меморија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorija/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 00:37:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меморија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorija/ 32 32 Македонци и тоа како знаат да направат концерт https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedontsi-i-toa-kako-znaat-da-napravat-kontsert/ Sun, 17 Nov 2024 07:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=838692

Maкедонци не можеле да направат концерт.!Тоа го  можат само Срби и Хрвати. Овој мит го разби групата „Меморија“ со синоќешниот концерт во арената „Борис Трајковски“.

Настапот беше чист „Мade in Macedonia“. Македонски бенд, македонски гости, прекрасна публика. Многу млади кои не биле ни родени кога настанале „Оган под ѕвездите“, „Нена“, „Жане Снежана..“. Бендот звучеше моќно, навежбано и хитовите се редеа еден по друг.

Двата пејачи кои се дел од групата, Поце и Ристо Самарџиев одбележаа дел од 40 годишниот период на „Меморија“.

Гостите беа совршено одбрани, од Ареа, до Дани, Сара Мејс и Андријана Јаневска.Сите заедно онака женски ја испеаја „мотори“.

За крај следуваше „Дирлада“ која станува веќе евергрин и која ја знае и старо и младо.

The post Македонци и тоа како знаат да направат концерт appeared first on Република.

]]>

Maкедонци не можеле да направат концерт.!Тоа го  можат само Срби и Хрвати. Овој мит го разби групата „Меморија“ со синоќешниот концерт во арената „Борис Трајковски“. Настапот беше чист „Мade in Macedonia“. Македонски бенд, македонски гости, прекрасна публика. Многу млади кои не биле ни родени кога настанале „Оган под ѕвездите“, „Нена“, „Жане Снежана..“. Бендот звучеше моќно, навежбано и хитовите се редеа еден по друг. Двата пејачи кои се дел од групата, Поце и Ристо Самарџиев одбележаа дел од 40 годишниот период на „Меморија“. Гостите беа совршено одбрани, од Ареа, до Дани, Сара Мејс и Андријана Јаневска.Сите заедно онака женски ја испеаја „мотори“. За крај следуваше „Дирлада“ која станува веќе евергрин и која ја знае и старо и младо.

The post Македонци и тоа како знаат да направат концерт appeared first on Република.

]]>
Голем славенички концерт на „Меморија“ вечерва во арената „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/golem-slavenichki-kontsert-na-memorija-vecherva-vo-arenata-boris-trajkovski/ Sat, 16 Nov 2024 11:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=838448

До големиот славенички концерт на „Меморија“ се бројат часови. Бендот е како никогаш досега подготвен заедно со својата публика, в сабота на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ со незаборавен концертен спектакл да ги прослави свите 40 години постоење.

Репертоарот познат, хитовите оддамна се подготвени за пеење во еден глас, баладите исто така за да ги разбудат емоциите и да ја одведат публиката на прошетка по сеќавањата за старите добри времиња, новите песни подеднакво стокмени за да се вклопат во целиот аудио-визуелен концертен мозаик кои „Меморија “ и го подготвува на  својата публика, која таа вечер ќе биде пред сцената во арената, која пак претендира да прерасне во театар на соништата…

Покрај сопствениот репертоар подготвија и изненадувања со специјални музички гости кои ќе бидат со членовите на „Меморија“ во одредени моменти заедно на сцената.

Овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот,  дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова... засилени со едно машко име – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент. Секако тука е и Филип Николоски, младо момче од Прилеп кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува, па ќе настапи и со групата „Меморија“.

Меѓу сите нив и последниот гостин кој што членовите на бендот го чуваат до крај во тајност, со сиот респект на оние кои  се објавени и споменати,  е вистинска музичка ѕвезда. Во прашање е  едно големо, можеби во моментов и најголемото наше музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот.

The post Голем славенички концерт на „Меморија“ вечерва во арената „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

До големиот славенички концерт на „Меморија“ се бројат часови. Бендот е како никогаш досега подготвен заедно со својата публика, в сабота на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ со незаборавен концертен спектакл да ги прослави свите 40 години постоење. Репертоарот познат, хитовите оддамна се подготвени за пеење во еден глас, баладите исто така за да ги разбудат емоциите и да ја одведат публиката на прошетка по сеќавањата за старите добри времиња, новите песни подеднакво стокмени за да се вклопат во целиот аудио-визуелен концертен мозаик кои „Меморија “ и го подготвува на  својата публика, која таа вечер ќе биде пред сцената во арената, која пак претендира да прерасне во театар на соништата… Покрај сопствениот репертоар подготвија и изненадувања со специјални музички гости кои ќе бидат со членовите на „Меморија“ во одредени моменти заедно на сцената. Овој пат „понежниот пол“ од музичкиот свет ќе го има главниот збор. Со микрофонот или инструментот в рака кога се во прашање бонус настапите вткаени во музичкиот концепт на концертот,  дамите како Ружица Брчиоска и „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра, Илиева, Тијанче Илова... засилени со едно машко име – Бранко Ѓоргиев, ќе бидат оние кои со својата вокална или инструментална изведба ќе ја обојат атмосферата и целиот амбиент. Секако тука е и Филип Николоски, младо момче од Прилеп кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува, па ќе настапи и со групата „Меморија“. Меѓу сите нив и последниот гостин кој што членовите на бендот го чуваат до крај во тајност, со сиот респект на оние кои  се објавени и споменати,  е вистинска музичка ѕвезда. Во прашање е  едно големо, можеби во моментов и најголемото наше музичко име со интернационална кариера, на чии маестрални изведби се поклонува публиката ширум светот.

The post Голем славенички концерт на „Меморија“ вечерва во арената „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
„Меморија“ пушти во етер уште една нова песна насловена „За добро да е“ https://arhiva3.republika.mk/scena/memorija-pushti-vo-eter-ushte-edna-nova-pesna-naslovena-za-dobro-da-e/ Wed, 02 Oct 2024 07:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=821584

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“.

Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.
Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите челенови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина.
Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа.
Песната официјално беше промовирана на прес конференција која се одржа во просториите на „Универзитет Скопје“.

https://www.youtube.com/watch?v=CaBbuOVEA8Q

The post „Меморија“ пушти во етер уште една нова песна насловена „За добро да е“ appeared first on Република.

]]>

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“. Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите челенови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина. Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа. Песната официјално беше промовирана на прес конференција која се одржа во просториите на „Универзитет Скопје“. https://www.youtube.com/watch?v=CaBbuOVEA8Q

The post „Меморија“ пушти во етер уште една нова песна насловена „За добро да е“ appeared first on Република.

]]>
„Меморија“ промовираше три видеоспота меѓу кои и премиерата на „За тебе“ и најави голем концерт во СЦ „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/scena/memorija-promovirashe-tri-videospota-megu-koi-i-premierata-na-za-tebe-i-najavi-golem-kontsert-vo-sts-boris-trajkovski/ Thu, 04 Jul 2024 16:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=793507

Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“   денес, го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“  и ја одржаа првата прес конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје .

Промоцијата и PRESS-от се одржаа во просториите на Универзитетот „СКОПЈЕ“ ( екс-Универзитет за туризам и менаџмент) со почеток во 13:00 часот. Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за поп-рок баладата „За тебе“, беа јавно промовирани и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група  од 70-ите „Триангл“, снимени во живо на недодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип.

По воведниите зборови на модераторот, инаку бивш член и еден од основачите на „Меморија“, денес ПР на бендот, новинарот и водител Антонио Димитриевски, промоцијата ја отвори лидерот на групата Петар Георгиевски Камиказа. Тој говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, помошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот.

Откако беа најавени, присутните ги видоа двата видеозаписи - едниот за поп рок медлито од рефрени на познати македонски песни со стихови кои имаат патриотска содржина, насловено „Македонски бисери“, како и споменатата преработка на некогашната рок тема „Јано“ на рокерите од 70-ите, „Триангл“.

Откако беше претставена нишката „Македонски бисери“ како „музички ѓердан обесен на вратот на Јана мома“, како што тоа фигуративно го најави модераторот Димитриевски, тој ја најави и видеопремиерата на баладата „За тебе“. Песна чии стихови допираат сечија душа, но во една ќе останат да светат довека како кандилце. Песната која за жал и стана посветена на прерано починатата сопруга на пејачот на бендот Поце Икономов, во чија чест лидерот Георгиевски побара од присутните да и оддадат почит со едноминутно молчење.

Пото микрофонот го презедоа новинарите кои поставуваа прашања за промовираните песни и нивната приказна, досегашната и идна кариера на бендот, со датумот на излегување на нов албум и деталите околу претстојниот голем солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје кон средината на ноември. За прв пат пред претставниците на медиумите јавно беше претставена и новата постава, поточно новиот гитарист на „Меморија“, прилепчанецот Рубин  Димкоски кој ги доби сите пофалби за неговото свиречко умеење и енергијата која ја носи во себе и прикажува на сцената.

На промоцијата се случи еден несекојдневен куриозитет, кога на едно од новинарските прашања (Соња Алексоска - Неделковска) лидерот на „Меморија“ не можеше да ги сокрие солзите, па откако го совладаа сеќавањата и спомените и јавно заплака, што досега на Перо - Камиказа не му се случило, но ете... Никој не е посилен од емоциите, колку и да изгледа дека е силен и важи за еден од оние, тврдокорните.

Во дијалогот со новинарите, сите членови на групата, евоцираа спомени со по некоја случка или настан од членувањето во „Меморија“.

По официјалниот дел на промоцијата слсдуваше неформално дружење на присутните со богата коктел закуска која ја приредија домаќините на настанот од  универзитет „Скопје“.

 

The post „Меморија“ промовираше три видеоспота меѓу кои и премиерата на „За тебе“ и најави голем концерт во СЦ „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“   денес, го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“  и ја одржаа првата прес конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје . Промоцијата и PRESS-от се одржаа во просториите на Универзитетот „СКОПЈЕ“ ( екс-Универзитет за туризам и менаџмент) со почеток во 13:00 часот. Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за поп-рок баладата „За тебе“, беа јавно промовирани и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група  од 70-ите „Триангл“, снимени во живо на недодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип. По воведниите зборови на модераторот, инаку бивш член и еден од основачите на „Меморија“, денес ПР на бендот, новинарот и водител Антонио Димитриевски, промоцијата ја отвори лидерот на групата Петар Георгиевски Камиказа. Тој говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, помошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот. Откако беа најавени, присутните ги видоа двата видеозаписи - едниот за поп рок медлито од рефрени на познати македонски песни со стихови кои имаат патриотска содржина, насловено „Македонски бисери“, како и споменатата преработка на некогашната рок тема „Јано“ на рокерите од 70-ите, „Триангл“. Откако беше претставена нишката „Македонски бисери“ како „музички ѓердан обесен на вратот на Јана мома“, како што тоа фигуративно го најави модераторот Димитриевски, тој ја најави и видеопремиерата на баладата „За тебе“. Песна чии стихови допираат сечија душа, но во една ќе останат да светат довека како кандилце. Песната која за жал и стана посветена на прерано починатата сопруга на пејачот на бендот Поце Икономов, во чија чест лидерот Георгиевски побара од присутните да и оддадат почит со едноминутно молчење. Пото микрофонот го презедоа новинарите кои поставуваа прашања за промовираните песни и нивната приказна, досегашната и идна кариера на бендот, со датумот на излегување на нов албум и деталите околу претстојниот голем солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје кон средината на ноември. За прв пат пред претставниците на медиумите јавно беше претставена и новата постава, поточно новиот гитарист на „Меморија“, прилепчанецот Рубин  Димкоски кој ги доби сите пофалби за неговото свиречко умеење и енергијата која ја носи во себе и прикажува на сцената. На промоцијата се случи еден несекојдневен куриозитет, кога на едно од новинарските прашања (Соња Алексоска - Неделковска) лидерот на „Меморија“ не можеше да ги сокрие солзите, па откако го совладаа сеќавањата и спомените и јавно заплака, што досега на Перо - Камиказа не му се случило, но ете... Никој не е посилен од емоциите, колку и да изгледа дека е силен и важи за еден од оние, тврдокорните. Во дијалогот со новинарите, сите членови на групата, евоцираа спомени со по некоја случка или настан од членувањето во „Меморија“. По официјалниот дел на промоцијата слсдуваше неформално дружење на присутните со богата коктел закуска која ја приредија домаќините на настанот од  универзитет „Скопје“.  

The post „Меморија“ промовираше три видеоспота меѓу кои и премиерата на „За тебе“ и најави голем концерт во СЦ „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Поце те сакаше повеќе од сѐ: Почина сопругата на пејачот на Меморија https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/potse-te-sakashe-poveke-od-s-pochina-soprugata-na-pejachot-na-memorija/ Tue, 14 May 2024 18:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=778081

По долго и тешко боледување, на 56-годишна возраст почина Вики Икономова, сопругата на Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарниот македонски бенд „Меморија“.

Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти основачот на групата, Петар Георгиевски-Камиказа.

„Поце те сакаше повеќе од сѐ, дури и од самиот себе! Во 10-годишната здравствена голгота, ниеднаш не покажа слабост во траорната битка барајќи „иљач“ за твојата болест. Ја носеше подеднакво храбро и доблесно, како човек кој искрено љуби и се бореше до последниот твој здив. Денес во 14 часот престана да чука срцето на Вики. Друже Поце, искрено сочуство. Секоја песна и тон со твојот ангелски глас, испеани на нашите концерти на неа ѝ ги беше посветил. Затоа концертите беа посебни“, напиша Kamikaza.

Поце Икономов за здравствената состојба на својата сопруга првпат јавно проговори пред некоја година, кога кажа дела сѐ почнало пролетта 2014 година кога бендот паузираше со ангажмани, а тој останал без работа.

„Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ѝ се слоши на работа.. Дијагнозата-онаа најлошата… Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“, откри тогаш Икономов.

Како татко во тоа време на две малолетни ќерки останува во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се’, уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела, напиша, меѓу другото, истиот портал во 2022 година.

The post Поце те сакаше повеќе од сѐ: Почина сопругата на пејачот на Меморија appeared first on Република.

]]>

По долго и тешко боледување, на 56-годишна возраст почина Вики Икономова, сопругата на Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарниот македонски бенд „Меморија“. Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти основачот на групата, Петар Георгиевски-Камиказа.
„Поце те сакаше повеќе од сѐ, дури и од самиот себе! Во 10-годишната здравствена голгота, ниеднаш не покажа слабост во траорната битка барајќи „иљач“ за твојата болест. Ја носеше подеднакво храбро и доблесно, како човек кој искрено љуби и се бореше до последниот твој здив. Денес во 14 часот престана да чука срцето на Вики. Друже Поце, искрено сочуство. Секоја песна и тон со твојот ангелски глас, испеани на нашите концерти на неа ѝ ги беше посветил. Затоа концертите беа посебни“, напиша Kamikaza.
Поце Икономов за здравствената состојба на својата сопруга првпат јавно проговори пред некоја година, кога кажа дела сѐ почнало пролетта 2014 година кога бендот паузираше со ангажмани, а тој останал без работа. „Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ѝ се слоши на работа.. Дијагнозата-онаа најлошата… Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“, откри тогаш Икономов. Како татко во тоа време на две малолетни ќерки останува во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се’, уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела, напиша, меѓу другото, истиот портал во 2022 година.

The post Поце те сакаше повеќе од сѐ: Почина сопругата на пејачот на Меморија appeared first on Република.

]]>
„Македонски бисери“ во рок пакување од „Меморија“: Ќе ве наежат „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј , налеј“ https://arhiva3.republika.mk/scena/makedonski-biseri-vo-rok-pakuvane-od-memorija-ke-ve-naezhat-edno-ime-imame-za-mnogu-godini-makedontsi-zavetna-i-nalej-nalej/ Fri, 10 May 2024 10:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=776734

По неодамнешните објави дека бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подготвува новиот материјал кој ќе се најде на нивниот претстоечки албум предвиден да излезе некаде пред Нова година, „Меморија“ тргна со издавањето на неколку синглови.

По првата песна која неодамна осамна во македонскиот радиоетер и веќе се врти на македонските радија, гитарската рок балада насловена „За тебе“, деновиве се појави втората.

Во прашање е идна интересна преработка во која е вткаен спој од 4 рефрени на познати македонски народни песни со патриотска содржина. Направени како своевидно медли во која се испреплетуваат препознатливиот гитарски звук и моќните вокали кои ги пеат рефрените на познатите: „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј , налеј“ создаваат една компактна целина која предизвикува ежење и морници кога ќе ја слушнете.

Не дека песните се непознати и дека други претходно не ги обработувале, но ваквата музичка синтеза на фрагменти од различни целини, толку совршено вклопени едни во други, дава димензија возвишено чувство кај секој вистински патриот, кај секој Македонец кој искрено си ја сака и почитува татковината. Музички колаж, во кој, во секоја коцка од мозаикот си го нашла своето место, иако припаѓаат на сосема различни целини. И сето тоа насловено како „Македонски бисери“, што навистина и се… И тоа музички, само сега извадени и претопени во еден поголем, ставен во една друга, поинаква школка.

Аранжманот на вака спакуваното музичко парче го потпишуваат Петар Георгиевски – Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио студио „Тра ла ла“ е снимена песната, а како продуценти на истата се јавуваат Мите Димовски и Давор Јордановски, додека извршен продуцент на проектот е Петар Георгиевски – Камиказа.

Покрај оваа во најава се уште неколку други песни, на кои автори ќе бидат и дел од останатите членови на групата, кои ќе го комплетираат материјалот за албумот. Новите песни ќе излегуваат една по една во етерот, се’ до големиот скопски концерт кој „Меморија“ го најавува за наесен, на 16-ти ноември годинава на истото место, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно во живо промовирани новите песни, но и повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови.

Во меѓувреме новата постава на „Меморија“ , но и новите песни ќе имаат „музичко концертно крштевање“ на 01. јуни на прекрасно реновираната летна сцена во култниот „Дом на млади“ во Штип. На концертот како специјален гостин ќе се појави легендарниот штипјанец, познатиот македонски пејач Трајче Манев кој остави траен печат со своите изведби на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.

Уште отсега прогнозите се дека се очекува да се повтори она што се случи на нејзиниот прв настап пред 22 години на истиот простор, кога беше урнат рекордот на посетеност на еден концерт, а стотици млади останаа надвор пред вратите, зашто просторот беше толку преполн со публика, што беше невозможно да се влезе.

За да не ви се случи истото и овој пат, да останете пред портите на „Дом на млади“ во Штип, навреме обезбедети си влезница“ – порачуваат организаторите. Билетите можат да се набават во самиот „Дом на Млади“ – Штип, секој работен ден од 08:00-16:00 часот или на означените продажни места низ Штип и онлајн на: tickets.domnamladi.mk

Во меѓувреме слушнете како звучат овие четири народни „Македонски бисери“ спакувани во рок пакување од „Меморија“, проследете во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=z4ULhISaBVQ&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR3JI7rTUrB1tXq2YFc-C3Mm-HKSSxu__0IZ2ygrXZcspfVC-DwieR9yXXU_aem_ATSUzGaKhs3gWO48eUJR15bBiweqLiMnPl5Juinfsc7MCwW351t2XN9zDxHwQu4Sd_4enxmDdUSno9KlSpMUleZ9

The post „Македонски бисери“ во рок пакување од „Меморија“: Ќе ве наежат „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј , налеј“ appeared first on Република.

]]>

По неодамнешните објави дека бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подготвува новиот материјал кој ќе се најде на нивниот претстоечки албум предвиден да излезе некаде пред Нова година, „Меморија“ тргна со издавањето на неколку синглови. По првата песна која неодамна осамна во македонскиот радиоетер и веќе се врти на македонските радија, гитарската рок балада насловена „За тебе“, деновиве се појави втората. Во прашање е идна интересна преработка во која е вткаен спој од 4 рефрени на познати македонски народни песни со патриотска содржина. Направени како своевидно медли во која се испреплетуваат препознатливиот гитарски звук и моќните вокали кои ги пеат рефрените на познатите: „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј , налеј“ создаваат една компактна целина која предизвикува ежење и морници кога ќе ја слушнете. Не дека песните се непознати и дека други претходно не ги обработувале, но ваквата музичка синтеза на фрагменти од различни целини, толку совршено вклопени едни во други, дава димензија возвишено чувство кај секој вистински патриот, кај секој Македонец кој искрено си ја сака и почитува татковината. Музички колаж, во кој, во секоја коцка од мозаикот си го нашла своето место, иако припаѓаат на сосема различни целини. И сето тоа насловено како „Македонски бисери“, што навистина и се… И тоа музички, само сега извадени и претопени во еден поголем, ставен во една друга, поинаква школка. Аранжманот на вака спакуваното музичко парче го потпишуваат Петар Георгиевски – Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио студио „Тра ла ла“ е снимена песната, а како продуценти на истата се јавуваат Мите Димовски и Давор Јордановски, додека извршен продуцент на проектот е Петар Георгиевски – Камиказа. Покрај оваа во најава се уште неколку други песни, на кои автори ќе бидат и дел од останатите членови на групата, кои ќе го комплетираат материјалот за албумот. Новите песни ќе излегуваат една по една во етерот, се’ до големиот скопски концерт кој „Меморија“ го најавува за наесен, на 16-ти ноември годинава на истото место, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно во живо промовирани новите песни, но и повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови. Во меѓувреме новата постава на „Меморија“ , но и новите песни ќе имаат „музичко концертно крштевање“ на 01. јуни на прекрасно реновираната летна сцена во култниот „Дом на млади“ во Штип. На концертот како специјален гостин ќе се појави легендарниот штипјанец, познатиот македонски пејач Трајче Манев кој остави траен печат со своите изведби на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Уште отсега прогнозите се дека се очекува да се повтори она што се случи на нејзиниот прв настап пред 22 години на истиот простор, кога беше урнат рекордот на посетеност на еден концерт, а стотици млади останаа надвор пред вратите, зашто просторот беше толку преполн со публика, што беше невозможно да се влезе.
За да не ви се случи истото и овој пат, да останете пред портите на „Дом на млади“ во Штип, навреме обезбедети си влезница“ – порачуваат организаторите. Билетите можат да се набават во самиот „Дом на Млади“ – Штип, секој работен ден од 08:00-16:00 часот или на означените продажни места низ Штип и онлајн на: tickets.domnamladi.mk
Во меѓувреме слушнете како звучат овие четири народни „Македонски бисери“ спакувани во рок пакување од „Меморија“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=z4ULhISaBVQ&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR3JI7rTUrB1tXq2YFc-C3Mm-HKSSxu__0IZ2ygrXZcspfVC-DwieR9yXXU_aem_ATSUzGaKhs3gWO48eUJR15bBiweqLiMnPl5Juinfsc7MCwW351t2XN9zDxHwQu4Sd_4enxmDdUSno9KlSpMUleZ9

The post „Македонски бисери“ во рок пакување од „Меморија“: Ќе ве наежат „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј , налеј“ appeared first on Република.

]]>
„За тебе“ е новата песна на „Меморија“: Легендарната македонска група повторно музички и концертно активна https://arhiva3.republika.mk/scena/za-tebe-e-novata-pesna-na-memorija-legendarnata-makedonska-grupa-povtorno-muzichki-i-kontsertno-aktivna/ Mon, 08 Apr 2024 10:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=763761

По спектакуларниот скопски концерт пред две години (11 јуни, 2022 год.) во арената „Борис Трајковски“ и неколкуте концертни настапи низ Македонија, легендарната македонска група „Меморија“ е концертно, но и музички активна.
„Нена“, „Оган под ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Снежана“, „Дирлада“... и останатата дузина хитови наскоро ќе бидат надополнети со нов репертоар.
Имено, бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подгтвува новиот материјал кој ќе се најде на нивноиот претстоечки албум кој ќе излезе некаде пред „Нова година“. Дотогаш групата планир да издаде неколку синглови, од кои првата песна веќе осамна во македонскиот радиоетер. Во прашање е препознатлива гитарска рок балада насловена „За тебе“, која и стилски и по својот саунд во многу што наликува на досегашните песни на групата, па за очекување е дека на неа во пакет со „Оган под ѕведите“ или „Зошто Боже“ на концертите одново ќе се палат запалки, светат сијаличките од мобилните телефони и пее во еден глас под „ѕвезденото небо“ создадено од публиката.
Комплетен автор на песната е лидерот на бендот Петар Георгиевски - Камиказа (музика, текст и аранжман), а песната е снимена во студиото „Тра - Ла - Ла“ на Мите Димовски. Покрај оваа во најава се уште неколку други, меѓу кои автори ќе бидат и дел од останатите членови на групата, а веќе како следен синглво најава е песна на Ристо Самарџиев, како и останатите кои ќе го комплетираат материјалот на албумот, а ќе излегуваат еден по еден во етерот, се до големиот скопски концерт кој „Меморија“ го најавува за наесен. Поточно на 16-ти ноември годинава на истото место, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно во живо промовирани новите песни, но и повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови.
Во меѓувреме, веќе на 1-ви јуни „Меморија“ ќе одржи концерт во Штип, на уште еден за неа култен простор, познатиот „Дом на млади“, каде на своите почетоци беше една од ретките македонски бендови која го преполни истиот. Интересот уште отсега е огромен и веќе по самото пуштање бо оптек се продадени голем број влезници, па организаторот порачува заинтересираните да си набават билет навреме.
Но она што е ново кај „Меморија“ не се само новите песни, албумот и најавата за големите концерти. Имено, бендот во својата шестчлена постава сега има нов гитарист. Прилепчанецот Рубин Димкоски (the Four), сега ги свири сите гитарски делници во групата, која со новата песна „За тебе“ најавува музички материјал како оној од најдобрите денови, со кој ќе го продолжи култот на својата музика и име, кои ионака се веќе втемелени во македонската музичка историја.

https://www.youtube.com/watch?v=Kd0_Digy25w

The post „За тебе“ е новата песна на „Меморија“: Легендарната македонска група повторно музички и концертно активна appeared first on Република.

]]>

По спектакуларниот скопски концерт пред две години (11 јуни, 2022 год.) во арената „Борис Трајковски“ и неколкуте концертни настапи низ Македонија, легендарната македонска група „Меморија“ е концертно, но и музички активна. „Нена“, „Оган под ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Снежана“, „Дирлада“... и останатата дузина хитови наскоро ќе бидат надополнети со нов репертоар. Имено, бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подгтвува новиот материјал кој ќе се најде на нивноиот претстоечки албум кој ќе излезе некаде пред „Нова година“. Дотогаш групата планир да издаде неколку синглови, од кои првата песна веќе осамна во македонскиот радиоетер. Во прашање е препознатлива гитарска рок балада насловена „За тебе“, која и стилски и по својот саунд во многу што наликува на досегашните песни на групата, па за очекување е дека на неа во пакет со „Оган под ѕведите“ или „Зошто Боже“ на концертите одново ќе се палат запалки, светат сијаличките од мобилните телефони и пее во еден глас под „ѕвезденото небо“ создадено од публиката. Комплетен автор на песната е лидерот на бендот Петар Георгиевски - Камиказа (музика, текст и аранжман), а песната е снимена во студиото „Тра - Ла - Ла“ на Мите Димовски. Покрај оваа во најава се уште неколку други, меѓу кои автори ќе бидат и дел од останатите членови на групата, а веќе како следен синглво најава е песна на Ристо Самарџиев, како и останатите кои ќе го комплетираат материјалот на албумот, а ќе излегуваат еден по еден во етерот, се до големиот скопски концерт кој „Меморија“ го најавува за наесен. Поточно на 16-ти ноември годинава на истото место, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно во живо промовирани новите песни, но и повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови. Во меѓувреме, веќе на 1-ви јуни „Меморија“ ќе одржи концерт во Штип, на уште еден за неа култен простор, познатиот „Дом на млади“, каде на своите почетоци беше една од ретките македонски бендови која го преполни истиот. Интересот уште отсега е огромен и веќе по самото пуштање бо оптек се продадени голем број влезници, па организаторот порачува заинтересираните да си набават билет навреме. Но она што е ново кај „Меморија“ не се само новите песни, албумот и најавата за големите концерти. Имено, бендот во својата шестчлена постава сега има нов гитарист. Прилепчанецот Рубин Димкоски (the Four), сега ги свири сите гитарски делници во групата, која со новата песна „За тебе“ најавува музички материјал како оној од најдобрите денови, со кој ќе го продолжи култот на својата музика и име, кои ионака се веќе втемелени во македонската музичка историја. https://www.youtube.com/watch?v=Kd0_Digy25w

The post „За тебе“ е новата песна на „Меморија“: Легендарната македонска група повторно музички и концертно активна appeared first on Република.

]]>
„Меморија“ покажа како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/memorija-pokaza-kako-se-maturira-so-chista-petka-vo-rok-en-rol-gimnazija/ Mon, 13 Jun 2022 09:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=514404

„Меморија“ викендов одржаа концерт за паметење во А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила.

Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“.

Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка.

Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни… Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење…

Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија… Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце… Само народот во еден глас и вокалот на пејачот… Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих…

Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови… „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации – „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е…“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката…

Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култннта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски.

Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла.

Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли…“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ – Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починаиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач.

Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира… За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат… Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка истора која бендот таа вечер покажа како се создава!

По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“… И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја… Сплотеност каква ретко кога се гледа… Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции… Како некогаш, во најдобрите денови.

Светлата се гасат, но публиката бара уште… Бисот неминовен, овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“… И одново лудница… Онакава каква што ни најголемите светски бендови кога доаѓале, не направиле.

ФОТО: Чапља и приватна архива
Извор: Вистина.мк

The post „Меморија“ покажа како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија appeared first on Република.

]]>

„Меморија“ викендов одржаа концерт за паметење во А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“. Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка. Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни… Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење… Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија… Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце… Само народот во еден глас и вокалот на пејачот… Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих… Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови… „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации – „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е…“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката… Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култннта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски. Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла. Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли…“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ – Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починаиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач. Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира… За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат… Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка истора која бендот таа вечер покажа како се создава! По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“… И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја… Сплотеност каква ретко кога се гледа… Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции… Како некогаш, во најдобрите денови. Светлата се гасат, но публиката бара уште… Бисот неминовен, овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“… И одново лудница… Онакава каква што ни најголемите светски бендови кога доаѓале, не направиле. ФОТО: Чапља и приватна архива Извор: Вистина.мк

The post „Меморија“ покажа како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија appeared first on Република.

]]>
Концертот на „Меморија“ се префрла во Арена „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncertot-na-memorija-se-prefrla-vo-arena-boris-trajkovski/ Tue, 07 Jun 2022 12:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=512190

Заради најавата за невреме и  исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни 2022 година, закажаниот концерт под отворено небо на групата „МЕМОРИЈА“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“.

Купените ПАРТЕР влезници важат, ФАН ПИТ влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за СЕДЕЊЕ на ТРИБИНАТА на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат ДВЕ ЛИЦА со ЕДНА влезница.

Од овој момент натаму остануваат уште 2.500  слободни места за седење, за сите оние што се’ уште не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, а нивната цена изнесува 700. денари.

Продажните места остануваат исти: Југотон – ГТЦ 1 кат- Скопје и онлајн на: www.kupikartizase.com

 

The post Концертот на „Меморија“ се префрла во Арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Заради најавата за невреме и  исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни 2022 година, закажаниот концерт под отворено небо на групата „МЕМОРИЈА“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“. Купените ПАРТЕР влезници важат, ФАН ПИТ влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за СЕДЕЊЕ на ТРИБИНАТА на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат ДВЕ ЛИЦА со ЕДНА влезница. Од овој момент натаму остануваат уште 2.500  слободни места за седење, за сите оние што се’ уште не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, а нивната цена изнесува 700. денари. Продажните места остануваат исти: Југотон – ГТЦ 1 кат- Скопје и онлајн на: www.kupikartizase.com  

The post Концертот на „Меморија“ се префрла во Арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
„Меморија“ најави концертна матурска рокенрол забава на генерациите на 11 јуни на стадионот на АРМ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/memorija-najavi-koncertna-maturska-rokenrol-zabava-na-generaciite-na-11-juni-na-stadionot-na-arm/ Wed, 13 Apr 2022 12:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=487910

Пет години по големиот повратнички концерт во сега веќе непостоечката „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ најавува нов концертен спектакл.

По овој повод членовите на „Меморија“,  денес, среда, 13 април 2022 година во градската кафеана „Пелистер“ на градскиот плоштад  „Македонија“  во Скопје, со почеток во 12 часот напладне ја одржаа својата прва прес конференција. На неа пред претставниците на медиумите беа соопштени сите детали и поединости за најавениот концерт, кој ќе биде збогатен со специјални гости, како и проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти.

Овој пат концертот ќе се одвива под отворено небо, каде за прв пат „Меморија“ ќе свири целовечерен  солистички настап на еден стадион, за што е одбран стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, каде на 11-ти јуни 2022 год. ќе се одржи најголемата рок ен рол концертна журка во живо годинава.

Прес конференцијата пред бројните новинари од различни македонски медиуми ја отвори и водеше новинарот и ТВ водител Антонио Димитриевски и самиот еден од основачите и некогашен, долгогодишен член на бендот под чија палка ќе се одвива целиот ПР за најавениот концертен ивент.

Замислена како своевидна „концертна матурска рок ен рол забава на генерациите“… И на оние некогашните, кои паметат многу посреќни времиња и овие сегашниве кои ги живеат најубавите години од својата младост, но и оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат, концертот на „Меморија“ ќе биде многу повеќе од само обичен „Open air“ рок концерт. Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистинските вредности. И музички и човечки!“ – рече во својата најава Димитриевски по што збор земаа членовите на групата, овој пат осумммина на број: Перо – бас, Цале – тапани, Мичо- гитара, Бане-гитара, Поце – вокал, Ристо-вокал, Валентино-клавијатури и Давор (Јордановски) – клавијатури, кој како некогашен член, специјално му се приклучи на бендот за оваа прилика, доаѓајќи од Канада каде живее и работи последниве години.

Покрај нивните најголеми хитови како „Нена“, „Одам засекогаш“, „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“… кои одново ќе ги слушнеме од големата концертна сцена, на неа  како специјални гости ќе се појават уште неколку култни македонски бендови и музичари… Некои кои се’ уште постојат и градат кариера, некои кои односво специјално ќе се соберат за оваа прилика.

Покрај членовите на „Меморија“ за  скопската и македонската публика воопшто, заедно со нас на сцената ќе свират и пејат уште и Ружица и Ивица од „Ареа“, Венко и Сеад од „Конкорд“, публиката ќе има можност да го види и слушне во живо, музичкиот видео омаж за скопјанецот Аки Рахимовски, со можност за уште неколку специјални изненадувања што засега се чуваат во тајна“ – потенцираше лидерот Петар Георгиевски – „Камиказа“.

Секој од членовите имаше свое обраќање каде остави парче сеќавање на минатиот, повратнички во „Метрополис арената“ и свое видување низ куса приказна за следниот голем концерт, на стадионот на АРМ на 11-ти јуни во Скопје, по што тие одговараа и на новинарските прашања.

За крај, двата вокали на „Меморија“, Апостол Поце Икономов и Ристо Sамарџиев, заедно со гитаристот Мичо Божиков во акустична – анплагд верзија ги изведоа за присутните новинари и гости во градската кафеана „Пелистер“ можеби двете легендарни балади на групата: „Нашите слики“ и „Оган под ѕвездите“.

Продажбата на билетите за концертот на „Меморија“ стартува денес, среда 13-ти април од 18 часот преку „Купи карти за се“ и во Југотон -ГТЦ во Скопје.

 

The post „Меморија“ најави концертна матурска рокенрол забава на генерациите на 11 јуни на стадионот на АРМ appeared first on Република.

]]>

Пет години по големиот повратнички концерт во сега веќе непостоечката „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ најавува нов концертен спектакл. По овој повод членовите на „Меморија“,  денес, среда, 13 април 2022 година во градската кафеана „Пелистер“ на градскиот плоштад  „Македонија“  во Скопје, со почеток во 12 часот напладне ја одржаа својата прва прес конференција. На неа пред претставниците на медиумите беа соопштени сите детали и поединости за најавениот концерт, кој ќе биде збогатен со специјални гости, како и проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти. Овој пат концертот ќе се одвива под отворено небо, каде за прв пат „Меморија“ ќе свири целовечерен  солистички настап на еден стадион, за што е одбран стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, каде на 11-ти јуни 2022 год. ќе се одржи најголемата рок ен рол концертна журка во живо годинава. Прес конференцијата пред бројните новинари од различни македонски медиуми ја отвори и водеше новинарот и ТВ водител Антонио Димитриевски и самиот еден од основачите и некогашен, долгогодишен член на бендот под чија палка ќе се одвива целиот ПР за најавениот концертен ивент.
Замислена како своевидна „концертна матурска рок ен рол забава на генерациите“… И на оние некогашните, кои паметат многу посреќни времиња и овие сегашниве кои ги живеат најубавите години од својата младост, но и оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат, концертот на „Меморија“ ќе биде многу повеќе од само обичен „Open air“ рок концерт. Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистинските вредности. И музички и човечки!“ – рече во својата најава Димитриевски по што збор земаа членовите на групата, овој пат осумммина на број: Перо – бас, Цале – тапани, Мичо- гитара, Бане-гитара, Поце – вокал, Ристо-вокал, Валентино-клавијатури и Давор (Јордановски) – клавијатури, кој како некогашен член, специјално му се приклучи на бендот за оваа прилика, доаѓајќи од Канада каде живее и работи последниве години.
Покрај нивните најголеми хитови како „Нена“, „Одам засекогаш“, „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“… кои одново ќе ги слушнеме од големата концертна сцена, на неа  како специјални гости ќе се појават уште неколку култни македонски бендови и музичари… Некои кои се’ уште постојат и градат кариера, некои кои односво специјално ќе се соберат за оваа прилика.
Покрај членовите на „Меморија“ за  скопската и македонската публика воопшто, заедно со нас на сцената ќе свират и пејат уште и Ружица и Ивица од „Ареа“, Венко и Сеад од „Конкорд“, публиката ќе има можност да го види и слушне во живо, музичкиот видео омаж за скопјанецот Аки Рахимовски, со можност за уште неколку специјални изненадувања што засега се чуваат во тајна“ – потенцираше лидерот Петар Георгиевски – „Камиказа“.
Секој од членовите имаше свое обраќање каде остави парче сеќавање на минатиот, повратнички во „Метрополис арената“ и свое видување низ куса приказна за следниот голем концерт, на стадионот на АРМ на 11-ти јуни во Скопје, по што тие одговараа и на новинарските прашања. За крај, двата вокали на „Меморија“, Апостол Поце Икономов и Ристо Sамарџиев, заедно со гитаристот Мичо Божиков во акустична – анплагд верзија ги изведоа за присутните новинари и гости во градската кафеана „Пелистер“ можеби двете легендарни балади на групата: „Нашите слики“ и „Оган под ѕвездите“. Продажбата на билетите за концертот на „Меморија“ стартува денес, среда 13-ти април од 18 часот преку „Купи карти за се“ и во Југотон -ГТЦ во Скопје.
 

The post „Меморија“ најави концертна матурска рокенрол забава на генерациите на 11 јуни на стадионот на АРМ appeared first on Република.

]]>
На 11 јуни на стадионот на АРМ концерт на „Меморија“, по пауза од 5 години https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-11-juni-na-stadionot-na-arm-koncert-na-memorija-po-pauza-od-5-godini/ Wed, 09 Feb 2022 11:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=456153

Култниот бенд ,,Меморија” ќе одржи концерт на 11-ти јуни на стадионот на АРМ. По пет години пауза, членовите на групата вчера ја одржале првата проба, а најавата за концертот ја објавија на својата официјална страница.

Бидна и првата проба, сите на куп, една фотка и после свирка! По пет години несвирење, не сме заборавиле многу.Меморија цела да е, секој да ја знае, се гледаме на 11-ти јуни на стадионот на АРМ, објавија од бендот.

The post На 11 јуни на стадионот на АРМ концерт на „Меморија“, по пауза од 5 години appeared first on Република.

]]>

Култниот бенд ,,Меморија” ќе одржи концерт на 11-ти јуни на стадионот на АРМ. По пет години пауза, членовите на групата вчера ја одржале првата проба, а најавата за концертот ја објавија на својата официјална страница.
Бидна и првата проба, сите на куп, една фотка и после свирка! По пет години несвирење, не сме заборавиле многу.Меморија цела да е, секој да ја знае, се гледаме на 11-ти јуни на стадионот на АРМ, објавија од бендот.

The post На 11 јуни на стадионот на АРМ концерт на „Меморија“, по пауза од 5 години appeared first on Република.

]]>