мешовита комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meshovita-komisija/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jan 2022 18:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мешовита комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meshovita-komisija/ 32 32 Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-predlaga-promena-vo-rabotata-na-meshovitata-istoriska-komisija/ Mon, 17 Jan 2022 18:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=446018

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија.

Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија - рече Османи во интервју за БНТ на денот кога новата влада на Димитар Ковачевски стапи на должност и во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Македонија.

Нагласи дека евентуална промена во структурата и пристапот на работата на комисијата нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати.

Османи истакна дека во средина која се влошува на Балканот, Република Бугарија и Република  Македонија не треба да остават нерешени проблеми во регионот.

Тој потсети дека токму Бугарија го покрена прашањето за евроинтеграциите на Западен Балкан во 2018 година.

Коментирајќи го барањето за вклучување на лица со бугарски идентитет како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, Османи рече дека смета оти земјава е позната по големите колективни права кои им ги дава на различните националности.

The post Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија appeared first on Република.

]]>

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија.
Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија - рече Османи во интервју за БНТ на денот кога новата влада на Димитар Ковачевски стапи на должност и во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Македонија.
Нагласи дека евентуална промена во структурата и пристапот на работата на комисијата нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати. Османи истакна дека во средина која се влошува на Балканот, Република Бугарија и Република  Македонија не треба да остават нерешени проблеми во регионот. Тој потсети дека токму Бугарија го покрена прашањето за евроинтеграциите на Западен Балкан во 2018 година. Коментирајќи го барањето за вклучување на лица со бугарски идентитет како државотворен народ во Уставот на Република Македонија, Османи рече дека смета оти земјава е позната по големите колективни права кои им ги дава на различните националности.

The post Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија appeared first on Република.

]]>