мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merki/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 12:14:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merki/ 32 32 Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-preku-aktivni-merki-za-vrabotuvane-ke-rabotime-na-podobruvane-na-pazarot-na-trud-i-zgolemuvane-na-vrabotenosta/ Wed, 27 Nov 2024 12:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=842283

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се обрати на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Република Македонија“ организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

„Владата во чиј состав е и Министерството за економија и труд  јас како Министер за економија и труд, во наредниот период ќе се посветиме на тоа да развиеме и имплементираме системски пристап за справување со неусогласеноста на понудата и побарувачката на работна сила на домашниот пазар на труд и надминување на овој сериозен проблем кој ги погодува и далеку поразвиените европски економии“ кажа министерот Дурмиши во своето обраќање.

Според министерот Дурмиши, поседувањето на соодветни знаења и вештини овоможува поголема вработливост и одржливост на вработувањето. Кога лицата ги имаат вистинските знаења и вештини барани на пазарот на трудот, можат да работат на квалитетни и одржливи работни места. Од друга страна во услови на брзо менување на глобалната економија, знаењата и вештините кои се поседуваат во голема мера ја детерминираат конкурентноста, капацитетот за иновации и подготвеноста на компаниите да ги следат технолошките и други промени во работата. Кога работната сила ги има потребните знаења и вештини се поттикнуваат и инвестициите и отворањето на нови работни места. На тој начин ќе се влијае на намалување на вертикалната неусогласеност на вештини која се движи над 25%, и хоризонтална неусогласеност на вештините која е поизразена и надминува 50% во Република Македонија .

„Потребата од квалификувана работна сила на компаниите ќе се потрудиме да ја обезбедиме преку имплементација на активни програми за вработување содржани во  годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување, а кои се однесуваат на различни видови на обуки кои се одвиваат во реални работни услови односно во компаниите. Такви се обуките за конкретен работодавач, обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, практикантство и сл. На тој начин невработените лица ќе се стекнат со практично работно искуство вештини  кои  се барани на пазарот на трудот и ќе овозможи нивно побрзо вклучување на пазарот на трудот, а од друга страна компаниите ќе имаат на располагање соодветна квалификувани работници“ кажа министерот и додаде дека ќе мораме да обрнеме внимание на современите европски трендови, кои укажуваат на сè поголема преориентација кон зелената и дигиталната економија. И нашата работна сила ќе мора да се обучува и подготвува за иднината, со фокус на зелените технологии, одржливите практики и дигиталните решенија, што ќе претставува основа за економски напредок и конкурентност.

„За таа цел, неопходно е да се инвестира во создавање инклузивен и флексибилен образовен систем кој ќе ги следи овие трендови и ќе овозможи континуирано усовршување на постоечките и идни работници. Паралелно со тоа, ќе продолжиме со поттикнување на соработка меѓу образовните институции и приватниот сектор за развивање програми кои ќе ја реализираат оваа цел“ кажа Дурмиши во своето обраќање.

Министерот истакна дека со ваквиот пристап ќе можеме да создадеме динамичен, модерен и конкурентен пазар на труд, каде понудата и побарувачката се во рамнотежа, а работната сила е подготвена да се соочи со предизвиците на иднината. Ова ќе обезбеди долгорочен економски раст и развој, стабилност на работните места  но и на компаниите.

The post Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се обрати на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Република Македонија“ организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ). „Владата во чиј состав е и Министерството за економија и труд  јас како Министер за економија и труд, во наредниот период ќе се посветиме на тоа да развиеме и имплементираме системски пристап за справување со неусогласеноста на понудата и побарувачката на работна сила на домашниот пазар на труд и надминување на овој сериозен проблем кој ги погодува и далеку поразвиените европски економии“ кажа министерот Дурмиши во своето обраќање. Според министерот Дурмиши, поседувањето на соодветни знаења и вештини овоможува поголема вработливост и одржливост на вработувањето. Кога лицата ги имаат вистинските знаења и вештини барани на пазарот на трудот, можат да работат на квалитетни и одржливи работни места. Од друга страна во услови на брзо менување на глобалната економија, знаењата и вештините кои се поседуваат во голема мера ја детерминираат конкурентноста, капацитетот за иновации и подготвеноста на компаниите да ги следат технолошките и други промени во работата. Кога работната сила ги има потребните знаења и вештини се поттикнуваат и инвестициите и отворањето на нови работни места. На тој начин ќе се влијае на намалување на вертикалната неусогласеност на вештини која се движи над 25%, и хоризонтална неусогласеност на вештините која е поизразена и надминува 50% во Република Македонија . „Потребата од квалификувана работна сила на компаниите ќе се потрудиме да ја обезбедиме преку имплементација на активни програми за вработување содржани во  годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување, а кои се однесуваат на различни видови на обуки кои се одвиваат во реални работни услови односно во компаниите. Такви се обуките за конкретен работодавач, обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, практикантство и сл. На тој начин невработените лица ќе се стекнат со практично работно искуство вештини  кои  се барани на пазарот на трудот и ќе овозможи нивно побрзо вклучување на пазарот на трудот, а од друга страна компаниите ќе имаат на располагање соодветна квалификувани работници“ кажа министерот и додаде дека ќе мораме да обрнеме внимание на современите европски трендови, кои укажуваат на сè поголема преориентација кон зелената и дигиталната економија. И нашата работна сила ќе мора да се обучува и подготвува за иднината, со фокус на зелените технологии, одржливите практики и дигиталните решенија, што ќе претставува основа за економски напредок и конкурентност. „За таа цел, неопходно е да се инвестира во создавање инклузивен и флексибилен образовен систем кој ќе ги следи овие трендови и ќе овозможи континуирано усовршување на постоечките и идни работници. Паралелно со тоа, ќе продолжиме со поттикнување на соработка меѓу образовните институции и приватниот сектор за развивање програми кои ќе ја реализираат оваа цел“ кажа Дурмиши во своето обраќање. Министерот истакна дека со ваквиот пристап ќе можеме да создадеме динамичен, модерен и конкурентен пазар на труд, каде понудата и побарувачката се во рамнотежа, а работната сила е подготвена да се соочи со предизвиците на иднината. Ова ќе обезбеди долгорочен економски раст и развој, стабилност на работните места  но и на компаниите.  

The post Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста appeared first on Република.

]]>
Трамп избра критичар на мерките за изолација за време на Ковид да биде директор на Агенцијата за медицински истражувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-izbra-kritichar-na-merkite-za-izolatsija-za-vreme-na-kovid-da-bide-direktor-na-agentsijata-za-meditsinski-istrazhuvana/ Wed, 27 Nov 2024 09:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=842152

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра истакнатиот лекар и критичар на мерките за изолација поради Ковид-19, Џеј Батачарја, за директор на Националниот институт за здравје, водечка агенција за медицински истражувања во земјата.

„Д-р Батачарја ќе работи во соработка со Роберт Ф. Кенеди Џуниор на медицински истражувања и на важни откритија кои ќе го подобрат здравјето и ќе спасат животи“, објави Трамп.

Батачарја (56), американски професор по медицина, економија и здравствена политика на Универзитетот Стенфорд, се спротивстави на мерките за изолација и задолжителната вакцинација за време на пандемијата со Ковид-19.

Батачарја на платформата X објави дека е „почестен“ од номинацијата на Трамп да биде следниот директор на НИХ.

„Ќе ги реформираме американските научни институции за повторно да им се верува и ќе ги искористиме плодовите на науката за да ја направиме Америка повторно здрава“, додаде тој.

Номинацијата го комплетира тимот за јавно здравје на Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари.

The post Трамп избра критичар на мерките за изолација за време на Ковид да биде директор на Агенцијата за медицински истражувања appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра истакнатиот лекар и критичар на мерките за изолација поради Ковид-19, Џеј Батачарја, за директор на Националниот институт за здравје, водечка агенција за медицински истражувања во земјата. „Д-р Батачарја ќе работи во соработка со Роберт Ф. Кенеди Џуниор на медицински истражувања и на важни откритија кои ќе го подобрат здравјето и ќе спасат животи“, објави Трамп. Батачарја (56), американски професор по медицина, економија и здравствена политика на Универзитетот Стенфорд, се спротивстави на мерките за изолација и задолжителната вакцинација за време на пандемијата со Ковид-19. Батачарја на платформата X објави дека е „почестен“ од номинацијата на Трамп да биде следниот директор на НИХ. „Ќе ги реформираме американските научни институции за повторно да им се верува и ќе ги искористиме плодовите на науката за да ја направиме Америка повторно здрава“, додаде тој. Номинацијата го комплетира тимот за јавно здравје на Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари.

The post Трамп избра критичар на мерките за изолација за време на Ковид да биде директор на Агенцијата за медицински истражувања appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Платформа: 100% посветени за тебе – „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-platforma-100-posveteni-za-tebe-merki-i-politiki-za-unapreduvane-na-zdravstvoto-sotsijalnata-politika-demografijata-i-mladite/ Mon, 04 Nov 2024 12:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=834007

Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“, на која ќе се обратат министрите за здравство, Арбен Таравари, и за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и директорите на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов.

The post ВО ЖИВО: Платформа: 100% посветени за тебе – „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ appeared first on Република.

Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/merkata-za-zamrznuvane-na-marzhite-do-krajot-na-oktomvri-sindikalnata-koshnichka-namalena-za-57-denari/ Wed, 23 Oct 2024 07:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=830035

Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка. Со владината одлука намалени се цените на 73 основни прехранбени производи. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија објавени вчера покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. И додека власта смета дека мерката дава резултати, од СДСМ во Собранието поднесоа предлог-законски измени со кои бараат зголемување на минималната плата на 450 евра.

Според ССМ, податоците од синдикалната минимална кошница која за октомври изнесува 61.249,00 денари без трошоците за изнајмен стан од 60 метри квадратни, покажуваат дека мерката на Владата дала дел од посакуваните ефекти, но дека цените треба уште да се намалуваат бидејќи нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика.

- Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намелана за 965,00 денари, велат од ССМ.

Од ССМ сметаат дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци.

Опозициската СДСМ завчера поднесе измени на Законот за минимална плата со предлог таа да се зголеми на 450 евра, а пратеничката Јована Тренчевска вчера на прес-конференција во Собранието рече дека зголемувањето на минималната плата е неопходност.

- Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот, рече Тренчевска, повкувајќи ги сите пратеници да дадат поддршка за предложените законски измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ која е дел од владината коалиција вчера оценија дека мерката дава резултати за што потврда е и намалувањето на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка за октомври во однос на септември.

- Она која што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојановски најави позитивни изненадувања во Предлог-буџетот за 2025 година за сите работници без разлика дали се од јавниот или приватниот сектор.

Во септември, Владата на седница ја донесе мерката за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите на прес-конференцијата по повод 100 дена од работењето на новата Влада го изнесе нејзиниот личен став дека не се согласува со оваа мерка бидејќи државата нема доволно капацитети да го контролира применувањето на мерката. За Димитриеска-Кочоска, ефектите ќе се почувствуваат со Законот за нефер трговски практики.

- Јас веќе ова го коментирав и го изјавив. Никогаш да се согласам со таква мерка, замрзнување на цени и маржи бидејќи се комплетно сложени методологии за пресметка и во државните институции нема доволно капацитет да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Јас моето мислење го кажав на Влада, Владата го соопшти својот став. Еефектите нема да бидат големи како што се очекува особено кога имаме ниска инфлација, рече Димитриеска – Кочоска.

Законот за нефер трговски практики стапи на сила при крај на септември, а, според најавите од надлежните институции, до Нова Година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат.

- До Нова година ќе се мониторира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да ги почитуваат мерките предвидени со ова законско решение. Сите мерки, вклучително и овој закон, се во интерес на граѓаните и во насока на подобрување на животниот стандард, истакна вчера заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Со Законот за нефер трговски практики опфатени се околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

The post Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари appeared first on Република.

]]>

Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка. Со владината одлука намалени се цените на 73 основни прехранбени производи. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија објавени вчера покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. И додека власта смета дека мерката дава резултати, од СДСМ во Собранието поднесоа предлог-законски измени со кои бараат зголемување на минималната плата на 450 евра. Според ССМ, податоците од синдикалната минимална кошница која за октомври изнесува 61.249,00 денари без трошоците за изнајмен стан од 60 метри квадратни, покажуваат дека мерката на Владата дала дел од посакуваните ефекти, но дека цените треба уште да се намалуваат бидејќи нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика. - Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намелана за 965,00 денари, велат од ССМ. Од ССМ сметаат дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци. Опозициската СДСМ завчера поднесе измени на Законот за минимална плата со предлог таа да се зголеми на 450 евра, а пратеничката Јована Тренчевска вчера на прес-конференција во Собранието рече дека зголемувањето на минималната плата е неопходност. - Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот, рече Тренчевска, повкувајќи ги сите пратеници да дадат поддршка за предложените законски измени. Од ВМРО-ДПМНЕ која е дел од владината коалиција вчера оценија дека мерката дава резултати за што потврда е и намалувањето на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка за октомври во однос на септември. - Она која што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Стојановски најави позитивни изненадувања во Предлог-буџетот за 2025 година за сите работници без разлика дали се од јавниот или приватниот сектор. Во септември, Владата на седница ја донесе мерката за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите на прес-конференцијата по повод 100 дена од работењето на новата Влада го изнесе нејзиниот личен став дека не се согласува со оваа мерка бидејќи државата нема доволно капацитети да го контролира применувањето на мерката. За Димитриеска-Кочоска, ефектите ќе се почувствуваат со Законот за нефер трговски практики. - Јас веќе ова го коментирав и го изјавив. Никогаш да се согласам со таква мерка, замрзнување на цени и маржи бидејќи се комплетно сложени методологии за пресметка и во државните институции нема доволно капацитет да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Јас моето мислење го кажав на Влада, Владата го соопшти својот став. Еефектите нема да бидат големи како што се очекува особено кога имаме ниска инфлација, рече Димитриеска – Кочоска. Законот за нефер трговски практики стапи на сила при крај на септември, а, според најавите од надлежните институции, до Нова Година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат. - До Нова година ќе се мониторира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да ги почитуваат мерките предвидени со ова законско решение. Сите мерки, вклучително и овој закон, се во интерес на граѓаните и во насока на подобрување на животниот стандард, истакна вчера заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Со Законот за нефер трговски практики опфатени се околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

The post Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари appeared first on Република.

]]>
ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-usvoi-novi-merki-za-olesnuvane-na-patuvanata-na-litsata-so-posebni-potrebi/ Mon, 14 Oct 2024 10:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=826480

Советот на ЕУ усвои две нови директиви кои имаат за цел да им ги олеснат патувањата на лицата со посебни потреби низ територијата на Европската Унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Станува збор за директивите за воведување на европска картичка за инвалидитет и на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби.

Според Советот на ЕУ, овие картички ќе обезбедат пристап до посебни услови или повластен третман на лицата со посебни потреби при патување низ ЕУ, како што се ослободување од плаќање на влезни такси или нивна наплата по пониски цени, приоритетен пристап, помош, како и резервирани места за паркирање.

Со директивите се предвидува овие повластици да важат и за лицата со посебни потреби кои не се државјани на земја членка на ЕУ, но имаат легално регулиран престој во некоја од државите на Унијата.

Издавањето на овие картички, во физичка или дигитална форма, е во надлежност на властите на земјите членки на ЕУ.

Рокот во кој членките на Унијата треба да го усогласат националното законодавство со овие две директиви е две и пол години, а за примена на предвидените мерки е предвиден рок од три и пол години по нивното стапување во сила.

Иницијативата за воведување европска картичка за инвалидитет ја промовираше Европската комисија лани во септември, по што Советот на ЕУ и Европскиот парламент во февруари годинава ги усогласија ставовите околу текстот на содржината на Директивата за европска картичка за инвалидитет.

Еден месец по првата иницијатива, во октомври 2023 година, ЕК предложи воспоставување на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби, за што Советот и ЕП постигнаа согласност на 4 март 2024 година.

The post ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ усвои две нови директиви кои имаат за цел да им ги олеснат патувањата на лицата со посебни потреби низ територијата на Европската Унија, јави дописникот на МИА од Брисел. Станува збор за директивите за воведување на европска картичка за инвалидитет и на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби. Според Советот на ЕУ, овие картички ќе обезбедат пристап до посебни услови или повластен третман на лицата со посебни потреби при патување низ ЕУ, како што се ослободување од плаќање на влезни такси или нивна наплата по пониски цени, приоритетен пристап, помош, како и резервирани места за паркирање. Со директивите се предвидува овие повластици да важат и за лицата со посебни потреби кои не се државјани на земја членка на ЕУ, но имаат легално регулиран престој во некоја од државите на Унијата. Издавањето на овие картички, во физичка или дигитална форма, е во надлежност на властите на земјите членки на ЕУ. Рокот во кој членките на Унијата треба да го усогласат националното законодавство со овие две директиви е две и пол години, а за примена на предвидените мерки е предвиден рок од три и пол години по нивното стапување во сила. Иницијативата за воведување европска картичка за инвалидитет ја промовираше Европската комисија лани во септември, по што Советот на ЕУ и Европскиот парламент во февруари годинава ги усогласија ставовите околу текстот на содржината на Директивата за европска картичка за инвалидитет. Еден месец по првата иницијатива, во октомври 2023 година, ЕК предложи воспоставување на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби, за што Советот и ЕП постигнаа согласност на 4 март 2024 година.

The post ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби appeared first on Република.

]]>
По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-250-evra-za-sekoj-student-do-30-000-evra-za-nov-biznis-na-mladi-do-29-godini-najavi-mitskoski-za-2025-godina/ Mon, 07 Oct 2024 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=823859

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени мерки за студентите, а меѓу нив и ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси.

Мерките коишто ги промовиравме вчера подразбираат дека сите студенти, буквално сите студенти кај нас ќе добијат ваучер во вредност од 250 евра, со којшто ќе можат да купат електронски уред - телефон, компјутер или таблет, со коишто ќе бидат во ситуација да се вмрежуваат со своите колеги во регионот, но и во Европа и во светот. И цениме дека во овие тешки предизвиквуачки времиња тоа е помош за младите, но истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме десет милиони евра коишто ќе бидат наменети за млади до 29 години коишто ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант од вредност од илјада до 30 илјади евра, рече Мицкоски.

Како што појасни, Комисија ќе врши избор и селекција на проектите.

Мислиме дека ова ќе претставува одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис и истовремено да се вмрежуваат со своите врсници во регионот и во Европа, рече тој.

Премиерот Мицкоски изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ кој е во официјална посета на Скопје, на која двајцата се осврнаа на поврзувањето на двете земји и на регионот преку проекти во енергетската и железничката инфраструктура.

Светот останува на младите. Сето тоа што денеска го правиме останува на нив. Сите овие проекти за кои што зборувавме и за енергетското проврзување и за патното и за железничкото поврзување се влог за иднината на младите да се обезбедат повеќе можности за да тие останат тука, да работат, да творат, тука да ги градат своите семејства. Оние коишто заминаа да се вратат, вели Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/mmV1AnKqUm4?si=kUD9AbhyY-dFNr2l

The post По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година appeared first on Република.

Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trgovtsite-neseriozni-nema-da-ima-tolerantsija-za-nikogo-i-sekoj-koj-ke-se-ogreshi-ke-bide-kaznet-nad-120-inspektori-se-na-teren/ Wed, 25 Sep 2024 14:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=819588

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Денеска, како што кажа, тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги контролираат малите маркети и бурекчилниците, а од задутре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.

Апелирам до трговците на мало и на големо да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат. Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат залихи по влезните фактури кои ги земале од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие залихи, па од новите залихи што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти - рече Трајковски на денешната прес-конференција.

Прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.

Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката - појасни Трајковски.

Нагласи дека вчера во маркетите не видел никаков обид да се означат производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат дали денеска поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката - рече Трајковски.

По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.

Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега - потенцира Трајковски.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“

The post Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен appeared first on Република.

]]>

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски. Денеска, како што кажа, тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги контролираат малите маркети и бурекчилниците, а од задутре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.
Апелирам до трговците на мало и на големо да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат. Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат залихи по влезните фактури кои ги земале од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие залихи, па од новите залихи што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти - рече Трајковски на денешната прес-конференција.
Прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.
Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката - појасни Трајковски.
Нагласи дека вчера во маркетите не видел никаков обид да се означат производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат дали денеска поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката - рече Трајковски.
По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.
Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега - потенцира Трајковски.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“

The post Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен appeared first on Република.

]]>
Расте бројот заболени од Ковид-19: Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција од инфекции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raste-brojot-zaboleni-od-kovid-19-komisijata-za-zarazni-zaboluvana-apelira-da-se-pochituvaat-merkite-za-preventsija-od-infektsii/ Tue, 20 Aug 2024 14:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=808365

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатира дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции.

Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството нагласуваат дека вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.

На состанокот, Комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за Ковид-19 не е услов за прием во здравствена установа. За Ковид-19 треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно, доколку пациентот има симптоми карактеристични за Ковид-19, се додава во соопштението.

Од Комисијата истакнале дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се позитивни на Ковид-19, „со тоа што, здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот, со изолирање на позитивните пациенти“.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените, ќе донесе соодветни препораки, пишува во соопштението на Министерството.

The post Расте бројот заболени од Ковид-19: Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција од инфекции appeared first on Република.

Покрај понеделник и вторник мерките на Владата за топлотниот бран ќе се однесуваат и на среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokraj-ponedelnik-i-vtornik-merkite-na-vladata-za-toplotniot-bran-ke-se-odnesuvaat-i-na-sreda/ Sun, 11 Aug 2024 14:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=805496

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот бран, Владата ја информира јавноста дека покрај предвидените понеделник и вторник, истите мерки се однесуваат и на среда 14 август.

За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-itni-merki-poradi-toplotniot-bran/

The post Покрај понеделник и вторник мерките на Владата за топлотниот бран ќе се однесуваат и на среда appeared first on Република.

]]>

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот бран, Владата ја информира јавноста дека покрај предвидените понеделник и вторник, истите мерки се однесуваат и на среда 14 август. За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа: 1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-itni-merki-poradi-toplotniot-bran/

The post Покрај понеделник и вторник мерките на Владата за топлотниот бран ќе се однесуваат и на среда appeared first on Република.

]]>
Владата со итни мерки поради топлотниот бран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-itni-merki-poradi-toplotniot-bran/ Sun, 11 Aug 2024 12:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=805486

Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник).

Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението ќе се превземаат акции предвидени за ФАЗА 2 - ПОРТОКАЛОВО НИВО на топлотни бранови.

Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

The post Владата со итни мерки поради топлотниот бран appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник). Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението ќе се превземаат акции предвидени за ФАЗА 2 - ПОРТОКАЛОВО НИВО на топлотни бранови. Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција, и тоа: 1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

The post Владата со итни мерки поради топлотниот бран appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-se-bara-pritvor-za-georgiev-go-prijavil-sin-na-obvinet-za-memeti-nema-osnovi-za-najstroga-merka/ Tue, 21 May 2024 09:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=780429

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против врховниот судија, Наке Георгиев, и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, кои се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

- Вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ЈО.

Според сознанијата добиени од пријавителот, како што дополнуваат од ЈО, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот, стои во соопштението од ЈО.

- Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка, дополнуваат од ЈО.

Оттаму велат дека прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека, во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување.

- Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, велат од ЈО.

The post ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против врховниот судија, Наке Георгиев, и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, кои се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. - Вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ЈО. Според сознанијата добиени од пријавителот, како што дополнуваат од ЈО, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот, стои во соопштението од ЈО. - Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка, дополнуваат од ЈО. Оттаму велат дека прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека, во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. - Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, велат од ЈО.

The post ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети appeared first on Република.

]]>
Дождот помогна во намалување на високото загадување, министерството ги прекинува мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dozhdot-pomogna-vo-namaluvane-na-visokoto-zagaduvane-ministerstvoto-gi-prekinuva-merkite/ Fri, 05 Jan 2024 09:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=729868

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.

Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

The post Дождот помогна во намалување на високото загадување, министерството ги прекинува мерките appeared first on Република.

Во Струмица едвај се дише: Стапуваат на сила препораки и мерки бидејќи е надминат прагот на аерозагадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumitsa-edvaj-se-dishe-stapuvaat-na-sila-preporaki-i-merki-bidejki-e-nadminat-pragot-na-aerozagaduvane/ Mon, 25 Dec 2023 13:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=726530

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, надминат е прагот на аерозагадување во Струмица. Завчера во Струмица се измерени 188.13, а вчера 230.13 микрограми на метар кубен.

Од МЖСПП наведуваат дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, за градот Струмица стапуваат на сила повеќе препораки и мерки.

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.

Меѓу препораките е да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата се препорачува да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50 отсто) употребата на службените возила. Се препорачува да обезбедат и ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство, пак, треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека ќе подготви и достави Препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 отсто) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

-ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините, стои во соопштението од МЖСПП.

The post Во Струмица едвај се дише: Стапуваат на сила препораки и мерки бидејќи е надминат прагот на аерозагадување appeared first on Република.

]]>

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, надминат е прагот на аерозагадување во Струмица. Завчера во Струмица се измерени 188.13, а вчера 230.13 микрограми на метар кубен. Од МЖСПП наведуваат дека согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, за градот Струмица стапуваат на сила повеќе препораки и мерки. Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Меѓу препораките е да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Владата се препорачува да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50 отсто) употребата на службените возила. Се препорачува да обезбедат и ограничување на работите на градежните објекти. Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети. Министерството за здравство, пак, треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето. Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека ќе подготви и достави Препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 отсто) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија. -ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините, стои во соопштението од МЖСПП.  

The post Во Струмица едвај се дише: Стапуваат на сила препораки и мерки бидејќи е надминат прагот на аерозагадување appeared first on Република.

]]>
Словенечката влада ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на ковид-мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-vlada-ke-gi-vrati-parite-na-graganite-i-ke-gi-ukine-kaznite-za-prekrshuvane-na-kovid-merkite/ Tue, 28 Nov 2023 10:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=717048

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот.

Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие.

Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид.

Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари.

Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање.

На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

The post Словенечката влада ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на ковид-мерките appeared first on Република.

]]>

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот. Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие. Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид. Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари. Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање. На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

The post Словенечката влада ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на ковид-мерките appeared first on Република.

]]>
Мерките за намалување на инфлацијата не се адекватни, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/merkite-za-namaluvane-na-inflatsijata-ne-se-adekvatni-velat-od-stopanskata-komora-na-severozapadna-makedonija/ Fri, 10 Nov 2023 10:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=700224

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека актуелните мерки за налување на инфлацијата не се адекватни и затоа треба да се преземат алтернативни мерки и во иднина да прекине праксата на институциите да не се консултираат со стопанските комори при нивното донесување.

Стопанската комора на северозападна Македонија како институција чија мисија е заштита и унапредување на бизнисите, но и на стопанството воопшто, секогаш апелира дека мерките преземени од Владата и надлежните институции треба да се базираат на анализа и детално прогнозирање на ризиците кои може да ги донесуваат истите. Таков беше случајот со континуираното замрзнување на цените на десетици производи, што на крајот докажа дека оваа мерка не го постигна очекуваниот и прокламираниот ефект. Врз основа на изјавата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, инфлацијата достигна 9,5%, што сведочи за тоа дека преземената мерка не ги донесе очекуваните ефекти, додека бизнисите, особено производителите и трговците се оштетени, а од друга страна, граѓаните и понатаму остануваат незаштитени од инфлацијата, се наведува во соопштението од комората.

The post Мерките за намалување на инфлацијата не се адекватни, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија appeared first on Република.

Лекарите во Турција бараат враќање на мерките за заштита од Kовид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lekarite-vo-turtsija-baraat-vrakane-na-merkite-za-zashtita-od-kovid/ Tue, 03 Oct 2023 10:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=687431

Турските лекари повикаа на враќање на некои мерки за заштита од коронавирусот во Турција во екот на ширењето на новата варијанта на коронавирусот Ерис во земјата.

Сепак, министерот за здравство Фахретин Коча уверува дека нема да има масовна вакцинација и „заклучување“, а во повиците за спротивното ги гледа интересите на фармацевтските лобија и „црната пропаганда“. Поводот што ја разгоре дискусијата во последните денови беше смртта на Ерсин Махмутлуоглу, главен лекар во државната болница во областа Хатај. Турското лекарско здружение соопшти дека 35-годишниот лекар починал додека бил на лекување од Ковид-19.

Сепак, министерот Коча го оспори тврдењето. Според Коча, штета е што смртта на д-р Ерсин „се користи како средство за црна пропаганда“, која, според неговите зборови, „има за цел да воведе мерки и да започне кампањи за вакцинација“.

„Како и производителите на кој било производ, така и производителите на вакцини може да сакаат нивниот производ да најде повеќе купувачи“, напиша министерот за здравство во својата објава. „Но, кој би сакал да користи непотребен лек и кој лекар би го препорачал?“, праша тој.

"Както производителите на всеки един продукт, производителите на ваксини също може би искат продуктът им да намери повече купувачи", пише в поста си здравният министър. "Но кой би искал да употреби ненужен медикамент и кой доктор би го препоръчал?", запита той.

„Ги повикувам тие кои преземаат ненаучни иницијативи во име на науката и тие кои не гледаат ништо лошо во тоа што нашата земја непотребно е вовлечена во „социјална депресија“, да ја согледаат непристрасноста и одговорноста на науката“, напиша министерот за здравство.

Коча увери дека „мерките како што се масовна кампања за вакцинација или затворање никогаш нема да се спроведат“, а борбата против Ковид-19 „ќе се води како борбата против грипот“.

The post Лекарите во Турција бараат враќање на мерките за заштита од Kовид appeared first on Република.

]]>

Турските лекари повикаа на враќање на некои мерки за заштита од коронавирусот во Турција во екот на ширењето на новата варијанта на коронавирусот Ерис во земјата. Сепак, министерот за здравство Фахретин Коча уверува дека нема да има масовна вакцинација и „заклучување“, а во повиците за спротивното ги гледа интересите на фармацевтските лобија и „црната пропаганда“. Поводот што ја разгоре дискусијата во последните денови беше смртта на Ерсин Махмутлуоглу, главен лекар во државната болница во областа Хатај. Турското лекарско здружение соопшти дека 35-годишниот лекар починал додека бил на лекување од Ковид-19. Сепак, министерот Коча го оспори тврдењето. Според Коча, штета е што смртта на д-р Ерсин „се користи како средство за црна пропаганда“, која, според неговите зборови, „има за цел да воведе мерки и да започне кампањи за вакцинација“. „Како и производителите на кој било производ, така и производителите на вакцини може да сакаат нивниот производ да најде повеќе купувачи“, напиша министерот за здравство во својата објава. „Но, кој би сакал да користи непотребен лек и кој лекар би го препорачал?“, праша тој. "Както производителите на всеки един продукт, производителите на ваксини също може би искат продуктът им да намери повече купувачи", пише в поста си здравният министър. "Но кой би искал да употреби ненужен медикамент и кой доктор би го препоръчал?", запита той. „Ги повикувам тие кои преземаат ненаучни иницијативи во име на науката и тие кои не гледаат ништо лошо во тоа што нашата земја непотребно е вовлечена во „социјална депресија“, да ја согледаат непристрасноста и одговорноста на науката“, напиша министерот за здравство. Коча увери дека „мерките како што се масовна кампања за вакцинација или затворање никогаш нема да се спроведат“, а борбата против Ковид-19 „ќе се води како борбата против грипот“.  

The post Лекарите во Турција бараат враќање на мерките за заштита од Kовид appeared first on Република.

]]>
Владата со мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-merki-i-preporaki-za-zashtita-na-graganite-od-visokite-temperaturi/ Wed, 12 Jul 2023 11:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=660436

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки.

Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.

Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:
Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;
Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a
Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Согласно добиените информации, Владата одлучи:
Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;
Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;
Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните.

The post Владата со мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки. Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза. Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. Согласно усвоеното, Владата препорачува: Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Согласно добиените информации, Владата одлучи: Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките; Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници; Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување. Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните.

The post Владата со мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Состојбата на северот на Косово на тенок лед, подготвени сме на решителни мерки ако не дојде до смирување на ситуацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-sostojbata-na-severot-na-kosovo-na-tenok-led-podgotveni-sme-na-reshitelni-merki-ako-ne-dojde-do-smiruvane-na-situatsijata/ Sat, 03 Jun 2023 18:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=647492

Состојбата на северот на Косово на тенок лед. 27-те земји-членки на Унијата преку писмено соопштение порачаа дека неуспехот во смирувањето на ситуацијата ќе има негативни последици, а Европската Унија е подготвена да спроведе решителни мерки

- Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било понатамошни некоординирани дејствија. Потребно е итно враќање на мирот.

Новоизбраните градоначалници, се додава, своите должности привремено треба да ги извршуваат во други простории и покрај општинските згради.Распишување на нови предвремени локални избори во четирите општини на северот на Косово е исто така едно од барањата наведени во соопштението, на кои од Унијата очекуваат да учествуваат и локалните Срби, кои се мнозинско население во општините.

И САД се загрижени и бараат Србија да ја повлече војската. Белата куќа соопшти дека првиот заменик советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Финер разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Притисокот врз Белград и Приштина за решавање на спорот се засилува. Следната недела специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ќе ја посетат Приштина.

Турското Министерство за одбрана информираше дека Турција планира да испрати командоси во Косово во недела и понеделник како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на Алијансата КФОР.

The post ЕУ: Состојбата на северот на Косово на тенок лед, подготвени сме на решителни мерки ако не дојде до смирување на ситуацијата appeared first on Република.

]]>

Состојбата на северот на Косово на тенок лед. 27-те земји-членки на Унијата преку писмено соопштение порачаа дека неуспехот во смирувањето на ситуацијата ќе има негативни последици, а Европската Унија е подготвена да спроведе решителни мерки - Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било понатамошни некоординирани дејствија. Потребно е итно враќање на мирот. Новоизбраните градоначалници, се додава, своите должности привремено треба да ги извршуваат во други простории и покрај општинските згради.Распишување на нови предвремени локални избори во четирите општини на северот на Косово е исто така едно од барањата наведени во соопштението, на кои од Унијата очекуваат да учествуваат и локалните Срби, кои се мнозинско население во општините. И САД се загрижени и бараат Србија да ја повлече војската. Белата куќа соопшти дека првиот заменик советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Финер разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Притисокот врз Белград и Приштина за решавање на спорот се засилува. Следната недела специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ќе ја посетат Приштина. Турското Министерство за одбрана информираше дека Турција планира да испрати командоси во Косово во недела и понеделник како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на Алијансата КФОР.

The post ЕУ: Состојбата на северот на Косово на тенок лед, подготвени сме на решителни мерки ако не дојде до смирување на ситуацијата appeared first on Република.

]]>
Си терале по свое: Четири маркети не ги почитувале владините одлуки за замрзнување на цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/si-terale-po-svoe-chetiri-marketi-ne-gi-pochituvale-vladinite-odluki-za-zamrznuvane-na-tsenite/ Sat, 18 Mar 2023 14:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=621013

Од изршени над 250 надзори, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврди дека четири субјекти не ги почитувале последните одлуки на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, станува збор за економски субјект во Охрид, кој продавал леб по цена повисока од онаа утврдената во одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, како и за три економски субјекти од Охрид, Битола и Кичево, кои не ја почитувале одлуката за намалување на цените на тестенините и млечните производи.

По стапување во сила на последната одлука, односно во последните два дена, се извршени над 250 надзори на цела територија. Од надзорите е констатирано дека одлуките се почитуваат, освен кај четири економски субјекти, за кои се изречени прекршочни платни налози во вредност од над 1 120 000 денари - изјави Трајковски.

Тој изрази уверување дека инспекторатот работи со својот полн капацитет и врши надзор на територија на цела држава.

Добро е што се донесоа ваквите одлуки затоа што тие се пред се за доброто на граѓаните, но трговците не треба да чекаат да се донесат одлуки, па да намалуваат цени, апелирам онаму каде што има можност да ги намалат цените и на другите производи кои се неопходни за граѓаните. Во време на криза потребна е солидарност, а не профитерство - рече тој.

Трајковски порача дека инспекторатот останува на терен да следи дали се постапува согласно Одлуките на Владата.

Неколку пати апелирав, ќе кажам и сега, да се усогласат цените со одлуките, затоа што секое прекршување на одлуките и законите ќе се казнува, а казните се високи. Дали станува збор за голем познат маркет или локален, тоа не игра никаква улога пред законот сите сме исти - подвлече Трајковски.

Освен замрзнатите цени на лебот, тестенините и млечните производи, се очекува од идната недела да се направат анализи со што ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јајцата и оризот.

The post Си терале по свое: Четири маркети не ги почитувале владините одлуки за замрзнување на цените appeared first on Република.

]]>

Од изршени над 250 надзори, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврди дека четири субјекти не ги почитувале последните одлуки на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, станува збор за економски субјект во Охрид, кој продавал леб по цена повисока од онаа утврдената во одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, како и за три економски субјекти од Охрид, Битола и Кичево, кои не ја почитувале одлуката за намалување на цените на тестенините и млечните производи.
По стапување во сила на последната одлука, односно во последните два дена, се извршени над 250 надзори на цела територија. Од надзорите е констатирано дека одлуките се почитуваат, освен кај четири економски субјекти, за кои се изречени прекршочни платни налози во вредност од над 1 120 000 денари - изјави Трајковски.
Тој изрази уверување дека инспекторатот работи со својот полн капацитет и врши надзор на територија на цела држава.
Добро е што се донесоа ваквите одлуки затоа што тие се пред се за доброто на граѓаните, но трговците не треба да чекаат да се донесат одлуки, па да намалуваат цени, апелирам онаму каде што има можност да ги намалат цените и на другите производи кои се неопходни за граѓаните. Во време на криза потребна е солидарност, а не профитерство - рече тој.
Трајковски порача дека инспекторатот останува на терен да следи дали се постапува согласно Одлуките на Владата.
Неколку пати апелирав, ќе кажам и сега, да се усогласат цените со одлуките, затоа што секое прекршување на одлуките и законите ќе се казнува, а казните се високи. Дали станува збор за голем познат маркет или локален, тоа не игра никаква улога пред законот сите сме исти - подвлече Трајковски.
Освен замрзнатите цени на лебот, тестенините и млечните производи, се очекува од идната недела да се направат анализи со што ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јајцата и оризот.

The post Си терале по свое: Четири маркети не ги почитувале владините одлуки за замрзнување на цените appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Цените се намалуваат – мерките на Владата даваат резултат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-tsenite-se-namaluvaat-merkite-na-vladata-davaat-rezultat/ Sun, 22 Jan 2023 17:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=599660

Јас се согласувам со граѓаните дека цените се зголемени во 2022 година, но оваа година тие се намалуваат, вели за Детектор, Министерот за економија Крешник Бектеши.

Цените веќе се стабилизираат. Има намалување на цените. Кога кажуваме намалување, за да бидам коректен, ние ги споредуваме со цените кои нагло се зголемија во јули, август и септември. Сега ние да бидеме некоректни кон граѓаните, ќе излеземе после 2 месеци и ќе кажеме дека имаме големо намалување на прехранбените производи затоа што и ќе ги споредиме со месеците од претходната година каде што има нагло зголемување. Ние како Влада носиме политики, мерки за да го стабилизираме пазарот. Дали ние можеме да влијаеме на цените на увоз надвор од државата, на тоа не може да влијаеме,  вели Бектеши оправдувајќи ги се уште високите цени на некои основни прехрамбени производи.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во Македонија лани цените на прехранбените производи се зголемиле за околу 40% додека годишната стапка на инфлација изнесува 14,2%.

The post Бектеши: Цените се намалуваат – мерките на Владата даваат резултат appeared first on Република.