менувачници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/menuvachnici/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Jun 2023 07:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png менувачници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/menuvachnici/ 32 32 Уапсени нелегални менувачи на пари во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-nelegalni-menuvachi-na-pari-vo-strumitsa/ Wed, 07 Jun 2023 07:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=648683

Полицијата вчера уапси две лица од Струмица откако биле затекнати како со други лица вршат неовластено разменување парични средства.

Како што соопштија од СВР Струмица, од слобода се лишени М.А. (66) и М.Д.(67) од Струмица. Кај првиот полицијата пронашла и одзела различни валути во вкупна вредност од околу еден милион денари, а кај вториот околу 110.000 денари.

Од полицијата иноформираат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави заради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење.

Инаку, на неколку седници на Локалниот совет за превенција беше укажувано на проблемот со уличните менувачи на пари. Кон крајот на февруари оваа година, Советот заклучи надлежните инспекциски служби и полицијата да преземат дополнителни и поригорозни мерки за да нема нелегално менување пари на улица, туку тоа да се врши во банка или менувачница.

The post Уапсени нелегални менувачи на пари во Струмица appeared first on Република.

]]>

Полицијата вчера уапси две лица од Струмица откако биле затекнати како со други лица вршат неовластено разменување парични средства. Како што соопштија од СВР Струмица, од слобода се лишени М.А. (66) и М.Д.(67) од Струмица. Кај првиот полицијата пронашла и одзела различни валути во вкупна вредност од околу еден милион денари, а кај вториот околу 110.000 денари. Од полицијата иноформираат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави заради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење. Инаку, на неколку седници на Локалниот совет за превенција беше укажувано на проблемот со уличните менувачи на пари. Кон крајот на февруари оваа година, Советот заклучи надлежните инспекциски служби и полицијата да преземат дополнителни и поригорозни мерки за да нема нелегално менување пари на улица, туку тоа да се врши во банка или менувачница.

The post Уапсени нелегални менувачи на пари во Струмица appeared first on Република.

]]>
За првпат по речиси дваесет години: Доларот се изедначи со еврото во менувачниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-prvpat-po-rechisi-dvaeset-godini-dolarot-se-izednachi-so-evroto-vo-menuvachnicite/ Tue, 12 Jul 2022 08:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=527394

Според курсната листа на менувачниците во Македонија, доларот се изедначи со еврото, за првпат по речиси дваесет години. Пред почетокот на војната во Украина, во февруари годинава, доларот се разменуваше за 55 денари, додека денеска отприлика колку и еврото, околу 61,5 денари. Доларот денеска се изедначи на берзите во светот, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста од почетокот на годината.

На курсната листа на Народната банка според среден курс во денари, еврото изнесува 61.5381 денари, додека доларот 60.9409.

Во приватни менувачници продажниот курс на еврото и на доларот се изедначени, со разлика од половина денар од менувачница до менувачница, а во банките продажниот курс на доларот е и повисок во однос на еврото.

Ваквите движења на валутите внесоа загриженост на финансиските експерти кои сметаат дека е тоа лошо за заздравување на глобалната економија. Особено се смета дека состојбите ќе одат на полошо на европскиот континент.

The post За првпат по речиси дваесет години: Доларот се изедначи со еврото во менувачниците appeared first on Република.

]]>

Според курсната листа на менувачниците во Македонија, доларот се изедначи со еврото, за првпат по речиси дваесет години. Пред почетокот на војната во Украина, во февруари годинава, доларот се разменуваше за 55 денари, додека денеска отприлика колку и еврото, околу 61,5 денари. Доларот денеска се изедначи на берзите во светот, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста од почетокот на годината. На курсната листа на Народната банка според среден курс во денари, еврото изнесува 61.5381 денари, додека доларот 60.9409. Во приватни менувачници продажниот курс на еврото и на доларот се изедначени, со разлика од половина денар од менувачница до менувачница, а во банките продажниот курс на доларот е и повисок во однос на еврото. Ваквите движења на валутите внесоа загриженост на финансиските експерти кои сметаат дека е тоа лошо за заздравување на глобалната економија. Особено се смета дека состојбите ќе одат на полошо на европскиот континент.

The post За првпат по речиси дваесет години: Доларот се изедначи со еврото во менувачниците appeared first on Република.

]]>
Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dopolnitelen-zashtiten-mehanizam-menuvachnicite-kje-mozat-da-kupuvaat-evra-od-bankite/ Mon, 21 Mar 2022 14:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=476192

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката.

Сепак, оттаму нагласуваат дека според последните расположливи податоци, менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба.

Од НБ додаваат дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има.

Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи.

The post Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките appeared first on Република.

]]>

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката. Сепак, оттаму нагласуваат дека според последните расположливи податоци, менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба. Од НБ додаваат дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има. Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи.

The post Дополнителен заштитен механизам: Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Контролата на менувачниците на терен е засилена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-kontrolata-na-menuvachnicite-na-teren-e-zasilena/ Tue, 15 Mar 2022 12:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=473173

Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа, порачува гувернерката.

Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките - вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочува дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулантите кои сакаат да профитираат.

Таа истакнува дека домашната валута е стабилна, но и дека има доволни количини девизи на пазарот доколку некој сака да купи

The post Ангеловска-Бежоска: Контролата на менувачниците на терен е засилена appeared first on Република.

]]>

Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа, порачува гувернерката.
Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките - вели Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката посочува дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулантите кои сакаат да профитираат. Таа истакнува дека домашната валута е стабилна, но и дека има доволни количини девизи на пазарот доколку некој сака да купи

The post Ангеловска-Бежоска: Контролата на менувачниците на терен е засилена appeared first on Република.

]]>
„Дојдете за еден час, ќе има ама само до 500 евра“: Менувачници враќаат граѓани што сакаат да купат евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dojdete-za-eden-chas-kje-ima-ama-samo-do-500-evra-menuvachnici-vrakjaat-gragjani-shto-sakaat-da-kupat-evra/ Thu, 10 Mar 2022 07:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=470345

Дел од скопските менувачници се соочуваат со недостиг на евра по зголемената побарувачка во изминатите неколку дена, поради што воведоа и делумни ограничувања на сумата што може да се размени, враќајќи ги граѓаните што се обидуваат да се снабдат со европската валута, како што забележа екипа на „Нова Македонија“ при обиколката на неколку менувачници низ главниот град. Од Народна банка апелираат до граѓаните да не се водат според шпекулациите и лажните вести, нагласувајќи ја стабилноста на денарот која се должи и на девизните резерви од околу 3,4 милијарди евра.

Последниве три дена во попладневните часови не можам да најдам евра во менувачниците, за да купам. Сабајлево успеав во неколку менувачници, но максимум до 200 евра. Продажниот курс е шаренолик и се движи од 61,85 до 62 денари за евро. Во банка без провизија од сметката купив 200 евра за 61,8 денари, се пожали еден повозрасен скопјанец во изјава за „Нова Македонија“.

Новинарите посетија и контактираа со неколку сопственици на менувачници. Оттаму им велат дека од вчера граѓаните почнале помасовно да менуваат денари во евра, односно да купуваат евра.

Луѓето веројатно ги подигаат своите депозити од банките, па сега ги менуваат во евра. Има мал недостиг од евра, но до крајот на денот се ќе биде под контрола. Не знаеме зошто владее ваква паника меѓу граѓаните, кога денарот е стабилен, велат за весникот од менувачница која се наоѓа во центарот на Скопје.

И менувачница во населбата Аеродром го има истиот проблем. Укажуваат дека во моментот немаат евра и не можат да ги услужат граѓаните.

Дојдете за еден час, ќе има евра. Но, ако сакате да купите до 500 евра. За повеќе нема да имаме. Почекајте до утре, додаваат оттаму.

Повеќе на „Нова Македонија

The post „Дојдете за еден час, ќе има ама само до 500 евра“: Менувачници враќаат граѓани што сакаат да купат евра appeared first on Република.