меморандуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorandumi/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 10:09:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меморандуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorandumi/ 32 32 Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-sodrzhat-trite-memorandumi-shto-grtsija-se-ushte-gi-nema-ratifikuvano-vo-parlamentot/ Sun, 09 Jun 2024 10:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=785888

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата.

По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони.

Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“.

Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“.

МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје.

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри.

Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот.

Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година).

Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Македонија Бујар Османи.

Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка .

Предлог-законот за ЕУ перспективата на Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“.

Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“.

Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет.

Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми.

Комитетот, како што пренесува МИА, ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.

Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство.

И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“.

Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство.

Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

The post Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? appeared first on Република.

]]>

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата. По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони. Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“. Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“. МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје. Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри. Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот. Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година). Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Македонија Бујар Османи. Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“. Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка . Предлог-законот за ЕУ перспективата на Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“. Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“. Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет. Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми. Комитетот, како што пренесува МИА, ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот. Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје. Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство. И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција. Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“. Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство. Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво. Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“. Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција. Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

The post Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? appeared first on Република.

]]>
Мицотакис се пофали дека нема да ги ратификува Меморандумите за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-se-pofali-deka-nema-da-gi-ratifikuva-memorandumite-za-makedonija/ Fri, 24 May 2024 20:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=781539

Во овие околности кога цела Европа е наспроти Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи му се на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Одговарајќи му на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Мицотакис потсети на неговиот став, тогаш како лидер на опозицијата, на расправата за ратификација Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, повтори дека тогаш Нова демократија рече дека не се согласува и ќе гласа против Договорот, но дека ќе мораат да го почитуваат „бидејќи претставува меѓународен меѓудржавен договор што ги надвладува грчките закони и со тоа немаме начин да го смениме“.

-Изразивме и силна резервираност за националниот пароксизам на ВМРО, како што се манифестираше во последните две години и одбравме да не ги донесеме за ратификација протоколите што, внимавајте, не произлегуваат од самиот Договор од Преспа, туку го придружуваат, бидејќи сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека од Владата на Македонија ќе има усогласување со клучните точки од Договорот, а најклучно е прашањето со името. И целосно е оправдан овој наш став. Бидејќи доаѓа сега нова Влада, со нова претседателка и мандатар за премиер кои отворено го презираат Договорот од Преспа, нарекувајќи ја Македонија, Македонија, рече грчкиот премиер и додаде дека со ова се игнорира ерга омнес употребата на името.

Паралелно истакна дека во моменти кога грчката надворешна политика зазема потврда позиција во однос на Скопје, СИРИЗА доаѓа и бара ратификација на меморандумите.

Претходно, како што објави МИА, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, во неговиот говор истакна дека ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката, а земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот.

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

-Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“ Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА

The post Мицотакис се пофали дека нема да ги ратификува Меморандумите за Македонија appeared first on Република.

]]>

Во овие околности кога цела Европа е наспроти Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи му се на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина.   Одговарајќи му на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Мицотакис потсети на неговиот став, тогаш како лидер на опозицијата, на расправата за ратификација Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, повтори дека тогаш Нова демократија рече дека не се согласува и ќе гласа против Договорот, но дека ќе мораат да го почитуваат „бидејќи претставува меѓународен меѓудржавен договор што ги надвладува грчките закони и со тоа немаме начин да го смениме“.
-Изразивме и силна резервираност за националниот пароксизам на ВМРО, како што се манифестираше во последните две години и одбравме да не ги донесеме за ратификација протоколите што, внимавајте, не произлегуваат од самиот Договор од Преспа, туку го придружуваат, бидејќи сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека од Владата на Македонија ќе има усогласување со клучните точки од Договорот, а најклучно е прашањето со името. И целосно е оправдан овој наш став. Бидејќи доаѓа сега нова Влада, со нова претседателка и мандатар за премиер кои отворено го презираат Договорот од Преспа, нарекувајќи ја Македонија, Македонија, рече грчкиот премиер и додаде дека со ова се игнорира ерга омнес употребата на името.
Паралелно истакна дека во моменти кога грчката надворешна политика зазема потврда позиција во однос на Скопје, СИРИЗА доаѓа и бара ратификација на меморандумите. Претходно, како што објави МИА, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, во неговиот говор истакна дека ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката, а земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.
-Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“ Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА

The post Мицотакис се пофали дека нема да ги ратификува Меморандумите за Македонија appeared first on Република.

]]>