мерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mers/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 20:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mers/ 32 32 Во ОАЕ потврден случај на зараза со МЕРС https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-oae-potvrden-sluchaj-na-zaraza-so-mers/ Tue, 25 Jul 2023 20:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=661803

Едно лице во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е позитивно на тест за МЕРС или Блискоисточен респираторен синдром, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Нов случај на МЕРС, познат и како МЕРС-КоВ, бидејќи е вирус од семејството на корона вирус, е регистриран во Ал Аин, дел од Абу Даби, но се уште не е познат изворот на заразата.

Пациентот (28) е примен во болница на 8 јуни, но дијагнозата му била одредена дури на 23 јули откако тестот покажал дека е позитивен на МЕРС. ОАЕ за овој случај веднаш ја информирале СЗО. Детали за здравствената состојба на мажот не се објавени, но се знае дека мажот не е здравствен работник или државјанин на ОАЕ.

Сите 108 лица кои биле во контакт со заразеното лице биле тестирани за вирусот и резултатите се негативни.

МЕРС е главно респираторно заболување кое предизвикува симптоми како што се висока температура, кашлица и отежнато дишење. Во некои случаи, тоа може да доведе до пневмонија.

Инфекцијата МЕРС првпат е забележана во 2012 година на Блискиот Исток, каде имаше најголем број случаи.

The post Во ОАЕ потврден случај на зараза со МЕРС appeared first on Република.

]]>

Едно лице во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е позитивно на тест за МЕРС или Блискоисточен респираторен синдром, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Нов случај на МЕРС, познат и како МЕРС-КоВ, бидејќи е вирус од семејството на корона вирус, е регистриран во Ал Аин, дел од Абу Даби, но се уште не е познат изворот на заразата. Пациентот (28) е примен во болница на 8 јуни, но дијагнозата му била одредена дури на 23 јули откако тестот покажал дека е позитивен на МЕРС. ОАЕ за овој случај веднаш ја информирале СЗО. Детали за здравствената состојба на мажот не се објавени, но се знае дека мажот не е здравствен работник или државјанин на ОАЕ. Сите 108 лица кои биле во контакт со заразеното лице биле тестирани за вирусот и резултатите се негативни. МЕРС е главно респираторно заболување кое предизвикува симптоми како што се висока температура, кашлица и отежнато дишење. Во некои случаи, тоа може да доведе до пневмонија. Инфекцијата МЕРС првпат е забележана во 2012 година на Блискиот Исток, каде имаше најголем број случаи.

The post Во ОАЕ потврден случај на зараза со МЕРС appeared first on Република.

]]>