местење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mestenje/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 21:56:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png местење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mestenje/ 32 32 ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-za-istragata-so-mestene-na-natprevari-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Fri, 29 Mar 2024 21:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=760291

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР).

https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/

Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се наведува во соопштението.

The post ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР). https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.
Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се наведува во соопштението.

The post ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР appeared first on Република.

]]>
Шпанската Ла лига пријави обид за местење натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shpanskata-la-liga-prijavi-obid-za-mestene-natprevar/ Fri, 10 Mar 2023 22:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=618323

Шпанската Ла Лига до надлежните власти пријавила обид за местење фудбалски натпревар, откако поранешниот играч на Џирона, Адај Бенитез, обелодени дека му биле понудени пари неговиот тим да загуби.

Ла Лига го пријави случајот откако Бенитез, гостувајќи во спортска емисија, изјави дека му биле понудени 50.000 евра Џирона да загуби натпревар на крајот на сезоната 2016/17.

Бенитез изјави дека не го прифатил тоа, но не откри други детали за тоа кој му понудил пари.

Минатиот месец шпанската полиција уапси шест лица поради нивна наводна вмешаност во план да го наместат резултатот на натпревар од Купот на кралот во 2021 година. Натпреварот кој беше под истрага е победата на Леванте над нисколигашот Хуракан Мелил од 8-0.

The post Шпанската Ла лига пријави обид за местење натпревар appeared first on Република.

]]>

Шпанската Ла Лига до надлежните власти пријавила обид за местење фудбалски натпревар, откако поранешниот играч на Џирона, Адај Бенитез, обелодени дека му биле понудени пари неговиот тим да загуби. Ла Лига го пријави случајот откако Бенитез, гостувајќи во спортска емисија, изјави дека му биле понудени 50.000 евра Џирона да загуби натпревар на крајот на сезоната 2016/17. Бенитез изјави дека не го прифатил тоа, но не откри други детали за тоа кој му понудил пари. Минатиот месец шпанската полиција уапси шест лица поради нивна наводна вмешаност во план да го наместат резултатот на натпревар од Купот на кралот во 2021 година. Натпреварот кој беше под истрага е победата на Леванте над нисколигашот Хуракан Мелил од 8-0.

The post Шпанската Ла лига пријави обид за местење натпревар appeared first on Република.

]]>
Џаро објаснува како се местат ждрепките за Светско https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dzaro-objasnuva-kako-se-mestat-zdrepkite-za-svetsko/ Sat, 26 Nov 2022 09:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=578122

Ако некој е експерт за фудбалски натпревари, стратегии, па и местење на истите, тоа секако е македонската легенда Велибор Џаровски - Џаро. Во новата „Еден на еден“, покрај тоа што предвидува кој ќе игра во финалето на Светското првенство кое во моментов се игра во Катар, Џаро зборува и за тоа како се мести ждрепката и извлекувањето на групите.

Тој тврди дека самата ждрепка е побитна од понатамошното класично местење на натпреварите, затоа што со ждрепката се избегнуваат „финалињата пред финалето“, а со тоа се обезбедува повеќе пари од телевизиските права - колку подолго во игра се главните екипи од кои доаѓаат најмогу пари, толку подобро.

Вака се мести, во куглата има осум топчиња, од кои четири се греат и се топлат, а четири се ладни. Тој што влече знае дека не смее да се падне топла со топла топка или ладна со ладна, објаснува тој.

Џаро во „Еден на еден“ во недела од 18.30 на Канал 5 зборува и за тоа што ќе се случи со војната и со Путин, како Весли Кларк им се извинувал на Ѓорѓиевски и Трајанов за Аркан, како ја организирал момачката вечер на најпознатиот македонски бизнисмен и уште многу други анегдоти.

The post Џаро објаснува како се местат ждрепките за Светско appeared first on Република.

]]>

Ако некој е експерт за фудбалски натпревари, стратегии, па и местење на истите, тоа секако е македонската легенда Велибор Џаровски - Џаро. Во новата „Еден на еден“, покрај тоа што предвидува кој ќе игра во финалето на Светското првенство кое во моментов се игра во Катар, Џаро зборува и за тоа како се мести ждрепката и извлекувањето на групите. Тој тврди дека самата ждрепка е побитна од понатамошното класично местење на натпреварите, затоа што со ждрепката се избегнуваат „финалињата пред финалето“, а со тоа се обезбедува повеќе пари од телевизиските права - колку подолго во игра се главните екипи од кои доаѓаат најмогу пари, толку подобро.
Вака се мести, во куглата има осум топчиња, од кои четири се греат и се топлат, а четири се ладни. Тој што влече знае дека не смее да се падне топла со топла топка или ладна со ладна, објаснува тој.
Џаро во „Еден на еден“ во недела од 18.30 на Канал 5 зборува и за тоа што ќе се случи со војната и со Путин, како Весли Кларк им се извинувал на Ѓорѓиевски и Трајанов за Аркан, како ја организирал момачката вечер на најпознатиот македонски бизнисмен и уште многу други анегдоти.

The post Џаро објаснува како се местат ждрепките за Светско appeared first on Република.

]]>
Местачки скандал го тресе белгискиот фудбал, вмешани судии, прволигаши, функционери… https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mestachki-skandal-go-trese-belgiskiot-fudbal-vmeshani-sudii-prvoligashi-funkcioneri/ Sat, 15 Jan 2022 10:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=444888

Белгискиот фудбал се соочува со скандал од големи размери, откако Јавното обвинителство најави можни десетици обвиненија како резултат на серија истраги за повеќе недозволени активности, вклучувајќи и местење натпревари на прволигашки екипи.

Вкупно 56 лица, како и една компанија, се осомничени за измама, перење пари, местење натпревари и членство во криминална организација, меѓу другите обвиненија, објавија локалните медиуми.

Повикувајќи се на извори од истрагата, весникот „Dernière Heure / Les Sports“ објави дека меѓу осомничените има функционери од неколку белгиски прволигашки екипи, како и фудбалски судии.

The post Местачки скандал го тресе белгискиот фудбал, вмешани судии, прволигаши, функционери… appeared first on Република.

]]>

Белгискиот фудбал се соочува со скандал од големи размери, откако Јавното обвинителство најави можни десетици обвиненија како резултат на серија истраги за повеќе недозволени активности, вклучувајќи и местење натпревари на прволигашки екипи. Вкупно 56 лица, како и една компанија, се осомничени за измама, перење пари, местење натпревари и членство во криминална организација, меѓу другите обвиненија, објавија локалните медиуми. Повикувајќи се на извори од истрагата, весникот „Dernière Heure / Les Sports“ објави дека меѓу осомничените има функционери од неколку белгиски прволигашки екипи, како и фудбалски судии.

The post Местачки скандал го тресе белгискиот фудбал, вмешани судии, прволигаши, функционери… appeared first on Република.

]]>