мерсиха смаиловиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mersiha-smailovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 12:17:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерсиха смаиловиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mersiha-smailovikj/ 32 32 Мерсиха Смаиловиќ, кандидат за претседател од БДС: Подобар живот на сите граѓани и зајакната кохезија во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mersiha-smailovik-kandidat-za-pretsedatel-od-bds-podobar-zhivot-na-site-gragani-i-zajaknata-kohezija-vo-drzhavata/ Fri, 23 Feb 2024 12:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=747408

Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) е кандидатка за претседател на Република Македонија на Претседателските избори 2024. Доаѓа од приватниот сектор, во јавноста е позната како граѓанска активистка во борба за човековите права.

На прес-конференција на која беше промовирана нејзината кандидатура, таа рече дека иако првпат бошњачката заедница има свој претседателски кандидат, нејзината етничка припадност не ја одредува во политички контекст и нејзината програма и заложби ќе бидат за подобра иднина на сите луѓе во нашето мултиетничко општество и дека и фокусот во кампањата ќе биде на сите граѓани на државава.

Впрочем, својот активизам сум го докажала и партијата со своите заложби докажала дека нашите напори ќе бидат за сите граѓани на оваа држава... Мојата замисла и замислата на партијата е оваа кампања да ги претстави сите важни проблеми и предизвици коишто ги имаат граѓаните на нашата држава и да понудиме реални решенија коишто ќе бидат вистинити и функционални, а не само политички памфлети коишто ќе го поминат денот. Наша цел во текот на кампањата е да ги слушаме граѓаните, како што ги слушавме во изминатиот период, и да одговориме на нивните наједноставни прашања кои го засегаат нивниот живот. Да го направиме животот подобар за сите нив и да нудиме перспективи коишто ќе го направат многу поедноставен животот и многу поприфатлив. Мојата идеја на внатрешен план е да ја зајакнеме кохезијата, а на надворешен план да ги зајакнеме добрососедските односи и односи со нашите стратешки партнери, но да се водиме исклучиво од тоа што е во интерес на граѓаните, истакна Смаиловиќ.

Од предизборната кампања очекува „да одекнува гласот на патриотизмот и тоа да биде главна алатка во обидите да се освојат гласови“, но, рече, за неа патриотизмот е подобар живот на секој поединец.

За мене патриотизмот во најширока смисла е борбата секој мој сограѓанин, секој мој пријател, секој мој близок да живее подобро од денес и да се чувствува дека припаѓа на оваа држава и дека е почитуван од оваа држава. Тоа е вистинска смисла на патриотизмот којшто сите ние го чувствуваме во себе, рече Смаиловиќ и ги  повика сите граѓани, како што рече, „заедно да го изодиме тој пат и да создадеме амбиент во кој вреди да се биде дел од оваа наша прекрасна држава“.

Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац смета дека политичките партии на помалобројните заедници можат да бидат вистински генератори на општествените промени и затоа, рече, и на последните локални избори БДС имаше свој кандидат за градоначалник на Скопје и за други градови.

Денес во пресрет на закажаните Претседателски избори испишуваме историја и претставуваме наша кандидатка за претседателка на земјава. Испишуваме историја затоа што Мерсиха е прва кандидатка за претседателка на земјава од бошњачката заедница. Таа на јавноста и е добро позната поради својот повеќедециниски активизам за човекови права и на унапредување на правата на жените. Со нејзината кандидатура за претседателка ние само доследно го правиме она што многумина зборуваат, а во кое за жал, и не веруваат, а тоа е дека припадниците на помалобројните заедници освен што го имаат правото да гласаат, односно да избираат, го имаат и правото да бидат избрани, подеднакво како и сите останати граѓани во ова наше убаво мултиетничко општество. И во тоа е убавината и богатството на нашето заедничко живеење, додаде Колашинац.

На новинарско прашање одговори дека очекуваат и, како што рече, убедени се дека за седум дена ќе ги соберат потребните 10 000 потписи за поддршка на кандидатурата на Мерсиха Смаиловиќ. Рокот за собирање потписи тече од денеска и завршува на 8 март.

The post Мерсиха Смаиловиќ, кандидат за претседател од БДС: Подобар живот на сите граѓани и зајакната кохезија во државата appeared first on Република.

]]>

Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) е кандидатка за претседател на Република Македонија на Претседателските избори 2024. Доаѓа од приватниот сектор, во јавноста е позната како граѓанска активистка во борба за човековите права. На прес-конференција на која беше промовирана нејзината кандидатура, таа рече дека иако првпат бошњачката заедница има свој претседателски кандидат, нејзината етничка припадност не ја одредува во политички контекст и нејзината програма и заложби ќе бидат за подобра иднина на сите луѓе во нашето мултиетничко општество и дека и фокусот во кампањата ќе биде на сите граѓани на државава.
Впрочем, својот активизам сум го докажала и партијата со своите заложби докажала дека нашите напори ќе бидат за сите граѓани на оваа држава... Мојата замисла и замислата на партијата е оваа кампања да ги претстави сите важни проблеми и предизвици коишто ги имаат граѓаните на нашата држава и да понудиме реални решенија коишто ќе бидат вистинити и функционални, а не само политички памфлети коишто ќе го поминат денот. Наша цел во текот на кампањата е да ги слушаме граѓаните, како што ги слушавме во изминатиот период, и да одговориме на нивните наједноставни прашања кои го засегаат нивниот живот. Да го направиме животот подобар за сите нив и да нудиме перспективи коишто ќе го направат многу поедноставен животот и многу поприфатлив. Мојата идеја на внатрешен план е да ја зајакнеме кохезијата, а на надворешен план да ги зајакнеме добрососедските односи и односи со нашите стратешки партнери, но да се водиме исклучиво од тоа што е во интерес на граѓаните, истакна Смаиловиќ.
Од предизборната кампања очекува „да одекнува гласот на патриотизмот и тоа да биде главна алатка во обидите да се освојат гласови“, но, рече, за неа патриотизмот е подобар живот на секој поединец. За мене патриотизмот во најширока смисла е борбата секој мој сограѓанин, секој мој пријател, секој мој близок да живее подобро од денес и да се чувствува дека припаѓа на оваа држава и дека е почитуван од оваа држава. Тоа е вистинска смисла на патриотизмот којшто сите ние го чувствуваме во себе, рече Смаиловиќ и ги  повика сите граѓани, како што рече, „заедно да го изодиме тој пат и да создадеме амбиент во кој вреди да се биде дел од оваа наша прекрасна држава“. Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац смета дека политичките партии на помалобројните заедници можат да бидат вистински генератори на општествените промени и затоа, рече, и на последните локални избори БДС имаше свој кандидат за градоначалник на Скопје и за други градови.
Денес во пресрет на закажаните Претседателски избори испишуваме историја и претставуваме наша кандидатка за претседателка на земјава. Испишуваме историја затоа што Мерсиха е прва кандидатка за претседателка на земјава од бошњачката заедница. Таа на јавноста и е добро позната поради својот повеќедециниски активизам за човекови права и на унапредување на правата на жените. Со нејзината кандидатура за претседателка ние само доследно го правиме она што многумина зборуваат, а во кое за жал, и не веруваат, а тоа е дека припадниците на помалобројните заедници освен што го имаат правото да гласаат, односно да избираат, го имаат и правото да бидат избрани, подеднакво како и сите останати граѓани во ова наше убаво мултиетничко општество. И во тоа е убавината и богатството на нашето заедничко живеење, додаде Колашинац.
На новинарско прашање одговори дека очекуваат и, како што рече, убедени се дека за седум дена ќе ги соберат потребните 10 000 потписи за поддршка на кандидатурата на Мерсиха Смаиловиќ. Рокот за собирање потписи тече од денеска и завршува на 8 март.

The post Мерсиха Смаиловиќ, кандидат за претседател од БДС: Подобар живот на сите граѓани и зајакната кохезија во државата appeared first on Република.

]]>
Мерсиха Смаиловиќ ќе биде кандидатка за претседател од Бошњачки демократски сојуз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mersiha-smailovik-ke-bide-kandidatka-za-pretsedatel-od-boshnachki-demokratski-sojuz/ Wed, 21 Feb 2024 21:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=746757

Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија.

Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз.

Мерсиха Смаиловиќ е правничка и граѓанска активистка.

Во својот граѓански ангажман активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн.

Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации.

Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.

Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално ја подготвува магистратурата по Меѓународно право на истиот универзитет.

Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава.

Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката.

Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки.

Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.

The post Мерсиха Смаиловиќ ќе биде кандидатка за претседател од Бошњачки демократски сојуз appeared first on Република.

]]>

Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија. Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз. Мерсиха Смаиловиќ е правничка и граѓанска активистка. Во својот граѓански ангажман активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн. Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации. Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво. Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално ја подготвува магистратурата по Меѓународно право на истиот универзитет. Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава. Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката. Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки. Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.  

The post Мерсиха Смаиловиќ ќе биде кандидатка за претседател од Бошњачки демократски сојуз appeared first on Република.

]]>
„Ако завршивте со скринингот“: Мерсиха Смаиловиќ jа потсетува власта дека учениците од второ и петто оделение се уште немаат учебници. https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-zavrshivte-so-skriningot-mersiha-smailovikj-ja-potsetuva-vlasta-deka-uchenicite-od-vtoro-i-petto-odelenie-se-ushte-nemaat-uchebnici/ Mon, 21 Nov 2022 20:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=576698

Активистката Мерсиха Смаиловиќ ја потсетува власта дека учениците од второ и петто оделение се уште немаат учебници.

Има ли барем ко-пилот во авионов, зш за пилот ни е јасно дека нема.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mersiha-smailovikj-so-poraka-do-vladata-na-sdsm-ejjj-uchebnici-nemaat-decata-materijalite-shto-gi-podmetnavte-se-sram-za-ministerstvoto/

The post „Ако завршивте со скринингот“: Мерсиха Смаиловиќ jа потсетува власта дека учениците од второ и петто оделение се уште немаат учебници. appeared first on Република.

Мерсиха Смаиловиќ со порака до владата на СДСМ: Ејјј, учебници немаат децата, материјалите што ги подметнавте се срам за Министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mersiha-smailovikj-so-poraka-do-vladata-na-sdsm-ejjj-uchebnici-nemaat-decata-materijalite-shto-gi-podmetnavte-se-sram-za-ministerstvoto/ Tue, 08 Nov 2022 21:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=571635

На тоа лидерската дешаванка вчера да не спомна некој дека уставното право на нашите деца се крши? Ејјј учебници немаат децата - порача Мерсиха Смаиловиќ, гласен поддржувач на СДСМ.

Таа  јавно ја прозва нејзината партија за хаосот што го создаде во образованието.  Порача дека материјалите кои „им ги подметнаа“ на децата се срам за целото министерство, но и за Бирото за, како што рече, уназадување на образованието.

Смаиловиќ остро се противи на неспособноста на владата на премиерот Димитар Ковачевски да им испечати учебници на учениците од основното образование.

"Фала ѝ на Владата за субвенциите за авио линии бидејќи со тоа нашите деца побрзо ќе заминат од овде", ќе заклучи оваа активистка на СДСМ.

Мерсиха Смаиловиќ е сопруга на Јасмин Реџепи и сестра на Сенад Смаиловиќ, близок соработник на поранешниот скопски градоначалник, кој беше фатен уапсен заради поседување на кокаин.

The post Мерсиха Смаиловиќ со порака до владата на СДСМ: Ејјј, учебници немаат децата, материјалите што ги подметнавте се срам за Министерството appeared first on Република.

]]>

На тоа лидерската дешаванка вчера да не спомна некој дека уставното право на нашите деца се крши? Ејјј учебници немаат децата - порача Мерсиха Смаиловиќ, гласен поддржувач на СДСМ.
Таа  јавно ја прозва нејзината партија за хаосот што го создаде во образованието.  Порача дека материјалите кои „им ги подметнаа“ на децата се срам за целото министерство, но и за Бирото за, како што рече, уназадување на образованието. Смаиловиќ остро се противи на неспособноста на владата на премиерот Димитар Ковачевски да им испечати учебници на учениците од основното образование.