala/ За подобро да се разбереме Sat, 07 May 2022 11:08:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мет гала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/met-gala/ 32 32 Овој фустан е подобар од се што некогаш носела Кери Бредшо, Сара Џесика Паркер на Мет гала https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ovoj-fustan-e-podobar-od-se-shto-nekogash-nosela-keri-bredsho-sara-dzesika-parker-na-met-gala/ Sat, 07 May 2022 11:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=498980

Познати убавици прошетаа на црвениот тепих на Мет Гала, а како и секогаш некои се појавија во креации кои модните критичари ги дочекаа на нож – како Кети Пери, Камила Кабељо, Емили Ратајковски, а имаше и такви кои воодушевија со избраните тоалети.

Меѓу оние кои ќе останат запаметени оваа година беа Блејк Лајвли и Ким Кардашијан, но дамата која сите со нетрпение ја очекуваа да се појави на црвениот тепих, Сара Џесика Паркер, апсолутната кралица на стилот за чии модни комбинации редовно пишуваат сите светски медиуми.

Темата на овогодинешната Мет Гала беше „Guilded Glamour“ (позлатен гламур), а актерката која сите ја паметат по улогата на Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“ се истакна со неочекувана карирана креација.

The post Овој фустан е подобар од се што некогаш носела Кери Бредшо, Сара Џесика Паркер на Мет гала appeared first on Република.

]]>

Познати убавици прошетаа на црвениот тепих на Мет Гала, а како и секогаш некои се појавија во креации кои модните критичари ги дочекаа на нож – како Кети Пери, Камила Кабељо, Емили Ратајковски, а имаше и такви кои воодушевија со избраните тоалети. Меѓу оние кои ќе останат запаметени оваа година беа Блејк Лајвли и Ким Кардашијан, но дамата која сите со нетрпение ја очекуваа да се појави на црвениот тепих, Сара Џесика Паркер, апсолутната кралица на стилот за чии модни комбинации редовно пишуваат сите светски медиуми. Темата на овогодинешната Мет Гала беше „Guilded Glamour“ (позлатен гламур), а актерката која сите ја паметат по улогата на Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“ се истакна со неочекувана карирана креација.

The post Овој фустан е подобар од се што некогаш носела Кери Бредшо, Сара Џесика Паркер на Мет гала appeared first on Република.

]]>
„Позлатен гламур“ беше темата на синоќешната „Мет гала“: Црвениот тепих преплавен од прекрасни креации https://arhiva3.republika.mk/scena/pozlaten-glamur-beshe-temata-na-sinokjeshnata-met-gala-crveniot-tepih-preplaven-od-prekrasni-kreacii/ Tue, 03 May 2022 10:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=496700

Во Њујорк синоќа се одржа „Мет гала“, најголемата гламурозна и модна забава од хуманитарен карактер што со години се одржува првиот понеделник во мај.

Годинашната тема на најпрестижниот моден настан во светот беше The Gilded Glamour или во слободен превод „Позлатен гламур“.

Како и претходните, така и оваа година црвениот тепих на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк беше преплавен со прекрасни фустани кои тешко можат дa се видат на друго место.

Темата „Позлатен гламур“ најмногу се однесува на периодот во американската историја наречен Позлатено доба. Ова е периодот помеѓу 1870 и 1890 година, кога економијата растеше најбрзо во историјата на САД.

Меѓу гостите имаше многу познати личности и ѕвезди од шоу-бизнисот.

Годинава на настанот преовладуваа винтиџ фустани, а најмногу внимание привлече оној во кој се појави Ким Кардашијан. Станува збор за фустан кој Мерлин Монро го носела во 1962 година кога му пеела серенада на Џон Кенеди на неговиот роденден.

The post „Позлатен гламур“ беше темата на синоќешната „Мет гала“: Црвениот тепих преплавен од прекрасни креации appeared first on Република.

]]>

Во Њујорк синоќа се одржа „Мет гала“, најголемата гламурозна и модна забава од хуманитарен карактер што со години се одржува првиот понеделник во мај. Годинашната тема на најпрестижниот моден настан во светот беше The Gilded Glamour или во слободен превод „Позлатен гламур“. Како и претходните, така и оваа година црвениот тепих на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк беше преплавен со прекрасни фустани кои тешко можат дa се видат на друго место. Темата „Позлатен гламур“ најмногу се однесува на периодот во американската историја наречен Позлатено доба. Ова е периодот помеѓу 1870 и 1890 година, кога економијата растеше најбрзо во историјата на САД. Меѓу гостите имаше многу познати личности и ѕвезди од шоу-бизнисот. Годинава на настанот преовладуваа винтиџ фустани, а најмногу внимание привлече оној во кој се појави Ким Кардашијан. Станува збор за фустан кој Мерлин Монро го носела во 1962 година кога му пеела серенада на Џон Кенеди на неговиот роденден.

The post „Позлатен гламур“ беше темата на синоќешната „Мет гала“: Црвениот тепих преплавен од прекрасни креации appeared first on Република.

]]>
Мет Гала на тема гламурот од 19-тиот век https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/met-gala-na-tema-glamurot-od-19-tiot-vek/ Mon, 18 Apr 2022 13:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=490125

Мет Гала се враќа на својот првичен термин, првиот понеделник во мај. Еден од најгламурозните настани за славење на модата и соединување на најпознатите фаци од светот на модата, шоу-бизнисот и спортот ќе се одржи овој 2 мај со тема „In America: An Anthology of Fashion“.

Во 2020 година, овој престижен настан за собирање средства за Costume Institute Met Museum во Њујорк беше одложен поради пандемија, а минатата година се одржа во септември во намален обем, па оваа година се очекува да го врати својот поранешен сјај.

Домаќините на церемонијата се менуваат секоја година, а оваа чест им припадна на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда.

На поканите што се испраќаат секогаш се истакнува шифрата за покана, а оваа година со изложбата „Во Америка: Антологија на модата“, темата е гламурот на златното доба и „белата вратоврска“, а акцентот ќе биде на инклузивноста, односно на иконските, но и малку заборавените имиња на американскиот моден дизајн.

Што можеме да очекуваме од најгламурозниот кодекс на облекување „white tie“ што вклучува облека, ракавици и свечени фризури за жени и смокинг за мажи? Токму така – дизајнерите може да најдат инспирација во филмовите како што се „Age of Innocence“ или серијата „The Gilded Age“ и во историјата на самиот Њујорк и неговите познати богати семејства.

Што се носеше на крајот на 19 век кога самиот Вог беше основан? Креации од заситени бои и нијанси на скапоцени камења, тантела, машнички, рифли, свила, кадифе… Задолжителен моден додаток беа капите, а се носеа корсети и богати здолништа.

Дали дизајнерите и нивните музи ќе можат да го оживеат тоа златно доба и дали изгледот навистина ќе биде антологиски, едвај чекаме да дознаеме. Во меѓувреме, погледнете неколку комбинации од претходните години:

The post Мет Гала на тема гламурот од 19-тиот век appeared first on Република.

]]>

Мет Гала се враќа на својот првичен термин, првиот понеделник во мај. Еден од најгламурозните настани за славење на модата и соединување на најпознатите фаци од светот на модата, шоу-бизнисот и спортот ќе се одржи овој 2 мај со тема „In America: An Anthology of Fashion“.
Во 2020 година, овој престижен настан за собирање средства за Costume Institute Met Museum во Њујорк беше одложен поради пандемија, а минатата година се одржа во септември во намален обем, па оваа година се очекува да го врати својот поранешен сјај.
Домаќините на церемонијата се менуваат секоја година, а оваа чест им припадна на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда. На поканите што се испраќаат секогаш се истакнува шифрата за покана, а оваа година со изложбата „Во Америка: Антологија на модата“, темата е гламурот на златното доба и „белата вратоврска“, а акцентот ќе биде на инклузивноста, односно на иконските, но и малку заборавените имиња на американскиот моден дизајн. Што можеме да очекуваме од најгламурозниот кодекс на облекување „white tie“ што вклучува облека, ракавици и свечени фризури за жени и смокинг за мажи? Токму така – дизајнерите може да најдат инспирација во филмовите како што се „Age of Innocence“ или серијата „The Gilded Age“ и во историјата на самиот Њујорк и неговите познати богати семејства. Што се носеше на крајот на 19 век кога самиот Вог беше основан? Креации од заситени бои и нијанси на скапоцени камења, тантела, машнички, рифли, свила, кадифе… Задолжителен моден додаток беа капите, а се носеа корсети и богати здолништа. Дали дизајнерите и нивните музи ќе можат да го оживеат тоа златно доба и дали изгледот навистина ќе биде антологиски, едвај чекаме да дознаеме. Во меѓувреме, погледнете неколку комбинации од претходните години:

The post Мет Гала на тема гламурот од 19-тиот век appeared first on Република.

]]>