мерко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merko/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 12:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merko/ 32 32 По укинување на факултетот на Мерко, можно е затворање и на други https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-ukinuvane-na-fakultetot-na-merko-mozhno-e-zatvorane-i-na-drugi/ Sat, 27 Jul 2024 12:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=800779

По укинување на приватниот факултет за здравствени науки во Струга, можно е затворање и на други. Инспектори проверуваат како работат државните и приватни факултети низ државата по пристигнати претставки за нерегуларности. МОН ќе прави увид и на издадени акредитации.

Според објавените конкурси за упис, актуелни и натаму се медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, правен и економски. Од следната година МОН ќе ги дефинира квотите за упис согласно потребата на пазарот на труд.

На економскиот факултет последниве години анализата ја прават во согласност со бизнис заедницата и речиси двојно ги намалиле квотите.

Објавен е и конкурсот за легла во студентиските домови, оваа година два се реновираат па место повеќе ќе се обезбедува во ученичките домови.

The post По укинување на факултетот на Мерко, можно е затворање и на други appeared first on Република.

]]>

По укинување на приватниот факултет за здравствени науки во Струга, можно е затворање и на други. Инспектори проверуваат како работат државните и приватни факултети низ државата по пристигнати претставки за нерегуларности. МОН ќе прави увид и на издадени акредитации. Според објавените конкурси за упис, актуелни и натаму се медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, правен и економски. Од следната година МОН ќе ги дефинира квотите за упис согласно потребата на пазарот на труд. На економскиот факултет последниве години анализата ја прават во согласност со бизнис заедницата и речиси двојно ги намалиле квотите. Објавен е и конкурсот за легла во студентиските домови, оваа година два се реновираат па место повеќе ќе се обезбедува во ученичките домови.  

The post По укинување на факултетот на Мерко, можно е затворање и на други appeared first on Република.

]]>
Одборот за акредитација го поништи Факултетот за здравствени науки на Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odborot-za-akreditatsija-go-ponishti-fakultetot-za-zdravstveni-nauki-na-merko/ Mon, 17 Jun 2024 16:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=788495

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Мерко од лани на 20 јуни, е на црната листа на Стејт департментот поради вмешаност во корупција.

The post Одборот за акредитација го поништи Факултетот за здравствени науки на Мерко appeared first on Република.

]]>

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга. Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование. Мерко од лани на 20 јуни, е на црната листа на Стејт департментот поради вмешаност во корупција.

The post Одборот за акредитација го поништи Факултетот за здравствени науки на Мерко appeared first on Република.

]]>
Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dva-novi-obvinitelni-predloga-protiv-ramiz-merko/ Fri, 17 May 2024 20:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=779299

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга.

Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година.

Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

The post Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга. Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година. Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

The post Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>
Пред општина Струга поставена спомен плоча на албански со која се велича фашистичка окупација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-opshtina-struga-postavena-spomen-plocha-na-albanski-so-koja-se-velicha-fashistichka-okupatsija/ Thu, 07 Mar 2024 16:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=752349

Еднојазична табла на албански јазик поставена на општинската зграда во Струга. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реагираат бидејќи на скандалозната плоча се слави фашистичката окупација и најавија дека ќе ги превземат сите правни механизми за да се сопре ширењето на фашизмот од страна на градоначалникот Мерко идентично како и изградбата на споменикот од Косово. Таблата го прекршува законот  за јазикот, а изиграни се и процедурите за нејзино постапување – не е гласано по Бадентер во Советот на општина Струга.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека историскиот датум испишан на таблата боде очи бидејќи на  1 септември 1941 година Струга е под италијанска окупација, кога Албанското кралство  го востаниволо  албанскиот јазик како службен во југозападна Македонија.

И покрај нашите обиди не успеавме да добиеме одговор и став од струшкиот градоначалник Мерко  за поставувањето на спомен плочата во општинската администрација.

The post Пред општина Струга поставена спомен плоча на албански со која се велича фашистичка окупација appeared first on Република.

]]>

Еднојазична табла на албански јазик поставена на општинската зграда во Струга. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реагираат бидејќи на скандалозната плоча се слави фашистичката окупација и најавија дека ќе ги превземат сите правни механизми за да се сопре ширењето на фашизмот од страна на градоначалникот Мерко идентично како и изградбата на споменикот од Косово. Таблата го прекршува законот  за јазикот, а изиграни се и процедурите за нејзино постапување – не е гласано по Бадентер во Советот на општина Струга. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека историскиот датум испишан на таблата боде очи бидејќи на  1 септември 1941 година Струга е под италијанска окупација, кога Албанското кралство  го востаниволо  албанскиот јазик како службен во југозападна Македонија. И покрај нашите обиди не успеавме да добиеме одговор и став од струшкиот градоначалник Мерко  за поставувањето на спомен плочата во општинската администрација.

The post Пред општина Струга поставена спомен плоча на албански со која се велича фашистичка окупација appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Рамиз Мерко заверил фалсификуван документ за оттуѓување земјиште во центарот на Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ramiz-merko-zaveril-falsifikuvan-dokument-za-ottuguvane-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/ Mon, 11 Sep 2023 12:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=680897

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга, на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот суд и Вишиот управен суд.

Се отвораат сериозни сомнежи за искористување, поткуп, злоупотреба на службена положба и овластување кај службеното лице Рамиз Мерко, кај претседателот на Комисијата, неговата сопруга, геодетските лица, стручните лица, судиите и стручните лица од Управниот суд и Вишиот управен суд и.т.н. да се поднесе иницијатива за кривично гонење, а на подносителот ќе му дадеме предлог согласно членот 66 од нашиот закон да побара ништовност на документот издаден од катастрарот, истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Образложувајќи ја постапката Ивановска кажа дека се работи за земјиште во центарот на Струга кое се отуѓило на Инекс Дрим АД Струга, поврзан со субјект од Австрија кој работи во областа на игрите на среќа, коцкарница и кладилница. Со тоа, како што додаде таа, пред ДКСК се отвораат и сомнежи за перење пари и поткуп заради стекнување корист по пат на отуѓување на земјиште и тоа во централното градско подрачје на Струга.

The post ДКСК: Рамиз Мерко заверил фалсификуван документ за оттуѓување земјиште во центарот на Струга appeared first on Република.

Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-grkovska-so-demant-do-dksk-vashite-obvinuvana-vo-sluchajot-so-merko-se-paushalni-i-neosnovani/ Fri, 23 Jun 2023 17:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=654509

Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска соопшти дека во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конкретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат, се наведува во демантот.

Од Кабинетот посочуваат дека во таа насока им предочуваат на членовите на ДКСК дека вицепремиерката Грковска, во согласност со овластувањето што го има од премиерот, е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата.

Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори. Од тие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе. За жал не е прв пат, Државната комисија за спречување на корупцијата до Кабинетот на вицепремиерката Грковска да доставува предмети за кои вицепремиерката нема надлежност, како што неодамна беше случајот со Агенција којашто за својата работа одговара пред Собранието, се посочува во реакцијата.

Во соопштението се потсетува ДКСК дека Кабинетот задолжен за политики за добро владеење не е истражен и обвинителски орган, туку сите случаи и информации кои пристигнуваат во Кабинетот се пренесуваат на надлежност на институциите кои според закон треба да постапуваат и да ги процесираат.

Нагласуваме, членовите на Владата ниту можат, ниту смеат да ја преземат улогата на обвинителските и судските органи во државата. Факт е дека правосудните органи не испорачуваат задоволителни резултати во борбата со корупцијата, но тоа не значи дека треба да се наруши уставната поделба на власта, туку да се инсистира на доследни реформи и одговорност во нивните редови, додаваат од Кабинетот на Грковска.

Во реакцијата се посочува и дека овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата има поддршка од Владата, како ниту еден состав претходно, особено во јакнење на капацитетите.

Само за потсетување, од 2017 година има зголемување на буџетот за 59 проценти. Во последните пет години бројот на вработени во Секретаријатот на Комисијата е двојно зголемен, додека во февруари 2021 година, со одлука на Владата обезбедени се нови просторни капацитети кои во целост ги исполнуваат нејзините потреби, а инсталирана е ИКТ опрема обезбедена во 2018 година, се додава во соопштението.

The post Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани appeared first on Република.

Гаши за Мерко: „Замрзнување на членството“ е пепел врз очите на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-za-merko-zamrznuvane-na-chlenstvoto-e-pepel-vrz-ochite-na-javnosta/ Fri, 23 Jun 2023 09:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=654358

Лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши за „Дојче Веле“ го претстави својот став откако ДУИ побара „институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко, за сите тврдења од одлуката на Стејт департментот”.

„Треба да објасниме што се подразбира под поимот „сеопфатна истрага од институциите“. Да имавме ние достојни институции за истрага, не ќе требаше Соединетите Американски Држави да ни покажат кој е корумпиран и кој влијае врз правосудството. Ние знаеме дека кај нас институциите, особено од областа на правото, се заробени токму од ДУИ, за што ние постојано сме повикувале и посочувале, а сме имале забелешки и од американската амбасадорка во Скопје. Затоа кај нас поимот „сеопфатна истрага од институциите“ е еуфемизам за одолговлекување, судски лавиринти, застарување на дела, саботажа на судски процеси и т.н. За жал, Македонија стана заробена држава на бизнис-кланот на тесното раководството на ДУИ, на кои им успеа да имаат голема сила над институциите, а како што се информираме последните денови, семејствата на Ахмети и Груби влегуваат сега во скапи бизниси на стотици милиони евра, кои сигурно не се постигнати со просечна државна плата“ вели Гаши за „ДВ“.

За одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата, Гаши вели:

„Замрзнување на членството“ или „прекин на изборниот процес во огранокот на Струга“, е пепел врз очите на јавноста, купување на време, ублажување на угледот на партијата и барање начин на извлекување од калта на американската „црна листа“. Македонија е ДУИ-зирана, особено правосудниот систем. Албанците имаат една поговорка што гласи вака: „За селото што се гледа, не треба докази“. Ако некој уште не ја здогледал оваа ДУИ-зација на државата, тогаш проблемот не е веќе во „селото“, туку во „очите“. Токму ваквите примери, кои ние сме ги воочиле од поодамна, иако секогаш одговорот бил „да им веруваме на институциите“, беше причина ние да предложиме уставен амандман за борба против корупцијата, со тоа што ќе имаме уставно санкционирање на предметите од политичка корупција, така што тие никогаш не ќе може да застарат, како што се случи со предметот за Сашо Мијалков. Ама, како што јавноста знае, ни СДСМ ни ДУИ дури не се произнесоа, а камоли да го прифатат. А како ние можеме да тврдиме дека тежнееме кон ЕУ, ако имаме држава со ваков степен на корупција и интерференција на политиката во правосудството, кое ни го обелоденуваат нашите сојузници, а нашата власт тоа го прекрива и покрива, дури се преправа дека не знаела?!“.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

The post Гаши за Мерко: „Замрзнување на членството“ е пепел врз очите на јавноста appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски вели не знаел за криминалот на Мерко, а знае ли за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Ахмети? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-veli-ne-znael-za-kriminalot-na-merko-a-znae-li-za-biznis-tsentarot-soravija-koj-go-kupil-vnukot-na-ahmeti/ Fri, 23 Jun 2023 06:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=654271

Димитар Ковачевски лаже дека не знаел за криминалот и вмешаноста на Рамиз Мерко во судските процеси. СДС е во коалиција со ДУИ и сите одлуки и криминал го прават заедно, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Не можел Мерко сам без поддршка од Ахмети и Ковачевски да влијае на судските процеси, да злоупотребува и да вршел значителна корупција како што нотираат од Стејт Департментот.

Ковачевски не знаел за Рамиз Мерко, а знае ли Ковачевски за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Али Ахмети и за братот на Артан Груби и дуќанот на улица Македонија?

За овој скандал мора да одговараат сите лица кои се директно и индиректно инволвирани. Институциите знаат за криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ и наместо да молчат и да го прикриваат, мора веднаш да реагираат, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски вели не знаел за криминалот на Мерко, а знае ли за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Ахмети? appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски лаже дека не знаел за криминалот и вмешаноста на Рамиз Мерко во судските процеси. СДС е во коалиција со ДУИ и сите одлуки и криминал го прават заедно, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Не можел Мерко сам без поддршка од Ахмети и Ковачевски да влијае на судските процеси, да злоупотребува и да вршел значителна корупција како што нотираат од Стејт Департментот. Ковачевски не знаел за Рамиз Мерко, а знае ли Ковачевски за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Али Ахмети и за братот на Артан Груби и дуќанот на улица Македонија? За овој скандал мора да одговараат сите лица кои се директно и индиректно инволвирани. Институциите знаат за криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ и наместо да молчат и да го прикриваат, мора веднаш да реагираат, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски вели не знаел за криминалот на Мерко, а знае ли за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Ахмети? appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/eskobar-odlukata-na-stejt-departmentot-za-merko-ke-i-pomogne-na-vladata-da-prodolzhi-so-borbata-protiv-koruptsijata/ Wed, 21 Jun 2023 10:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=653671

Се надевам дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ваквата изјава Ескобар ја даде вчера за Програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување координаторот за антикорупција во Стејт департментот, Ричард Нефју, кој нагласи дека одлуката е донесена затоа што „државниот секретар на САД имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција“.

Според законите, кога државниот секретар ќе дојде до таков заклучок, таквата определба е правно обврзувачка, како што се случи денеска, изјави Нефју.

Според него, ако државниот секретарот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција тогаш треба да воведе визни ограничувања и затоа што законот „бара да се дејствува кога тие информации се достапни“.

Нефју нагласи дека засега не може да сподели конкретни докази за тоа зошто градоначалникот на Струга е ставен на американската „црна листа“, но потенцира дека според објавените информации се работи за „злоупотреба на средства и мешање во судските постапки“.

Со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, изјави Нефју.

Тој истакна дека ваквите одлуки имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.

Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за нивната ефикасност. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите институции дека тие не се сами и дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница, рече Нефју.

Координаторот за антикорупција во Стејт департментот додаде дека САД не прават разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или актуелен функционер.

Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество и оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери, рече тој.

Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за „персона нон грата“ за влез во САД, поради, како што беше наведено во соопштението, негова вмешаност во значителна корупција.

The post Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Се надевам дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ваквата изјава Ескобар ја даде вчера за Програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување координаторот за антикорупција во Стејт департментот, Ричард Нефју, кој нагласи дека одлуката е донесена затоа што „државниот секретар на САД имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција“.
Според законите, кога државниот секретар ќе дојде до таков заклучок, таквата определба е правно обврзувачка, како што се случи денеска, изјави Нефју.
Според него, ако државниот секретарот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција тогаш треба да воведе визни ограничувања и затоа што законот „бара да се дејствува кога тие информации се достапни“. Нефју нагласи дека засега не може да сподели конкретни докази за тоа зошто градоначалникот на Струга е ставен на американската „црна листа“, но потенцира дека според објавените информации се работи за „злоупотреба на средства и мешање во судските постапки“.
Со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, изјави Нефју.
Тој истакна дека ваквите одлуки имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.
Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за нивната ефикасност. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите институции дека тие не се сами и дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница, рече Нефју.
Координаторот за антикорупција во Стејт департментот додаде дека САД не прават разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или актуелен функционер.
Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество и оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери, рече тој.
Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за „персона нон грата“ за влез во САД, поради, како што беше наведено во соопштението, негова вмешаност во значителна корупција.

The post Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Агелер по прогласувањето на Мерко за непожелна личност: Ќе се бориме против секој кој го поткопува владеењето на правото https://arhiva3.republika.mk/vesti/ageler-po-proglasuvaneto-na-merko-za-nepozhelna-lichnost-ke-se-borime-protiv-sekoj-koj-go-potkopuva-vladeeneto-na-pravoto/ Tue, 20 Jun 2023 19:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=653499

Откако Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, на официјалната фејсбук страница на американската амбасада со свој став излезе Aмбасадорката Ангела Агелер.

„Народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери.САД ќе продолжат да повикуваат секој – без оглед на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилноста на Македонија, напиша Агелeр.

The post Агелер по прогласувањето на Мерко за непожелна личност: Ќе се бориме против секој кој го поткопува владеењето на правото appeared first on Република.

Рамиз Мерко доби забрана за влез во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ramiz-merko-dobi-zabrana-za-vlez-vo-sad/ Tue, 20 Jun 2023 16:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=653470

Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудсните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, стои во соопштението.

Натаму, во соопштението се наведува дека оваа одлука ја реафирмира посветеноста на САД во борбата против корупцијата, којашто наштетува на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

The post Рамиз Мерко доби забрана за влез во САД appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудсните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, стои во соопштението.
  Натаму, во соопштението се наведува дека оваа одлука ја реафирмира посветеноста на САД во борбата против корупцијата, којашто наштетува на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ. Одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

The post Рамиз Мерко доби забрана за влез во САД appeared first on Република.

]]>
Струга нема решение за бездомните кучиња, продолжуваат нападите и труењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/struga-nema-reshenie-za-bezdomnite-kuchina-prodolzhuvaat-napadite-i-trueneto/ Sun, 29 Jan 2023 18:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=602346

Проблемот со кучињата скитници нема крај.Секојдневно стружани реагираат за нови напади врз граѓаните кои завршуваат во болница но и на масовни труења на уличните кучиња.Нела Стојаноска е само една од многуте која од агресивни кучиња заврши со рани на раката и ногата.

Градоначалникот Мерко побара да престане говорот на омраза во однос на кучињата скитници во спротивно најави пријави до надлежните органи, со цел, заштита на човечкото достоинство.

Апелираме до сите граѓани да имаат свој удел во решавањето на проблемот, со пријави во полиција кога ќе видат како камионите полни со кучиња се истоваруваат овде од целата држава, кога ќе видат како сопствениците намерно ги пуштаат кучињата на улица, кога ќе увидат дека домашните кучиња не се вакцинирани или немаат чипови и други слични случаи.  Слободно изразете го вашето мислење, но во насока на решавање на проблемот, затоа ве молиме бидете мирни и разумни! стои на фејзбук страна на општина Струга.

Од локалната најавија дека  распишан е тендер за заловување, кастрација и стерилизација а направен бил и  проект за изградба на стационар, но за негова реализација се бара финансиска поддршка од државата.

The post Струга нема решение за бездомните кучиња, продолжуваат нападите и труењето appeared first on Република.

]]>

Проблемот со кучињата скитници нема крај.Секојдневно стружани реагираат за нови напади врз граѓаните кои завршуваат во болница но и на масовни труења на уличните кучиња.Нела Стојаноска е само една од многуте која од агресивни кучиња заврши со рани на раката и ногата. Градоначалникот Мерко побара да престане говорот на омраза во однос на кучињата скитници во спротивно најави пријави до надлежните органи, со цел, заштита на човечкото достоинство.