местење тендери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mestenje-tenderi/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 08:56:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png местење тендери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mestenje-tenderi/ 32 32 Николоски: Ќе направиме сè за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ke-napravime-se-za-da-gi-raskineme-somnitelnite-tenderi-za-odrzhuvane-na-patishtata/ Fri, 26 Jul 2024 08:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=800415

Ќе направиме сè со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител.

Тој изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма – Мирсад Комерц.

Пред две години излегов на прес конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно да е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични 2 милини евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е незвисно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија “Марковски компани” ги доби тендериве во изминтиве 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална, истакна Николоски.

Министерот Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на Второстепата комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.

The post Николоски: Ќе направиме сè за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата appeared first on Република.

]]>

Ќе направиме сè со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да го прават Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител. Тој изрази сомнеж во работењето на Второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма – Мирсад Комерц.
Пред две години излегов на прес конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно да е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични 2 милини евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е незвисно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија “Марковски компани” ги доби тендериве во изминтиве 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална, истакна Николоски.
Министерот Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на Второстепата комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.

The post Николоски: Ќе направиме сè за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Гази Баба е еклатантен пример за сомнителни тендери каде за исти светилки со различна моќност имало понуди од 10.000 и 1.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovski-gazi-baba-e-eklatanten-primer-za-somnitelni-tenderi-kade-za-isti-svetilki-so-razlichna-mokjnost-imalo-ponudi-od-10-000-i-1-000-denari/ Tue, 15 Feb 2022 11:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=458781

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, реагира дека на сите им е јасно дека местењето тендери во СДСМ не е ништо ново, дека од неговата партија алармираат за тоа 4 години, дека тоа е нешто за што сите знаат, го гледаат и имаат докази, но тоа не е случај со ЈО и Антикорупциската Комисија, кои се единствените кои немаат сознанија и немаат докази.

Реакцијата на Арсовски ја пренесуваме во целост:

Денес ќе презентираме и ќе продолжиме, ќе се надоврземе на вчерашните докази за тендерот за улично осветлување во Гази Баба, каде што јавноста треба да утврди дали фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ со очигледни евидентни податоци на однапред договорени цени добила тендер?

Фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер за јавно улично осветлување со цени на кои што се надоврзуваме на вчерашната прес конференција и тоа:

- На пример, набавка и вградување на натриумова цеваста сијалица од 70 вати над 6.600 лумени понудената цена е 10.000 денари по парче, додека пак истата сијалица со моќност од 150 вати над 17.500 лумени, која што по логика на нештата треба да е двојно повисока, понудената цена е само 1.000 денари. Дали е ова нормално?

- Или на пример, набавка и вградување на пригушници цените се следни: од 70 вати чини 2.500 денари парче, а двојно и пет пати помоќни од 150 вати и 400 вати чинат чинат по 1 денар парче. Кој кого манипулира?

- Истото се случува и со ЛЕД уличните асиметрични светилки. Парче со моќност 30-45 вати чини 5.000 денари, додека пак сите останати кои се двојно, тројно или пет, или шест пати помоќни чинат околу 500 денари по парче. Поочигледно од ова нема дека однапред се знаело што и како ќе се работи овој тендер.

Ова е само дел од цените и начинот на кој има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма ДИГИТАЛ ДООЕЛ, во општина Гази Баба, но за тоа треба да утврди и јавното обвинителство дали имало такво нешто или не.

Антикорупциската комисија исто така требаше веќе да има отворено случај, но очигледно дека сака да сокрие сомнеж за криминал и воопшто да не истражува било каков криминал во овие јавни набавки.

Ваквиот начин на функционирање и добивање тендери очигледно добро функционирал како пракса секаде ама баш секаде онаму каде што СДСМ има свои кадри за функционери.

Дали сега на јавноста и е јасно како СДСМ ги трошеле нивните пари? Истото се случува и низ институциите на државната власт, каде што СДСМ ја има централната власт, што всушност покажува дека не се работи за изолиран случај, туку за начин на функционирање на СДСМ како политичка партија и нивните кадри.

Парите на граѓаните на овој начин биле испумпувани и завршувале по нечии џебови. Да не се чудите после како од просечни граѓани, после функционерите стануваат милионери, а пред тоа немале никаков основ да заработат огромни суми на пари.

https://www.youtube.com/watch?v=R_nt6yPJKzE

The post Арсовски: Гази Баба е еклатантен пример за сомнителни тендери каде за исти светилки со различна моќност имало понуди од 10.000 и 1.000 денари appeared first on Република.

]]>

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, реагира дека на сите им е јасно дека местењето тендери во СДСМ не е ништо ново, дека од неговата партија алармираат за тоа 4 години, дека тоа е нешто за што сите знаат, го гледаат и имаат докази, но тоа не е случај со ЈО и Антикорупциската Комисија, кои се единствените кои немаат сознанија и немаат докази. Реакцијата на Арсовски ја пренесуваме во целост:
Денес ќе презентираме и ќе продолжиме, ќе се надоврземе на вчерашните докази за тендерот за улично осветлување во Гази Баба, каде што јавноста треба да утврди дали фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ со очигледни евидентни податоци на однапред договорени цени добила тендер?   Фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер за јавно улично осветлување со цени на кои што се надоврзуваме на вчерашната прес конференција и тоа:   - На пример, набавка и вградување на натриумова цеваста сијалица од 70 вати над 6.600 лумени понудената цена е 10.000 денари по парче, додека пак истата сијалица со моќност од 150 вати над 17.500 лумени, која што по логика на нештата треба да е двојно повисока, понудената цена е само 1.000 денари. Дали е ова нормално?   - Или на пример, набавка и вградување на пригушници цените се следни: од 70 вати чини 2.500 денари парче, а двојно и пет пати помоќни од 150 вати и 400 вати чинат чинат по 1 денар парче. Кој кого манипулира?   - Истото се случува и со ЛЕД уличните асиметрични светилки. Парче со моќност 30-45 вати чини 5.000 денари, додека пак сите останати кои се двојно, тројно или пет, или шест пати помоќни чинат околу 500 денари по парче. Поочигледно од ова нема дека однапред се знаело што и како ќе се работи овој тендер.   Ова е само дел од цените и начинот на кој има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма ДИГИТАЛ ДООЕЛ, во општина Гази Баба, но за тоа треба да утврди и јавното обвинителство дали имало такво нешто или не.   Антикорупциската комисија исто така требаше веќе да има отворено случај, но очигледно дека сака да сокрие сомнеж за криминал и воопшто да не истражува било каков криминал во овие јавни набавки.   Ваквиот начин на функционирање и добивање тендери очигледно добро функционирал како пракса секаде ама баш секаде онаму каде што СДСМ има свои кадри за функционери.   Дали сега на јавноста и е јасно како СДСМ ги трошеле нивните пари? Истото се случува и низ институциите на државната власт, каде што СДСМ ја има централната власт, што всушност покажува дека не се работи за изолиран случај, туку за начин на функционирање на СДСМ како политичка партија и нивните кадри.   Парите на граѓаните на овој начин биле испумпувани и завршувале по нечии џебови. Да не се чудите после како од просечни граѓани, после функционерите стануваат милионери, а пред тоа немале никаков основ да заработат огромни суми на пари.