мерки ковид 19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merki-kovid-19/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 08:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерки ковид 19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merki-kovid-19/ 32 32 Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchenitsite-vo-grtsija-se-vrakaat-vo-uchilishnite-klupi-so-preventivni-merki-za-zashtita-od-kovid-19/ Mon, 08 Jan 2024 09:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=730776

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ во петокот објавија упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал, со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции во училиштата.

Од Националната организација за јавно здравје апелираат до учениците и наставниците да се придржуваат до основните мерки како што се редовно миење раце, добро проветрување на училниците, одржување растојание, кашлање и кивање во лактот или во марамче итн.

Посочуваат дека доколку некој од учениците има симптоми на респираторна инфекција (болки во грлото, кашлица, течење на носот) или има позитивен резултат од Ковид тест или тест за грип се препорачува да остане дома и да ги ограничи контактите со други луѓе.

Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје објавен во четвртокот, во периодот од 25 до 31 декември, „значително е зголемена позитивноста кај сите тестирани примероци во однос на претходната седмица“, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно.

Хоспитализиран бил еден.

818 лица, за 44 отсто повеќе од просекот во изминатите четири седмици, зголемен е бројот и на пациентите приклучени на апарати, а намалување има на бројот на починати од Ковид-19, вкупно 57, наспроти 62 лица минатата седмица.

The post Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ во петокот објавија упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал, со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции во училиштата. Од Националната организација за јавно здравје апелираат до учениците и наставниците да се придржуваат до основните мерки како што се редовно миење раце, добро проветрување на училниците, одржување растојание, кашлање и кивање во лактот или во марамче итн. Посочуваат дека доколку некој од учениците има симптоми на респираторна инфекција (болки во грлото, кашлица, течење на носот) или има позитивен резултат од Ковид тест или тест за грип се препорачува да остане дома и да ги ограничи контактите со други луѓе. Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје објавен во четвртокот, во периодот од 25 до 31 декември, „значително е зголемена позитивноста кај сите тестирани примероци во однос на претходната седмица“, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно. Хоспитализиран бил еден. 818 лица, за 44 отсто повеќе од просекот во изминатите четири седмици, зголемен е бројот и на пациентите приклучени на апарати, а намалување има на бројот на починати од Ковид-19, вкупно 57, наспроти 62 лица минатата седмица.

The post Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Kовид-бројките растат, нови мерки нема https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kovid-brojkite-rastat-novi-merki-nema/ Thu, 30 Jun 2022 06:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=521367

Согласно податоците што ги соопшти вчера Комисијата за заразни болести, забележан е раст на бројот на позитивните случаи на КОВИД-19 во земјава за 65 проценти, но истовремено нема зголемување на бројот на хоспитализации, со што беше утврдено дека нема потреба од дополнителни мерки.

Во текот на вчерашниот ден, Институтот за јавно здравје соопшти дека на 1261 тестирањe регистрирани се нови 148 случаи на КОВИД-19, од кои 40 се реинфекции. Оздравени се 45 пациенти и нема пријавено починати лица за изминатото деноноќие, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, евидентиран е 84-годишен пациент од Скопје кој починал на 27 јуни 2022 во болнички услови.

Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Засега, како што соопшти КЗБ во сила останува само обврската за задолжително носење маски во
здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Зголемен број на позитивни лица на коронавирусот е забележан во регионот и Европа. Во Хрватска вчера се регистрирани 1.197 нови случаи, а починато е едно лице. Зголемен број на случаи има и во Албанија и Грција.

Директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон изјави дека зголемениот број на нови случаи се должи на олабавувањето на мерките, но и со падот на имунитетот на луѓето.

-Европа минува низ седмиот бран на КОВИД-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции, рече Алисон.

Советот на Европската Унија даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година. Оваа регулатива ќе обезбеди патниците од ЕУ и трети земји поврзани со системот да можат да го користат дигиталниот сертификат за патување во Унијата во земјите-членки каде што се потребни тие сертификати.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 313.856 од направени 2.080.874 тестирања. Бројот на оздравени пациенти е 303.783, починале 9323, а активни случаи има 750.

Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје – 452. Валандово, Виница, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран немаат активни случаи на КОВИД-19.

 

 

The post Kовид-бројките растат, нови мерки нема appeared first on Република.

]]>

Согласно податоците што ги соопшти вчера Комисијата за заразни болести, забележан е раст на бројот на позитивните случаи на КОВИД-19 во земјава за 65 проценти, но истовремено нема зголемување на бројот на хоспитализации, со што беше утврдено дека нема потреба од дополнителни мерки. Во текот на вчерашниот ден, Институтот за јавно здравје соопшти дека на 1261 тестирањe регистрирани се нови 148 случаи на КОВИД-19, од кои 40 се реинфекции. Оздравени се 45 пациенти и нема пријавено починати лица за изминатото деноноќие, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, евидентиран е 84-годишен пациент од Скопје кој починал на 27 јуни 2022 во болнички услови. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега, како што соопшти КЗБ во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Зголемен број на позитивни лица на коронавирусот е забележан во регионот и Европа. Во Хрватска вчера се регистрирани 1.197 нови случаи, а починато е едно лице. Зголемен број на случаи има и во Албанија и Грција. Директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон изјави дека зголемениот број на нови случаи се должи на олабавувањето на мерките, но и со падот на имунитетот на луѓето. -Европа минува низ седмиот бран на КОВИД-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции, рече Алисон. Советот на Европската Унија даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година. Оваа регулатива ќе обезбеди патниците од ЕУ и трети земји поврзани со системот да можат да го користат дигиталниот сертификат за патување во Унијата во земјите-членки каде што се потребни тие сертификати. Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 313.856 од направени 2.080.874 тестирања. Бројот на оздравени пациенти е 303.783, починале 9323, а активни случаи има 750. Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје – 452. Валандово, Виница, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран немаат активни случаи на КОВИД-19.    

The post Kовид-бројките растат, нови мерки нема appeared first on Република.

]]>