месна индустрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mesna-industrija/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 11:04:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png месна индустрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mesna-industrija/ 32 32 Месарите ги намалија цените, но дел од нив одбиени за субвенционирана струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja/ Thu, 01 Dec 2022 11:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=580443

На околу десетина компании од месната индустрија им се одбиени апликациите за добивање субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици. Тие веќе ги намалиле цените на 50-на производи, на свежото свинско месо и на дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе трае поевтинувањето, не знаат. Очекуваат во најбрз можен рок да се надмине проблемот и да ги потпишат договорите за фиксна цена на електричната енергија, за што вчера добиле и ветување од ЕВН.

Според Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора, цените се намалени за пет проценти, пред се на домашното свежо свинско месо, но, сепак, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи. За да се намали, пак, цената на месните проозводи веднаш, за над 10 – 15 проценти, потребно е ослободување од царините за увоз на смрзнато свинско месо за преработка што беше во сила четири години и заврши во јуни 2022 и доведе до поскапувања.

Групацијата порача дека правилата за добивање субвенционирана струја мора да се објават јавно и јасно и да важат еднакво за сите правни субјекти од секоја соодветна гранка.

Уште денеска ги намаливме цените на одредени производи, верувајќи и на Владата дека мерките ќе бидат ефективни. Намалени се околу 50-на производи, дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе важи тоа не знаеме зашто некои компании се одбиени и се ставени во нерамноправна положба. Очекувавме мерката за струјата да биде јасна и целата работа да биде завршена со доставување на документацијата. Но, вчера и завчера дел од компаниите се одбиени, а немаме објаснување зошто. Единствено заедничко е што имаат фотоволтаици - истакна претседателот на Групацијата Гоце Трајчев.

Трајчев на прес-конференција во Комората напомена дека компаниите се подготвени вишокот струја да го дадат гратис, за тоа да не биде пречка и да добијат субвенционирана електрична енергија.

Сите овие компании инвестирале во фотоволтаици за сопствени потреби што е одлично, но сега се покажа како недостиг и ќе ги обесхрабри за ваков тип вложување во иднина - потенцира Трајчев, додавајќи дека компаниите требале да ги видат договорите, но договорите се уште ги немаат добиено.

Од Комората информираат дека вчера попладне добиле соопштение од ЕВН во кое се информира дека компаниите кои имаат фотонапонски централи, имаат вишоци струја и за нив договорите ќе треба да се доработат за да се регулира продажбата на тие вишоци.

Заедно со ЕСМ и Министерството за економија ќе се направи се за да се доработат договорите. Насоката е дека тоа ќе се случи најбрзо што може, можеби утре, во понеделник или во јануари. Станува збор за вишоци кои компаниите никаде не може да ги користат и се подготвени да го надминат овој проблем - рече Даниела Михајловска од Комората.

Недоследности, додаде Михајловска, се откриваат во од и се прават напори за нивно надминување.

Месната индустрија и официјално ја најави кампањата „Домашно, квалитетно, евтино“.

The post Месарите ги намалија цените, но дел од нив одбиени за субвенционирана струја appeared first on Република.

]]>

На околу десетина компании од месната индустрија им се одбиени апликациите за добивање субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици. Тие веќе ги намалиле цените на 50-на производи, на свежото свинско месо и на дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе трае поевтинувањето, не знаат. Очекуваат во најбрз можен рок да се надмине проблемот и да ги потпишат договорите за фиксна цена на електричната енергија, за што вчера добиле и ветување од ЕВН. Според Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора, цените се намалени за пет проценти, пред се на домашното свежо свинско месо, но, сепак, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи. За да се намали, пак, цената на месните проозводи веднаш, за над 10 – 15 проценти, потребно е ослободување од царините за увоз на смрзнато свинско месо за преработка што беше во сила четири години и заврши во јуни 2022 и доведе до поскапувања. Групацијата порача дека правилата за добивање субвенционирана струја мора да се објават јавно и јасно и да важат еднакво за сите правни субјекти од секоја соодветна гранка.
Уште денеска ги намаливме цените на одредени производи, верувајќи и на Владата дека мерките ќе бидат ефективни. Намалени се околу 50-на производи, дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе важи тоа не знаеме зашто некои компании се одбиени и се ставени во нерамноправна положба. Очекувавме мерката за струјата да биде јасна и целата работа да биде завршена со доставување на документацијата. Но, вчера и завчера дел од компаниите се одбиени, а немаме објаснување зошто. Единствено заедничко е што имаат фотоволтаици - истакна претседателот на Групацијата Гоце Трајчев.
Трајчев на прес-конференција во Комората напомена дека компаниите се подготвени вишокот струја да го дадат гратис, за тоа да не биде пречка и да добијат субвенционирана електрична енергија.
Сите овие компании инвестирале во фотоволтаици за сопствени потреби што е одлично, но сега се покажа како недостиг и ќе ги обесхрабри за ваков тип вложување во иднина - потенцира Трајчев, додавајќи дека компаниите требале да ги видат договорите, но договорите се уште ги немаат добиено.
Од Комората информираат дека вчера попладне добиле соопштение од ЕВН во кое се информира дека компаниите кои имаат фотонапонски централи, имаат вишоци струја и за нив договорите ќе треба да се доработат за да се регулира продажбата на тие вишоци.
Заедно со ЕСМ и Министерството за економија ќе се направи се за да се доработат договорите. Насоката е дека тоа ќе се случи најбрзо што може, можеби утре, во понеделник или во јануари. Станува збор за вишоци кои компаниите никаде не може да ги користат и се подготвени да го надминат овој проблем - рече Даниела Михајловска од Комората.
Недоследности, додаде Михајловска, се откриваат во од и се прават напори за нивно надминување. Месната индустрија и официјално ја најави кампањата „Домашно, квалитетно, евтино“.

The post Месарите ги намалија цените, но дел од нив одбиени за субвенционирана струја appeared first on Република.

]]>
И месната индустрија ја чека поддршката од Владата за субвенционирана струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-mesnata-industrija-ja-cheka-poddrshkata-od-vladata-za-subvencionirana-struja/ Fri, 28 Oct 2022 09:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=566743

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.

Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе ја обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението.

Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база.

Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70%, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси.

Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава.

The post И месната индустрија ја чека поддршката од Владата за субвенционирана струја appeared first on Република.

Месната индустрија бара продолжување на мерката за увоз на суровина уште шест месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mesnata-industrija-bara-prodolzuvanje-na-merkata-za-uvoz-na-surovina-ushte-shest-meseci/ Fri, 27 May 2022 12:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=507634

Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина  за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите и предупредуваат дека ако тоа не се случи, сувомесните производи ќе поскапат за најмалку 15 – 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството со што, по 500 семејства во еден регион ќе останат без работа.

Како што информираа на прес-конференција, барањето за продолжување на безцаринскиот увоз на суровина, денеска ќе биде и официјално доставено до Владата.

Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата. Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина. Проблемите ќе бидат се понагласени со реализација на Отворен Балкан, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството, рече претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев.

Тој порача дека Групацијата бара ослободување од царинските давачки по примерот на другите индустрии во земјава кои исто така користат суровини за преработка.

Владата да го растовари стопанството од политика и да не носи мерки кои се штетни за него и кои влијаат негативно врз Буџетот. Ако сака да интервенира, тогаш нјека интервенира кај социјално ранливите категории преку ваучери за купување домашни прооизоди или плаќање комунални такси, а не преку ноќ да менува законски одредби и даночни основи или да замрзнува цени, порача Трајчев.

Според Васко Ристовски од Стопанската комора, до надлежните навреме било доставено барање за безцарински увоз, но „неофицијалните сигнали се дека нема расположение за продолжување на мерката“.

Мерката се продолжува веќе четири години, секои шест месеци. Сега немаме никаков одѕив и затоа апелираме мерката да продолжи. Од тоа ќе зависи и дали преработките ќе поскапат за најмалку 15 -20 отсто по 5 – 6 јуни. Тоа не можеме да се спречи и на тој начин, домашните производи ќе бидат поскапи од увезените, укажа Ристовски.

Осврнувајќи се на останатите предизвици со кои се соочува домашната месна индустрија, Ристовски информира дека од Нова година досега цените на суровините значително пораснаа. Пченицата од 400 евра за тон сега е 1 200 евра, а пченката од 300 евра, сега е 800 евра за тон. Дополнително, рече, поскапени се и енергенсите.

Уште пред четири години Владата помогна со интервентна мерка за ослободување 50 отсто од царината на потрошената увезена суровина. Во овие исклучително тешки услови, најмалку што може да направи сега, е да ја продолжи оваа мерка за уште шест месеци ако сакаме месната индустрија да опстане, напомена Ристовски.

Замрзнувањето на цените, а потоа и на маржите, дополнително ги оптовари компаниите. Исто така, поголемиот дел од нив поради кризата и „затворањето“ на Европа, речиси не ги реализираа склучените договори за набавка на суровина. Се појави и „свинска чума“, па се побара месната индустријата да излезе во пресрет – се што беше свиња да се заколе и да се преработи, а пред Велигден и да се откупи вишокот на свинско месо.

Ристовски соопшти и дека во периодот на КОВИД-от потрошувачката на месни преработки била зголемена особено кога беа дадени ваучери, а се намалил и увозот на свежото свинско месо од 12 600 на 11 500 тони. Со почетокот на кризата, пак, тенденцијата одеше во обратна насока – благо намалување на домашното производство и раст на увозот на свежо свинско месо и преработки.

Претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев оцени дека таа тенденција годинава ќе биде уште поизразена, а една или две компании веќе ги затвориле своите погони.

The post Месната индустрија бара продолжување на мерката за увоз на суровина уште шест месеци appeared first on Република.

]]>

Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина  за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите и предупредуваат дека ако тоа не се случи, сувомесните производи ќе поскапат за најмалку 15 – 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството со што, по 500 семејства во еден регион ќе останат без работа. Како што информираа на прес-конференција, барањето за продолжување на безцаринскиот увоз на суровина, денеска ќе биде и официјално доставено до Владата.
Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата. Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина. Проблемите ќе бидат се понагласени со реализација на Отворен Балкан, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството, рече претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев.
Тој порача дека Групацијата бара ослободување од царинските давачки по примерот на другите индустрии во земјава кои исто така користат суровини за преработка.
Владата да го растовари стопанството од политика и да не носи мерки кои се штетни за него и кои влијаат негативно врз Буџетот. Ако сака да интервенира, тогаш нјека интервенира кај социјално ранливите категории преку ваучери за купување домашни прооизоди или плаќање комунални такси, а не преку ноќ да менува законски одредби и даночни основи или да замрзнува цени, порача Трајчев.
Според Васко Ристовски од Стопанската комора, до надлежните навреме било доставено барање за безцарински увоз, но „неофицијалните сигнали се дека нема расположение за продолжување на мерката“.
Мерката се продолжува веќе четири години, секои шест месеци. Сега немаме никаков одѕив и затоа апелираме мерката да продолжи. Од тоа ќе зависи и дали преработките ќе поскапат за најмалку 15 -20 отсто по 5 – 6 јуни. Тоа не можеме да се спречи и на тој начин, домашните производи ќе бидат поскапи од увезените, укажа Ристовски.
Осврнувајќи се на останатите предизвици со кои се соочува домашната месна индустрија, Ристовски информира дека од Нова година досега цените на суровините значително пораснаа. Пченицата од 400 евра за тон сега е 1 200 евра, а пченката од 300 евра, сега е 800 евра за тон. Дополнително, рече, поскапени се и енергенсите.
Уште пред четири години Владата помогна со интервентна мерка за ослободување 50 отсто од царината на потрошената увезена суровина. Во овие исклучително тешки услови, најмалку што може да направи сега, е да ја продолжи оваа мерка за уште шест месеци ако сакаме месната индустрија да опстане, напомена Ристовски.
Замрзнувањето на цените, а потоа и на маржите, дополнително ги оптовари компаниите. Исто така, поголемиот дел од нив поради кризата и „затворањето“ на Европа, речиси не ги реализираа склучените договори за набавка на суровина. Се појави и „свинска чума“, па се побара месната индустријата да излезе во пресрет – се што беше свиња да се заколе и да се преработи, а пред Велигден и да се откупи вишокот на свинско месо. Ристовски соопшти и дека во периодот на КОВИД-от потрошувачката на месни преработки била зголемена особено кога беа дадени ваучери, а се намалил и увозот на свежото свинско месо од 12 600 на 11 500 тони. Со почетокот на кризата, пак, тенденцијата одеше во обратна насока – благо намалување на домашното производство и раст на увозот на свежо свинско месо и преработки. Претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев оцени дека таа тенденција годинава ќе биде уште поизразена, а една или две компании веќе ги затвориле своите погони.