Мери Брнз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meri-brnz/ За подобро да се разбереме Mon, 16 May 2022 15:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мери Брнз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/meri-brnz/ 32 32 Средба Грковска – Брнз: САД дава целосна поддршка во процесот на дигитална трансформација на општеството, тоа е предуслов за отчетни и ефикасни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-grkovska-brnz-sad-dava-celosna-poddrshka-vo-procesot-na-digitalna-transformacija-na-opshtestvoto-toa-e-preduslov-za-otchetni-i-efikasni-institucii/ Mon, 16 May 2022 15:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=502999

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.

На средбата се разговараше за дигиталната трансформација на општеството, креирањето на ефикасни антикорупциски политики, како и за потребата од стандардизација и оптимизација на процесите, реформи на кои интензивно работи Кабинетот задолжен за креирање на добри политики, предводен од вицепремиерката Грковска.

Упатувајќи искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава, вицепремиерката Грковска ја информираше амбасадорката Брнз за процесот на подготовка на повеќе антикорупциски политики кои се координираат со повеќе институции. Истовремено на состанокот вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.

Амбасадорката Брнз нагласи дека дигитализацијата е неизбежна за секое општество и токму затоа колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции. Таа додаде дека е многу важно, при процесот на дигитализација на институциите и јавните услуги, да се има координиран пристап.

Да се има план за процесот на дигитализација кој ќе биде координиран и ќе ги обедини процесите во сите министерства, зошто поединечниот пристап не носи резултати, рече амбасадорката Брнз.

Двете соговорнички се согласија дека дигиталната трансформација на општеството е клучен елемент во процесот на креирање ефикасни политики против корупцијата, информираат од Влада.

The post Средба Грковска – Брнз: САД дава целосна поддршка во процесот на дигитална трансформација на општеството, тоа е предуслов за отчетни и ефикасни институции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз. На средбата се разговараше за дигиталната трансформација на општеството, креирањето на ефикасни антикорупциски политики, како и за потребата од стандардизација и оптимизација на процесите, реформи на кои интензивно работи Кабинетот задолжен за креирање на добри политики, предводен од вицепремиерката Грковска. Упатувајќи искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава, вицепремиерката Грковска ја информираше амбасадорката Брнз за процесот на подготовка на повеќе антикорупциски политики кои се координираат со повеќе институции. Истовремено на состанокот вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина. Амбасадорката Брнз нагласи дека дигитализацијата е неизбежна за секое општество и токму затоа колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции. Таа додаде дека е многу важно, при процесот на дигитализација на институциите и јавните услуги, да се има координиран пристап.
Да се има план за процесот на дигитализација кој ќе биде координиран и ќе ги обедини процесите во сите министерства, зошто поединечниот пристап не носи резултати, рече амбасадорката Брнз.
Двете соговорнички се согласија дека дигиталната трансформација на општеството е клучен елемент во процесот на креирање ефикасни политики против корупцијата, информираат од Влада.  

The post Средба Грковска – Брнз: САД дава целосна поддршка во процесот на дигитална трансформација на општеството, тоа е предуслов за отчетни и ефикасни институции appeared first on Република.

]]>
Брнз: Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brnz-namaluvanjeto-na-korupcijata-ja-zajaknuva-nacionalnata-bezbednost/ Fri, 08 Apr 2022 08:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=485191

Вашингтон гледа напредок во борбата против корупцијата во Македонија, особено во делот на транспарентноста и отчетноста. Сепак, како што изјави американската амбасадорка во земјава, останува уште многу работа која треба да се заврши. Корупцијата, според Кејт Брнз која настапи на регионален форум што се одржа во Скопје, има разни форми и може да се манифестира на сите нивоа – од најниско, до највисоко. Предупреди дека оваа појава има огромни последици врз стабилноста на секоја држава.

Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем поради корумпирани административци или коруптивни практики, тоа има негативен ефект врз општеството. Корупцијата води кон лажни, па дури и кон насилни наративи. Корупцијата ја еродира довербата на граѓаните во институциите. Белата куќа кажа дека антидемократските сили ја користат корупцијата како оружје за да ги искористат слабостите и поделбите меѓу слободните држави, изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

Слична е позицијата и на Брисел – дека подложноста на корупцијата во една земја ја отвора можноста за негативни надворешни влијанија.

Руската војна во Украина повеќе од кога било го потенцира значењето на отпорноста и на стабилните општества. Убедени сме дека доброто владеење и владеењето на правото, како и солидните демократски институции се клучни за општеството. Во ЕУ борбата против корупцијата е синоним за модел на општество кое ние го претставуваме и кон кое се стремиме. Централно е владеењето на правото врз кое нашата заедница се темели, рече Алан Џонс од Европската комисија.

Но, се слушнаа критики и на адреса на Унијата – дека недоволно ги поддржува антикорупциските политики, не само во регионот, туку и во одредени земји членки.

Треба да се зацврсти гласот против корупцијата. Но, ние такви гласови во регионот не гледаме. Такви лидери не само што не гледаме на Западен Балкан, туку не гледаме ниту во новите земји-членки на ЕУ. Би рекол дека не ги гледаме ниту во антикорупциската политика на Унијата што ја имавме во изминатите 10 години, вели Руслан Стефанов од Центарот за истражување на демократијата во Софија.

Во ланскиот извештај за земјава Европската комисија јасно побара зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена поддршка за надлежните тела и на обвинителството за гонење организиран криминал, како и носење повеќе пресуди во предмети за корупција на високо ниво.

The post Брнз: Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност appeared first on Република.