ментално здрвје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mentalno-zdrvje/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 12:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ментално здрвје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mentalno-zdrvje/ 32 32 СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-i-unitsef-pochnaa-so-obuki-na-zheni-liderki-za-podignuvane-na-svesta-za-mentalnoto-zdravje-po-alarmantnite-podatotsi-za-osamenosta-na-tinejdherite/ Mon, 30 Oct 2023 12:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=696283

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.

Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема, соопштија од канцеларијата на СЗО во Македонија.

Обуката денеска беше организирана во хотел „Солун“ во Скопје и како што велат, е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини.

Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години.

Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.

Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.

Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.

Според Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македониа, преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во ранливите ситуации.

Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина, смета ДиЏовани.

Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.

Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина!, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.

The post СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.
Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема, соопштија од канцеларијата на СЗО во Македонија.
Обуката денеска беше организирана во хотел „Солун“ во Скопје и како што велат, е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини. Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години. Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година. Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.