менде куновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mende-kunovski/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 11:28:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png менде куновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mende-kunovski/ 32 32 Слушнете ја „Мастило“, модерната серенада на битолчанецот Менде Куновски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/slushnete-ja-mastilo-modernata-serenada-na-bitolchanetsot-mende-kunovski/ Tue, 31 Jan 2023 11:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=602943

Како и што беше најавено, одличната песна „Празен календар“ на битолчанецот со ангелски глас - Менде Куновски доби продолжение... Овојпат таа носи наслов „Мастило“. Некој можеби ќе каже - модерна серенада и искрено нема да згреши, но едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека ова совршено музичко дело е буквално за сечиј вкус...

А како и да не биде совршено, кога Менде повторно избра да соработува со веќе докажаните и квалитетни автори.

Текстот го напиша човекот кој создаде стотици хитови во последниве дваесетина години, познатиот Борче Нечовски, потоа музиката е дело на одличниот Суад Хусеин - Цуле, а пак аранжманот го изработи Ташко Грујовски. Особено сме сигурни дека ќе се памети фразата од текстот, која вели: „Не сум сретнал жена како тебе, што ме љуби, а ништо не бара“...

Многу сум пребирлив кога треба да изберам песна за себе и поради тоа не вадам песни на секои три месеци. Оваа екипа со која работам ме познава доволно добро и знае што може да ме „погоди“. Јас сум презадоволен, реакциите на најблиските пријатели, соработници се позитивни, а такви ќе бидат се надевам и на публиката кога ќе ја слушне оваа песна“ - вели Менде.

За оваа нова Менде сними и видеоспот, кој го изработи „Арт продукција, а во кој се појавува и убавата Анита Јовчевска.

https://youtube.com/watch?v=qc701W626Tw&feature=shares

Инаку Менде тука незапира, тој наскоро ќе ја изненади публиката и со нова тамбурашка песна и тоа со негова колешка од Србија. До тогаш познатиот битолчанец може да го видите и слушнете во живо на многубројните негови настапи ширум нашата земја, а таа привилегија ја имаат и нашинците во Канада и Шведска, каде тој честопати настапува.

The post Слушнете ја „Мастило“, модерната серенада на битолчанецот Менде Куновски appeared first on Република.

]]>

Како и што беше најавено, одличната песна „Празен календар“ на битолчанецот со ангелски глас - Менде Куновски доби продолжение... Овојпат таа носи наслов „Мастило“. Некој можеби ќе каже - модерна серенада и искрено нема да згреши, но едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека ова совршено музичко дело е буквално за сечиј вкус... А како и да не биде совршено, кога Менде повторно избра да соработува со веќе докажаните и квалитетни автори. Текстот го напиша човекот кој создаде стотици хитови во последниве дваесетина години, познатиот Борче Нечовски, потоа музиката е дело на одличниот Суад Хусеин - Цуле, а пак аранжманот го изработи Ташко Грујовски. Особено сме сигурни дека ќе се памети фразата од текстот, која вели: „Не сум сретнал жена како тебе, што ме љуби, а ништо не бара“... Многу сум пребирлив кога треба да изберам песна за себе и поради тоа не вадам песни на секои три месеци. Оваа екипа со која работам ме познава доволно добро и знае што може да ме „погоди“. Јас сум презадоволен, реакциите на најблиските пријатели, соработници се позитивни, а такви ќе бидат се надевам и на публиката кога ќе ја слушне оваа песна“ - вели Менде. За оваа нова Менде сними и видеоспот, кој го изработи „Арт продукција, а во кој се појавува и убавата Анита Јовчевска. https://youtube.com/watch?v=qc701W626Tw&feature=shares Инаку Менде тука незапира, тој наскоро ќе ја изненади публиката и со нова тамбурашка песна и тоа со негова колешка од Србија. До тогаш познатиот битолчанец може да го видите и слушнете во живо на многубројните негови настапи ширум нашата земја, а таа привилегија ја имаат и нашинците во Канада и Шведска, каде тој честопати настапува.

The post Слушнете ја „Мастило“, модерната серенада на битолчанецот Менде Куновски appeared first on Република.

]]>