мерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merka/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 14:40:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/merka/ 32 32 Има можност за акции, но дали тоа го знаат трговците: Според Бектеши мерката за замрзнување на цените дава одлични резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ima-mozhnost-za-aktsii-no-dali-toa-go-znaat-trgovtsite-spored-bekteshi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-dava-odlichni-rezultati/ Thu, 26 Oct 2023 14:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=695317

Мерката за замрзнување на цените на производите до 30 ноември годинава е одлична мерка што дава резултати и е поддржана од страна на потрошувачите, а податоците и анализите што ги имаме за нејзиното спроведување даваат простор да се продолжи до крајот на годинава за да нема нарушување на пазарот во декември кога има поголема потрошувачка, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На денешниот настан ќе имаме можност отворено и транспарентно да дискутираме за тоа со стопанските комори и со чинителите. Очекуваме нивни сугестии како да се подобрат мерките и да бидат во насока на намалување на цените. Според моменталните податоци и анализи мерката најверојатно ќе продолжи до крајот на годината, изјави Бектеши пред почетокот на Деветтиот FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг.

Прашан дали мерката може да се коригира во делот на промоциите и акциите како што бараат стопанствениците, Бектеши рече дека и сега може да се прават акции и промоции.

Колку што сум информиран и со постојната мерка имаат можност да прават акции и промоции само што во делот на производите кои се означени со „гарантирана цена“ треба да го наведат фактот дека тоа е дополнително намалување, а не е акција заради истек на рок за да биде јасно за потрошувачите. Доколку, пак, е акција за ради истек на рок и тоа јасно, прецизно и концизно треба да биде наведено за да не се стават во заблуда потрошувачите и граѓаните - прецизира Бектеши.

Комерцијалниот директор на фабриката за кондиторски производи „Лион“ Свети Николе, Никица Павлоски, пак, посочи дека со одлуката на Владата за замрзнувањето на цените фирмите бележат пад на продажбата од 20 до 30 проценти, а како проблем кој дополнително ја отежнува ситуацијата ја посочи забраната за акции и промоции заедно со покачувањето на стапката на ДДВ за некои производи.

Граѓаните со години се научени да купуваат производи на промоција. Сега промоциите се забранети, а дел од производите се покачени со покачувањето на ДДВ-то. Очекувам Владата да ја прекине одлуката барем во делот на промоциите, а за замрзнатите цени не можам да кажам бидејќи ние немаме производи од референтната листа. Секаде во регионот промоциите и акциите функционираат иако има замрзнати цени - изјави Павлоски.

Препорача промоциите и акциите да продолжат и кај нас и за тоа да се најде некој заеднички механизам меѓу Владата, производителите и трговците.

Доколку сакаат по секоја цена да ги намалуваат цените на производите тогаш треба да разговараме во делот на суровините. Ние сме увозна земја, ги увезуваме сите суровини и немаме свое производство. Затоа ни треба долгорочна стратегија како да најдеме поевтини суровини - рече Павлоски.

The post Има можност за акции, но дали тоа го знаат трговците: Според Бектеши мерката за замрзнување на цените дава одлични резултати appeared first on Република.

]]>

Мерката за замрзнување на цените на производите до 30 ноември годинава е одлична мерка што дава резултати и е поддржана од страна на потрошувачите, а податоците и анализите што ги имаме за нејзиното спроведување даваат простор да се продолжи до крајот на годинава за да нема нарушување на пазарот во декември кога има поголема потрошувачка, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. На денешниот настан ќе имаме можност отворено и транспарентно да дискутираме за тоа со стопанските комори и со чинителите. Очекуваме нивни сугестии како да се подобрат мерките и да бидат во насока на намалување на цените. Според моменталните податоци и анализи мерката најверојатно ќе продолжи до крајот на годината, изјави Бектеши пред почетокот на Деветтиот FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг. Прашан дали мерката може да се коригира во делот на промоциите и акциите како што бараат стопанствениците, Бектеши рече дека и сега може да се прават акции и промоции.
Колку што сум информиран и со постојната мерка имаат можност да прават акции и промоции само што во делот на производите кои се означени со „гарантирана цена“ треба да го наведат фактот дека тоа е дополнително намалување, а не е акција заради истек на рок за да биде јасно за потрошувачите. Доколку, пак, е акција за ради истек на рок и тоа јасно, прецизно и концизно треба да биде наведено за да не се стават во заблуда потрошувачите и граѓаните - прецизира Бектеши.
Комерцијалниот директор на фабриката за кондиторски производи „Лион“ Свети Николе, Никица Павлоски, пак, посочи дека со одлуката на Владата за замрзнувањето на цените фирмите бележат пад на продажбата од 20 до 30 проценти, а како проблем кој дополнително ја отежнува ситуацијата ја посочи забраната за акции и промоции заедно со покачувањето на стапката на ДДВ за некои производи.
Граѓаните со години се научени да купуваат производи на промоција. Сега промоциите се забранети, а дел од производите се покачени со покачувањето на ДДВ-то. Очекувам Владата да ја прекине одлуката барем во делот на промоциите, а за замрзнатите цени не можам да кажам бидејќи ние немаме производи од референтната листа. Секаде во регионот промоциите и акциите функционираат иако има замрзнати цени - изјави Павлоски.
Препорача промоциите и акциите да продолжат и кај нас и за тоа да се најде некој заеднички механизам меѓу Владата, производителите и трговците.
Доколку сакаат по секоја цена да ги намалуваат цените на производите тогаш треба да разговараме во делот на суровините. Ние сме увозна земја, ги увезуваме сите суровини и немаме свое производство. Затоа ни треба долгорочна стратегија како да најдеме поевтини суровини - рече Павлоски.

The post Има можност за акции, но дали тоа го знаат трговците: Според Бектеши мерката за замрзнување на цените дава одлични резултати appeared first on Република.

]]>
Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-doktorot-koj-gi-izvadi-organite-na-rodilkata-poroduval-zheni-na-tsrno/ Thu, 02 Feb 2023 09:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=603680

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.

Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат - вели Веапоска за „Макфакс“.

Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.

Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа - додава родилката.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност.

Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.

The post Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ appeared first on Република.

]]>

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.
Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат - вели Веапоска за „Макфакс“.
Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.
Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа - додава родилката.
Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност. Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.