Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meshovitata-makedonsko-bugarska-ekspertska-komisija/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Nov 2022 11:00:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meshovitata-makedonsko-bugarska-ekspertska-komisija/ 32 32 ДС: Да се преговара за тоа дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ds-da-se-pregovara-za-toa-dali-ohridskata-arhepiskopija-e-makedonska-ili-bugarska-e-ramno-na-velepredavstvo/ Mon, 28 Nov 2022 11:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=579094

Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство. Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание, велат од партијата на Павле Трајанов.

The post ДС: Да се преговара за тоа дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство appeared first on Република.

]]>

Не го утврдуваме статусот на МПЦ-ОА, туку нејзиното претставување во историјата, велат од Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-go-utvrduvame-statusot-na-mpc-oa-tuku-nejzinoto-pretstavuvanje-vo-istorijata-velat-od-komisijata/ Mon, 28 Nov 2022 08:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=578908

Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/crkvata-so-jasna-poraka-istoriskata-komisija-da-gi-trgne-racete-od-ohridskata-arhiepiskopija/

Се поосчува дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.

Ова не е првпат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија

The post Не го утврдуваме статусот на МПЦ-ОА, туку нејзиното претставување во историјата, велат од Комисијата appeared first on Република.

]]>

Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.
И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.
https://republika.mk/vesti/makedonija/crkvata-so-jasna-poraka-istoriskata-komisija-da-gi-trgne-racete-od-ohridskata-arhiepiskopija/ Се поосчува дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.
Ова не е првпат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија

The post Не го утврдуваме статусот на МПЦ-ОА, туку нејзиното претставување во историјата, велат од Комисијата appeared first on Република.

]]>
Црквата со јасна порака: Историската комисија да ги тргне рацете од Охридската архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crkvata-so-jasna-poraka-istoriskata-komisija-da-gi-trgne-racete-od-ohridskata-arhiepiskopija/ Sat, 26 Nov 2022 15:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=578526

Црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата историска комисија. Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, порача претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотировски. Тој во изјава за „Сител“ порача дека сите прашања поврзани со црквата не смеат да бидат тема на дискусија на оваа мешовита комисија и им порача на македонските историчари да бидат многу внимателни и одговорни доколку вакво нешто се бара од нив.

Oхридската архиепископија и како историска категорија и денес како македонска црковна реалност посебно е целосно заокружена, чиста и јасна и не гледам причина зошто тука треба да се отвораат проблеми, вели тој.

Црквата има свои правила и догми кои ги почитува целиот православен свет и државата ќе биде одговорна доколку не го отфрли обидиот да се отвори било какво прашање за црквата. Владиката Петар потенцира, фактот дека Охридската архиепископија никогаш не била бугарска го признаваат и пишуваат најреноминираните професори од Бугарија за историски и црковни прашања.

Историската комисија нема право на тоа, таа треба категорички да отфрли секаков обид да се оптпочнат било какви разговори за Охридската архиепископија, дури не требаше да водат разговори ни за Свети Кирил и Методиј, ни за Свети Климент, Свети Наум...Ако тоа се случи тогаш одговорноста и срамот за такво нешто ќе падне врз тие личности, комисии, кои биле соработници со нашите непријатели околу идентитетот и национален и црковен, вели владиката Петар.

Дека историчарите не смееле да дозволат да се разговара ниту за Св. Просветители Кирил и Методиј сметаат и аналитичарите. Атанасовски е скептичен дека се можни компромисни решенија бидејќи кај бугарската страна не гледа волја кај политичка и научноопштествена јавност. Прашање е кога повторно ќе го искористат правото на вето.

The post Црквата со јасна порака: Историската комисија да ги тргне рацете од Охридската архиепископија appeared first on Република.

Најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари од Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najstrashen-e-neukiot-i-servilen-odnos-ne-samo-na-makedonskite-politichari-tuku-i-na-makedonskite-istorichari-od-komisijata/ Sat, 03 Sep 2022 07:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=546923

Кога зборуваме за историјата на Балканот и на балканските народи, веројатно има толку вистини (толкувања на настаните) колку и народи, ако не и повеќе, вели во својата последна колумна академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Процесот на помирување на различните истории на Балканот се наоѓа токму на почетокот и веднаш наидува на пречки. За Македонците, за жал, најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари, актуелните македонски „експерти“ на заедничката Мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, токму оние што треба и од кои се очекува да ја промовираат историската вистина. Христијанските просветители и мисионери Кирил и Методиј се духовни лица, на кои не може да им дадете националност и да ги присвоите. Затоа, Денот на светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај, треба да го одбележуваат не само Македонија и Бугарија туку сите словенски држави и народи. Заедничките чествувања се европски и цивилизациски придобивки, па затоа треба да се прават врз еднаква основа, со почитување на различните перцепции и без наметнување на сопствениот наратив врз наративот на другиот, што за нас би значело без повреда на достоинството на Македонците со условувања и уцени, пишува Коцарев.

Целата колумна на „Нова Македонија

The post Најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари од Комисијата appeared first on Република.

Македонскиот дел од Комисијата е лут што грешно ги толкувале и ги прогласувале за предавници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-del-od-komisijata-e-lut-shto-greshno-gi-tolkuvale-i-gi-proglasuvale-za-predavnici/ Mon, 22 Aug 2022 14:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=542899

Mакедонскиот тим во билатералната Комисија за историски и образовни прашања, денеска, преку соопштение посочи дека чувствува потреба уште еднаш да се обрати до јавноста и да укаже на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста со кои, како што тврдат, „продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/promoviraat-metod-na-pristrasno-tolkuvanje-na-istoriskite-fakti-makedonskite-nauchnici-gi-otfrlaat-preporakite-na-istoriskata-komisija/

Според македонскиот дел од Историската комисија, во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на фактографските податоци што се нотирани во текстовите за заедничко чествување. Притоа, се додава, паралелно со овие невистини се врши дехуманизација и се прогласуваат предавници.

Историјата е претставена како ексклузивен домен на оние кои себеси се претставуваат како единствени толкувачи на вистината, реагирааат тие.

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-tri-godini-si-inkasirale-240-000-evra-gjorgiev-na-vrvot-koj-kolku-si-zarabotil-od-istoriskata-komisija-so-bugarija/

Најпроблематичен дел од таканаречениот проглас на стотината колеги, се посочува во соопштението, е тезата дека „Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување“.

Ова, всушност, кажува многу за разбирањето на улогата на историјата како и мотивите за реакцијата на оваа група колеги. Според ова разбирање, толкувањето е суверен интерес на државата, а не на научната заедница и научниците кои треба да творат според суверениот интерес на државата. Со кое право се пласираат обвинувања дека се работи под политички диктат, кога самите тие колеги бараат „научно и официјално толкување“ на историјата да биде суверен интерес на државата што во превод значи политички диктат?!, наведуваат од тимот македонски историчари.

Воедно, тие прашуваат дали други историчари и научници во други дисциплини надвор од државата не смеат да ја истражуваат македонската историја, а постојат такви научници кои често ги цитираме кога тоа ни одговара, потоа, зошто постои страв дека препораките за заедничко чествување ќе бидат новиот историски наратив за Македонија, каде тоа се сугерира, на кој начин мислат колегите дека тоа ќе се случи и дали некој од нив од 2019 јуни месец кога се усвоени овие препораки, добил упатство да пишува спротивно на своите убедувања.

Отфрлањето на препораките, па дури и со индигнација е сечие право и овие препораки нема да бидат задолжителни за секого. Ние веруваме дека науката и историјата треба да бидат во функција на мирот и помирувањето и не мислиме дека државите треба да им кажуваат на научниците како да го толкуваат минатото. Препораките се само презентирање на основни историски податоци за личности кои Македонија и Бугарија би можеле заеднички да ги чествуваат со цел да се подобрат билатералните односи или да ги подобрат своите учебници по историја, нагласуваат од Комисијата.

При тоа уште еднаш напоменуваат дека препораките за заедничко чествување не се наменети за образовниот систем. Во една од колумните се вели дека во иднина ќе се изучува „софиска верзија на историската приказна за христијанизирањето и за описменувањето на Словените во раниот среден век“, иако овие препораки не го кажуваат тоа што се тврди и не се однесуваат на образовниот систем. Едноставно, се додава во реакцијата, Комисијата нема донесено препораки за учебниците, а кои се однесуваат на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум. Според нив, секое понатамошно инсистирање на оваа невистина ќе значи дека свесно и со лоши намери се држи јавноста во заблуда.

Новина во реакциите, како што стои во соопштението, е и обвинувањето за „бугароцентричност“.

Овој термин би подразбирал дека целиот текст се однесува на бугарското национално толкување на минатото, поточно според бугарскиот доминантен наратив. Спомнувањето на основните историски факти дека овие лица биле примени од страна на кнез Борис и твореле во средновековната бугарска држава не е и не може да претставува „бугароцентричност“. „Бугароцентричност“ би било кога за овие личности би се дала само бугарската етно-национална верзија на историјата во која овие личности се толкуваат како етнички Бугари, а карактерот на нивното дело како бугарско, а не сесловенско. Дали спомнувањето на Св. Кирил и Методиј дека ги ставиле основите на христијанството и словенската писменост е „бугароцентричност“ или дека култот на Св. Наум се раширил и во соседните држави и кај муслиманите?, се вели во реакцијата.

Што се однесува до новите обиди да се укаже на штетноста на препораките, повторно , според членовите на Комисијата, читаме празни формулации.

Една од нив е повторното тврдење дека се изедначуваат Охридската и Преславската школа со што се губел македонскиот идентитет. Тоа никаде и на никаков начин не се кажува во препораките. Двете школи се споменуваат во контекст на нивното основање во конкретен временски период и простор, но ниту еден дел од речениците каде што се споменуваат не сугерира на изедначување на нивните карактеристики, освен ако не сакате да го толкувате на тој начин за да може да се манипулира јавноста, се вели во реакцијата.

Во однос на препораките за учебниците по историја што се однесуваат на античкиот период, оценува тимот од Комисијата, повторно се прави манипулација и се толкуваат само оние кои се однесуваат за македонските учебници и со тоа се креира атмосфера на национална катастрофа.

На пример во една од реакциите се вели “…Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу)“. Се мисли на препораките во учебниците по историја во двете држави да има повеќе простор за културно-историското наследство на другите антички народи и култури. Во македонските учебници за Тракијците, а во бугарските учебници за оние западно од Бугарија, а тоа се Илири, Пајонци и други. Античките Македонци не се споменати бидејќи тие се веќе дел од бугарските учебници. Каде тука се инсистира на историска поврзаност (континуитет) за Тракијците, а за Македонците не. Ова значи дека свесно се додаваат содржини кои ги нема во препораките и кои само откриваат дека оние кои критикуваат најгласно не се оддалечиле од етноцентричниот поглед за минатото, веруваат во политички митови за минатото и во еден тип на методолошки национализам кој треба да е надминат. Современите нации се општествени конструкти и национализмот е феномен на 19 и 20 век и за двата образовни системи се препорачува да се избегнува национализирање на антиката. Нели се ова многу јасни примери на свесно делување со цел да се доведе јавноста во заблуда, прашува македонскиот тим од Комисијата.

Членовите од македонскиот тим во Комисијата со порака и до медиумите.

На крајот, во контекст на јавноста би ги охрабриле медиумите да не пренесуваат селективни информации кои доаѓаат од Софија, туку да ги земат предвид сите релевантни различни мислења за јавноста да има можност да донесе вистински суд за нашата работа и она што е одлучено. Со селективноста се креира нецелосна слика за одредена појава и/или процес со што јавноста може да се доведе до заблуда, стои во реакцијата на македонскиот тим на билатералната експерска Комисија за образовни и историски прашања.

The post Македонскиот дел од Комисијата е лут што грешно ги толкувале и ги прогласувале за предавници appeared first on Република.

]]>

Mакедонскиот тим во билатералната Комисија за историски и образовни прашања, денеска, преку соопштение посочи дека чувствува потреба уште еднаш да се обрати до јавноста и да укаже на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста со кои, како што тврдат, „продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година“. https://republika.mk/vesti/makedonija/promoviraat-metod-na-pristrasno-tolkuvanje-na-istoriskite-fakti-makedonskite-nauchnici-gi-otfrlaat-preporakite-na-istoriskata-komisija/ Според македонскиот дел од Историската комисија, во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на фактографските податоци што се нотирани во текстовите за заедничко чествување. Притоа, се додава, паралелно со овие невистини се врши дехуманизација и се прогласуваат предавници.
Историјата е претставена како ексклузивен домен на оние кои себеси се претставуваат како единствени толкувачи на вистината, реагирааат тие.
https://republika.mk/vesti/makedonija/za-tri-godini-si-inkasirale-240-000-evra-gjorgiev-na-vrvot-koj-kolku-si-zarabotil-od-istoriskata-komisija-so-bugarija/ Најпроблематичен дел од таканаречениот проглас на стотината колеги, се посочува во соопштението, е тезата дека „Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување“.
Ова, всушност, кажува многу за разбирањето на улогата на историјата како и мотивите за реакцијата на оваа група колеги. Според ова разбирање, толкувањето е суверен интерес на државата, а не на научната заедница и научниците кои треба да творат според суверениот интерес на државата. Со кое право се пласираат обвинувања дека се работи под политички диктат, кога самите тие колеги бараат „научно и официјално толкување“ на историјата да биде суверен интерес на државата што во превод значи политички диктат?!, наведуваат од тимот македонски историчари.
Воедно, тие прашуваат дали други историчари и научници во други дисциплини надвор од државата не смеат да ја истражуваат македонската историја, а постојат такви научници кои често ги цитираме кога тоа ни одговара, потоа, зошто постои страв дека препораките за заедничко чествување ќе бидат новиот историски наратив за Македонија, каде тоа се сугерира, на кој начин мислат колегите дека тоа ќе се случи и дали некој од нив од 2019 јуни месец кога се усвоени овие препораки, добил упатство да пишува спротивно на своите убедувања.
Отфрлањето на препораките, па дури и со индигнација е сечие право и овие препораки нема да бидат задолжителни за секого. Ние веруваме дека науката и историјата треба да бидат во функција на мирот и помирувањето и не мислиме дека државите треба да им кажуваат на научниците како да го толкуваат минатото. Препораките се само презентирање на основни историски податоци за личности кои Македонија и Бугарија би можеле заеднички да ги чествуваат со цел да се подобрат билатералните односи или да ги подобрат своите учебници по историја, нагласуваат од Комисијата.
При тоа уште еднаш напоменуваат дека препораките за заедничко чествување не се наменети за образовниот систем. Во една од колумните се вели дека во иднина ќе се изучува „софиска верзија на историската приказна за христијанизирањето и за описменувањето на Словените во раниот среден век“, иако овие препораки не го кажуваат тоа што се тврди и не се однесуваат на образовниот систем. Едноставно, се додава во реакцијата, Комисијата нема донесено препораки за учебниците, а кои се однесуваат на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум. Според нив, секое понатамошно инсистирање на оваа невистина ќе значи дека свесно и со лоши намери се држи јавноста во заблуда. Новина во реакциите, како што стои во соопштението, е и обвинувањето за „бугароцентричност“.
Овој термин би подразбирал дека целиот текст се однесува на бугарското национално толкување на минатото, поточно според бугарскиот доминантен наратив. Спомнувањето на основните историски факти дека овие лица биле примени од страна на кнез Борис и твореле во средновековната бугарска држава не е и не може да претставува „бугароцентричност“. „Бугароцентричност“ би било кога за овие личности би се дала само бугарската етно-национална верзија на историјата во која овие личности се толкуваат како етнички Бугари, а карактерот на нивното дело како бугарско, а не сесловенско. Дали спомнувањето на Св. Кирил и Методиј дека ги ставиле основите на христијанството и словенската писменост е „бугароцентричност“ или дека култот на Св. Наум се раширил и во соседните држави и кај муслиманите?, се вели во реакцијата.
Што се однесува до новите обиди да се укаже на штетноста на препораките, повторно , според членовите на Комисијата, читаме празни формулации.
Една од нив е повторното тврдење дека се изедначуваат Охридската и Преславската школа со што се губел македонскиот идентитет. Тоа никаде и на никаков начин не се кажува во препораките. Двете школи се споменуваат во контекст на нивното основање во конкретен временски период и простор, но ниту еден дел од речениците каде што се споменуваат не сугерира на изедначување на нивните карактеристики, освен ако не сакате да го толкувате на тој начин за да може да се манипулира јавноста, се вели во реакцијата.
Во однос на препораките за учебниците по историја што се однесуваат на античкиот период, оценува тимот од Комисијата, повторно се прави манипулација и се толкуваат само оние кои се однесуваат за македонските учебници и со тоа се креира атмосфера на национална катастрофа.
На пример во една од реакциите се вели “…Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу)“. Се мисли на препораките во учебниците по историја во двете држави да има повеќе простор за културно-историското наследство на другите антички народи и култури. Во македонските учебници за Тракијците, а во бугарските учебници за оние западно од Бугарија, а тоа се Илири, Пајонци и други. Античките Македонци не се споменати бидејќи тие се веќе дел од бугарските учебници. Каде тука се инсистира на историска поврзаност (континуитет) за Тракијците, а за Македонците не. Ова значи дека свесно се додаваат содржини кои ги нема во препораките и кои само откриваат дека оние кои критикуваат најгласно не се оддалечиле од етноцентричниот поглед за минатото, веруваат во политички митови за минатото и во еден тип на методолошки национализам кој треба да е надминат. Современите нации се општествени конструкти и национализмот е феномен на 19 и 20 век и за двата образовни системи се препорачува да се избегнува национализирање на антиката. Нели се ова многу јасни примери на свесно делување со цел да се доведе јавноста во заблуда, прашува македонскиот тим од Комисијата.
Членовите од македонскиот тим во Комисијата со порака и до медиумите.
На крајот, во контекст на јавноста би ги охрабриле медиумите да не пренесуваат селективни информации кои доаѓаат од Софија, туку да ги земат предвид сите релевантни различни мислења за јавноста да има можност да донесе вистински суд за нашата работа и она што е одлучено. Со селективноста се креира нецелосна слика за одредена појава и/или процес со што јавноста може да се доведе до заблуда, стои во реакцијата на македонскиот тим на билатералната експерска Комисија за образовни и историски прашања.

The post Македонскиот дел од Комисијата е лут што грешно ги толкувале и ги прогласувале за предавници appeared first on Република.

]]>
Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/car-samoil-e-daden-za-da-nemame-problemi-so-nato/ Wed, 17 Aug 2022 15:32:16 +0000 https://republika.mk/?p=541463

Препораките на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се проблематични од неколку аспекти и како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество, велат неколкумина познавачи на оваа проблематика за „Нова Македонија“.

Според нив, иако препораките треба да бидат врз основа на историските извори и факти, сепак, во нив преовладуваат ставовите на бугарската историографија. Во овој контекст е укажувањето во препораката дека цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која „поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство“ со центар во територијата на денешната македонска држава.

Според информациите до кои дојде весникот, оваа отстапка од македонска страна е направена непосредно пред зачленувањето на Македонија во НАТО, со цел да не настанат компликации околу приемот во оваа воена организација.

Исто така, македонските и бугарските членови на комисијата усогласија препорака за заедничко чествување на Григор Прличев, а тоа беше потврдено и јавно од Драги Ѓоргиев. Меѓутоа подоцна бугарските членови ретерираа од усогласената препорака. Според информациите на „Нова Македонија“, бугарското отстапување од договореното било поради тоа што во препораката се вели дека Григор Прличев бил значаен и за македонската култура.

Целиот текст на „Нова Македонија“

The post Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО? appeared first on Република.

]]>

Препораките на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се проблематични од неколку аспекти и како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество, велат неколкумина познавачи на оваа проблематика за „Нова Македонија“. Според нив, иако препораките треба да бидат врз основа на историските извори и факти, сепак, во нив преовладуваат ставовите на бугарската историографија. Во овој контекст е укажувањето во препораката дека цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која „поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство“ со центар во територијата на денешната македонска држава. Според информациите до кои дојде весникот, оваа отстапка од македонска страна е направена непосредно пред зачленувањето на Македонија во НАТО, со цел да не настанат компликации околу приемот во оваа воена организација. Исто така, македонските и бугарските членови на комисијата усогласија препорака за заедничко чествување на Григор Прличев, а тоа беше потврдено и јавно од Драги Ѓоргиев. Меѓутоа подоцна бугарските членови ретерираа од усогласената препорака. Според информациите на „Нова Македонија“, бугарското отстапување од договореното било поради тоа што во препораката се вели дека Григор Прличев бил значаен и за македонската култура. Целиот текст на „Нова Македонија“

The post Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО? appeared first on Република.

]]>
Договориле промена на името и на Самоиловата тврдина! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dogovorile-promena-na-imeto-i-na-samoilovata-tvrdina/ Mon, 20 Jun 2022 17:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=517745

Бугарската агенција БГНЕС пренесува дека од работата на Заедничката историска комисија договорено е да се заменат натписите на спомениците на Цар Самоил и да се промени името на Самоиловата тврдина во Охрид.

Комисијата за последните четири години од својата работа констатирала договор за св. Свети Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум и за Цар Самуил. Од нив, во записникот експлицитно е споменат само Цар Самоил, а предвидено е да се заменат натписите на неговите споменици во Република Македонија и конкретно на тврдината во Охрид, согласно формулата договорена од Мешовитата историска комисија. Предвидена е и непосредна измена на учебниците посветени на Цар Самуил во наставната програма за VII одделение на македонските училишта, согласно постигнатата компромисна формула, објави информативната агенција агенција.

Во документот предложен од францускиот претседател Емануел Макрон за деблокада на евроинтеграциите за Македонија се предвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година.

Во текстот на протоколот не се вклучени историските теми „Гоце Делчев“, „Илинденско востание“ и „ВМРО“ експлицитно спомнати во Рамковниот став, кои се спорни теми меѓу двете национални историографии.

Нивното отсуство, како и воопшто на поновата историја, како и некој механизам за постигнување резултати за тоа во историската комисија, е сериозен проблем на целиот документ, анализира БГНЕС.

Целиот документ тука

The post Договориле промена на името и на Самоиловата тврдина! appeared first on Република.

]]>

Бугарската агенција БГНЕС пренесува дека од работата на Заедничката историска комисија договорено е да се заменат натписите на спомениците на Цар Самоил и да се промени името на Самоиловата тврдина во Охрид.
Комисијата за последните четири години од својата работа констатирала договор за св. Свети Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум и за Цар Самуил. Од нив, во записникот експлицитно е споменат само Цар Самоил, а предвидено е да се заменат натписите на неговите споменици во Република Македонија и конкретно на тврдината во Охрид, согласно формулата договорена од Мешовитата историска комисија. Предвидена е и непосредна измена на учебниците посветени на Цар Самуил во наставната програма за VII одделение на македонските училишта, согласно постигнатата компромисна формула, објави информативната агенција агенција.
Во документот предложен од францускиот претседател Емануел Макрон за деблокада на евроинтеграциите за Македонија се предвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година. Во текстот на протоколот не се вклучени историските теми „Гоце Делчев“, „Илинденско востание“ и „ВМРО“ експлицитно спомнати во Рамковниот став, кои се спорни теми меѓу двете национални историографии.
Нивното отсуство, како и воопшто на поновата историја, како и некој механизам за постигнување резултати за тоа во историската комисија, е сериозен проблем на целиот документ, анализира БГНЕС.
Целиот документ тука

The post Договориле промена на името и на Самоиловата тврдина! appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиев: Разговорите околу историјата може да траат и со децении https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgjiev-razgovorite-okolu-istorijata-moze-da-traat-i-so-decenii/ Tue, 07 Jun 2022 17:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=512334

Разговорите околу отворените историски прашања меѓу Софија и Скопје може да траат со децении, затоа работата на мешовитата историска комисија мора да биде надвор од политичките процеси, вели копретседателот на комисијата Драги Ѓорѓиев. Тој уверува дека нема политички притисок врз Комисијата, а секој обид за мешање во нејзината работа може само да го забави процесот на интеграција на земјава во евроинтеграцииите.

Тоа е историско билатерално недоразбирање и разговорите мораат да бидат надвор од политиката. Јас сметам дека на ова ќе се внимава во политичките преговор. Кога се зборува за интеграцијата на Македонија во ЕУ, тогаш минатото, може само повеќе да го забави овој процес. Затоа историските разговори треба да останат надвор од ова и да се водат како посебен процес, вели Ѓорѓиев.

https://youtu.be/yzXFJRuK13w

The post Ѓорѓиев: Разговорите околу историјата може да траат и со децении appeared first on Република.

Скандалозен фотодокумент за Ангел Димитров од Мешовитата комисија, кој отвора многу прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandalozen-foto-dokument-za-angel-dimitrov-od-meshovitata-komisija-koj-otvora-mnogu-prashanja/ Fri, 13 May 2022 09:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=501819

Ванчо Ѓорѓиев, македонски историчар и поранешен член на комисијата, во македонските медиуми рече дека Ангел Димитров, копретседавач од бугарската страна, присуствувал на погребот на Ванчо Михајлов во 1990 година. Ѓорѓиев посочи дека неговото искажување може да се потврди со постоењето на фотографија на која може да се види бугарскиот копретседавач.

Со оваа изјава на Ѓорѓиев се доведуваат во прашање кредибилитетот, професионалноста и авторитетот на историската комисија од бугарска страна.

Во новинарското истражување на „Нова Македонија“, беа пронајдени две фотографии што ја потврдуваат изјавата на професорот, односно поранешниот член на историската комисија.

На двете фотографии до кои дојде „Нова Македонија“ е видливо присуството на копретседавачот на историската комисија, Ангел Димитров, на погребот на Михајлов.

Една од фотографиите е објавена на сајтот на Македонскиот научен институт од Софија, кој има јасна антимакедонска определба, а втората фотографија е објавена на 20 септември 1990 година, од страна на „Македонска трибуна“ (Macedonian Tribune). Фотографиите се направени во внатрешноста на капелата во која биле положени останките на Михајлов.

Автентичноста на фотодокументот беше потврдена, а на фотографијата е регистрирано присуството на роднините и приврзаниците на Михајлов. Копретседавачот на историската комисија, г. Ангел Димитров, веднаш до Атанас, братот на Ванчо Михајлов.

Целата сторија на „Нова Македонија

The post Скандалозен фотодокумент за Ангел Димитров од Мешовитата комисија, кој отвора многу прашања appeared first on Република.

]]>

Ванчо Ѓорѓиев, македонски историчар и поранешен член на комисијата, во македонските медиуми рече дека Ангел Димитров, копретседавач од бугарската страна, присуствувал на погребот на Ванчо Михајлов во 1990 година. Ѓорѓиев посочи дека неговото искажување може да се потврди со постоењето на фотографија на која може да се види бугарскиот копретседавач. Со оваа изјава на Ѓорѓиев се доведуваат во прашање кредибилитетот, професионалноста и авторитетот на историската комисија од бугарска страна. Во новинарското истражување на „Нова Македонија“, беа пронајдени две фотографии што ја потврдуваат изјавата на професорот, односно поранешниот член на историската комисија. На двете фотографии до кои дојде „Нова Македонија“ е видливо присуството на копретседавачот на историската комисија, Ангел Димитров, на погребот на Михајлов. Една од фотографиите е објавена на сајтот на Македонскиот научен институт од Софија, кој има јасна антимакедонска определба, а втората фотографија е објавена на 20 септември 1990 година, од страна на „Македонска трибуна“ (Macedonian Tribune). Фотографиите се направени во внатрешноста на капелата во која биле положени останките на Михајлов. Автентичноста на фотодокументот беше потврдена, а на фотографијата е регистрирано присуството на роднините и приврзаниците на Михајлов. Копретседавачот на историската комисија, г. Ангел Димитров, веднаш до Атанас, братот на Ванчо Михајлов. Целата сторија на „Нова Македонија

The post Скандалозен фотодокумент за Ангел Димитров од Мешовитата комисија, кој отвора многу прашања appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-se-rushat-i-poslednite-nadezi-za-pristoen-dijalog-i-se-zgolemuva-raskolot-megju-makedoncite-i-bugarite/ Mon, 18 Apr 2022 09:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=489887

Се случи чин кој ги минира и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ не претставува ништо друго освен смислена провокација, која во исто време праќа и порака, смета Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство, вели Ѓоргиев за Дојче веле.

Според него, називот на бугарскиот културен клуб во Битола праќа и порака до Македонците, која нема никаква врска со културата.

Повеќе од очигледна е тенденцијата да се потсети македонската јавност дека познатите идеи на Михајалов во однос на македонската нација и јазик ќе продолжат да бидат негувани во самата Македонија. Порака која, за жал, ќе го направи уште поголем расколот меѓу Македонците и Бугарите. Од друга страна, ваквиот чин го покажува вредносниот систем на одредена заедница. Кога од минатото се извлекуваат одредени вредности култивирани преку личности или настани, тогаш преку нив се дефинира сегашна вредносна и идеолошка позиција, како и визијата кон иднината на една заедница. И кога притоа, и покрај постоење на бројни други можности, се извлекуваат вредности кои припаѓаат на мрачната страна на историјата, тогаш, се разбира, мрачна е и пораката што се праќа кон околината. За жал, ваквиот чин ги минира и ги доведува во прашање и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. На овој начин се задушуваат и така сé помалубројните и сé потивки гласови на разумот на двете страни и се рушат и последните надежи за пристоен дијалог. Уште потажно е и тоа што е злоупотребена културата, еден од ретките мостови меѓу двата народа, оценува Драги Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите appeared first on Република.

Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakavme-da-objavuvame-no-ushte-vo-2019-godina-e-resheno-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-kiril-i-metodij-kliment-ohridski/ Sun, 03 Apr 2022 11:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=482578

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.

Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.

Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.

Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.

Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите. Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.
Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.
Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.
Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.
Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Кој е новиот момент за Цар Самоил за кој ликува и слави бугарската страна? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-noviot-moment-za-car-samoil-za-koj-likuva-i-slavi-bugarskata-strana/ Sat, 02 Apr 2022 07:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=482199

Целосен молк од страна на владата и администраторот Ковачевски за преговорите со Бугарија и Кирил Петков во врска со историската комисија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи што е сè завршено, како што соопштија од бугарската страна во комисијата и кој е новиот момент во преговорите во оваа комисија.

Сите информации кои доаѓаат до македонската јавност се од страна на бугарската влада или комисија. Вчера можевме да видиме целосен триумфализам од страна на бугарската страна во историската комисија во врска со историската личност, Цар Самоил. Додека има триумфализам во Бугарија, владата на Ковачевски соопштува дека состанокот на мешовитата комисија поминал во одлична атмосфера, без никакви информации кои македонската јавност ги бара. Се уште нема одговори од македонската влада за што уште се преговара и кој е исходот од овие преговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека молкот отвора огромен сомнеж дека се водат преговори кои се штета на Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси.

Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи? Ковачевски и Османи се должни веднаш да и соопштат на македонската јавност и пред пратениците да реферираат за текот на преговорите и кои се следните чекори. Преговорите мора да бидат транспарентни и јавноста мора да биде информирана, велат од партијата.

The post Кој е новиот момент за Цар Самоил за кој ликува и слави бугарската страна? appeared first on Република.

Тодоров: Од историската Комисија не може да зависат преговорите за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/todorov-od-istoriskata-komisija-ne-moze-da-zavisat-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 01 Apr 2022 19:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=482108

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ.

Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете страни да решаваат политички прашања.

Тоа е одговорност на политичарите. Се доби впечаток во јавноста дека преговорите за ЕУ ќе зависат од нас. Еднаш веќе имамвме ваква ситуација во минатото, конкретно тоа беше октомври 2021 година, еве повторно сега сведоци сме на тоа. Комисијата може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави. Комисијата не може да ги реши политичките проблеми, тие проблеми ќе си ги решаваат политичарите, затоа тие излегуваат на избори и бараат да добијат функции, а со тоа и одговорност за да ги решаваат тие проблеми. Ние може само да помогнеме. И тука завршува нашата улога, рече Тодоров во разговор за Тема на денот на ТВ Сител.

Тој нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје, и претходниот во февруари во Софија се одвивале во конструктивна атмосфера.

Ние како историчари почнуваме повеќе да си уважуваме мислења, дека постојат различни мислења, различни погледи за одредени прашања во минатото и тоа е по мене многу добар чин, добар момент кој овозможува ние како Комисија да кажеме дека се средбите се одвиваат во конструктивна атмосфера, дека има подобра комуникација во самата Комисија, што овозможува во иднина да го затвориме овој пакет препораки за учебници кои се однесуват за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Тоа е историски период кој се однесува на средниот век и раниот османлиски период, рече Тодоров.

Потренцира дека тие како Комисија даваат препораки до соодветните институции во двете држави и само укажуваат каде има структурни проблеми, каде има недостатоци, даваат мислење каде нешто може да се подобри и оти тука завршува работата на Комисијата.

Нагласи дека на средбите не се разговара за идентитски прашања, ниту пак дека како Комисија зборувале пренесување на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Софија.

Тоа се недобронамерни шпекулации кои имаат цел да му наштетат на процесот. За Гоце Делчев не станало збор, поради тоа што последно време фокусот ни е ставен на учебниците и сакаме да го искористиме овој добар момент, да успееме да го завршиме овој пакет учебници за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Така што тука сме фокусирани, а теми како мошти на Гоце Делчев и слично тоа се бесрамна лага, истакна Тодоров.

Тој вели дека на состаноците на Комисијата не станало збор ниту за тоа чиј е Цар Самоил.

Ние како Комисија, немаме никогаш таков пристап, ниту сакаме да имаме таков пристап, тоа е кажано многу пати. Наша работа не е да бидеме матичари, па да одредуваме етничка припадностна луѓе, особено на луѓе коишто живееле пред 10, 11 века. Наша работа е да видиме какви структурални проблеми постојат во учебниците кои би можеле да се подообрат како би придонеле за едно историско образование кое нема да поттикнува поделби, кое нема да поттикнува омраза кон други народи, рече Тодоров.

Тој истакна оти за Цар Самоил е договорено само заедничко чествување. Ние, нагласи Тодоров, имавме дискусија со колегите од Бугарија за Цар Самоил во однос на заедничко чествување и таа дискусија е завршена 2019 година.

И тврдењата дека Комисијата прифатила став дека Цар Самоул бил Бугарин, според него, се само во насока на штета на процесот на градење на добри односи меѓу двете држави.

Тоа не е дури ниту шпекулација, туку е лага, рече членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров.

The post Тодоров: Од историската Комисија не може да зависат преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ. Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете страни да решаваат политички прашања.
Тоа е одговорност на политичарите. Се доби впечаток во јавноста дека преговорите за ЕУ ќе зависат од нас. Еднаш веќе имамвме ваква ситуација во минатото, конкретно тоа беше октомври 2021 година, еве повторно сега сведоци сме на тоа. Комисијата може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави. Комисијата не може да ги реши политичките проблеми, тие проблеми ќе си ги решаваат политичарите, затоа тие излегуваат на избори и бараат да добијат функции, а со тоа и одговорност за да ги решаваат тие проблеми. Ние може само да помогнеме. И тука завршува нашата улога, рече Тодоров во разговор за Тема на денот на ТВ Сител.
Тој нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје, и претходниот во февруари во Софија се одвивале во конструктивна атмосфера.
Ние како историчари почнуваме повеќе да си уважуваме мислења, дека постојат различни мислења, различни погледи за одредени прашања во минатото и тоа е по мене многу добар чин, добар момент кој овозможува ние како Комисија да кажеме дека се средбите се одвиваат во конструктивна атмосфера, дека има подобра комуникација во самата Комисија, што овозможува во иднина да го затвориме овој пакет препораки за учебници кои се однесуват за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Тоа е историски период кој се однесува на средниот век и раниот османлиски период, рече Тодоров.
Потренцира дека тие како Комисија даваат препораки до соодветните институции во двете држави и само укажуваат каде има структурни проблеми, каде има недостатоци, даваат мислење каде нешто може да се подобри и оти тука завршува работата на Комисијата. Нагласи дека на средбите не се разговара за идентитски прашања, ниту пак дека како Комисија зборувале пренесување на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Софија.
Тоа се недобронамерни шпекулации кои имаат цел да му наштетат на процесот. За Гоце Делчев не станало збор, поради тоа што последно време фокусот ни е ставен на учебниците и сакаме да го искористиме овој добар момент, да успееме да го завршиме овој пакет учебници за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Така што тука сме фокусирани, а теми како мошти на Гоце Делчев и слично тоа се бесрамна лага, истакна Тодоров.
Тој вели дека на состаноците на Комисијата не станало збор ниту за тоа чиј е Цар Самоил.
Ние како Комисија, немаме никогаш таков пристап, ниту сакаме да имаме таков пристап, тоа е кажано многу пати. Наша работа не е да бидеме матичари, па да одредуваме етничка припадностна луѓе, особено на луѓе коишто живееле пред 10, 11 века. Наша работа е да видиме какви структурални проблеми постојат во учебниците кои би можеле да се подообрат како би придонеле за едно историско образование кое нема да поттикнува поделби, кое нема да поттикнува омраза кон други народи, рече Тодоров.
Тој истакна оти за Цар Самоил е договорено само заедничко чествување. Ние, нагласи Тодоров, имавме дискусија со колегите од Бугарија за Цар Самоил во однос на заедничко чествување и таа дискусија е завршена 2019 година. И тврдењата дека Комисијата прифатила став дека Цар Самоул бил Бугарин, според него, се само во насока на штета на процесот на градење на добри односи меѓу двете држави.
Тоа не е дури ниту шпекулација, туку е лага, рече членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров.

The post Тодоров: Од историската Комисија не може да зависат преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Темата за Цар Самоил е завршена работа“ велат од бугарската комисија, задоволни што „има чекори напред“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/temata-za-car-samoil-e-zavrshena-rabota-velat-od-bugarskata-komisija-zadovolni-shto-ima-chekori-napred/ Fri, 01 Apr 2022 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=481936

Има напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, изјавија дел од бугарските историчари пред денешната рунда разговори со нивните македонски колеги во Скопје.

Состанокот досега поминува добро. Се уште не сме ја завршиле работата, но засега е добро. Има чекори напред, одговорија кусо членови на бугарскиот дел од комисијата пред денешната средба, којашто е втора од предвидените пет за оваа година.

Копретседавачот на бугарскиот дел на Комисијата Ангел Димитров, прашан дали имало напредок на вчерашниот состанок, не даде детали. – Кога ќе стигнеме до крајот, тогаш ќе ви кажеме. Сега не. Има чекори напред, тоа може да се утврди, одговори кусо Димитров.

Тие потврдија и дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, додека пак, темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот.

По денешната средба историчарите ќе информираат за кои други историски личности е постигнат напредок.

Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев во вторникот за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера го повтори ставот дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

The post „Темата за Цар Самоил е завршена работа“ велат од бугарската комисија, задоволни што „има чекори напред“ appeared first on Република.

]]>

Има напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, изјавија дел од бугарските историчари пред денешната рунда разговори со нивните македонски колеги во Скопје.
Состанокот досега поминува добро. Се уште не сме ја завршиле работата, но засега е добро. Има чекори напред, одговорија кусо членови на бугарскиот дел од комисијата пред денешната средба, којашто е втора од предвидените пет за оваа година.
Копретседавачот на бугарскиот дел на Комисијата Ангел Димитров, прашан дали имало напредок на вчерашниот состанок, не даде детали. – Кога ќе стигнеме до крајот, тогаш ќе ви кажеме. Сега не. Има чекори напред, тоа може да се утврди, одговори кусо Димитров. Тие потврдија и дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, додека пак, темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот. По денешната средба историчарите ќе информираат за кои други историски личности е постигнат напредок. Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев во вторникот за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера го повтори ставот дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати.
Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

The post „Темата за Цар Самоил е завршена работа“ велат од бугарската комисија, задоволни што „има чекори напред“ appeared first on Република.

]]>
Учебниците по историја за седмо одделение денеска тема на македонско-бугарската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnicite-po-istorija-za-sedmo-oddelenie-deneska-tema-na-makedonsko-bugarskata-komisija/ Thu, 31 Mar 2022 06:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=481172

Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

The post Учебниците по историја за седмо одделение денеска тема на македонско-бугарската комисија appeared first on Република.

]]>

Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение. Копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

The post Учебниците по историја за седмо одделение денеска тема на македонско-бугарската комисија appeared first on Република.

]]>
До петок ќе ги „решат“ Цар Самоил и средновековниот период? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-petok-kje-gi-reshat-car-samoil-i-srednovekovniot-period/ Tue, 29 Mar 2022 10:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=480261

Разликата од претходно во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања е што работата се одвива во многу поконструктивна и позитивна атмосфера, што дава прогноза дека навистина брзо може да се дојде до усогласување и препораки за цар Самоил и за средновековниот период, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна во македонско-бугарската комисија. Тој вели дека уште нема постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности, како што вчера во Софија најави бугарскиот премиер Кирил Петков, но, атмосферата во Комисијата наведува на оптимизам.

Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби, вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека кога ќе ги усогласат заклучоците за цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Софија на заедничка прес-конференција со премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука рече дека од Историската комисија го известиле дека е постигнат напредок за важни историски личности на многу конструктивен и реалистичен начин кој отвара можност за надминување на разликите и за забрзување на преговорите меѓу Софија и Скопје.

The post До петок ќе ги „решат“ Цар Самоил и средновековниот период? appeared first on Република.

]]>

Разликата од претходно во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања е што работата се одвива во многу поконструктивна и позитивна атмосфера, што дава прогноза дека навистина брзо може да се дојде до усогласување и препораки за цар Самоил и за средновековниот период, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна во македонско-бугарската комисија. Тој вели дека уште нема постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности, како што вчера во Софија најави бугарскиот премиер Кирил Петков, но, атмосферата во Комисијата наведува на оптимизам.
Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби, вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.
Тој објаснува дека кога ќе ги усогласат заклучоците за цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Софија на заедничка прес-конференција со премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука рече дека од Историската комисија го известиле дека е постигнат напредок за важни историски личности на многу конструктивен и реалистичен начин кој отвара можност за надминување на разликите и за забрзување на преговорите меѓу Софија и Скопје.

The post До петок ќе ги „решат“ Цар Самоил и средновековниот период? appeared first on Република.

]]>
Изјавата на Ѓоргиев го вознемири бугарското МНР: Историска комисија мора да продолжи со работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izjavata-na-gjorgiev-go-voznemiri-bugarskoto-mnr-istoriska-komisija-mora-da-prodolzi-so-rabota/ Thu, 03 Feb 2022 18:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=453780

Мешовитата комисија за историски и образовни прашања од Договорот за добрососедство со Република Македонија мора да продолжи со работа, соопштија од бугарското МНР по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Теодора Генчовска и Бујар Османи.

„Министрите за надворешни работи на Република Бугарија и на Република Македонија го делат уверувањето дека работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања продолжува да биде суштинска за развојот на билатералните односи. Нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел постепено надминување на стереотипите од минатото“, соопштиле од прес-службата на тамошното МНР.

Ваквиот став следи по вчерашното интервју на македоскиот копретседавач на Мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев, кој изјави дека комисијата треба да ја прекине работата на 2 години до помирна атмосфера во односите меѓу две земји.

The post Изјавата на Ѓоргиев го вознемири бугарското МНР: Историска комисија мора да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>

Мешовитата комисија за историски и образовни прашања од Договорот за добрососедство со Република Македонија мора да продолжи со работа, соопштија од бугарското МНР по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Теодора Генчовска и Бујар Османи. „Министрите за надворешни работи на Република Бугарија и на Република Македонија го делат уверувањето дека работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања продолжува да биде суштинска за развојот на билатералните односи. Нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел постепено надминување на стереотипите од минатото“, соопштиле од прес-службата на тамошното МНР. Ваквиот став следи по вчерашното интервју на македоскиот копретседавач на Мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев, кој изјави дека комисијата треба да ја прекине работата на 2 години до помирна атмосфера во односите меѓу две земји.