менталитет на жртва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mentalitet-na-zhrtva/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Apr 2023 20:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png менталитет на жртва Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mentalitet-na-zhrtva/ 32 32 Што е менталитет на жртва и како да препознаеме кај себе дали ја имаме оваа состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/shto-e-mentalitet-na-zhrtva-i-kako-da-prepoznaeme-kaj-sebe-dali-ja-imame-ovaa-sostojba/ Sat, 22 Apr 2023 19:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=633095

Постојат луѓе кои постојано се чувствувате како да немаат контрола врз ситуациите кои се случуваат во нивниот живот или мислат дека во животот секогаш им се случуваат лоши работи, без оглед на тоа што и да направт.

Ако и вие се наоѓате себеси во ситуација често да ги обвинувате другите за тоа што се случува во вашиот живот, тогаш големи се шансите дека се соочувате со состојбата наречена менталитет на жртва.

Луѓето кои „страдаат“ од ваквиот феномен постојано мислат дека другите се одговорни за нивната среќа или несреќа, а често веруваат и дека тие самите не можат да направат ништо за да го променат својот живот. Тој најчесто се појавува кај оние луѓе кои се соочиле со лош период во животот или пак имале некаква траума, но во тој период немале соодветни стратегии, помош или механизми со кои би можеле да се справат со таквата ситуација.

Треба да се истакне дека луѓето кои го имаат менталитетот на жртва често одбиваат да преземат одговорност или да ја примат поддршката од другите кои можеби доаѓаат кај нив со одредени решенија.

Сепак, постојат одредени показатели преку кои може да се забележи дали постои ваквиот менталитет кај вас.

Постојано размислувате дека лошите работи ви се случуваат само вам и тие ќе продолжат дави се случуваат.

Ги обвинувате другите за она што се случува во вашиот живот.

Тешко ви е да се соочите со проблемите и да размислите за евентуални решенија, тоа ви изгледа невозможно.

Имате негативен став кон секоја нова работа во вашиот живот.

Кога некој се обидува да ви помогне, вие се лутите.

Се чувствувате како да ви недостасува поддршка од другите луѓе.

Мислите дека другите треба да го препознаат и потврдат тоа дека сте жртва.

Иако е разбирливо зошто се чувствувате така, важно е да преземете активни чекори како да го промените своето однесување.

Ако другите луѓе ви нудат помош или совети, послушајте ги, наместо да очајувајте дека вашата состојба никогаш нема да се промени. Не си дозволувајте да се самосожалувате, туку малку по малку, чекор по чекор, дајте си сила и кажете си себеси дека можете. Не е лесно, но не е и невозможно.

Вистината е дека животот никогаш не престанува да ни носи проблеми и животни предизвици. Секој од нас има свој пат кој е различен, но наше е да го земеме најдоброто од она што го имаме и со позитивен став да се обидеме да го живееме животот кој и онака е прекраток.

The post Што е менталитет на жртва и како да препознаеме кај себе дали ја имаме оваа состојба appeared first on Република.

]]>

Постојат луѓе кои постојано се чувствувате како да немаат контрола врз ситуациите кои се случуваат во нивниот живот или мислат дека во животот секогаш им се случуваат лоши работи, без оглед на тоа што и да направт. Ако и вие се наоѓате себеси во ситуација често да ги обвинувате другите за тоа што се случува во вашиот живот, тогаш големи се шансите дека се соочувате со состојбата наречена менталитет на жртва. Луѓето кои „страдаат“ од ваквиот феномен постојано мислат дека другите се одговорни за нивната среќа или несреќа, а често веруваат и дека тие самите не можат да направат ништо за да го променат својот живот. Тој најчесто се појавува кај оние луѓе кои се соочиле со лош период во животот или пак имале некаква траума, но во тој период немале соодветни стратегии, помош или механизми со кои би можеле да се справат со таквата ситуација. Треба да се истакне дека луѓето кои го имаат менталитетот на жртва често одбиваат да преземат одговорност или да ја примат поддршката од другите кои можеби доаѓаат кај нив со одредени решенија. Сепак, постојат одредени показатели преку кои може да се забележи дали постои ваквиот менталитет кај вас. Постојано размислувате дека лошите работи ви се случуваат само вам и тие ќе продолжат дави се случуваат. Ги обвинувате другите за она што се случува во вашиот живот. Тешко ви е да се соочите со проблемите и да размислите за евентуални решенија, тоа ви изгледа невозможно. Имате негативен став кон секоја нова работа во вашиот живот. Кога некој се обидува да ви помогне, вие се лутите. Се чувствувате како да ви недостасува поддршка од другите луѓе. Мислите дека другите треба да го препознаат и потврдат тоа дека сте жртва. Иако е разбирливо зошто се чувствувате така, важно е да преземете активни чекори како да го промените своето однесување. Ако другите луѓе ви нудат помош или совети, послушајте ги, наместо да очајувајте дека вашата состојба никогаш нема да се промени. Не си дозволувајте да се самосожалувате, туку малку по малку, чекор по чекор, дајте си сила и кажете си себеси дека можете. Не е лесно, но не е и невозможно. Вистината е дека животот никогаш не престанува да ни носи проблеми и животни предизвици. Секој од нас има свој пат кој е различен, но наше е да го земеме најдоброто од она што го имаме и со позитивен став да се обидеме да го живееме животот кој и онака е прекраток.

The post Што е менталитет на жртва и како да препознаеме кај себе дали ја имаме оваа состојба appeared first on Република.

]]>