мерил стрип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meril-strip/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 06:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мерил стрип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meril-strip/ 32 32 Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице: Мерил Стрип за Златната палма на Канскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/mnogu-sum-srekna-shto-ne-ste-umorni-od-moeto-litse-meril-strip-za-zlatnata-palma-na-kanskiot-filmski-festival/ Sun, 19 May 2024 06:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=779695

Холивудската ѕвезда, Мерил Стрип, ја доби почесната Златна палма на 77. Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“.

Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, истакна француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.

 

Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, одговори Мерил Стрип.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма добија и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседателка на жирито беше Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

The post Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице: Мерил Стрип за Златната палма на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Холивудската ѕвезда, Мерил Стрип, ја доби почесната Златна палма на 77. Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“.
Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, истакна француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.
 
Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, одговори Мерил Стрип.
Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма добија и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки. Претседателка на жирито беше Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

The post Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице: Мерил Стрип за Златната палма на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Жилиет Бинош се расплака кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на Мерил Стрип во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zhiliet-binosh-se-rasplaka-koga-ja-dodeli-pochesnata-zlatna-palma-na-meril-strip-vo-kan/ Wed, 15 May 2024 09:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=778225

„Вие сте меѓународно богатство“, ѝ кажа француската актерка Жилиет Бинош на американската колешка Мерил Стрип кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на стартот на престижниот Филмски фестивал кој почна синоќа во Кан.

Бинош (60) се расплака додека зборуваше за влијанието на Стрип, повикувајќи се на некои од нејзините класични улоги, вклучувајќи ги „Холокауст“ од 1978 година, „Крамер против Крамер“ од 1979 година и „Изборот на Софи“ од 1982 година, меѓу другите.

Изградивте неизбришливо место за себе во историјата на кинематографијата. Она што можев да го почувствувам додека ги гледав вашите филмови е дека мора да ги исполните своите соништа, нашите соништа и пошироко. Вие го менувате начинот на кој гледаме на жените, а исто така ни помогнавте поинаку да гледаме на себе, ѝ рече Бинош на Стрип на сцената.

Холивудската легенда и повеќекратна оскаровка Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на стартот на престижниот Филмски фестивал во во Кан.

Годинешното издание на Канскиот фестивал ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма се во официјалната конкуренција за „Златна палма“.

Покрај Стрип, оваа година почесна „Златна палма“ ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно студиото „Gibli“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Филмскиот фестивал во Кан официјално започна во вторникот вечерта кога славните личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот „Grand Theatre Lumiere“.

На актерската екипа на француската комедија и воведниот филм на фестивалот „Вториот чин“ се приклучи и годинашното жири предводено од американската режисерка Грета Гервиг, чиј филмски хит „Барби“ заработи повеќе од милијарда долари.

The post Жилиет Бинош се расплака кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на Мерил Стрип во Кан appeared first on Република.

]]>

„Вие сте меѓународно богатство“, ѝ кажа француската актерка Жилиет Бинош на американската колешка Мерил Стрип кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на стартот на престижниот Филмски фестивал кој почна синоќа во Кан. Бинош (60) се расплака додека зборуваше за влијанието на Стрип, повикувајќи се на некои од нејзините класични улоги, вклучувајќи ги „Холокауст“ од 1978 година, „Крамер против Крамер“ од 1979 година и „Изборот на Софи“ од 1982 година, меѓу другите.
Изградивте неизбришливо место за себе во историјата на кинематографијата. Она што можев да го почувствувам додека ги гледав вашите филмови е дека мора да ги исполните своите соништа, нашите соништа и пошироко. Вие го менувате начинот на кој гледаме на жените, а исто така ни помогнавте поинаку да гледаме на себе, ѝ рече Бинош на Стрип на сцената.
Холивудската легенда и повеќекратна оскаровка Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на стартот на престижниот Филмски фестивал во во Кан. Годинешното издание на Канскиот фестивал ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма се во официјалната конкуренција за „Златна палма“. Покрај Стрип, оваа година почесна „Златна палма“ ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно студиото „Gibli“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки. Филмскиот фестивал во Кан официјално започна во вторникот вечерта кога славните личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот „Grand Theatre Lumiere“. На актерската екипа на француската комедија и воведниот филм на фестивалот „Вториот чин“ се приклучи и годинашното жири предводено од американската режисерка Грета Гервиг, чиј филмски хит „Барби“ заработи повеќе од милијарда долари.

The post Жилиет Бинош се расплака кога ѝ ја додели почесната „Златна палма“ на Мерил Стрип во Кан appeared first on Република.

]]>
Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochesna-zlatna-palma-za-meril-strip-na-kanskiot-filmski-festival/ Thu, 02 May 2024 20:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=773554

Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

The post Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите. Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал. Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година. Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“. Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки. Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

The post Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Мерил Стрип заработила огромни пари за појавување во овој филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/meril-strip-zarabotila-ogromni-pari-za-pojavuvane-vo-ovoj-film/ Sun, 07 Jan 2024 14:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=730133

Холивудската ветеранка Мерил Стрип е една од најплатените актерки на денешницата, што и не е толку чудно со оглед на бројните успешни филмови во кои таа глуми.

Но, еден филм, во кој Мерил Стрип се појавува околу пет минути, ѝ донесе заработка од три милиони долари. Станува збор за продолжението на огромниот хит во светот на мјузиклот, филмот „Mamma Mia! Here We Go Again“ од 2018 година.

Мерил Стрип во филмот „Мама миа“, кој е инспириран од песните на шведската група АББА, на публиката ѝ се претстави во 2008 година во улогата на Дона Шеридан.

Овој филм заработил дури 585 милиони долари од продажбата на билети за кино.

Стрип за нејзината улога во хит филмот заработила 7,5 милиони долари.

Од вкупно 114 минути, колку што трае вториот дел, познатата актерка се појавува само во пет минути од филмот, најмногу во сцената на крштевањето на нејзината внука.

 

The post Мерил Стрип заработила огромни пари за појавување во овој филм appeared first on Република.

]]>

Холивудската ветеранка Мерил Стрип е една од најплатените актерки на денешницата, што и не е толку чудно со оглед на бројните успешни филмови во кои таа глуми. Но, еден филм, во кој Мерил Стрип се појавува околу пет минути, ѝ донесе заработка од три милиони долари. Станува збор за продолжението на огромниот хит во светот на мјузиклот, филмот „Mamma Mia! Here We Go Again“ од 2018 година. Мерил Стрип во филмот „Мама миа“, кој е инспириран од песните на шведската група АББА, на публиката ѝ се претстави во 2008 година во улогата на Дона Шеридан. Овој филм заработил дури 585 милиони долари од продажбата на билети за кино. Стрип за нејзината улога во хит филмот заработила 7,5 милиони долари. Од вкупно 114 минути, колку што трае вториот дел, познатата актерка се појавува само во пет минути од филмот, најмногу во сцената на крштевањето на нејзината внука.  

The post Мерил Стрип заработила огромни пари за појавување во овој филм appeared first on Република.

]]>
Мерил Стрип и сопругот веќе шест години не живеат заедно https://arhiva3.republika.mk/scena/film/meril-strip-i-soprugot-veke-shest-godini-ne-zhiveat-zaedno/ Sat, 21 Oct 2023 14:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=693653

74-годишната Оскаровска, Мерил Стрип и прославениот 74-годишен скулптор Дон Гамер се разделени повеќе од шест години, потврди во ексклузивната изјава за Page Six, портпаролот на Стрип.

Парот последен пат беше виден заедно на Оскарите во 2018 година.

Двојката има четири деца: кантавторот Хенри Волф (43) и актерките Меми Гамер (40), Грејс Гамер (37) и Луиза Џејкобсон (30), кои ги израснаа на нивниот имот во Конектикат во мирниот, историски град Солсбери. Имаат и пет внуци. Нивниот син Хенри има две деца со сопругата Тамрин Сторм Хокер, а Меми има две деца со сопругот Мехар Сети.

Двојката често беше присутна на доделувањето на Оскарите заедно бидејќи Мерил Стрип беше номинирана за рекордни 21 Оскар, освојувајќи три статуетки.

The post Мерил Стрип и сопругот веќе шест години не живеат заедно appeared first on Република.

]]>

74-годишната Оскаровска, Мерил Стрип и прославениот 74-годишен скулптор Дон Гамер се разделени повеќе од шест години, потврди во ексклузивната изјава за Page Six, портпаролот на Стрип. Парот последен пат беше виден заедно на Оскарите во 2018 година. Двојката има четири деца: кантавторот Хенри Волф (43) и актерките Меми Гамер (40), Грејс Гамер (37) и Луиза Џејкобсон (30), кои ги израснаа на нивниот имот во Конектикат во мирниот, историски град Солсбери. Имаат и пет внуци. Нивниот син Хенри има две деца со сопругата Тамрин Сторм Хокер, а Меми има две деца со сопругот Мехар Сети. Двојката често беше присутна на доделувањето на Оскарите заедно бидејќи Мерил Стрип беше номинирана за рекордни 21 Оскар, освојувајќи три статуетки.

The post Мерил Стрип и сопругот веќе шест години не живеат заедно appeared first on Република.

]]>