меморандум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorandum/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 15:03:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меморандум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/memorandum/ 32 32 Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-vo-poleto-na-gasniot-sektor-so-srbija/ Mon, 07 Oct 2024 15:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=823899

Испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас, како и во рок од 9 месеци да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу двете држави, предвидува Меморандумот за соработка во полето на гасниот сектор што денеска во Владата го склучија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за рударство и енергетика на Република Србија.

-Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе преземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија, се вели во Меморандумот.

Гасниот интерконектор  Македонија – Србија е означен како водечки проект за енергетски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.

The post Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија appeared first on Република.

]]>

Испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас, како и во рок од 9 месеци да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу двете држави, предвидува Меморандумот за соработка во полето на гасниот сектор што денеска во Владата го склучија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за рударство и енергетика на Република Србија. -Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе преземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија, се вели во Меморандумот. Гасниот интерконектор  Македонија – Србија е означен како водечки проект за енергетски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.

The post Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија appeared first on Република.

]]>
Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-i-telekomunikatsiskata-kompanija-4ig-potpishaa-memorandum-za-razbirane/ Mon, 02 Sep 2024 13:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=812341

Владата и “4iG Групацијата“, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата.

Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и 4iG Групацијата ги истакнува можностите за влез 4iG Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги идентификува стратешките области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во земјата.

Меморандумот за разбирање го потпишаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на 4iG Групацијата Гелерт Жазаи.

Документот, кој ја поставува основата за долгорочна соработка меѓу двете страни, ги потенцира можностите за 4iG Групацијата за влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги дефинира заедничките цели за идната соработка и тоа:

- Подобрување на искуството на клиентите преку воведување на најсовремени мобилни и широкопојасни технологии за да се обезбедат побрзи и посигурни комуникациски и интернет услуги.

- Имплементација на инвестиции во врвни технологии засновани на 5G, IoT и вештачка интелигенција за развој на дигиталниот екосистем во Македонија со оглед на посветеноста на Владата за иницијативата „Чиста мрежа“.

- Отворање на нови и квалитетни работни места преку формирање на регионални канцеларии и оперативни центри кои ќе имаат за цел зголемување на економскиот раст и долгорочен развој.

- Минимизирање на влијанието врз животната средина и поддржување на зелените иницијативи, стимулирање на иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото во партнерство со локални економски субјекти.

Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Владата и 4iG Групацијата е целосно во согласност со „Планот за одржливост на Македонија 2030“ и посветеноста на државата за програмата „Чиста мрежа“.

Во следниот период двете страни ќе формираат заедничка работна група за унапредување на соработката, со цел да се анализираат можностите на пазарот и да се забрза соработката.

Како сопственик на операторот “ONE Црна Гора и ОНЕ Албанија”, 4iG Групацијата е една од водечките телекомуникациски и ИТ оператори во Западен Балкан, опслужувајќи речиси 2,2 милиони корисници и 400 илјади деловни клиенти во овие две земји.

Со своето работење, Групацијата продолжува да ги проширува своите услуги, експертиза и портфолио за да одговори на променливите потреби и барањата на телекомуникациските и ИТ пазари. Групацијата вработува над 8.000 луѓе.

“4iG” Групацијата е водечка телекомуникациска компанија во Унгарија и Западен Балкан и една од водечките компании во областа на знаење и дигитална економија. Иновативниот пристап на Групацијата и нејзината позиција како водечки унгарски интегратор на телекомуникациски и ИТ системи ја прави компанијата лидер во нудење на услуги во делот на дигиталната трансформација во регионот.

The post Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање appeared first on Република.

]]>

Владата и “4iG Групацијата“, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата. Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и 4iG Групацијата ги истакнува можностите за влез 4iG Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги идентификува стратешките области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во земјата. Меморандумот за разбирање го потпишаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на 4iG Групацијата Гелерт Жазаи. Документот, кој ја поставува основата за долгорочна соработка меѓу двете страни, ги потенцира можностите за 4iG Групацијата за влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги дефинира заедничките цели за идната соработка и тоа: - Подобрување на искуството на клиентите преку воведување на најсовремени мобилни и широкопојасни технологии за да се обезбедат побрзи и посигурни комуникациски и интернет услуги. - Имплементација на инвестиции во врвни технологии засновани на 5G, IoT и вештачка интелигенција за развој на дигиталниот екосистем во Македонија со оглед на посветеноста на Владата за иницијативата „Чиста мрежа“. - Отворање на нови и квалитетни работни места преку формирање на регионални канцеларии и оперативни центри кои ќе имаат за цел зголемување на економскиот раст и долгорочен развој. - Минимизирање на влијанието врз животната средина и поддржување на зелените иницијативи, стимулирање на иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото во партнерство со локални економски субјекти. Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Владата и 4iG Групацијата е целосно во согласност со „Планот за одржливост на Македонија 2030“ и посветеноста на државата за програмата „Чиста мрежа“. Во следниот период двете страни ќе формираат заедничка работна група за унапредување на соработката, со цел да се анализираат можностите на пазарот и да се забрза соработката. Како сопственик на операторот “ONE Црна Гора и ОНЕ Албанија”, 4iG Групацијата е една од водечките телекомуникациски и ИТ оператори во Западен Балкан, опслужувајќи речиси 2,2 милиони корисници и 400 илјади деловни клиенти во овие две земји. Со своето работење, Групацијата продолжува да ги проширува своите услуги, експертиза и портфолио за да одговори на променливите потреби и барањата на телекомуникациските и ИТ пазари. Групацијата вработува над 8.000 луѓе. “4iG” Групацијата е водечка телекомуникациска компанија во Унгарија и Западен Балкан и една од водечките компании во областа на знаење и дигитална економија. Иновативниот пристап на Групацијата и нејзината позиција како водечки унгарски интегратор на телекомуникациски и ИТ системи ја прави компанијата лидер во нудење на услуги во делот на дигиталната трансформација во регионот.    

The post Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-potpisha-memorandum-za-sorabotka-i-razbirane-so-zels/ Tue, 13 Aug 2024 15:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=806250

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потпиша Меморандум за соработка и разбирање со Здружение на општини Заедница на едниците на локалната самоуправа на Република  Македонија (ЗЕЛС).

Како што соопшти владината прес-служба, овој Меморандум за соработка се склучува како израз на соработка, претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката.

Владата и ЗЕЛС заеднички декларираат дека се согласни да спроведат поголем обем на децентрализација на власта како политички процес кој правно ќе заврши со пренесување на голем опфат на надлежности од државните органи на управата во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година, се посочува во соопштението.

Реализацијата на целите и заложбите утврдени со овој Меморандум ќе се спроведува преку формирање на работни тела или мешовити Комисии во кои покрај избрани претставници и функционери учество ќе земат и претставници од стручната администрација и надворешни експерти.

Двете страни ќе го применат моделот на анализа и имплементирање на меѓународни позитивни пракси на докажано успешно функционирање на системот на локална самоуправа во дадената област. Двете страни се согласни дека процесот на децентрализација треба да биде приоритетно проследен со обезбедување на зголемен обем на директни дотации и изворни приходи на секоја единица на локалната самоуправа. Моделот на обезбедување на финансиски средства како приход за општините преку утврдениот процент од прибраните средства по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) и персоналниот данок на доход ќе биде предмет на взаемно усогласување во постојан нагорен тренд на утврдениот процент наменет за локалната самоуправа. Двете страни се согласуваат дека секоја година треба да се организираат буџетски преговори, помеѓу ЗЕЛС и Министерство за финансии, каде ќе се усогласат ставовите, потребите и можностите на централната и локалната власт.

Како што се наведува, двете страни се согласни дека средствата наменети за капитални инвестиции треба да бидат изворни трансфери на средства со соодветна намена. И Владата и ЗЕЛС се согласни дека ниту еден од прописите од областа на урбанистичкото планирање, градење или градежното земјиште нема да биде изменет и дополнет или изготвување на нов текст на предлог – закон или друг пропис без претходна консултација со ЗЕЛС.

Двете страни го афирмираат ставот дека донесувањето на урбанистички планови и урбанистичко – планска документација е услов за остварување на проектираниот развој, заради што двете страни ќе го стават ова прашање како највисок приоритет. И Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката, се посочува во соопштението.

The post Премиерот Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потпиша Меморандум за соработка и разбирање со Здружение на општини Заедница на едниците на локалната самоуправа на Република  Македонија (ЗЕЛС). Како што соопшти владината прес-служба, овој Меморандум за соработка се склучува како израз на соработка, претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката. Владата и ЗЕЛС заеднички декларираат дека се согласни да спроведат поголем обем на децентрализација на власта како политички процес кој правно ќе заврши со пренесување на голем опфат на надлежности од државните органи на управата во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година, се посочува во соопштението. Реализацијата на целите и заложбите утврдени со овој Меморандум ќе се спроведува преку формирање на работни тела или мешовити Комисии во кои покрај избрани претставници и функционери учество ќе земат и претставници од стручната администрација и надворешни експерти. Двете страни ќе го применат моделот на анализа и имплементирање на меѓународни позитивни пракси на докажано успешно функционирање на системот на локална самоуправа во дадената област. Двете страни се согласни дека процесот на децентрализација треба да биде приоритетно проследен со обезбедување на зголемен обем на директни дотации и изворни приходи на секоја единица на локалната самоуправа. Моделот на обезбедување на финансиски средства како приход за општините преку утврдениот процент од прибраните средства по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) и персоналниот данок на доход ќе биде предмет на взаемно усогласување во постојан нагорен тренд на утврдениот процент наменет за локалната самоуправа. Двете страни се согласуваат дека секоја година треба да се организираат буџетски преговори, помеѓу ЗЕЛС и Министерство за финансии, каде ќе се усогласат ставовите, потребите и можностите на централната и локалната власт. Како што се наведува, двете страни се согласни дека средствата наменети за капитални инвестиции треба да бидат изворни трансфери на средства со соодветна намена. И Владата и ЗЕЛС се согласни дека ниту еден од прописите од областа на урбанистичкото планирање, градење или градежното земјиште нема да биде изменет и дополнет или изготвување на нов текст на предлог – закон или друг пропис без претходна консултација со ЗЕЛС. Двете страни го афирмираат ставот дека донесувањето на урбанистички планови и урбанистичко – планска документација е услов за остварување на проектираниот развој, заради што двете страни ќе го стават ова прашање како највисок приоритет. И Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката, се посочува во соопштението.

The post Премиерот Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siriza-ne-znae-koga-i-kako-ama-tvrdi-deka-ke-gi-podnese-memorandumite-so-makedonija-vo-grchkiot-parlament/ Tue, 14 May 2024 11:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=777952

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива.

Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“

Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.

Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива. Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.
Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.
На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“
Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.
Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“. Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>
Македонија и САД потпишаа Меморандум за експерска помош за изработка на Националната стратегија за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-sad-potpishaa-memorandum-za-eksperska-pomosh-za-izrabotka-na-natsionalnata-strategija-za-bezbednost/ Wed, 01 Nov 2023 17:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=697177

Македонија и САД денеска потпишаа Меморандум за експертска поддршка за изработка на Националната стратегија за безбедност.

Меморандумот, како што соопшти попладнево владината прес-служба, го потпишале премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Анџела П. Агелер.

Оваа соработка во едно од најсуштинските прашања за државата е само уште една потврда за стратешкото партнерство и степенот на соработка меѓу нашите две земји. Како што знаете, на 19 септември, Владата ја усвои информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за безбедност, која ќе претставува еден суштински и стратешки документ и обединувачка визија за нашата држава во дефинирањето на виталните и стратешките интереси за безбедно и стабилно општество, истакнал Ковачевски по потпишувањето на Меморандумот.

Стратегијата е предвидено да ги интегрира сите министерства и институции кои имаат пристап до заштитата и промовирањето на безбедносните интереси на земјата и ќе го определи местото на Македонија во регионалниот, европскиот и глобалниот безбедносен контекст.

Ме радува што за оваа цел и преку Меморандумот што ќе го потпишеме денеска, кон тимот наши експерти се приклучува и американски професионалец за национална безбедност со над 35 години работно искуство во стратешко планирање, извршни комуникации и мултинационални операции, како и истакната воена служба на глобално ниво, потенцирал Ковачевски.

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер истакнала дека стратешкото пријателство носи огромни придобивки за двете држави.

САД е горда, ние сме горди на нашето пријателство и на поддршката и соработката со оваа земја и горди сме што ова е стратешко партнерство што носи огромни придонеси за двете земји. Тоа не е еднострано партнерство, и тоа го имаме видено не само со членството на оваа земја во НАТО и придонесите што сте ги давале досега кон Украина, туку и во многу други аспекти од нашето партнерство и пријатество, потенцирала Агелер.

The post Македонија и САД потпишаа Меморандум за експерска помош за изработка на Националната стратегија за безбедност appeared first on Република.

]]>

Македонија и САД денеска потпишаа Меморандум за експертска поддршка за изработка на Националната стратегија за безбедност. Меморандумот, како што соопшти попладнево владината прес-служба, го потпишале премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Анџела П. Агелер.
Оваа соработка во едно од најсуштинските прашања за државата е само уште една потврда за стратешкото партнерство и степенот на соработка меѓу нашите две земји. Како што знаете, на 19 септември, Владата ја усвои информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за безбедност, која ќе претставува еден суштински и стратешки документ и обединувачка визија за нашата држава во дефинирањето на виталните и стратешките интереси за безбедно и стабилно општество, истакнал Ковачевски по потпишувањето на Меморандумот.
Стратегијата е предвидено да ги интегрира сите министерства и институции кои имаат пристап до заштитата и промовирањето на безбедносните интереси на земјата и ќе го определи местото на Македонија во регионалниот, европскиот и глобалниот безбедносен контекст.
Ме радува што за оваа цел и преку Меморандумот што ќе го потпишеме денеска, кон тимот наши експерти се приклучува и американски професионалец за национална безбедност со над 35 години работно искуство во стратешко планирање, извршни комуникации и мултинационални операции, како и истакната воена служба на глобално ниво, потенцирал Ковачевски.
Амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер истакнала дека стратешкото пријателство носи огромни придобивки за двете држави.
САД е горда, ние сме горди на нашето пријателство и на поддршката и соработката со оваа земја и горди сме што ова е стратешко партнерство што носи огромни придонеси за двете земји. Тоа не е еднострано партнерство, и тоа го имаме видено не само со членството на оваа земја во НАТО и придонесите што сте ги давале досега кон Украина, туку и во многу други аспекти од нашето партнерство и пријатество, потенцирала Агелер.

The post Македонија и САД потпишаа Меморандум за експерска помош за изработка на Националната стратегија за безбедност appeared first on Република.

]]>
Потпишан меморандум за партнерство помеѓу универзитетските клиники на Македонија и Украина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/potpishan-memorandum-za-partnerstvo-pomegu-univerzitetskite-kliniki-na-makedonija-i-ukraina/ Mon, 11 Sep 2023 08:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=680776

Заменик-министерката д-р Маја Манолева, имаше чест да биде дел од третиот „Summit of First Ladies and Gentlemen“ што се одржа на 6 септември во Киев, Украина.

Под мотото „Спасување животи низ целиот свет“, на овој самит беа потпишани 25 меморандуми за партнерство помеѓу медицинските институции на Украина и различни земји од светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Д-р Манолева имаше свое онлајн учество на министерскиот состанок посветен на зајакнување на меѓународните партнерства во областа на здравството. Во името на Министерството за здравство на Република Македонија, таа ја прифати изјавата за потпишување на меморандум за градење отпорни меѓународни здравствени партнерства, кои ги поддржуваат здравствените работници.

Здравствени установи кои се приклучуваат кон меѓународно медицинско партнерство од нашата држава се Универзитетската клиника за психијатрија и Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. Верувам дека универзитетските клиники кои се приклучуваат на партнерството од нашата држава ќе дадат суштински придонес, имајќи ја предвид спецификата на нивната дејност, Клиниката за ТОАРИЛУЦ, со посебен фокус на трауматологија, ортопедија, анестезиологија и интензивно лекување со Ургентен центар, додека Клиниката за психијатрија во насока на унапредување на областа на менталното здравје“, истакна д-р Маја Манолева преку своето онлајн обраќање на самитот.

Колку за потсетување, Министерството за здравство на Република Македонија уште од 2005 година има потпишано Спогодба за соработка со Министерството за здравство на Република Украина, што опфаќа соработка во областа на здравството и медицинските науки, со посебен фокус на размена на информации, искуства, како и размена на специјалисти од повеќе различни области.

За време на нападите од Русија, во Украина беа оштетени 1427 здравствени установи, па затоа многу е важно Република Македонија како солидарна држава да биде дел од пријателите што ќе помогнат и ќе дадат поддршка со здравствена опрема и помош за Украина. Покрај нашата држава, осум медицински установи во Франција станаа партнери на украинските болници, две медицински установи во Литванија, Латвија и Молдавија, како и водечки болници во Полска, Австрија, Данска, Естонија, Ирска, Шведска, Шпанија, Канада, Израел и Холандија. Украинските детски болници склучија партнерства со Данска, Холандија, Израел, Шпанија, Латвија, Полска и Франција. Установите за ментално здравје во Украина ќе соработуваат со Франција, Македонија и Канада, а универзитетски и мултидисциплинарни болници – со Австрија, Ирска, Естонија, Македонија и Молдавија, објави Министерството.

„Ние како министерство за здравство ќе продолжиме да бидеме посветени на развивањето и унапредувањето на нашите меѓународни здравствени партнерства. Ова не е само потпис на меморандум, туку потпис на нашата непоколеблива решеност за одржување на животите и за обновување на здравствениот систем во Украина. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да вложуваме во меѓународните здравствени односи како начин за поддршка на сите оние што им се потребни“, заклучи д-р Манолева на министерскиот состанок.

The post Потпишан меморандум за партнерство помеѓу универзитетските клиники на Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката д-р Маја Манолева, имаше чест да биде дел од третиот „Summit of First Ladies and Gentlemen“ што се одржа на 6 септември во Киев, Украина. Под мотото „Спасување животи низ целиот свет“, на овој самит беа потпишани 25 меморандуми за партнерство помеѓу медицинските институции на Украина и различни земји од светот, вклучувајќи ја и Македонија. Д-р Манолева имаше свое онлајн учество на министерскиот состанок посветен на зајакнување на меѓународните партнерства во областа на здравството. Во името на Министерството за здравство на Република Македонија, таа ја прифати изјавата за потпишување на меморандум за градење отпорни меѓународни здравствени партнерства, кои ги поддржуваат здравствените работници.
Здравствени установи кои се приклучуваат кон меѓународно медицинско партнерство од нашата држава се Универзитетската клиника за психијатрија и Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. Верувам дека универзитетските клиники кои се приклучуваат на партнерството од нашата држава ќе дадат суштински придонес, имајќи ја предвид спецификата на нивната дејност, Клиниката за ТОАРИЛУЦ, со посебен фокус на трауматологија, ортопедија, анестезиологија и интензивно лекување со Ургентен центар, додека Клиниката за психијатрија во насока на унапредување на областа на менталното здравје“, истакна д-р Маја Манолева преку своето онлајн обраќање на самитот.
Колку за потсетување, Министерството за здравство на Република Македонија уште од 2005 година има потпишано Спогодба за соработка со Министерството за здравство на Република Украина, што опфаќа соработка во областа на здравството и медицинските науки, со посебен фокус на размена на информации, искуства, како и размена на специјалисти од повеќе различни области.
За време на нападите од Русија, во Украина беа оштетени 1427 здравствени установи, па затоа многу е важно Република Македонија како солидарна држава да биде дел од пријателите што ќе помогнат и ќе дадат поддршка со здравствена опрема и помош за Украина. Покрај нашата држава, осум медицински установи во Франција станаа партнери на украинските болници, две медицински установи во Литванија, Латвија и Молдавија, како и водечки болници во Полска, Австрија, Данска, Естонија, Ирска, Шведска, Шпанија, Канада, Израел и Холандија. Украинските детски болници склучија партнерства со Данска, Холандија, Израел, Шпанија, Латвија, Полска и Франција. Установите за ментално здравје во Украина ќе соработуваат со Франција, Македонија и Канада, а универзитетски и мултидисциплинарни болници – со Австрија, Ирска, Естонија, Македонија и Молдавија, објави Министерството.
„Ние како министерство за здравство ќе продолжиме да бидеме посветени на развивањето и унапредувањето на нашите меѓународни здравствени партнерства. Ова не е само потпис на меморандум, туку потпис на нашата непоколеблива решеност за одржување на животите и за обновување на здравствениот систем во Украина. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да вложуваме во меѓународните здравствени односи како начин за поддршка на сите оние што им се потребни“, заклучи д-р Манолева на министерскиот состанок.  

The post Потпишан меморандум за партнерство помеѓу универзитетските клиники на Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>
Потпишан меморандум за соработка меѓу земјите учеснички на Стрип колонијата „Велес 2023“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megu-zemjite-uchesnichki-na-strip-kolonijata-veles-2023/ Mon, 28 Aug 2023 20:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=676707

Како завршна активност од 20. Меѓународна стрип колонија „Велес 2023 “ потпишан е меморандум за стрип соработка меѓу организациите коишто биле вклучени на стрип колонијата оваа година.

Томе Трајков од „Стрип Центар на Македонија“ информираше дека потписници на меморандумот се организации од земјава, Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, Косово, Црна Гора и Србија.

Tрајков, кој е координатор на овие проекти, појасни дека соработката ќе се состои од меѓусебно информирање за активности на органанизациите-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од каде што се организациите-потписници, како и подготовка и имплементација на заеднички проекти со коишто ќе се настапува пред различни донатори и фондови.

-Како и досега, така и сега, „Стрип центарот на Македонија“ cо седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помеѓу повеќе  земји. Со ова воспоставена е соработка меѓу земјите од Вишеградската група: Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации, изјави Трајков.

Петтата меѓународна стрип колонија „Велес 2023” се одржа од 23 до 27 овој месец во Куќата на Касапови, попозната како Куќа на уметноста во стариот дел на Велес.

The post Потпишан меморандум за соработка меѓу земјите учеснички на Стрип колонијата „Велес 2023“ appeared first on Република.

]]>

Како завршна активност од 20. Меѓународна стрип колонија „Велес 2023 “ потпишан е меморандум за стрип соработка меѓу организациите коишто биле вклучени на стрип колонијата оваа година. Томе Трајков од „Стрип Центар на Македонија“ информираше дека потписници на меморандумот се организации од земјава, Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, Косово, Црна Гора и Србија. Tрајков, кој е координатор на овие проекти, појасни дека соработката ќе се состои од меѓусебно информирање за активности на органанизациите-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од каде што се организациите-потписници, како и подготовка и имплементација на заеднички проекти со коишто ќе се настапува пред различни донатори и фондови. -Како и досега, така и сега, „Стрип центарот на Македонија“ cо седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помеѓу повеќе  земји. Со ова воспоставена е соработка меѓу земјите од Вишеградската група: Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации, изјави Трајков. Петтата меѓународна стрип колонија „Велес 2023” се одржа од 23 до 27 овој месец во Куќата на Касапови, попозната како Куќа на уметноста во стариот дел на Велес.

The post Потпишан меморандум за соработка меѓу земјите учеснички на Стрип колонијата „Велес 2023“ appeared first on Република.

]]>
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-2/ Mon, 08 May 2023 11:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=638331

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата.

Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес. Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата. Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата. Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација appeared first on Република.

]]>
Османи во Анкара на средба со Чавушоглу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-ankara-na-sredba-so-chavushoglu/ Tue, 07 Jun 2022 13:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=512246

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на официјалната посета на Република Турција, оствари средба со својот хомолог, Мевљут Чавушоглу. Посетата се случува во пресрет на во годинешното одбележување на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка, сојузништвото во рамките на НАТО, регионалната и мултилатералната соработка, како и актуелните меѓународни безбедносни предизвици.

„Минатата година размената достигна околу 800 милиони долари, а податоците од првиот квартал оваа година покажуваат дека сме на добар пат да ја надминеме онаа симболична бариера од една милијарда долари.  Работиме за дополнително зголемување на динамиката, за што од лани нашата Амбасада во Анкара беше засилена и со економски советник”, истакна Османи, посочувајќи на важноста која Владата на Република Македонија им ја придава на странските инвеститори кои доаѓаат до Турција.

Како Влада активно работиме тренд и динамиката на прилив на странски инвестиции од Турција дополнително се зголемат, за што, убеден сум, постои интерес кај двете страни“ – посочи Османи.

Министрите разговараа и за мултилатералната соработка меѓу двете земји во ОБСЕ, во контекст на идното претседавање на Македонија во 2023 година како и сојузништвото во НАТО, со посебен акцент во однос на последиците на руската инвазија врз Украина. Нагласувајќи ја неопходноста за единство во рамките на НАТО, Османи ги поздрави напорите на Турција да посредува меѓу Украина и Русија за изнаоѓање на дипломатско решение и итно запирање на хуманитарната катастрофа.

Османи и Чавушоглу потпишаа Меморандум за разбирање и соработка меѓу министерствата за надворешни работи во областа на протоколот.

The post Османи во Анкара на средба со Чавушоглу appeared first on Република.

Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcija-ushte-ne-gi-ratifikuvala-memorandumite-za-makedonija-dendijas-odgovara-zoshto-se-cheka/ Fri, 27 May 2022 13:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=507689

Меморандумите со Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК истакна дека четири години по Договорот од Преспа и две години откако се доставени до Парламентот, Меморандумите сè уште не се ставени на дневен ред, потенцирајќи дека „станува збор за области на соработка што се многу важни од геополитички, економски и одбранбен аспект“ и побара одговор кога ќе се ратификуваат и зошто доцни ратификацијата.

Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на воздушниот простор над земјава.

Дендиас објасни дека за т.н. „air policing“ реалноста е дека подолго време грчкото Воено воздухопловство е тоа што врши надзор над воздушниот простор на земјава, дури и без ратификација на договорниот текст од грчкиот Парламент, а за европската перспектива истакна дека „Грција дава секаква можна помош за Македонија, како и за Албанија, за да го олесни пристапниот процес, секако со добро познатата условеност во случаите на двете земји“.

Што се однесува до времето, јасно ќе ви одговорам со една реченица: Ќе дојдат кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа. Разбирам, има доцнење. Правилно го забележувате тоа. Правилно го споменавте времето, со право споменавте дека постои и национален интерес. Од друга страна, постои поширокиот поглед на националниот интерес, на кој секоја Влада има право. Во оваа смисла, повторувам дека кога ќе се оцени, ќе дојдат на гласање, рече Дендиас.

Каминис коментираше дека Дендиас не ја спомнал главната причина за доцнењето, а тоа е „политичкиот проблем што го има владејачкото мнозинство во внатрешноста“, бидејќи е многу пратеници на владејачката Нова демократија, особено од северниот дел на Грција имаат големи резервири и веројатно нема да постои потребното мнозинство за да бидат изгласани овие протоколи.

Не сакам да го прејудицирам ставот на нашата пратеничка група, но се надевам дека ќе можете да се потпрете на нашите гласови, истакна пратеникот од опозициската ПАСОК- Движење на промена.

Дополнително, осврнувајќи се на последните случувања на меѓународната сцена, тој побара одговор од шефот на грчката дипломатија, како Владата ги гледа односите со Македонија и дали сака нивна нормализација.

Дендиас одговори дека огромното мнозинство од Парламентот смета дека е во интерес на Грција стабилноста на Македонија и пријателските односи со Атина.

Повикани сме да одговориме, дали постоењето, стабилноста, пријателските односи со Грција и европскиот тек на Македонија е или не е во интерес на нашата татковина? И мислам дека огромното мнозинство колеги, без разлика на минатото, има одговорено дека е во интерес на нашата држава. И треба да Ви се заблагодарам за вашата изјава, која секако не е во име на вашата партија, туку е израз на духот на вашата партија, за поддршката на пошироките напори за воспоставување блиски односи со оваа земја, која морам да кажам дека има направено многу важни чекори на пријателски потези кон Грција. Ги усвои во целост европски позиции кон Турција, исто како и Албанија, објасни Дендиас.

Тој додаде дека Грција е земја „која има апсолутен интерес за стабилност на Балканот, има апсолутен интерес да спречи ревизионизам на Балканот и има апсолутен интерес да ги спречи промените на границите на Балканот“.

За Договорот од Преспа и за тоа дали Грција е задоволна од имплементацијата, Дендиас рече дека постојат одредени прашања што се однесуваат на учебниците и на трговските ознаки.

Mеѓутоа, ако прашањето се однесува на општата тенденција, она што јас го перципирам, а чувството ми е сосема скорешно, токму завчера бев во Скопје, е дека се прави напор од другата страна, со проблеми, со огромни реакции од нивната внатрешна опозиција, која одржува целосно контрапродуктивен став, но сепак се прави напор, објасни шефот на грчката дипломатија.

The post Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека appeared first on Република.

]]>

Меморандумите со Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК истакна дека четири години по Договорот од Преспа и две години откако се доставени до Парламентот, Меморандумите сè уште не се ставени на дневен ред, потенцирајќи дека „станува збор за области на соработка што се многу важни од геополитички, економски и одбранбен аспект“ и побара одговор кога ќе се ратификуваат и зошто доцни ратификацијата. Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на воздушниот простор над земјава. Дендиас објасни дека за т.н. „air policing“ реалноста е дека подолго време грчкото Воено воздухопловство е тоа што врши надзор над воздушниот простор на земјава, дури и без ратификација на договорниот текст од грчкиот Парламент, а за европската перспектива истакна дека „Грција дава секаква можна помош за Македонија, како и за Албанија, за да го олесни пристапниот процес, секако со добро познатата условеност во случаите на двете земји“.
Што се однесува до времето, јасно ќе ви одговорам со една реченица: Ќе дојдат кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа. Разбирам, има доцнење. Правилно го забележувате тоа. Правилно го споменавте времето, со право споменавте дека постои и национален интерес. Од друга страна, постои поширокиот поглед на националниот интерес, на кој секоја Влада има право. Во оваа смисла, повторувам дека кога ќе се оцени, ќе дојдат на гласање, рече Дендиас.
Каминис коментираше дека Дендиас не ја спомнал главната причина за доцнењето, а тоа е „политичкиот проблем што го има владејачкото мнозинство во внатрешноста“, бидејќи е многу пратеници на владејачката Нова демократија, особено од северниот дел на Грција имаат големи резервири и веројатно нема да постои потребното мнозинство за да бидат изгласани овие протоколи.
Не сакам да го прејудицирам ставот на нашата пратеничка група, но се надевам дека ќе можете да се потпрете на нашите гласови, истакна пратеникот од опозициската ПАСОК- Движење на промена.
Дополнително, осврнувајќи се на последните случувања на меѓународната сцена, тој побара одговор од шефот на грчката дипломатија, како Владата ги гледа односите со Македонија и дали сака нивна нормализација. Дендиас одговори дека огромното мнозинство од Парламентот смета дека е во интерес на Грција стабилноста на Македонија и пријателските односи со Атина.
Повикани сме да одговориме, дали постоењето, стабилноста, пријателските односи со Грција и европскиот тек на Македонија е или не е во интерес на нашата татковина? И мислам дека огромното мнозинство колеги, без разлика на минатото, има одговорено дека е во интерес на нашата држава. И треба да Ви се заблагодарам за вашата изјава, која секако не е во име на вашата партија, туку е израз на духот на вашата партија, за поддршката на пошироките напори за воспоставување блиски односи со оваа земја, која морам да кажам дека има направено многу важни чекори на пријателски потези кон Грција. Ги усвои во целост европски позиции кон Турција, исто како и Албанија, објасни Дендиас.
Тој додаде дека Грција е земја „која има апсолутен интерес за стабилност на Балканот, има апсолутен интерес да спречи ревизионизам на Балканот и има апсолутен интерес да ги спречи промените на границите на Балканот“. За Договорот од Преспа и за тоа дали Грција е задоволна од имплементацијата, Дендиас рече дека постојат одредени прашања што се однесуваат на учебниците и на трговските ознаки.
Mеѓутоа, ако прашањето се однесува на општата тенденција, она што јас го перципирам, а чувството ми е сосема скорешно, токму завчера бев во Скопје, е дека се прави напор од другата страна, со проблеми, со огромни реакции од нивната внатрешна опозиција, која одржува целосно контрапродуктивен став, но сепак се прави напор, објасни шефот на грчката дипломатија.

The post Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/janevski-valoriziranje-na-turistichkite-potencijali-na-opshtina-makedonski-brod-vo-nasoka-na-razvoj-na-ruralen-speleoloshki-eko-i-adrenalinski-turizam/ Wed, 16 Mar 2022 13:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=473795

Во просториите АППТ во Струга, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Општина Македонски Брод, потпишаа меморандум за соработка со кој се заложија за поголема кооперативност на полето на туризмот.

Меморандумот го потпишаа директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и градоначалникот на општина Македонски Брод, г-дин Жарко Ристески.

Потпишаниот меморандум опфаќа бројни заеднички активности во поглед на дефинирање на видовите на туризам кои имаат потенцијал за развој на територијата на општина Македонски Брод, развој на нови туристички форми, изработка на промотивен материјал, мапирање на туристичките знаменитости, градење на капацитети за аплицирање и искористување на средствата од меѓународни проекти, размена на информации за современите трендови во туристичкиот сектор, како и континуирано подигање на квалитетот на човечките ресурси со асистенција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ.

Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам, претставува можност за збогатување на македонската туристичка понуда и зголемување на приливот по основ на туризмот во општината” – изјави д-р. Јаневски, директор на АППТ.

Македонски Брод го карактеризира извонредно зачувана, чиста животна средина, со развиено производство на органска храна, природни реткости од кои пештерата со најголем отвор на Балканот, Пешна, е потенцијал кој треба да биде искористен во туристички цели.

Развојот на нашата општина го гледаме во напредокот на туризмот, преку соодветно валоризирање на потенцијалите и градење на капацитетите во функција на туризмот, за што од особено големо значење ни е искуството кое го препознаваме во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”- изјави г-дин Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

Со зајакнување на соработката помеѓу нашите институци, очекуваме ова да биде нов предизвик за започнување на нови бизнис идеи во сферата на развојот на руралниот и еко-туризмот, што ќе придонесе кон економско зајакнување на локалното население на Македонски Брод и искористување на предностите кои со себе ги носи туризмот.

The post Јаневски: Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам appeared first on Република.

]]>

Во просториите АППТ во Струга, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Општина Македонски Брод, потпишаа меморандум за соработка со кој се заложија за поголема кооперативност на полето на туризмот. Меморандумот го потпишаа директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и градоначалникот на општина Македонски Брод, г-дин Жарко Ристески. Потпишаниот меморандум опфаќа бројни заеднички активности во поглед на дефинирање на видовите на туризам кои имаат потенцијал за развој на територијата на општина Македонски Брод, развој на нови туристички форми, изработка на промотивен материјал, мапирање на туристичките знаменитости, градење на капацитети за аплицирање и искористување на средствата од меѓународни проекти, размена на информации за современите трендови во туристичкиот сектор, како и континуирано подигање на квалитетот на човечките ресурси со асистенција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ.
Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам, претставува можност за збогатување на македонската туристичка понуда и зголемување на приливот по основ на туризмот во општината” – изјави д-р. Јаневски, директор на АППТ.
Македонски Брод го карактеризира извонредно зачувана, чиста животна средина, со развиено производство на органска храна, природни реткости од кои пештерата со најголем отвор на Балканот, Пешна, е потенцијал кој треба да биде искористен во туристички цели.
Развојот на нашата општина го гледаме во напредокот на туризмот, преку соодветно валоризирање на потенцијалите и градење на капацитетите во функција на туризмот, за што од особено големо значење ни е искуството кое го препознаваме во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”- изјави г-дин Ристески, градоначалник на Македонски Брод.
Со зајакнување на соработката помеѓу нашите институци, очекуваме ова да биде нов предизвик за започнување на нови бизнис идеи во сферата на развојот на руралниот и еко-туризмот, што ќе придонесе кон економско зајакнување на локалното население на Македонски Брод и искористување на предностите кои со себе ги носи туризмот.

The post Јаневски: Валоризирање на туристичките потенцијали на општина Македонски Брод во насока на развој на рурален, спелеолошки, еко и адреналински туризам appeared first on Република.

]]>
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ и НУ Национална опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-sokom-i-nu-nacionalna-opera-i-balet/ Mon, 07 Feb 2022 17:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=455249

Во просториите на НУ Национална опера и балет беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ, застапуван од Претседателката проф. д-р Валентина Велковска - Трајановска и НУ Националната опера и балет, застапувана од Директорот проф. м-р Васо Ристов. Активностите во рамките на соработката помеѓу двете институции ќе се одвиваат во насока на изведба и промоција на македонското музичко културно наследство, македонската уметничка музика, музичко-сценското творештво кое како наследство го оставија генерациите македонски композитори. Освен изведби на музичко-сценските дела, опери, балети, ораториуми, кантати и др., особено значајно за градење на музичката култура и историја е создавањето на ново музичко-сценско творештво. НУ Националната опера и балет е еден од најзначајните столбови на музичката култура, а во контекст на меѓународната соработка и концерти македонското музичко творештво е единствениот репрезент што може да не претстави најсоодветно и автентично.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОКОМ и НУ Национална опера и балет appeared first on Република.

Ковачевски со меморандуми сака да го покрие пазарот со идентитетот, јазикот и историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-memorandumi-saka-da-go-pokrie-pokrijat-pazarot-so-identitetot-jazikot-i-istorijata/ Thu, 27 Jan 2022 08:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=450051

Договорот кој Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат. Истата погубна политика на Заев ја продолжува и пиунот Ковачевски. Наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017-та година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму после договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија.

Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пиун Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на Заевизмот, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски со меморандуми сака да го покрие пазарот со идентитетот, јазикот и историјата appeared first on Република.

]]>

Договорот кој Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат. Истата погубна политика на Заев ја продолжува и пиунот Ковачевски. Наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017-та година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму после договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија.
Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пиун Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на Заевизмот, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски со меморандуми сака да го покрие пазарот со идентитетот, јазикот и историјата appeared first on Република.

]]>
Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-prifati-memorandumot-za-razbiranje-za-razvoj-na-zeleznichkoto-povrzuvanje-skopje-sofija-so-republika-bugarija/ Mon, 24 Jan 2022 10:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=448692

Владата на Република Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Меморандумот меѓу Република Македонија и Република Бугарија, претставени од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан  за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи на 25.01.2022 година во Софија.

Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот.

Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави.

Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

The post Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“. Меморандумот меѓу Република Македонија и Република Бугарија, претставени од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан  за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи на 25.01.2022 година во Софија. Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот. Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави. Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

The post Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија appeared first on Република.

]]>